Ах, понекогаш ме фаќа носталгија за ваквиот безгрижен начин на размислување, “се што лета се јаде”. Има време, ќе пораснеш, а животот е круг, од тоа што бегаш тоа ќе те снајде верувај.
Тоа е се во ред и тоа е дете на твојата другарка.А ти мила моја ке пишеш кога ти ке имаш твое дете.Немора да пишувате во теми во кои што немате појма и искуство како е во вистински живот.Омажи се роди па после пиши во свекрва и снаи а до тогаш имаш еден куп избор на теми на кои што можеш да комуницираш.Убаво ти пиша феминката над мене
Не е проблем. На не-Балкан и татковци земаат породилно, па на никого не можеш да рачунаш. Ја претвори темава во врвните способности и перформанси на А94, а уствари нит разбираш што пишувам, нит знаеш што сакаш да кажеш. Значи во тема за свекрви сме. Да имаа овие жени свекрви да им ги гледаат децата, ти ќе го немаше проблемов, ама така не чинело. Епа сега тебе ти останува да го спасиш светот,овај капиталот, така млада и полетна...дур не те заменат за робот...или за помлада и пополетна... така што, уживај во моментот.
Не, вас не ви одговара да има млади и способни. Сите треба да се исфрустрирани домаќинки на форумот. Имала 5 деца, работела 100 работи, не чини. Кога ги гледала децата. Свекрвата им ги гледала, ама не можеле да ја поднесат, ок, па не чини. Не сакале да идат на работа ама плата да зимат. Ок, тоа чини до некаде.
Оф леле... Еве, капа ти симнувам, стварно си способна...по 12 саати работиш, јер сите забушаваат со деца со температури... и уште 12 саати на темава се објаснуваш за нешто што нема врска со темата, пошто си теоретски експерт. Ич не се плашиме за нашата иднина, со ваква младина
Која испланирана, утре ако сакам можам одмор да земам. Ти малку ги измеша брзините, јас ти го разбирам конфликтот на емоции што го имаш ама дали има татко да го чува детето или нема, дали паднала во несвест за температурата итн воопшто не е твоја работа. Моментот кога ќе прифали вработен и неговата работа ќе падне врз колегите одма знаеш дека си во шит фирма. Како ќе си го решат тој проблем е нивна работа, не твоја. Буквално си ставиле раце во џеб и ве оставиле да се снаоѓате.
А замисли, одмор ми е. Инаку се извинувам што пробав моја перспектива на работите да дадам на јавен форум. Се одјавувам. Ќе се вратам наредно да ја изоговарам свекрвата откако ќе и ги измијам чиниите и кафе ќе и сварам, да можете егото да си го заситите дека не сте единствени
Јас верувам дека ниедна од овие жени тука не и вари кафе како што пишуваш то.Ние само сакаме да ти укажеме дека се што лета не се јаде.А тие таквите силните како тебе тие не кафе еееее на крај и чочек ке и играш верувај.Те советувам најискрено не се чатали еве тоа и на ќерками и го викам до толку сум искрена со тебе.Не се чатали само поплукај си во пазуви и речи подалеку од мене.Ова ти го кажувам од искуство зошто и јас бев вака како тебе многу силна ама не било така.Животот се носи
Абе се успешни,самостојни со кариери. Со не знам какви работни места таму. Тука нс фемина. Па ние што сме имале деца нас најголемо достигнување ни било детето, а што им е нив? И како може да даваат коментари за нешто што не искусиле. Пример друго е кога ќе станеш мајка. Јас и сега не сум дечар други деца освен моето не ме интересираат. Сепак е најдобрата одлука што сум ја донела во животот. Не е се во материјалните нешта. Премногу амбициозни сите овие се 20+ години гарант. Не оди животот секогаш по план. Сите ние сме сакале кога ќе завршиме факултет, работа од соништата. Па сопствено живеалиште па брак,деца... Сите коцки по ред. Ама не секогаш е така.
Значи, 40 мислења имаш во темава пишано, оти ти е досадно, и морав да го барам моментот, кога отишла дискусијата во аут. Значи појма немам по кои стандарди и закони работиш по 12 саати и со 40ка температура, ама не може ради една мајка со дете, сите да ти бидат криви. Јас ниту ја знам мајката, исто како што и ти не можеш да знаеш колку пати се накашлало и колку било болно. ...Е како, од една мајка, стигнавме до многу мајки, сите мајки, ма сите жени, за ништо не ги бидува, сите кривинаши -ти си знаеш. Ако работиш спротивно на човечки и пишани закони, и ако ти е тоа ок, ако ти го билда егото, твое е. Да работам 12 саати и со 40 температура, не е бркање кариера, тешка експлоатација е. И да си знаеш, и ти си заменлива, и сите сме сегде заменливи, освен во животот на нашите деца. И да, ќе и измијам садови на свекрвата, арно ме потсети. Одма штом ќе ја видам, во август ваљда. Ма може и машина за садови да и купам, заслужила жената
По сиве овие мислења, си викам арно шо уште постојат такви газди да даваат толку често боледување на мајки... мислев дека се истребен вид...
Баш истово го помислив, кои се тие фирми во приватен сектор толку боледувања што дозволуваат, едино ако газдиве се татковци на настинати дечиња