Јас сум среќна што не се излажав тогаш Шала на страна, сега сама сум поспособна дете да чувам, него тогаш Не е проблем "кукањето", него ниедна опција не чини, ништо не чини, никој не чини. А ни една не се прашува: што можам да преземам за да си ја сменам ситуацијата? Секако дека сите, мажени и немажени, и со деца и без деца, имаме за што да кукаме, за што да се каеме. Нема совршен живот, нема совршен човек, нема совршени избори. Не е тоа спорно. Спорно е кога упорно тапкаш во место, цел свет ти е крив, а не правиш НИШТО да си промениш ситуација. Еве, да ме утепате не знам некои овде зошто во брак остануваат, какви приказни за мажите се напишани, тие не само што не ги решаваат проблемите, раѓаат второ итн. Освен дека немаат желба од Х и У причини да променат услови, нема друго објаснување. И само нека не ми се закачат сега со катастрофални сценарија, мислам... на крајот сите сме различни. Читам жени кои имаат сериозни проблеми со маж, со свекрва, со золва и упорно одат на ивф? Зошто? Ете немаат деца, зошто остануваш во брак со некој кој не те почитува, не го ни сакаш? Не знам и немам одговор на ситуации каде што има очигледни решенија, ама ок. Само знам дека не може цел свет да е лош, а една личност добра. Неважно кој е.
Не можам да се едитирам. Возраста е тотално небитна. Познавам жени што на 21-22 станаа мајки и ама баш ништо во животот не им фали. Сакаа - станаа. Дали поради таа одлука им се поместиле други желби? Нормално. Тоа што родиле толку млади не значи дека немале поголема амбиција и слично, сакале да бидат мајки и тоа е сосема во ред. Ни на 35 не значи дека е некоја поспособна, емоционалната зрелост не секогаш оди под рака со возраста. Мене личен пример ми е мајка ми, на 23 ме родила. Па не знам што се' не постигна во животот. Имањето деца не те уназадува во животот, туку ставот за животот, општо. Тоа сега го дознавам, да се врати времето пак исто не би раѓала млада, затоа што едноставно не сакав. Што не ме прави попаметна/подобра/поуспешна од било која што на 21 родила. Други работи се успех. На пример да си ок со патот што го одиш, каков и да е тој, да живееш со своите избори, и победа и пораз да си се твои. Останатото е толку варијабилно, колку што луѓе постојат. За некого најголем успех/среќа е имање дете, за мене не било и не е. И јас и таа сме во право
Ај да не се правиме на Тошо дека се' живо се злоупотребува. Нема врска тоа со деца, такви сме си де. Имав колешки што со боледување за дете се сунчаа по плажи, ама државно... кој да ти види
Е од вакви не можам. Непријатели на жените што имаат деца . Па и болни, а они гневни . Загреота. Али ај ке ги видиме кога ке родат.
Па и девојчиња го прават ова, не само мајки. Плус на приватно не земаш боледување и да си шеташ. Олабавете малку.
Никој овде не е исфрустриран како тебе моментално. И со дете и со обврски, ке те стигнам и престигнам за да видиш и научиш како една мајка може све.
Уф, добро е на форумов све сме поштени, немаме ни една не е од оние мајки кои на децата се вадат за си седат дома на боловање. За малце се потресов кај сум се зачленила. Јес да боловање увек било заебанција кај нас, сите болни од време на време, али немој случајно нешто да кажеш против мајките, дека и они исто прават, пу пу пу... Ние другите неаме шо да коментирме на вакви теми, коа ќе иаме семејство и деца, тогаш можеме да дојдеме тука само да се жалиме од муж и свеки, али да сме краљици, а до тогаш нема шо да му ја мислиме, и да коментираме, или да имаме различни ставови за животот, оти као и сите на форумов, ќе си легнеме на брашното, и нишо шо сме сакале у животот нема да имаме. Оки доки.
Планирај го животот вака така онака, со амбиции, образование, 'рмбање, се трудиш сите добри чекори да ги направиш како знаеш и умееш и одненадеж цел свет ти се превртува наопаку. Еднаш, двапати, трипати? Неважно. Се собираш, си го калибрираш животот одново, се градиш ти се чини од почеток. Па ќе се најде некоја како членката или други членки ќе се расфрла со осуди, навреди, отрови и его трипови, како што и сведочевме претходно на темава. И иако мене лично не ми влијаат злобни коментари од рандом интернет ликови, се прашувам со какви личности сум опкружена во секојдневието. Сигурна сум дека во живо Петкана не е свесна за чувствата на колешката, на пример. Темава патем е за совети, не за пукање лични фрустрации. Сите ги имаме, не е должен никој да ги трпи. Ако некои жени останале во токсична врска и средина и страдаат поради тоа, а сами се виновни, не им треба уште вие да им се ситите. Бидете поголеми луѓе од тоа. Патем на некој навистина му треба совет, но нема да побара заради глупостите што се пишуваат на темава. Феминизам не се гради вака. Ниту пак човечност.
Темава е многу долга за разговор. И јас ќе бидам малку оф топик, ќе ми извините сите. Тоа е муабет кој ете вие што немате деца не можете да го осетите и затоа не го разбирате. Јас како човек, жена за мене лично ден боловање неам земено. И со 40 темп, идам и со мигренозни напади ( кој ги има знае што зборувам) и со бронхит и со се доаѓам на работа исто како тебе. Но,и јас не сакам на секој кивање да отворам боловање, мислиш сакам? едноставно не ми ја примаат во градинка. Дали знаеш дека малку ако е настинато детето не го примаат во градинка? Или еве конкретен пример. Маж ми има денови повеќе од мене , големата ко беше до 3 год скоро на секои 3 недели бевме во болница. Ама едноставно мајки само дозволуваат да лежи со детето. Татко не. Знаеш која борба е ова? И јас не ги оправдувам оние што зимаат за секоја ситница боловање со изговор за дете. И се чудам и матичните како им пишуваат толку често. И јас некој заменувам и работам место него кој нема дете а не е на работа . Да знаеш дека има и такви.
Петкана и те како знае што зборам, и имам доловено каква штета прави милион пати. Ама Петкана не ја интересира за туѓите чувства, освен за своите само. И јас зборам за Петкана како пример. А имам и друга Трајка со две деца што иде саботи да си одработи што ја немало. И Трајка е човек што можеш за било што да рачунаш на неа, не конкретно за работа. Имајте деца, ама бидете Трајка, а не Петкана.
Не, него ти оти имаш деца се пронаоѓаш у муабетов, а она збори за тие шо го прават тоа, а ги има пуно... Кој те спомна тебе? Ако не идеш на боловање од аздис, шо скокаш (едит) одма со причи немате деца не знаете?
Обично не сум вулгарна ама .... Кај се плеткаш кај што не е мајка ти? Девојката ме цитираше мене и мене ми се обрати? Како се најде повикана? Ај мафни ми се.
Да да, доаѓаме ние тука на форумов да измислуваме свет во кој сакаме да живееме. Зашто многу ни е битно да си го билдаме егото пред интернет ликови на јавни форуми. Многу ми е битно мене да ти претставам дека сум многу способна зашто мене твоето мислење ми е исклучително битно. Ти ми ја даваш платата па морам тука квалификации да ти презентирам. Еве синоќа едвај заспав зашто ти вака и така ми пиша. Можам да се согласам дека ете имав време и си вртев и пишував од досада, да и дискусијата може не беше за оваа тема. Ама за вас најреални сценарија се оние кои ви одговараат да се тешите дека не сте единствени. Не дај боже некој да излезе од калапот, пу пу да си плукне под мишката оти клетвите ќе го стигнат
Фирма која дозволува премногу, зашто Петкана има колешки што ја покриваат за да не исплива на површина дека она искористува све што и се нуди и да не трпи работата.
Завршен ми е проектот, па имам појдено на одмор. Не ми е на пола оставен, друг да се снаоѓа. Како и за се друго во животот. А за нов проект нема да ме планираат додека ме нема. Кога ќе се вратам ќе видиме кај ќе се уклучам. Најверојатно ќе има некоја мајка што ќе користи одмор и боловање продолжеток уште две недели, па ќе ја сменам. Не ви се проблем децата вам никој, како сте скроени е проблемот. Има човек од збор и човек што се друг им е крив и си гледа само за сопствениот газ.
Јас вакви фирми не познавам. Каде што работев имаше девојче што земаше боледување постојано и денови плус. И пукна филм на директорката и ја избрка. Не затоа што земала боледување, туку ја дознала преку други дека лаже, си шетала, а земала боледување. Во приватна фирма не можеш да си ја прчиш.