Девојче ми се свиѓаат твоите првични изнесени мислења на темава, многу зрело размислување и се гледа дека точно знаеш што сакаш од животот. Ти посакувам се најдобро и дај боже да се исполниш во животот. Тоа што пробуваат да ти го кажат е дека размислувањето пред и после деца е скроз различно затоа што ти сега размислуваш трезвено, одморено, наспиено. Сега може ќе кажеш дека и ти си уморна или ненаспиена ама верувај ми и јас мислев дека знам што е умор се додека не го добив првото дете. Кога веќе ги имаш децата не си истиот човек. Родителството е жртва, вие одлучувате дали ти/маж ти ќе бидете жртвата или детето.
А зашто јас штом трошам време овде, ко што пишав погоре, сепак го ценам размислувањето на некои од вас и оставам простор за некој преокрет на работите, ко што кажувате дека е можен и веројатен
Аха важи. Ај вака кога е во фаза на лазење/проодување да работиш, да те видам. Те читав денеска и мислам дека многу ти е досадно штом вака од ракав си пишуваш.
На вакви муабети можам само да кажам дека ке видиш каква е реалноста кога ке родиш. Гледаш нереални примери кои се еден во 100.000 жени. И бебе кое еднаш се појавило во парламент на 2 часа. Моево бебе се одра од плачење од грчеви цели 3 месеци. И јас се лупав во гради дека ке шетам секој ден со бебе, ке сум средена вака така. Ама немав сила. Раната ме болеше. Преморена бев од ноќни плачки. Можеби ти ке имаш супер моќи и ке си тип топ мајка. Ама на крај пак ке ги следиш потребите на бебето. Освен ако не одиш со глава во ѕид.
Муабетов левел една банирана форумџика, да не ја именувам... доаѓа на тема, навредува се' живо и диво, ама кога ќе и вратат почнува да плаче, леле мене сите ми се нафрливте, љубоморни сте, жени змии итн.
Абе и вие со децата, болни, зафатени окапавте на форумов. Јас ќе дојдам два дена у 3 месеца да шкртнам нешто, ама вие секојдневно, браво. Не мора да ме читаш. У принцип одговарам на мајките што ме нападнаа.
Бубаче? Нее, девојкава е класи над бубаче. Мене ми се свиѓаат новите генерации што идат, иако не мислев дека некогаш ќе го кажам ова Подобро вака отколку неколку измачени членки што ги читам.
Ти изгледам јас дека почнав да плачам?! На сите ви одговорив, без исклучок достојно мислам. И не се осетив навредена зашто не се пронајдов во тоа што го кажувате инаку и те како ме директно и индиректно навредивте. Лесно на нас со омладина како тебе. Аха, океј. Ондак тешко на тие деца со мајки како вас. Лошо звучи нели?!
Jас работев дури беа во фаза на лазење/проодување. Имав 6 недели породилно (од кои 4 неплатени), никој не ми ги чуваше, од дома работев и ми се дереа на состанок ако ми заплачи бебе, не било професионално. И одеа, и трчаа, и лазеа, и паѓаа и газеви бришев и пелени менував и доев дури работев. Дали ми беше лесно? Не! Дали беше возможно - испадна дека е. Испадна дека е возможно и за сите мои колешки, една од кои имаше близначиња. Ако се сака, се се може. Со воља и челични нерви се се пребродува. Испливав на површина после години, сега ми е супер.
Коментирав за сликата што ја постира членката, на работно место да носиш дете што е во фаза на лазење/проодување а не за работа од дома. Не читајте селективно.
А што работеше извини? Јас во кол-центар работев од дома. Со дете немаше шанси, нон-стоп имаш повици, слушалки на тебе, паузи никакви.
Многу хипотетички муабети праите. Секој нека си тера како замислил, треба барем да се испроба. Животот е ролер костер, идеш нагоре-надолу, многу нешта - повеќето нешта - се надвор од наша контрола, затоа е потребно да си способен да ги прифаќаш ситуациите, да се адаптираш и да тераш даље со сопствената замислата. Најбитно од сè, никогаш не треба да се замарате кој што мисли, сè додека си терате свој кејф. Буквално што е битно дали некој - било тоа да е свекрвата, комшиката, колешката, па макар и сопствената мајка - мисли дека си неспособна на било каков начин? По некоја си нивна замисла? Ете, се дрзнуваат луѓе сешто да мислат и зборат, не можеш да ги спречиш. Што е битно?! Сигурно нема да се моделираш по туѓи замисли како треба да се однесуваш и што треба да правиш. Не дозволувајте туѓи мислења да ви ја нарушуваат самодовербата, нема шема како да се живее животот, секој знае за себе како му е најдобро. И не дозволувајте да паѓате под туѓи влијанија и да правите нешта кои не сакате да ги правите. Мал позитивен муабет, зошто повремено е потребно потсетување дека за ништо не треба да се правдате пред други, битен е личниот спокој и среќа.
Епа не знам, некако си направив слика од муабетите дека само што си почнала да работиш 33 имам бтв. Нема врска, стварно ми се свиѓаат новите генерации.
Примери има секакви, затоа во мк има 9 месеци породилно, па градинки. Јас како фриленсер бев исклучок. Не сме сите ко оваа во собрание да работиме, нели. Работа од дома е исто толку захтевна, не си ги прчиме ние дома, оти сум од дома некогаш и по 12 саати работам, не е исто во 4 чантата под мишка и бегам. Кој не работел од дома не знае. @Black girl во IT, Работев и на повици, ама дека знаев со бебе ќе е тешко, уште трудна се стегнав се едуцирав се докажував и побарав унапредување на ИТ позиција без повици... сепак неколку состаноци денот имав, и уште имам.
Епа тука сме со години. А мене фрустрациите околу темата ми се исти и кога почнав да работам и сега така ваљда и звучам. Едно исто низ годините се случува ама нејсе ајде, доста беше, да олабавам и ја.
Јас бев нон-стоп на повици, значи, типичен кол центар што мораш да бидеш логиран на време по пауза, пред да почнеш со работа, излезни, влезни повици, и нема доработување или чекај да сменам пелена на бебе, па после ќе му се јавам на клиентот, постојано те опоменуваат супервизорите. Затоа реков зависи и од работата. Да работам по струка, ќе работам и плус два часа да довршам.
A инаку, ги сакам и јас новите генерации. Ги гледам сега на работа што идат, опасни се. Мислев јас сум гласна и борбена, ама ова не знаеш. Ама ако, нека продужат така. Јас ветер у грб сум им хаха