Имаше кај нас од техничка поддршка, исто по цел ден на телефони... родија сите жените. И тоа без породилно. Се снаоѓаа, која жена ќе плати, која мајка/свекрва. Стварно ич не е лесно... тоа и ми е муабето... крв се плука, ама ете, живот! Родија и тие, родив и јас, па се истурка некако. Плаќаа жени со месеци, за да не ја изгубат работата. Не е лесно да си жена. Јас искрено и пумпа електрична за млеко имав купено, дури сум на повик да се молзи... абе комедии. Кога ќе ми текни дека едното го цицав, другото од нокшир вика - ГОТОВОООООО, а јас шкрапам на компјутер. Да се здрави и живи, пораснаа
Јас многу би сакала вака , баш на колешка и покажував не знам од која држава слика на нет најдов одма до бирото на мајката игрална за детето АМА тука пред 4 г на интервју за работа во КУЈНА која разнесува готвени јадења по фирми знаете кое беше второ прашање , одма после името ? Дали си мажена и третото дали имаш или планираш деца во блиска иднина. И бидејки одговор беше дека планирам не ми се јавија. А ко сме кај парламентите да не забораиме дека кај нас со ковид у скафандер ко астронаут отиде да гласа а не па дете не ќе земе...
И после се љутат кога им пишуваат во темава дека не треба да даваат коментари за брак,деца, за нешто што не го искусиле на своја кожа. Друго е да имаш искуство а друго е од гледање филмови. Или од ТУЃИ искуства. Имавме колешка што вака често бараше промена на смена ради детето. Тогаш не ја сфаќав викав аман веќе сите имаат дец. ама јас тогаш немав дете а тие што имаа деца им беа поголеми а нејзиното беше многу мало. Сега веќе ја сфаќам и сум имала погрешно мислење. Исто не ги сфаќав како може мајкиве толку да се поврзани со децата и викав де бре како само тие да родиле, цел свет раѓа не е нешто посебно и којзнае какво достигнување. Ама ете станав и јас мајка и да најголемо достигнување е,ниту еден друг успех или материјално нешто не може да се мери со тоа.
Абе џабе се расправате вие кога не е до вработените ни тие шо се мајки ни тие шо не се мајки. Криви се газдите шо сакат помалку луѓе повеќе работа да им завршат за да извадат шо е можно повеќе пари. Крива ни е и државата шо не ги сороведува законите (ако воопшто ги има) за мајките и за вработените. Крив ни е и менталитетот и сиромаштијата , шо кога тие шо треба да ги спроведат законите ќе одат кај газдата, ќе испијат по едно кафе, ќе се договорат каде ќе вечераат, ќе земат мито и накрај вработениот ќе биде избркан од работа. Глеј кој менталитет го имаме еј, во ист ден на интервју за работа одам јас и една познаничка, не во исто време. Истите прашања за деца не прашуваат, кој ќе ви ги чува децата, она одговара свекрвата а јас мажот оти неам друг никој. И мене ми вика тој газдата хаха е како маж ќе чува дете хаха???? И неа ја примија на работа шо нема искуство во таа работа а плус и не знаеше барем англиски а таму се бараше барем еден странски јазик. Јас имав и искуство и јазик знам, али ете. Најлесно може да се контролира сиромашен и необразован народ, оти таков народ нема друг избор и се би прифатил.
Ок, браво за тебе. Но нема потреба да се потенцира дека ете ти, твои колешки успеале без породилно. Секој си знае. Бебе штотуку родено си бара мајка, а не друга жена, мајка, свекрва.
ОК, вие можете да кажете дека не е возможно, ама јас ако кажам дека е возможно, одма се вреѓате. Нема врска... на крајот секој според можностите и желбите. Макар на една тука да и служам за добар пример, како мене некои што ми служеле, ќе бидам пресреќна. Секој одбира на кој ќе се угледа... јас одбрав да се угледувам на тие што успеале, и да одам по тие стапки. Или ние што сме успеале не смееме да си ја кажеме нашата приказна? Да не навредиме некој? И тука ли воукнес треба, на снегулки да пазиме?
Значи пак зависи од самата работа. Ти си можела да работиш од дома, некои не можат. Доктори, сестри, продавачи, на лента во фабрика... Тие не можат. Тоа што некој не користел породилно, не значи дека е поуспешен од некој што користел ( што и му следува), според мене. Толку.
Ууу ај јас бездетна ги сфаќам до некаде што ме нападнаа. Ама вака со тебе, само ми се потврди она што го дробам три дена. Сега ќе те нападнат зашто темата си ја претворила во способностите на jacqueline.s хахахахахха не ми се верува бе жени, не ми се верува! Ако ти нешто значи, кога ќе пораснам сакам да сум како тебе.
Ја па мислам дека треба да се дома и мајка и татко на поделено породилно, ама тоа си е друга приказна, нема врска со злоупотреба. Да земеш боледување за дете (или себе) и да одиш на одмор е злоупотреба, за тоа постои и инспекција која ама ич не функционира. Сосема друго 20 е породилно и сл. На новороденче му требаат мајка и татко. Никој друг. Би било фино поголемите фирми/институции да имаат градинки во самиот склоп, или да има градинка на неколку фирми, блиска тука. Не мислам дека е успех од 24 саати, детето едвај да имаш 2 да му се посветиш. Деца на капитализам, се' ќе имаат, освен семејство.
Ако имам можност јас еве бирам до 3,4 години да седам дома со детето и јас да си го гледам. Жртвата ке бидам јас и мојата кариера ,која не се ни става на вага со жртвата за детето.
Ама тоа си е твој избор. И би било добро да го имаш. Многу жени не сакаат така, посебно што работев со докторки, а сега професорки, нивните кариери обично немаат простор за 5 години пауза. Па и да имаат, личен избор си е. Ниедна не е "помајка", и таа што ќе тргне за 1 месец на работа, и таа што отказ ќе даде да чува дете. Не знам зошто секад мора да се мерат ташаците што ги немаме.
Абе жртви. Зошто луѓето имаат деца? За свој ќеиф, затоа што сакаат да имаат деца. Така што, не знам дали како жртва можам да го гледам. Едноставно бираат што највеќе сакаат од животот или што највеќе можат да остварат. Не се деца задолжителни, раѓаме оти сакаме да родиме, автоматски желба исполнуваме сопствена.
Знам во Нов Зеланд, Австралија, имаше вакво нешто. За некакви цели сигурно, не оти така спонтано им дошло. Конкретнава слика од Италија била, парламентарка да протестира за вработените мајки, нешто за ускратеното право да дојат, оти мора прерано да се вратат на работа. Ќе да е нешто обратно од тезите на постирачот . Инаку имале пракса да си ги носат бебињата во УК парламент, ама им забраниле https://www.bbc.com/news/uk-politics-61987339. Еве, сите да си ги земеме децата на работа, ќе се изнаработиме гарантирано. Ама ај, нек се врти муабет.
ОК де, рековме... јас си бркам кариера која ми одговара... не е среќа... среќа е на лото ако ми се падни. Цел живот сум учела, и доучувам и се борам за кариерава, не е воопшто "среќна околоност"... ама тоа е... наративот ви одговара. За доторки касиерки, пак ќе речам, има 9 месеци породилно. Јас мојот пример го кажав, се отепавте од плачење, мајке ми, смеа ме фаќа дури. Тоа што јас имам свој пример и постојам на земјава со мојата животна приказна, не ја прави помалку важна од твојата животна приказна. Тоа што со сето свое битие, со полно пот и препреки во животот се трудам и се борам да сум од една страна присутен и добар родител, од друга страна да напредувам во кариерата, за тебе е среќна околност, и треба да се радувам што не сум касиерка? Мислам глупости веќе тропате, само да не испадне дека некој друг е во право. ОК, не раѓајте - работете, раѓајте и не работете, не раѓајте и не работете, секој со свое право. Само некој тука да ме убедува дека не е возможно, при јас и неколку други овде живи примери... па уште не нарекувате СРЕЌНИЦИ, срамота, и затоа нема да ја биде. Толку! Јас не сум против личен избор, секој нека прави како сака. НЕ УБЕДУВАЈТЕ дека не е возможно, само затоа што вие не сте го искусиле. Едит: да додадам, тоа што немав породилно, не беше по мој избор, јас сакав да имам породилно... ама таква беше ситуацијата. Ќе требаше да напуштам работа. Изборот беше или работа или дете, или двете истовремено
It's a very personal choice. A woman should be free to choose to come back after 48 hours. But if she wants to stay at home for six months, or a year, we should create the conditions to make that possible," she said. "I came back to work after one month. But I am not an example to follow. Everyone must decide for themselves." Сепак се вратила на работа по еден месец. Кариера и е битна, покрај детето. Ама повикува да се смене нешто во врска со породилното за секој да одлучи што му одговара. Ништо лошо не гледам.
Ама луѓе вие не сфаќате едно е теорија друго е пракса. Со дете мало дома ,на породилно сум па немам време за себе , а камоли на работа коа ке тргнеш....али ајде има време ,видеќемо.
Знаеш. не мора да ти се свиѓа мојот муабет, ајде не сум родила, не знам итн. Членката под тебе што има искоментирано ќе ја оставам да и свети муабетов тука, па идете дрзнете се да и продавате празна слама ко на мене. Неа не можеш да и викаш ќе видиш што те чека. Видела таа, и тоа многу повеќе мака од сите вас. И знае шо сака. Не глуми дека сака кариера, а не и се работи. Сака кариера и работи и се мачи. Или и она измислува сценарија невозможни, а Биљарка? Со вакви мајки богами тешко нас да успееме да ги следиме нивните примери.
Ама тебе муабетот ти отиде од една насока во друга, сосема. Од боледување до кариери. Сакаме да ти кажеме ,дека не можеш да замеруваш на мајки кои земаат боледување ,за болни деца. Тоа не треба ни да се дискутира. Ти рече дека им ги работиш нивните работи. Ние ти кажавме дека ,коа ке станеш мајка и недајбоже ке ти треба боледување за дете болно, најмалку што ке мислиш е работа ,а камоли од дома да работам со болно дете. На работа ке те сменат ама дома си незаменлив