Она не плаќала де ете. А што имат врска жените. Плаќај и ти еве, дека спомна можеш да работиш на тој начин од дома
И мајка ми на времето плаќаше жена да ме чува ко бев мала за да оди на работа.... уау, шокинг.... немајка... ќе и се скарам за секогаш сега
Еве ќе ти се објаснувам тебе. Земав боледување и си ја прчев. Ама мојата работа беше организирана и не работеа за мене колегите.
Муабетов ти е ај да собереме баби и жаби само да ти кажам. Со глава в ѕид не се иде , знаеш нели? другарски ова ти го кажувам.
Без разлика. Детето ке ми вреска од болки ,жената ке го чува а јас ке слушам и ке си работам? Боже сачувај.....на прво плачење душава ми гори и одма ја земам од мајка ми...али ајде ,ке ги видиме
Свекрва ми далеку ми е на 200 километри... прочепкај колку сакаш... мајка ми работеше, идеше ептен кога ќе можеше. Да сум семоќна, не сум. Се измачив, ми страдаше сонот, физичкото и менталното здравје. Имав седено во ќош и имав плачено, некогаш и на работа заспивав на биро, не можев ментално да се фокусирам. Баш убаво кога се исмевате на туѓи животи и приказни, наместо да служат како примери, без оглед дали добри или лоши. Дали лажам или не @kristina.k знае, па нешто и @AngelOfArh колку толку, оти и таа ми помагаше во битките и проблемите кои ги имав со доењето заради работата. Целиот муабет беше дека не е возможно двете, јас кажав дека кај мене беше возможно, и се фрливте ко хиени искомплексирани. Па уште среќа сум имала... може да, шо наместо да акам, седев години учев и надградував. И сеуште до денешен ден слободното време на учење нови вештини го користам, ама знаеш - среќа имам. Оти мене од небо ми падна се!!! Секогаш сум се дивела на жени кои се бореле и успеале во било што, без оглед што и да е во животот, и ги прерипале сите препреки. Среќа па не сум седела ко хиена да ги нарекувам семоќни, лажги и среќници. Секој живот своја приказна, само ако не сте доживеале, не значи дека нешто не постои. Се одјавувам, оти очигледно било кој што успеал во нешто, макар и најмала ситница, ви е трн во око, не е прв пат на некоја што успеала во нешто да се нафрлите... Па не ни имам потреба да ви се објаснувам, оти мене животот ми е ОК сега, работата ми е супер, децата ми се супер, буквално се ми е ко што треба, жртвата се исплати, големите маки поминаа. Можда не ни требаше да пишувам воопшто, од поранешни искуства со други членки. Ајде ние среќниците ќе тераме во животот, па вие несреќните продолжете си го муабетот.
Не, туку ти и другарка ти А94 ги направите другите неспособни што не можеле да бркаат кариера и да се грижат за децата истовремено. Земаат боледување, а можеле од дома да работат со чопор околу себе.
Ја и верувам дека сама го чувала и работела, ама зависи и детето какво е. Имаш деца кај ќе го оставиш 1 саат таму ќе го најдеш, ама имаш деца 20 секунди на мочање неможеш да отидеш раат. Јас едно време работев од дома, 1 саат на прва дремка, 1 саат дуе е буден, околу 2 часа вечер кога ќе заспиеше. Ама ја за 3 месеци доживеав burnout.
Чекајте малце ,збориме за кариера -со позиција јака,директор, менаџер ? Или си збориме за обични професии шти секој ден ги работиме? Пошто членката ја сфатив дека збори за борба за високи позиции..
Не ја фатив дискусијата од почеток ама за ова потврдувам дека е така. И секој ден дури работев од дома на компјутер за време на Ковид, и тоа со едно поголемко дете, ти велев браво како успеа од најмала возраст да работиш и да се справиш со се.
Што има врска ако свекрвата и ги чувала децата и мене баба ми ме има чувано мајка ми и татко ми одеа на работа.
Е така, треба да направиме услови, да изборот биде возможен. И секој да може да реши за себе. Кај тебе не видов ни услови, ни можности ни избори, само осуда. И не ми одговори врз база на што ти осудата кон сите мајки , кога само една колешка имаш што кривинаши, според тебе. Оти ова твоево е ода за капитализмот - ама се вратила на работа по еден месец. Оти за тебе работата е најбитна на светот, и сите кои го ставаат детето пред работата се глупи, нереализирани и незнам какви. Значи, ништо за пофалба нема во немањето породилно отсуство. Ништо ни за човештвото, ни за жените а особено не за децата. Некои попаметни и поспособни од вас либералкапиталистите го измислиле породилното да постои за жени, во нормални, европски општества, не толку одамна, баш за да жените, на кои им припаѓаш и ти, имаат право и можност на работа. Не да бираат помеѓу работа и дете. А за кариера, нема ни да почнувам, јер ние, жените, сеуште за цркавица работиме, споредено со мажите, баш ради таквите како тебе-ај бе, жена, стално ќе се занимава со болни деца, по дифолт е помалку вреден работник од маж. Немам Жаклин шо да ја коментирам, сум имала јас Жаклини во животот, кои не можеле да имаат породилно, јер јбг сиромаштија и робовладетелство. И самата ќе бев Жаклин, ако не ми прекипеше навреме, па си најдов чаре другаде. А за другаде ти кажувам, дека нема разлика, дали Жулиет или Карин, биле на породилно една година, или две, или четири, со едно, две или три деца, јер и нивните и моите ќе се разболуваат непланирано. И да, Жулиет ќе земе боледување, јер е мажена за Ларс, кој обично заработува повеќе, па така нејзината загуба на приход ќе биде помала. Или воопшто не е мажена. И фала богу, боледување е свето право, сеуште. Опции на немање опции, како американската, која толку ти лежи на срце, не се добри опции.
Лесно е сега во вакви времиња во недостаток на работна сила да си млад и полетен и да се курчиш на работа,да ги видев пред 10 години кога работодавците бираа како тикви. Дека некој дома работел ефективно 8 часа со две мали деца св.Петар да слезе нема да ме убеди,можда сте подработувале некој саат во зависност од професијата колку да не изгубите работно место,сте имале таква можност,сите други ете мораат да земат боледување,шта чеш.
Мислиш оти ќе напишеш еден реферат во текот на денот максимално ја доловуваш поентата а уствари така суптилно безобразно навредуваш се што е способно на форумов а не спаѓа во клапата на очајни мамички и домаќинки. Да имаше повеќе жени како Жаклин, ние жените со светот ќе владеевме, ова коментарот со сиромаштијата е толку беден што не вреди да се коментира. И на крај американците што би рекле, whatever floats your boat. Не сакам опширно да дискутирам повеќе со тебе, и тоа не во недостаток на аргументи туку оти не сметам дека можам да научам нешто од тебе што ќе ми послужи во животот на оваа тема, па не сакам да си го губам времето непотребно
Толку постигнувам во текот на денот, работа, дете, приоритети. Еден пост јбг. Кој се најде навреден, ако постои некој таков , нека пише, ќе се објасниме. По работно време
Во НЗ премиерката се врати на работа после 1 месец од пораѓај, таткото на детето остана на целосно породилно.
Незнам што е лошото во очајна домаќинка и мамичка? Пардон "очајни мамички"?! Мајка нема очајна. Мајката си го има своето богатство. Кариерата и е на второ место. Али незнаеш...