Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    20 годишните девојки порано и 20 годишните девојки сега се сосема различна приказна.20 годишните девојки сега, обврска им е само да идат на маникир еднаш во месецот. Сменети се времињата нели :)

    Второ, зборено лично во периодот после 20 години, поминав се низ што треба една млада девојка да помине, за сега на 30+ да не го кривам партнерот како ме заебал. А и факт е, дека на 30+ многу повеќе ќе имаш отколку на 20. Сега збориме за нормални луѓе што си работат и заработуваат. Ако ништо друго да имаат можност барем кирија да плаќат ако немат пари за стан.

    Трето, јас никако не зависам од свекрва ми, а и тоа ми е планот и за понатаму секако, па не гледам како би ми значело она мене како ме гледа. Безобразна е , ме вади од такт, да. Ама јас и идам на ручек еднаш у месецот, а може и да не отидам. Со партнерот сами заработуваме. Живеевме во нејзин стан до пред некое време и сега живееме под кирија, оти се направи еднаш јака газдарица, непотребно, зашто и беше ценето тоа што го дала ама нема врска, еве сега интензивно сме во потрага по стан да си купиме.

    И за крај, не осудувам. Коментирам тоа што го гледам секојдневно. А реално, еден човек може да биде паразит и на 20 години и на 50, да кука, да седе со неговите/нејзините и да има очекувања дека за неговиот живот друг треба да бере гајле.

    едит: А и повеќе се жалат младите невести, отколку жените кои малку покасно формирале фамилија. Тие од 20 години како малку у бунило се што направиле и со неверување ги прифаќаат работите што да биле малку позрели ќе знаеле оти следуваат.
     
    Последна измена: 13 јули 2023
    На baby-star, Mother of 2boys, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Не ги осудувам оние кои не се омажиле пред 30, јас се омажив на 39.
     
    На Martka, Осе, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  3. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Не реков дека би и било хорор, туку само споделив искуство дека во нивниот случај ако оделе по она што овде многумина го сметаат за правилно, прво да се средат на секој план па да имаат деца, немало да имаат.
     
    На Cvekarka, Anyshka, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  4. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Не е ни правилно да немаш за леб, а да раѓаш деца и да чекаш други да ти ги ранат
     
    На Selena01, Miss666, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Фала богу имале за нормален живот. Имале и за леб и за се останато. Е во транзицијата, ко се затвораа фабрики, беа во финансиска криза. Ама не западнаа само тие во криза, пола држава беше во криза. Е тоа е тоа што велиме, дека не можеш се да испланираш.
     
    На Cvekarka, Осе, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Не не вие, не ме разбирај грешка. Генерално зборам.. инаку сите сме поминале низ истото дома.
    Муабетот ми е, јас не работам, тој не работи ама ќе раѓам и ќе чуваме деца.. т.е баба и дедо ќе чуваат
     
    На baby-star, violetblue, bertold и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Не, не, извини, според темава и слични, на 20 годишни девојки не им е обврска само на маникир да одат, туку многу повеќе. 20 годишна треба да работи за да собере пари, да заштеди, нели за на 30 да може да има барем за учество за стан, а во меѓувреме никако да не живее под кров кај мајка и, туку да има и за кирии пари. Треба да е самостојна, да вози и да има кола или веќе ако не вози, кога ќе роди дете, треба да има пари во секое време за такси кога ќе се разболи тоа дете, зошто нема автобуси после полноќ. 20 годишна според идеалниве животи на темава треба да има веќе барем 1000 еур на страна. За 10 години таман на 30 за да има барем 10.000 на страна. Е сега според поназад мислењата не треба да дише и спие за дур да се омажи да има свој имот, значи она да работи 3 работи, за на 30(+-) да има свој стан зошто иначе не смее да помисли да раѓа.
     
    На Sunrise!!!, MissChievous, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Џабе и објаснуваш, она се така си сфаќа како што и одговара, за да има за што да се расправа. Многу јасно и убаво си имаш пишано дека во животот не е се по планот наш.
     
    На Martka, Cvekarka и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Види, јас се ова постигнав.. Не оти се фалам, далеку било. Рмбам, да, од како завршив факултет, одма се вработив и работам и хонорарно. Ама така сум скроена. Не сум имала помош од моите финансиска па и никаква и сум морала да се снаоѓам. Не викам дека секој мора тоа. Нека заработува мажот, не мора жената ни да работи ако нејќе. Ама некој треба нели?! Не се должни старите и внуци да подигаат. Не осудувам ни да се живее во заедница ако тоа функционира хармонично и секој си знае местото. Ама осудувам такви што решиле да се женат, раѓаат, а притоа чекат од сите да им го чуват, издржават детето па уште и кукаат како дека се им е малку.А знаеме и дека кога зависиш од некој, цената е голема. Што не можат да се поднесат со старите ама не им се плаќа кирија. Кој кога сака нека раѓа, немам против ама нека си сносат одговорност, не е само мажи се, роди па друг нека ви бере гајле.
    Еве и јас можев на долго да пишувам каква безобразна жена е свекрва ми, ама решив да идам под кирија, да си скратам некои задоволства ама да си живеам на раат. Здравје, ако најдеме стан и кредит ќе плаќам. Нема ништо лошо да се поттикнуваат младите да бидат независни, полошо е да им се кажува, не мисли, раѓај деца, ние сме тука за тебе, за ништо да не се секираш. Знаеме дека тоа е магичниот извор на сите проблеми понатаму.
     
    Последна измена: 13 јули 2023
    На Cvekarka, Stressed Out, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Не викам ја за тебе, ја те разбирам многу убаво, ама поентата ми е во кои крајности идат на темава, а веќе се навлезени во некои години и целите кои им ги наметнуваат на други, не се ни блиску до нив, а би требало да се, зошто нели и за нив треба да важи. Убаво ја прашав една "што имот има она", шо тврдеше дека секоја треба да има имот пред да се мажи, зошто нели веќе би требало да го има ако планира да се мажи за некоја година, она ме изигнорира. Прво скокни па речи оп. Не се мешам која кога раѓала или дали ќе раѓа, не е нели моја работа, не викам ја дека треба да им ранат деца бабите и дедовците, туку дека го тупат со крајностиве.
    Некој успеал сам во нешто, на некој родителите имале па му дале, некој и на 50 се мачи. Е сега тој што е на 50 и се мачи сеуште не требал ни деца да ствара, не требал ни да се жени/мажи?
    Да ми извинат ама ние пола на форумов не би требало да постоиме ако родителите ни размислуваа така.
     
    На MarijaMi90, Cvekarka, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  11. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    За ова последново право кажано хаха
    Еве моите немале, сме седеле у една соба со години. Да ти кажам трауматично е, и јас не би сакала да растам деца ако не можам барем основни услови за живот да им обезбедам.
    Мислам, после се средија работите ама веќе детството ми помина у мизерија
     
    На Selena01, Осе, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Па не викам ја дека децата треба да ни мизеруваат, ама не е дека ако некој на 35 нема за стан, а сака дете да има, дека не би требал да створи фамилија. Скоро сите постари што ги знам, покасно куќи направија или станови купија. И моите така. Ја имав 7 години кога ја направија моите куќата. Брат ми имаше 15.

    Убаво некоја поназад им пиша дека животот е крајно непредвидлив ама некои луѓе едноставно мислат е мене ова нема да ми се случи. И јас бев таква. Неколку работи си ги остварив по план и мислев се што лета се јаде. Е затоа таков шамар ми удрија последниве 3 години, за сите пред тоа.
    Имам многу тажен пример од една другарка. Девојката со две деца остана вдовица на 30 години. Она има пари, наследи бизнис од маж и и сето тоа, ама имаа желба да одат на Бали, не оваа година, не другата, човекот умре, и?
    Деца сама расте сега, човекот што го сака го нема. Она имаше таков план?
    Имам случај во фамилија, земаа кредит за стан, го купија, типов остана инвалид после тешка сообраќајка, сега станот да го продадат неможат, а со две мали деца се. Не е баш некој млад, баш постар ствараше деца, не беа нешто сиромашни, двајцата со солидни работи, ама он е 45 годишен што никогаш нема да може да работи, има бебе од 6 месеци и поголемо дете. Мака мачат 1 година станот никако да го продадат, не е во Скопје, а кредитот си се таложи, они во тој стан неможат да живеат, нема лифт, на 4ти спрат, се вратија кај неговите. И? Life has funny ways
     
    На Miss666, MissChievous, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  13. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Се е тоа така. Се согласувам. Да се повторам, нека си ствара фамилија кој кога сака, само да не се жалат. Другарка ми кукаше откако го роди првото, нема пари, нема живот.. еве трудна со друго. Она не работи. Една плата толку е, спрат од свекорот и тоа не чини итн. И како да кажеш бе супер без да помислиш што памет носи оваа и да се радуваш за неа
     
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    42.858
    Непланирана бременост ти се дешава само у случај коа контрацепцијата не функционирала, се друго се прикаски за мали деца. Ако така, зашто немате по 5 деца? Како само прво, евентуално друго дете грешка е? Не знаете дека со секс без заштита, шансите се скоро 100 посто трудна да се остане?! Мхм, да.

    Друго, ако сте се земале, и ако живеете у детската на муж ти, или па у соба два на два, али ако не можете да пркнете финансиски од небитно која причина, со која логика сметате дека со бебе уше полесно ќе биде? Само се вадите на живот и дешавки, а уствари сами не превземате лична одговорност, само на жалење мавај.

    Трето, ако сте решиле да живеете у заедница, собче, гарсоњера, ок бе. Ако немате примања за двајца, а камо ли за дете плус, али планирате деца, и тоа е ок. Али не се жалете. Ваш живот. Оти ја да ве жалам, ич. Нит па да ве разберам. Да, разбирам желба за дете, али по секоја цена, не. И уше коа ќе почнете со причине е шо, сиромашни луѓе не треба деца да имаат? Па, у капиталистичко општество, не. Барем ја не би имала. Јбг, не измислив ја капитализам.

    Да најдам ете домаќин, со добра плата, тука у Немачка едно дете ајде. Две деца, нема шанси. За у Македонија не ни размислуем. Али да преживувам ден за ден, и да правам деца, и да ги мачам цел живот, само оти морало и сум сакала деца да иам, не. Па не се ни мужам, да го мафтам тој ако сака по секоја цена деца да има. Оти мене за моето неродено дете, ми е гајле исто ко да сум го родила.

    И видов шо фајде видоа овие у животот абе прво брак, па деца, па другото само ќе си дојде, мхм од небо ќе им падне. И после акај си главата.

    Исто тој муабет, не знаеш утре шо ќе се деси... Вистина, може и полошо ќе ти биде.
     
    На nena2010, Angella7, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    27.377
    Пол:
    Женски
    Па немора стан да се купи, секогаш има опција за кирија. Незнам зошто одма се фаќате за купување стан кога некој ќе спомне " имање свое и оделување од мама и тато".
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Незнам кај прочита страници уназад некоја да пише дека останала непланирано бремена или живее во детската на мажот. Каде прочита дека луѓево треба да створат фамилија па да чекаат после од небо да им падне?
    Или колку да се врти еден ист муабет на темава?
    Ја ако ми одеше се' по план сега требаше да пијам вино во некое селце на Алпите, ама ете има фактори на кои никако не можам да влијаам и што можам да направам, ваљда според вас на темава би требало да се обесам или да се каам што родив дете? Кои крајности човече.
    Ти викам и ја едно време мислев се што лета се јаде.
     
    На Dennings, forumce, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  17. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Женски
    Очекувања океј, нека се, нека се стремат сите кон подобро супер е. Да не се малку тро повеќе само кон жената? Ако таа не успеала да се обезбеди на време значи крива си е и да не пишува тажачки тука.

    Пак ги исфрливме мажите од приказната.

    Сите што пишувате верувам доста на свои плеќи носите/сте износеле. Образование, бизниси, три работи, малтене се по процедура за мир во куќа.

    Ако пак го нема мирот боли. Особено кога и покрај се нема да бидете, а ретко кога во балкан со арно прифатени затоа што никогаш нема да бидете доволни како што кажа некоја членка.

    Дали истите очекувања ги бараат/имаат од своите деца? Ни приближно.

    Затоа жени балканки, карпи. Ако никој друг не ви кажал и признал, сигурно давате максимум од себе, а со болката, се живее :)
     
    Последна измена: 15 јули 2023
    На MissChievous, Осе, A94 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Ги немаат истите очекувања за своите деца. Тоа што важи за снаата, не важи за ќерката.:rofl:
     
    На Осе, jelo, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Женски
    Да не се лажат девојчињата дека ако чекаат да се остварени “погодени” ќе бидат :D Или дека се криви воздухот што го дишат, а немаат свој имот :D

    На најпреамбициозната особа, домаќинка и култура во нарав што ја познавам и се најде маана, нема да останеме никоја покусо и нобелова и 10 куќи имале :lol:
     
    На MissChievous, Осе, Zumbulche и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    8.522
    Пол:
    Женски
    Еве пример околу домашните обврски иако има и доста други примери.
    Сите што сум слушала од жени постари колешки и слично свекрвата нон стоп со снаата околу домашните работи се кара хаха
    Снаата треба се да знае се да прави. Инаку нели недомаќинка е,ваква е онаква е...
    А синчето љуби га мајка па како тоа он да работи него му е обврска само да оди на работа и дома да спие да одмара.
    Како тоа да работи заедно со жената, одма снаата не чини го врти синчето нејзино го зела под нозе, како тоа маж да работи при жена дома...
    Типични балкански размислувања.
     
    На VDT2906, MissChievous, Осе и 4 други им се допаѓа ова.