Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.476
    Пол:
    Женски
    Абе многу снаи го имаат сфатено заедничкиот живот со родителите на мажот како да се во војска или на некој натпревар за домаќинлук. Божеее, биди си слободен, како во своја куќа, чисти како што си чистиш за тебе, готви како што си готвиш за тебе (и сопругот/децата), твоето семејство (кое го сочинувате ти, сопругот и децата) најарно нека не биде ничиј терет. Ама од потресување дотолку за секој потег и за секоја промена на расположение на родителите од мажот, нема потреба навистина.

    Потоа, снаите изморени од натпреварот, без никаква поддршка, за „благодарам“ да не праиме муабет, стануваат исфрустрирани, тажни, бесни, што пак свекрвата многу често многу убаво си го користи да искоментира уз тужна puppy фаца „Ама што и` стана, арна си беше...“

    A за викање „мамо“, си пишав и погоре.

    Само да додадам една случка.

    Семеен собир, се збореше за едно девојче кое се нашло во иста куќа со свекрва а ла Круела де Вил. Падна спореден муабет и за „мамо“ викање. И мм на мајтап, мисли ќе ме посрами пред сите искоментира на зафрканција „Еее колку сум модерен и напреден, не те терам мајка ми мамо да ја викаш.“ И јас му одговорив „Да, а ти си уште посовремен кога не ретко знаеш и по име да и` се обратиш, така што и да сакаш да ме натераш, немаш кредибилитет.“ :D
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.432
    Допаѓања:
    103.474
    Пол:
    Женски
    Ах, викање мамо и тато, вечна тема која кога се дискутира во грло боцки боцкаат. Не викам мамо и тато, си викам тетко и чичко пред името, со другите кога разговарам за нив ги викам на име, не ми иде со золва ми да зборам за нив и да речам тетка ХХХ кога она ја вика на име, претпоставувам со тек на време ќе ја викам и по име нагалено како што си се викаат по дома сите. Ние сме иначе една навистина интересна заедница, вереникот е постојано нешто зафатен и јас сум претежно дома сама или со неговите, не ми е проблем да седам со нив да испијам кафе, да ручам со нив, пред ручек си пиеме ракија и салата, си имаме разбирачка што би рекле старите, сите ми предвидуваа дека ќе и пораснат боцки кога ќе се преселам кај нив ама некако боцкиве ги нема или уште не се заостриле, тупи се. Женава си е фина, многу многу не е по безвезе муабетисување со комшики и оговарање, си ги знае нејзините колку чинат и колку вредат и како сме поставени, мене ме почитува, има фер однос спрема мене, не ни се меша во ништо, кога ќе се закачиме нешто со мојов како да се исклучува, дури и излага од соба да не влага во конфликти. Има само една мана, не дозволува ништо да пипнам, се си работи она и се си праи ќутенката, не дозволува многу многу да ја тинтарат и да ја мазнат, не вика на помош, се сама си средува а ако се понудиш за помош често знае и да те одбие и да ти каже иди одмори си уморна си, не дека она е нешто поодморена од мене, ама таква си е. Едноставно смета дека не е фер од мене да бара да и работам и да и помагам кога сопствената ќерка не и помага воопшто, напртив дури и и одмага. И не ми е тешко што не ми остава многу работа, единствено осеќам грижа на совест што не можам сама да пуштам машина, страв ми е да не напраам некоја беља машината и е од свадба, античка е веќе и ако ја расипам правење за неа нема, е само тоа ми е маката. Золвата ми е друга песна за на друг фестивал, ама не можам да и се лутам. Најбитно ми е што самата е свесна дека не е во ред да ни се меша, сака што побргу да фати магла да не не вознемирува многу многу, да не остаи сами, што се однесува до неа сакаше уште одма по веридбата ама немаше услови и сеуште не се створени ама сигурна сум дека веднаш после создавањето услови за нивно заминување ќе не остават сами.
     
  3. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
     
    На Anyshka и tessie им се допаѓа ова.
  4. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...јас незнам за вашите, ама јас баба ми ( мајката на жената ) многу ке си ја поштувам и љубам...затоа што ја родила таа љубената моја :inlove:
     
  5. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Чекај, чекај, ќе те прашаме кога ќе се ожениш па недај боже ти се погоди некоја што ни се води ни се тера :lol: Шала на страна, да размислуваа сите така, од двете страни, јас ги почитувам затоа што се негови родители а тие ме почитуваат затоа што нивниот син ме избрал мене за жена и сум дошла во нивна куќа за да живеам а не да бидам лек за фрустрации се би било супер, ама за жал не е :|
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...абе стварно знам да љубам, јас сум машко...
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.476
    Пол:
    Женски
    Aх Ethirnity, проблемот било што си сакала да бидеш фина и да воспоставиш мир во куќата при жена на која очигледно, немирот и создавањето на тензични ситуации и` е душевна храна. :(

    Не си смеела да дозволиш толку да те стави под нозе и да дојде до тоа дереџе да мораш дозвола да бараш од неа за кога и колку да бидеш излезена од дома. Нека пробала мене да ми наметне такво правило, ќе и` се изнасмеев у фаца. Доволно е мм да знае каде сум. Престанав на мајка ми да и` рапортирам за секој мој чекор, сега на свекрвата ќе и` стојам мирно.

    И јас сум сакала мир во куќа и јас сум правела гестови па затоа половина од бракот што го поминав во заедница беше релативно мирен период. Ама се` си имало граница. Не сум дозволувала да ја поминам црвената линија после која и чергиче за нозе да ме прават, сама ќе сум си крива.

    Мир во домот, да, но никогаш не сум го ставала под знак прашалник сопствениот мир, слобода и удобност заради тоа. А и мажот ако е паметен, би требало тоа и да му одговара. Доколку секој си ја знае границата, ќе се направи атмосфера едвај да чека да си дојде дома и да не` најде насмеани.

    Сум слушала навреди и погани зборови, но никогаш не сум и` одговорила со иста мерка. Сум се трудела да и` укажам колку погрешила на друг начин, начин кој повеќе ќе ја боли затоа што само таа ќе излезе простата. И најчесто успевало. Или самата ми се извинувала, а кога немала храброст за тоа, ќе се покажела со некој гест (скришно ќе купела од моето омилено овошје на пазар и без да видам ќе го ставеше во здела во нашата соба, или утредента ќе го направеше моето омилено јадење).

    И моето прифаќање во таа куќа од страна на свекрва ми беше процес. Од зајадливи коментари и оговарање и полоши работи на кои не сакам да се сеќавам, до заедно гледање ТВ после ручек откако заедно сме ја средиле кујната. И мм и свекор ми едвај си чекале да дојдат дома. Доаѓале во мир, затоа што и јас и свеки им ветивме дека ќе го има, но не по цена едната да и` се понижува на другата и да и` ги поместува границите до каде може да оди.
    И мм се покажа фер и праведен, мора да си признаам. :bow: И тоа си имаше и те каков придонес во нејзиното поправено однесување. Но не земаше страни. Досега барем, има покажано дека знае што е мајка а што сопруга. Но, самиот ако не си се поставиш да те почитуваат и од таа поддршка мало фајде.

    И мир и труд и гестови и се` држи вода...ама ако карши тебе има човек. Но, ако спроти тебе не стои човек туку говедо, нема друго решение освен да се одделиш и локациски и психички.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е доблест или не но,јас имам висок праг на толеранција...и една црвена линија која што не дозволувам никој да ја пречекори.Доволно бев зрела и свесна дека нејзините очекувања за да барам дозвола за да излезам некаде не се во ред и тоа и го практикував...епа нејзе и сметаше таа моја непослушност и ја користеше како причина за да направи кавга.
    Бившиот сопруг и беше главен сојузник...и главен инструмент за да ги постигне своите цели.И јас очекував барем тој да биде фер и праведен, ама не...неговата мајка диктатор беше во право дури и тогаш кога не беше во право :lol: Никогаш не добив признание и разбирање ниту вербално,ниту невербално со некој гест на добра волја како во твојот случај.Секогаш јас бев дежурниот виновник :envy:
    Дури и на најмалиот знак на негодување од нејзина страна тој почнуваше да се притресува и да ја брани со апсурдни аргументи.На пример кога разбрав дека дека ме оговарала зад грб во комшии ми вика устата за тоа и е за да зборува..а јас не смеев да ја спомнам во никаков контекст. Неговото совршенство од мајка :x Така кавгите станаа дел од нашето секојдневие и ми призна дека некогаш дури и не му се идело дома ,не можел да ме гледа нервозна и намуртена а, никогаш не се запраша што е причината и главниот извор за тоа :!:
    А искрено и јас некогаш посакував да се задржи подолго на работа,после секое идење дома добиваше извештај од неа што сум правела или не сум направила тој ден па,поучен од мајка му ми солеше памет :swear:
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.476
    Пол:
    Женски
    Верувам дека си доволно зрела и свесна и веќе знаеш дека првиот пат кога и` искажал такво сојузништво е моментот кога твојот брак почнал да оди во пропаст.
    Многу паметно и зрело од твоја страна што си излегла од таков брак.

    Aко бе! Ете му ја мама сега. [​IMG]
    Нека ужива во совршенството. :D
     
    На ilipili, pufi-cufi, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MD.2Love

    MD.2Love Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    12
    ве читав погоре и ајде и јас да ви раскажам за една моја случка свекрвами е изгорена јас и јатрвами да и викаме мамо и од денот кога дадовме збор со мм а во исто време дадоја збор девер ми и јатрвами посто и двете бевме бремени и заедно правевме свадба почнавме да и викаме мамо т.е. усте наредниот ден одиме со јатрвами кај неа на кафе и двете мамо мамо ни се врти госпожа и ни вели ај ако сакате не ми викајте мамо до свадбата да не разберат комсите дека дадовте збор со децава мој оти ке ми идат на частење и ке ми е трошок немам пари за фрлање па сите влези излези не мозам да чистам по нив .
    никогаш поке нема да го слушни зборот мамо од моја уста а кај нас дома и внуци се родија и три год поминаа од свадбата комшија на KAFE дома не ни влезе ни за повојница ни за частење ни за ништо
    како да речам дека на жената не и фали ништо два сина женесе со еден трошок со една свадба Ни маса не постави за стројници да пречека ,на кумојте денот на свадбата му дала да пијат во пластични чаши да не и скршеле некоја од стаклените ке и се расипеле сервисите дури и на мм во адетот со е кога излегува од дома треба да турни чаша со вода и да ја скрши та му кладе пластична чаша да мозите да видите само како ги имала наредено осум столици(2 пара кумој и 2 пара девери дупла свадба) покрај ѕидот за кумојте и деверите маса пред сватојте нема му донесле на послужавник пијачка и овие со чашите в раце нема на шо да ја остат масицката ја извајле за да има место за играње демек кумата не знаела со да и напрај на чашата дали да ја фрли и барала чоек да ја врати мислела да не си ги мијат лугево да не му треба за служење пак (пластични чаши)чоек да не знај дали да плачи или да се смеј.
    ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј бокал скршив за да излезам од дома фаламу на госпо со на цд то од свадбата е снимено се па децата ке можат да го гледат ко ке пораснат за нивната баба домакинка да не мислат дека снајте вадат муабети за свекрвите оти ги неќат. срека со гостите за свадбата со беја кај нив дома се вратија во овие години пак на гости да видат како се пречеква гостин и како т.е. не тие туку та да види како се пречеква гостин и дај боже госпо да ја поживеј да дочека син ми да го женам, да види свадба како се прај .и да не помислите не се проблем парите пари се има ама та вели јас сум жена домакинка и не се расфрлам со пари за непотребни* работи (*свадбата на синојми)
     
  11. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
     

    Прикачени фајлови:

    На Spidy, pufi-cufi, Cliona и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...понекогаш нашиот неуспех во комуникацијата со лугето го препишуваме на другата страна...

    ...знаете...мајките и керките, односно мајките и синовите, не се разликуваат премногу...се работи за гледање од генетска појдовна точка...

    ...јас, навистина би ја љубел мојата баба и дедо ( мајката и таткото на љубената ) затоа што ...

    ...you know, you are all so smart...

    ...но, мастерот ве љуби и вас...
     
  13. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    И ова ли има по светов :x Па ако не части за свадба на синовите, за што ќе части тогаш? И за честито ако и иделе гости, што има тука лошо? Па зар не се живее за тој момент, еден ден да мажиш/жениш дете, да ти идат сватови и гости? Што се не шета по земја, да се чудиш :x
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    девојки под итно ми треба помос,јас веке неможм вака молЧи молЧи али и камен да е ке пукне :devil:
    еве синојк после караница не спиев поради болка во раката..

    вака,од како веЧЕравме и мажотми ме пофали дек аимав преубава веЧера направено и ок тоа и сите излегуват од кујна и јас да заЧистам и вика свекрвата ова вака направиго(а секогас јас и така го правам) и јас добро(онака мирно и одговарам) и она пак ама и она онака да направис ( а гледа дека правам и секогас правам) и јас еве сега :^) и туку наеднас крена глас врз мене,ја скога зборам слусајме,јас ти кажувам ама има да правис и тоа како,јас сум постара и прави каок сто кажувам ако не ке видис ти,неразбрана една...........и така и се изназбора и само и реков :!: знаес дека секогас така правам и пак ти викам добро ке направам,а ти кревас глас на мене и поЧнувас сила да покажувас ако е така јас ке правам сто сакма ти прави сто сакас,немој ни да си ми рекла сто и како веке :^)

    и заврсувамјас и зборувам со девојЧето мало и си кажувас ео на несто и јас слусам и онака се насмеавме и она свекрвана поЧна пак,молЧи соберија таа устата малце сто е ова,( акога и молЧам вика не сум била невест ајас туку само сум се муртела) никаквата жими се,и да избегнам јас реков кавга поголема си идам во соба...

    потоа на мојон му зборела дека кога сум идела на испити сум гледала по мажи :x дека сум правела некои фигури како клепкање и со косата :emo: демек сум правела вака :x па со свекарот му збореле се на мојов дека не сум Чистила по дома,не сум правела нисто,дека сум сакала да се дотерувам ида излегувам па да сум гледала мажи,дека имало други снаии многу подобри ама јас сум била никаква,дека нивната керка правела се кога била тука а јас нисто(кој сега е мажена а свекрвата е моја роднина и која ми кажува дека мојава золва нисто не работела таму) а тука золвава е соврсена :devil:

    девојки јас веке незнам сто да превземам :devil: ми пукна филмот ме направија овие мене се!..
    иако за се гу слусам до денес се правам Чистам, мијам, перам, местам, и готвам за нив не е доволно,а ако посакам да излезам сум била како магарица или незнам сто....
    синојк ми се здрви цела рака од нерва и ова за половина година кај сто живеам тука е 2 пат да имам вакви проблеми со здравјево мое...
    ми пукна и живци и се :devil: му кажав на мојон да си одиме и ми реЧе до крај година да Чекам,ама знам дека ке има усте вакви проблеми,и едно ако сум снаа не сум им пак слугинка на нив,направи она донеси она вака не така бла бла бла .. не можам нисто слободно да направан ама верувајте нисто...
    веке не ми се живее тука и не сакам и не можам,веке не ги сакам овие луге,еднас се слуЧи им опростив и м реков кажавте и направивте се вака ама ке заборавам за да нема кавги ама ете пак така!!!!!....

    заборавив усте несто,кај нас работат двајца и свекарот и мажот мој,и се ама се се тросат парите од мажотми,требало ова едниот сакал она да купи другиот она незнам сто а јас и он неможеме ни ситници да си купиве,оти оној свекарон вика еех вие многу сакате на големо да живеете и незнам сто..
    знаЧи секој месец платата оди веднас кај нив за она за она па имло несто убаво го сакат да купат,а кога јас ке реЧам сакам она и тиее ееее не можеме ние до толку денес криза иако е само мала ситница...
    вака како ке живееме ние?како ке имаме фамилија наса?? ма векеее неидеееееееееее уффффффф
     
  15. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Тешко на земјава што не крепи...и мојата бивша свеки пред свадбата ми велеше на денот на свадбата моите да не одела кај нив дома..како невеста да ме чекале на УЛИЦА(пошто бев од друг град не идеа по мене дома за да не прават трошоци)Потоа и текна, ај добро нека влезат само твоите, родителите другите роднини не мора да идат,нека дремат пред порта и на крај ми постави ултиматум да дошле само еднаш дома пред свадбата или после свадбата во салата да сум бирала...Можи моиве роднини и пријатели немаа храна и пијалок видено па таа ќе ги најадеше и напиеше.И на денот на свадбата и рекла на тетка ми ајде станувајте,време е да се оди!Простачка!!! :@
    Ама што можеш да очекуваш друго од таков нечовек таа родениот брат и внук си ги избрка од дома за да не им прави ручек.Беа дојдени на неколку да ни помогнат на спратот што го правевме а ,оваа не сакаше да спрема ручеци и ги избркаја со свекорот..можеле тие и сами..овие видоа не видоа си заминаа.
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    а кај беше маж ти кога ти се раздра свекрва ти ?
    мене навистина не ми е јасно ова понашање бог да чува, како на улица да сте најдени од каде тоа право ?? и маж ти ќути? абе на 21 година да се нервираш за ова? леле се нервирам вака кога читам,

    абе не смее на криво да ме погледне не да ме вреѓа. ах бре деца ах, младоста ќе ви помине со не салам луѓе...
     
    На tessie и Cliona им се допаѓа ова.
  17. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    леле кога само ке ми текне и јас бев како тебе за се кутев и се нервирав собирав во себе...ама веке не...се што имам си кажувам во лице за мене полесно и поминувам без нервози...они нека се нервираат...на почетокот свеки ми викаше еееееееееееее па јас 25 години сум тука ти сега си дошла и сакаш по твое да биде...ма додека јас чистам јас готвам има да биде по мое а ако не ти се допага тоа е твој проблем...а и маж ми ме подржува незнам колку во твојот случај е тоа така за да се осмелиш да и возвратиш...или пак можеби од чиста култура си кутиш и се повлекуваш незнам...ама не смееш да дозволиш толку млада да се нервираш од искуство ти го кажувам ова...се што ти лежи на душата кажи си...ма ајде во кој век живееме па врзани сме дома да переме да чистиме и да бидеме робови...живеат во некој нивен свет не излегле од дома од 4 ѕида па ке ти соли памет.....секако треба да има почит ама се си има граница...ако ти мене не ме почитуваш како жена на син ти јас тебе ич како негова мајка и крај...како ти со мене така јас дупло полошо со тебе...
     
    На Anyshka, Cliona и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  18. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Вистина, каде беше маж ти кога сето ова се случувало? Ајде и да не бил тука, зошто ти не му кажеш каква е работата? Дека од чиста мира те малтретира, сака кавга да предизвика твојата свекрва, па нека ја седне малку ако е прав маж и нека и објасни некои работи. Чим ти рекол да почекате до крјот на годината, значи и самиот е свесен дека живот во таа куќа за сите вас заедно нема. Зошто си ти принудена да трпиш последици по здравјето од нервоза? Да се разболиш од нервози и после? Уште крива ќе бидеш, ќе си играат со тебе син им се оженил со болна, неспособна жена. Чувај си го здравјето пред се а и бракот, што побрзо си одите од таму толку подобро зашто денес-утре кавгите ќе навлезат и помеѓу тебе и маж ти. Ако тој те почитува и сака, ќе му биде битно твоето здравје и твојот мир во таа куќа и треба да направи се за да те заштити, ако не, тогаш на страна некаде па што се вели леб и сол да јадете да си бидеш на раат. И за парите, кои се тие да ти кажуваат како вие ќе ги трошите вашите пари? Во ред е да ти дадат некој совет да не фрлате џабе пари на нешто што не ви е можеби толку потребно, ама да ти ги земаат парите и уште да ти командаат :x Место да ви придадат да имате, тие да ви земат. Абе Бог да чува и брани од вакви луѓе, на пат да не ги сретнеш а не па во куќа да им влезеш. Како за моите свекор и свекрва да зборуваш, имавме и ние такви проблеми, за се што и да купевме или сакавме да купиме следеше попување како тоа не било добро, па зошто сме фрлале пари на глупости па ова она, парите за свадба што ги добивме сакаа да ни ги земат, што повеќе да кажам на ова? Со нашите пари кои треба да бидат за заеднички почеток, за среќа дадени сакаа свадба демек да ни направат ама по нивен терк. Така на ќерка им нека и прават, јас не дозволив. Исто и мм ми велеше ајде да видиме уште некое време, може ќе се средат работите ама ништо не се менуваше и решивме да се одвоиме од нив. Верувај, тоа беше една од најдобрите одлуки кои сум ги донела во животов, се каам само што не сме го направиле тоа порано. Се надевам дека со маж ти ќе си најдете решение и ќе си бидете среќни без суфлери од страна кои место да им помогнат на своите деца, тие само им ја уништуваат среќата. Како што рече Јоеле, младоста во нервози ќе ти помине, никој после тоа време не ти го враќа назад, животот не те чека и нема реприза. Избори се самата за својот мир кој го заслужуваш, не со лошо, обиди се да не си земаш се при срце, разговарај со маж ти и објасни му дека секој поминат ден таму ти е пекол, а не си ти должна да трпиш тортури од никого.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    кај нас Често има караници од мојата свекрва а после тоа и мојот свекор против нас,јас на поЧеток се поЧитувам и само молЧев и некогас ке се карав со мојон заради нив,бидејки не сакав да има кавги во кујкава..
    ама после тоа поЧнав да им кажувам како и сто е ама оние пак по нивно и така со мојон свативме дека се е заради нив дека не е нисто наса вина.
    колку пати само сме се карале и секогас е на моја страна секогас,и врајка на тоа сто зборет и се ама оние пак по нивно..
    и он веке неможе повеке тука :!: само Чекаме да се знајдеме со пари малце и потоа да одиме од тука и он така реси и јас :^) ова нивново не се трпи :!: а и плус мн пати таткому ни реЧе да си одиме :x а бе да е до мене усте сега си одам али мојов стои слабо со пари :!: нема ни минутка да останам кај луге сто ме бркат надовр.

    еве после минатиот ден после караницата јас се сменив со нив а не ме интересира ни постари ни нисто и мажотми е со мене,само аха да и не со нив сум,ја заврсувам мојата работа и си одмарам во соба,после тоа со мажот сме заедно иЧ не се замараме со нив а посебно јас..

    во право сте девојки јас немам 10 животи па ајде ке живеам пак сега нека сум мирна и се :devil: ма има да се борам за себе и тоа ако треба ке бидам најлоса снаа сто постои ама ова веке нема да го трпам..
    еве денс цел ден ме боли раката од нерва :x хм..немам зборови со какви луге живееам...
     
  20. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    girl-miri душо сите коментари под твојот пост ги прочитав и сите точни и вистински..најпрво да не се нервираш ич ,да не чуваш во себе ништо ,спротистави се, кога ја имаш поддршката од мажот тоа е најважно,првото време е тешко додека да се средите но после тоа доаѓа убавото а бе рает си за се и што е то изживување од старата за срамота ами некоја така на ќерка и да и прави ке и биди убо. то за раката душо ти е од нервоза знам и јас го поминав то ..туку прајте, снајдувајте се ,позајмете и бегајте од таму..

    Уште ова и јас перев,пеглав,чистев и готвев за 6 души оти јатрвами била трудна од 1 ден не можеше ништо да работи..и на крајот јас ништо не сум праела и не сум готвела така да ак сакаш цела куќа преврти ја и исчисти ја со доместос на крајот пак нема да чиниш..не вреди за таквите луѓе ништо да прајш..промени се и ти ништо не фаќај по дома само кај вас во соба чисти си и игнорирај ги старите и ко ќе земи плата маж ти кај тебе земи ја и не му ја давај речи му досега од нашата трошевме сега од вашата дај му 1000 ден за сметки и ајт гитла кажи му и шо ќе прат ќе видат ќе невидат ќе мора да ги извадат парите само стој си цврсто на својот став и само така ќе пособерите некој денар да се тргните од нив...почнувам да се ежам ко ќе помислам како ти е... ама верувај се додека сте сложни со мажот никој од нив не ти е потребен..
     
    На Anyshka и girl-miri им се допаѓа ова.