Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    хм знамдека не сум само јас со ваков проблем,ама стварно не се трпи :!: арно кажа некој така да и прави на керкаи ама керката живи убаво и свекрвата е со неја се заедно прават,а ова дома мојава само кажува дека керкаи правила се сама па и јас сум требела и незнам веке сто...
    еве денс ја оставив едно добро утро и нисто др,па се фатила за работа жената и кажува да поЧнам да Чистам дома иЧ неЧисто е и јас аха поЧни :D мислесе ке и кажам како порано еве јас еве јас :!: а плус тоа јас секој ден со рани детергени Чиста и оние кои мирисат лосо и се,,знаЧи ем не смеам да Чистам оти ми ги забранија оние миризби за Чистење и она пак ми кажува Чисти Чисти,знаЧи секој ден Чистам а денес пак Чистев и потоа вика да исЧистам јас оти неЧисто е дома :D :D аха оди Чисти..
    па си направив да јадам и ајт Чао ке с ерасправам со нетоЧна жена..
    колку по табиет да им одам пак нисто а јас сто ке добиам само нервози е од сега ке сменам..ке си уживам ама иЧ око нема да ми трепне,ке правам она сто сакам јас,за др не ми е егајле...
    му кажав и на мојон и он ми кажа така,веке претераа и они е сега прави како сто ти одговара а со нив да,аха и толку :D јјјееп и толку не мие егајле ;)
     
  2. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Girl-miri Штом ја имаш најбитната поддршка и разбирање од сопругот...па ти си на коњ... ;) Терај така, за нив ич да не му ја мислиш а,уште помалку пак да се нервираш.Па кој и да е ,не само свекрва не е во ред да си лечи фрустрации и да врши психичка тортура врз друг човек.
    Јас да сум на твое место и со вака поставени меѓучовечки релации ма,ич не ја перцепирам..колку што можам ќе ја одбегнувам и какво чистење и готвење не доаѓа во предвид кога не .заслужила.
    Гледај си го сопругот..ако сега не сте во можност да се одделите работете на условите за да го постигнете тоа.Направете заеднички концепт и план и започнете со реализација на истиот,не дозволувајте да се мешаат во вашите финансии..оделувајте од нив колку за заедничките сметки а,со останатиот дел треба да располагате вие а,не тие, :!: Ова никако ..така никогаш нема да постигнете да се одделите .
    Јас разбирам дека после 18 години родителите не се должни повеќе да не издржуваат па,плус и кога веќе си оформил свое семејство но,сметам дека доколку се совесни родители и реално ја ценат економската ситуација во која се наоѓаат поголем дел од младите би било убаво од нивна страна да им се помогне.
    Ако не му помогнеш на сопственото чедо без разлика дали ќерка или син ,тогаш на кого на комшиите?
    Не секој заслужува да биде родител!
    Нив изгледа главната цел им е да ве натераат да си одите оттаму,тоа е главниот проблем од кои причини најдобро вие знаете,дали просторно,дали финансиски.Проблем не е чистењето и готвењето тие се само рачка за закачка ,причина но,не и повод за ваквото однесување.
     
    На FineChina и girl-miri им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    дада мажотми е со мене,иако сме само половина година од како сме заедно венЧани и живееме заедно за овие е како да сме мн мн години заедно :^) Чудно се само кафги бараат :!: изгледа во право си единствена цел е за да си одиме изгледа од тука...

    мојов не сак помос од никој бидејки сака сам се да направи и вика дека не е голема работа само стан сега за сега,ама првин да реси има некои ситници и да овој татко му ја земе работата за секогас :worried: се молам да му ја дадат работата за секогас да работи и да не му зема пари на мојов :^) ако му ја дадат работата тогас нема сто да не задржува тука(сепак мојов смао работи аон само малце некогас работи,а 6 дуси седиме тука) затоа ако се среди ова, ке ја имам таа срејка да живееам мирно со саканиот :)
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Биди мудра со неа расправање никакво се што не ти се допаѓа разговарај со мм и на убав начин посочиму,доколку и тоа не помогне тогаш исто и ти ке постапуваш доколку направи јадење таа кке кажеш а денес не ти е ден си утнала...исто и со чистењето кога ке ти рече овака не: тогаш кажи и "добро ајде ти "па така и јас да чистам....
    girl-miri-ова што таа ти го прави се ниски работи не ја ставај ни под разно....ке си гледаш момчето а некогаш кога ке ти пукне филмот ке треба пред неа и пред него да кажеш дека свекрвати не е задоволна со тебе тогаш мм ке ја одигра улогата.имав и јас вакви сцени....Тоа е девојко таа не сфака дека му наштетува и на синот ама толку и дарил господ....затоа баталија....и кога се отселивме ние мојата знаеше сцена да направи и уште ги прави...но гледа деека не ја ставам ни под разно...заатоа баталија нејзе гледај си со мм :) ;)
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Море последниве случување ме научија на многу работи. Значит од со сакаш чест да му напрајш на постар човек се исподесија многу работи. т.е очигледно тоа и беше само рачка на свекрвами т.е веќе замне таа не постои. Јас сум породена веке три ипол месеци а свекрвата не го имат видено внучето, а верувајте живееме во две собички значи неможи а да не го слушне или јас да не се видам оти одам нормално во куња. Него сакам да кажам веќе ич 'к' не ме боли ама баш за ништо ( се извинувам на вулгарност) пошто и мм е многу разочаран од неа значи и за него веќе таа не постои затоа што е еден човек без душа или така наречено бездушник. Доколку би имала срце ке посака барем еднаш да си го види внучето, а и на золвами внуците исто не ги има видено па како неја срце ја трај не ја разбирам :x :fubar: И ве советувам доколку ја имате подршката од сопругот ич ама ич да не се замарате со вашите свекрви зошто фала никој нема да ви речи ако ги слушате и ако се ви е цакум пакум дома, ниту пак нервите некој ке ви ги врати :swear:
     
    На eli25, Cliona и girl-miri им се допаѓа ова.
  6. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    A бе за џабе не се рекло од заедница да се бега,.. плус не ми е јасно овие старите како сакат ко некогаш шо било сите работат а најстариот ги чува парите и тој одлучува за се..тешка работа,мајка ми така порано живеела 10 год во заедница и се шо печалеле не се трошело и се остана на стрина ми,буквално се, да си се разбериме јас тука стрина ми не ја наоѓам крива за ништо и до ден денес како 2 мајка си ја осеќам ,супер е жената.. но ете мама до ден денес има последици од сето тоа(и попуштија нервите и неколку пати се налагаше да ја носиме на нервно).. цел живот слушав од неа да си ги отворам очите и како си ги отворив.. во куќа со 6 души,кој шо си сака си прај,а работа на никој не му се работи и секој гледа да измрда..ама то е бев решена да заминеме од таму за среќа мм е на моја страна и најважно ме послуша ..секоја вечер таму плачев и се бев во соба затворена..ама помина се поминва гледај да не си го уништиш здравјето само..кој знај дали така сега и на јатрвами и прај..ама не ми се верува знаејќи ја јатрвица колку е опасна..како и да е мн ми е порает без нив...целосно игнорирање од моја страна..
     
    На Anyshka и anule88 им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.434
    Допаѓања:
    103.484
    Пол:
    Женски
    Како бе Ануле 3ипол месеци да не види внуче? Не ми е јасно :^) Мислам што и е проблемот на жената, абе 3ипол дена да не ја видам внука ми, да не ја слушнам па срце ми се стега. Не разбирам ама ајде. Мајка ми со целата своја мака што ја има и тешката финансиска состојба во која се наоѓа кога и да ја однесат внука ми не знае што попрво да и купи, колку пати само земала одмор за да дојде да ја чува.
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156

    Кога се вративме од болница мм ја бараше на телефон дента да дојде да ја види едвај се накани со 300 јавувања , бидејќи меѓу мене и неа не оди комуникацијата решив да и оставам она повеќе да ја чува од моите ,ако треба некаде да одам ова е отсуство 20-40 мин за вториот пат детево да лаче цели 40 мин читај заоѓа а она да не ме побара одма . Кога дојдов за малку се исконтролирав лом не ја напраив и оттогаш ниту ме има побарано ниту ја има видено внуката, ниту па ќе и оставам да ја чува некад ( и ова му го отчитав на мм) . Првиот пат кога ја чуваше кога се вратив по15 мин и викам ајде ќе стаам кафе и пиеме кафе и ми вика абе ХХХХ ( братучед на мм) се јави да честита кој им кажал нив дека имате дете а ? Што има да знаат ? И викам не знам може мм кажал па ми текнува и и викам па на мекици нели беа неговите родители ( таткото е брат на свекорот ) ? И она си поќуте , сакав да речам а ти напраи ли мекици како што ми кажа дека си напраила :D . Како и да е мм правеше мекици за млади ( неговите другари и девер ми )во кафана за мене и малецково :)
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Не ме чуди ова што го читам, се има по светов. Еве јас за месец дена треба да се породам, неговите знаат уште од прв ден дека чекаме бебе и верувате или не, татко му еднаш се нема јавено да праша како сме, дали ни треба нешто со оглед дека ни ја ни мм не работиме и сме на товар на моите. Па нормално дека ни треба, пари од небо не ни паѓаат ама ако. Мајка му и сестра му чат пат ќе се јават, онака демек да прашаат како сме, најчесто кога им треба нешто и така. За доаѓање овде кога ќе се породам знам дека татко му нема ни да дојде, демек ние чим сме отишле на страна да живееме, он веќе нема ништо со нас, а практички тој беше причината што се иселивме од пеколот таму. Сите со ваквите проблеми ич да не се секираат, на детето му се потребни мама и тато, нивната љубов и подршка, а за останатите а се јавиле, а не, тоа пак ќе си порасне. Вие бидете си сложни со мажите, за другите како тие со вас, така вие со нив.
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Една траги-комична ситуација од мене. Вчера моите ми беа на гости и не можев да го закопчам фустанот се дерам јас: Мамооооооо дојди, и свекрва ми: Каде си да дојдам?
    Јас почнав да се смеам како луда, јас неа не ја викам така. Додуша никако ни ја викам :D
    Јас си ја викав мајка ми.
    Е навистина не знам дали да плачам што жената мисли дека јас по неа викам мамо, или да се смеам на тоа како може и покрај тоа што мајка ми е до неа, да си зема за право таа да се одзива на тој збор? Луд, збуњен, нормалан :D
     
    На imelda, lolyta777, anule88 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.765
    Eeee Ангел верувај секакви газат по земјава.Да ти кажам за свекрвата на мајка ми,таква уште не сум сретнала кај ниедна во опис.Змија,вештерка како да ја наречам е малку.Кога сме се родиле (не сме се родиле во градот кај што живееле со татко ми,туку во градот од каде е мајка ми од причина што бил поголем и со болница) она се јавила на баба ми( на мајка ми мајка) и и честитала внука,баба ми нормално честито и на тебе,оваа аааа не тие се твои внуки кај тебе се родија.
    Значи од старт не не сакаше.Ден денес нема стапнато кај нас освен на родендени,татко ми почина она место да се сврти накај нас насекаде збореше дека ние сме го умреле,на гробишта кога одиме она е на еден крај,ние на друг,смешки живи сите што гледаат од страна се чудат,мајка ми не дозволува да се расправам со неа заради почит од татко ми,инаку сакав да и забранам да стапне на гробишта,дури сакав сама да инвестирам да направам ограда со врата и клуч на гробот,знаете колку пати ја начекувала сама мајка ми сирота и ја правела лом и на гробиштата, ја вреѓала,се дерела ко ненормална ,кучка низаедна :@ Нека и е на чест само.
    А што да ви кажам кога била мајка ми млада можете да замислите,затоа се одделиле со татко ми,тој си направил куќа ,земал кредит ,а овие ниеднаш не помогнале ни со мајстори дури се фалеле дека они ни направиле куќата.
    Ако ви се верува немам никакви чувства спрема неа како баба,само негативни,а татко ми пак е копија во ликот на неа.Кога ја гледам како него да го гледам и не можам да ја мразам :(
     
  12. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Не разбирам вакви свекрви..пак ќе речам да не се подречам ама мојава за ништо не ми пререкла или засметала.Не живееме заедно ама за се ми се наоѓа и она и мајка ми.сегс чекаме да се породам женава помага исто колку и мајка ми.Збор немам..
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Викај си Господ да ми ја поживее, затоа што стварно ректо се наоѓаат понормални, дење со светло да ги бараш...
     
    На pufi-cufi, Cliona и Forko им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зошто свекрвата да не те сака, по комшии и роднини да те оговара, зад грб да зборува лошо, да се меша во врската, а кога ти правиш се најубаво.

    Се покажуваш во најубаво светло, сакаш да си прифатена, им правиш честови, и носиш кафе, дома и помагаш, за празници им правиш колачи, ја сослушуваш за се, си правиш убав муабет.
    Се трудиш да имаш убава и среќна врска со синот.

    И таа наместо да се радува што синот нашол некоја која е добра, знае да сака и почитува, и што синот ќе си го среди животот, таа прави каша попара.

    Пред тебе е едно, а зад тебе е друго. Одвај чека да те исцрни, што и да правиш, колку и да се трудиш, не чиниш. (А, таа ни 5% од твоето не прави).

    Која е таа мајка која сака својот син да има тежок живот со карање и нервирање?
     
    На blond и anule88 им се допаѓа ова.
  15. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.976
    Јас ни за свекор ни за свекрва можам лошо да кажам...барем за сега. Сега живееме одделно (иако сме преку пат сепак сме сами) а и заедно живеевме година и пол. Имам искуство и од заедница и од сами.
    Секогаш се тука да помогнат не само кога ќе побараме, туку и сами да се понудат:Сега свекрва ми готви и за нас и не прави никаков проблем. Кога ни се најавуваат гости, таа е повозбудена од мене, што треба да ми помогне да зготви или подготви.
    За малиот не може да го чува многу, од здравствени причини, ама знае да го нахрани како никој друг :lol:
    Женава, ни велеше, ако ви е тесно со нас сите заедно и не ви е пријатно, ако сакате одете под кирија, јас ќе ви ја плаќам.ЈАс и мм. не се одлучивме за тоа, затоа што пред се знаевме дека наскоро ќе се иселиме, како прво, а како второ воопшто немавме никакви проблеми со нив. Освен од просторен аспект, затоа што си имавме само една соба за нас- за спиење и купатило. Другото се беше заедничко.
    Ама битно е какви се луѓето
    И снаата и свекрвата, а богми и сопругот.
    Јас сум излезена од куќа каде мајка ми била свекрва, јас золва и сум имала снаа и сите сме живееле во заедница.
    Можеби и тоа ми беше школа за однесување.Нешто ќе толерираш затоа што и тебе те толерират. Не сме ни ние цвеќенца за мирисање кои се апсолутно секогаш исправни.
     
    На mimiiiii, karenin, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    нели 2дена како со мојава свекрва сум едно добро утро и нисто др.
    Gо свртеа и мојOн маж против мене,му рекле дека сум и одговарала строго кога сме збореле со неја и дека компјутер ке ми забранеле :@ матер да и ебам на ова вестерка стара :@ само измислува глупости и сега овој рече дека така и ке правел како сто сакала таа....
    A бре ова или ке мо полуди или јас неа ке ја долудам :^) па ако треба и се ке прекинам со овие луге.

    кога веке досло дома да сум седела и само по нивно да одам п. Dа цистам секој ден и нисто др немало да правам е нека умрат сите овие ама нема веке да трпам :!: ми пукна и се веке :devil:

    мOјата сестра реце дека сто и да одлуцам ја имам неја :x ке и се одмаздам и ке ја направам надвор да немозе да излезе свекрвата од страм а потоа си одам....мм акO сака да биде со нив ок,ако ме сака мене ке ме земе ама не во ова кујка!!!!!...
     
    На blagica1991 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    Во сите нервози ајде да се насмееме и малце ...

    Две пријателки пијат кафе и разговараат за своите градини и едната и вели на другата
    -Градината би ти била поубава кога ќе го исечеш кривото дрво.
    а оваа и одговара
    -Нема шанси , многу убави спомени ме врзуваат за него.
    пак ја прашува
    -А кои се спомените?
    -...Па знаеш свекрва ми се обеси на него ! ...
    -Навистина? Може ли едно гранче да ми дадеш да си накалемам и јас ...
    :D :D :D :D :D
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    girl-miri јас колку што се сеќавам ти имаше милијарда проблеми со вереникот а и со неговите па сепак се зема :^)
    Мислеше дека магично со ставањето на прстенот на прст ќе се смени?
    Тоа ниту се десило, ниту ќе се деси, каков што бил предходно таков и ќе остане, твоја грешка што си мислеше дека преку ноќ ќе се смени.
    Брак кој почнал на стаклени нозе лесно се расклимува, свекрвати колку и да му збори на маж ти тој ако те земал зошто те сака нема толку лесно да паѓа под нејзино влијане, значи пак не е таа виновна туку маж ти.

    И аманте од чистиве дани, цел ден чистеле, свекрвите сите гнасни, не знаеле да готват итн а израснале здрави прави мажи.
    Што всушност чистите цел ден и јас живеам сама, одам на работа во смени имам и дете, не живеам во свињарник а чистам највеќе 1 час во денот, стварно ме интересира што чистете цел ден.

    Без обзир на тоа дали имате мака од свекрвата или не ово не е смешно туку болно, таа свекрва била мајка на некого, жалосно е некоја што се спрема да стане мајка да се смее на смртта на нечив родител :x
     
    На imelda, Annath, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Кога си кај мама и тато и не фаќаш ништо, освен понекогаш да си раскренеш во својата соба, тогаш 1 час чистење не е баш така малку :!: Боли кичма, раце окапуваат :D
     
  20. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    еве на пример јас не сум се пожалила дека чистам по цел ден ама си има работа
    -премијување на садови, бидејќи свеки не користи сјај за да не и биле суви рацете :@
    -најмалце во денот7-8 пати чистење на вц бидејќи не можела да седи на шоља било ладно па измочува цел капак и смрдиме на мочки ако не одам по неа во вц
    -бришење на ламинат 3/4пати во денот бидејќи ја преполнува чинијата со јадење и до дека да стаса во дневна пола и повеќе и се истура ,а ние не смееме да и пренесеме бидејќи не била саката.
    -збирање влакна затоа што се чешла на 10 мин за да и била убава косата и се чешла каде стаса а косата и паѓа како луда.
    -нон стоп нешто јаде и цело време кашла и од устата и летаат парчиња па јас збирам по неа . инаку има уште многу , ама ова е за пред мене инаку за пред народ мојата свеки е многу учена , дотерана,европска жена , убаво се држе .само не знам дали сака да ме мачи или има некои психички проблеми , бидејќи на толку образована личност како неа не и доликува такво понашање.
    Секој си знае низ што минува така да не мора да се правете многу паметни бранејки ги свекрвите затоа што сигурно не ги толку многу сакате . едно е да се сака некој , друго е да се почитува. јас може да ја почитувам ама по ова што го минувам по веридбата нема да ја сакам сигурно Никогаш
     
    На Anyshka, karenin, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.