Ама ако детето ти е болно и си на боледување, ти за тој месец земаш помала плата, нема потреба да работиш од дома тој период. За фирмата ли ќе живееш или за семејството? Ако детето 4 дена ти гори од температура и деноноќно треба да му висиш над глава како ќе работиш од дома тие 4 дена?
Не земам боледување, ќе побарам работа од дома, па ќе се снаоѓам. Не живеам за фирмата ако нејќам. Нели пишав, ако баш ме заболе, ќе стагнирам со работата, ќе бидам задоволна со платата, нема да се фрустрирам ако некој ми заземал местото и тако даље
Еве на оваа не и можда болно детето, ама нашла начин да не стагнира никако. Се надевам ми ја разбирате поентата на муабетите. Јас не сум мрзач на мајки, напротив, нема човек што повеќе се восхитува на женишта ко оваа доле на сликата.
Во ред тоа, ти имаш опција да работиш од дома, јас имам, а оние што работат во конфекција, маркети или во фабрики? Еве пример јас се уште немам деца, кај татко ми во фирмата бев вработена ама не користев за било што боледување, додека беше жив ми велеше: "до 15:30 си ми работничка, после тоа си ми ќерка". Еве и сега ја наследив и не зимам боледување за било што, одморот не го користам секогаш, од ланскиот имам денови, дури сега ги земав зошто спремаме документи за ин- витро и треба малце трчање, ама сепак иако земав денови работам од дома, офф топик ама сакав да доловам дека неможе секој да работи од дома и да плаќа жена, членката погоре пиша маж и имал повеќе денови ама не давале татко да лежи со детето во болница, туку мајка. Исто и на мм братучедка да поткашла детето не и го примаат во градинка, земаше боледување, и и рекла шефицата им ја оштетувала фирмата, маж и не е тука, и кога беше не му даваа, мајка и болна мора да и го остава на неа.
Јас едно време работев со 15 месечно дете од дома, итоа ни 4 саати во ден. Верувај не е вака едноставно. Освен опцијата жена да ти иде да го чува, ако имаш финансиски можности нели. Зошто таа жена повеќе од 15.000 ќе ти бара. Јас немав.
Океј ,баш сакам во Македонија во фирма вака да те видам. Уствари ,не ,не би сакала. Зашто е греота за детето а и за тебе .
Ама види ова е новороденче што спие. А тогаш проодено дете и новореденче ич не е исто. И ова не е реалност.
Па си пиша членката, жена ќе си плаќала, ќе седела со неа и ќе работела од дома. И оние што работат во конфекции ќе работат од дома, ќе им дадат машина и ќе шијат. Јас не би сакала непозната жена да ми чува дете кога би имала, ама тоа сум јас, секој си знае за себе.
Не сакав да навлегувам во детали и моето исто. Навечер од 12 до 3 си седев будна, после од 5 до кај 7 и преку ден тоа што спиеше не беше спиење.
Вас ви е филм се што е способно на планетава земја. Сите сакат да бидат успешни, жени, мајки, кралици а осудуваат све што се стреми кон тоа. А може нема да сум тоа ни јас. Може кога ќе имам дете, ко што пишав нема да ме интересира кариера ама барем нема да глумам лудило.
Прво сликава не е реална ,а и да е претпоставувам е од Америка каде имаат породилно 2 недели па се приморани на ова. Второ ,ти беше таа што цело време стремиш кон кариера ,како сега наеднаш, може нема да те интересира?
Па еве јас ви прифаќам некои работи бе. Можда стварно ќе ми се десе преокрет. Проблемот е што, еве јас размилувам како размислувам. Ама наместо да ви биде мило некој што сепак размилува различно и се труди за нешто, да му речете океј, дај боже да е така ко што планираш, вие ме утепавте у поим. Мислам зборите феминизам а ме нападнавте оти реков сакам и кариера да бркам, не да бидам само мајка во животот. Инаку во Америка, имат по 4 деца, немат породилно, а сепак најмногу остварени жени има, а и свекрви не им чуваат деца секако. Зашто е тоа можно таму, а овде не е?!
Затоа што е Америка, не Македонија. Имаш дадилки на секој чекор. Имаш примања да може секој да си дозволи дадилка. Овде во порурални средини треба и пат да и платиш, АКО најдеш жена. Дај Боже да ти е се по план, ама овде сакаме да ти кажеме дека кога имаш дете и пред да го имаш, размислувањето ама ич не е исто,а и околности се менуваат. Ти можеби ќе имаш финансии за да работиш од дома и жена да ти го чува, друга има пари за приватни градинки, трета нема толкави примања, макар и 20 години работела. Твојата реалност и на некоја друга не е иста.
Јас сепак се огледувам на тие што се подобри и поуспешни од мене и се стремам да бидам како нив. Секогаш ми се тие репер дека сепак се можело да се постигне нештото. Како и да се сменат околностите, едно знам, никогаш нема да дозволам да бидам Петкана во животот. Нема да се поистоветувам со Петкана за да ми е полесно да спијам навечер. Ќе се поистоветувам со другарка ми што бизнис подигна со новороденче дома. И не, свекрва не и беше опција секако, јер знаеме .. А и ова не е измислено сценарио. Реално е, замислите. И тоа во Македонија.