Женава ви кажа дека не користи боледување. Работела цело време дека сака кариера. И се мачела, и она и колешки. Кога работиш, идеш на работа и на некој начин напредуваш во кариерата. Кога си на боледување нон стоп, стагнираш во работата. Не може некој да рачуна на тебе. Мислам ова е врзано едно со друго. Вие од кукање не знаете на дека терате. Мене ми се фативте. Истото важи и за тебе како за Биљарката, иди на членката и коментирај, Ох уеит! И искоментира, дека не било фер да потенцира колку е способна, у море на неспособни
Бирам да бидам ко Жаклин. Ќе и барам нејзе совети како успевала да се снајде кога и биле децата болни. Не ме учете, доста беше.
Јас за кашлање не сум земала боледување, но за потешки состојби да, а плус што со децата јас секоја болест ја прележувам.
хахахахаххахахахахаххахахахаххахах. Чекав и дочекав Да, и едните и другите се во право. Ама и двете се возможни ако се сака.
Жаклин работела од дома и ЖЕНА имала. Внимавај на зборот ЖЕНА! Немој да ми кажуваш сама издигнала деца, сама ги гледала и работела истовремено молим те. Ете веќе кога ја идеализираш биди реална барем. Жаклин не знае како е да седиш на компјутер оти рок те брка и позадина вриска дете со 40 темп. Еве нека каже ако лажам.
Па да бе, со жена дома, нормално, знам. Ако работиш ќе имаш и да ја платиш жената. Или што е муабетот па не сум реална? А знаеш зашто ја идеализирам?! Ви зборам дека ќе работам дома и жена ќе плаќам, ама ќе гледам да не зимам боловања и иде Жаклин со муабетов што све како се снаоѓала, додека вие сите извртевте како е невозможно се тоа што сум наумила
Па едно е сама со дете , друго е со жена. Тоа е муабетот. Сега ако имам жена дома нормално ќе можам да работам и да напредувам. Ама ако сум сама и да думкам дете и он лајн да сум на состанок и да ми е умот таму не знам колку може. Или извештаи да пишуваш и да тегне за нога ајде ајде. Сум осетила за време на корона, знам како е. Никако е.
Возможни се ама не за сите. Ете за мене ќе си даам пример, јас откако се разведов, детето си го оставив таму за да можам да работам и да стаам некој денар на страна за подоцна да го зеам. Оти јас немав родители кај да се вратам ниту дома ме чекаше мајка шо ќе ми го чува детето кое имаше 2 годинки додека јас работам а не па да трчкам кариери. Сегашниот маж многу ми помогна и да ти кажам право да не е он стварно незнам како ќе излезев на крај сама со мало дете, да немаш кој да ти го причува ни малку да одеш да се измочеш, а филмот за градинките го поминав знам како е таму, одма те викаат да дојдеш да го земеш ако му тече носот. И тие дадилки си бараат пари, плата, шо не секој ги има да ги плати
Не е невозможно, за тебе. Пишете ги професииве кога зборуваме . Има професии кои може да се работат и од дома и со деца и се, ама има и што не може. Ако си магационер камионите дома ќе ти идат за истовар? Затоа не се наоѓаш во муабетов со останатите. Мојата работа се работи од дома, ама ако имам помош . Вака сама не.
Јас пишав. Сега барав си кажала во трето лице. Плаќаа. Па за тие еве ќе зборуваме, нели се од твоја бранша. Жена плаЌАА и беа успешни.
И мојата се работеше од дома, но сама со деца не. Не е тоа преведување книга, па ај кога завршам, тогаш. Ама џабе ќе се објаснуваш со поединци.