Или тие што работат во конфекција, машините дома ќе им ги дадат. А па оние во маркети што да кажат. Или во аптеки, ресторани, како од дома да работат?
Да, ама може да користи породилно кога ќе се почне со оброци. И ова е пракса кај мене, сите колеги во тимот беа на породилно по минимум 6 месеци. И маж ми го спремам за здравје кога ќе заврши моето.
Па еве и во мк се спрема предлог закон за породилно меѓу двата родители, се надевам што поскоро ќе се усвои. Тогаш нема да се жалат само од Петкана туку и од Трајко.
Не, нема да се жалам зашто треба да се поделени обврските меѓу двата родители. Ама мешате породилно со боледување или така ми се чини
Добро, и сега шо да праиме со тоа? Ваљда финансискиот бенефит бил поголем така. Исто го леташе авионот наваму натаму, за да била повеќе време со бебето. Курч со пари од државни обврзници. Мислам ПиАр, што повеќе да кажам. И од мк знам татко што беше на родителско отсуство, јер мајката не можеше да земе. Пред 20 тина години отприлика. И други мајки, што оставаа бебиња доенчиња дома, јер така налагале приликите. Не приликите би рекла. Ништо не е тоа за пофалба. И оф топик сме сто страни, појма немам оти овде се праи овој муабет.
Ама го претеравте. Никој не рече да не се зема боледување, само да имате усул, не секој ден да ве нема. Впрочем, во маркети и конфекции нема ни да ви дозволат па ќе се научите на ред
Од каде па потребава да вреѓате жени што не жртвуваат кариери? И не зборам за касиерки, зборам за жени со кариери вистински. Мислам ако е хирург мајкава, шансите да седи на боледување се реално многу мали, освен тотално некоја недајбоже ситуација. Барем јас немам искуство дека оделе, дали некого плаќале, дали таткото седел, дали баба - не знам. Ако имаат кариери не се немајки аман. Јас за тоа сум дека треба да се организираат како сакаат, година ипол породилно, да мораат двајцата, кој кога нека си се договорат меѓу себе. И јас знам кај што немаше врска силом прилике, со првото се врати она одма после месец ипол, таткото остана на цело породилно. Ама неа и' се потрефи тогаш да е период каде што имаше прилика за голем напредок, т.е. она секако заработува повеќе, така си се договорија.
Хахах леле мајко мори. Се осеќаш ваљда а, само твоето шо си роб на детето дома е за пофалба. Све друго е курч и маркетинг Гледаш ли зашто ќе нема еднаквост меѓу мажи и жени, и жените ќе бидат многи пониско на скалата на успехот, не ради такви како мене што мрчат за боловање, него од такви како тебе што ќе ги срамнат со земја дека се немајки, курч, пи ар итн
Исто и ако имаш своја ординација, за што и да е. Знаеш оти шансите замена да најдеш се еднакви скоро на нула
Јас не исмевам никого. Овде тие што не сакаат да се откажат од времето со детето се исмевани, низ муабет стекнав впечаток. Нејсе, жал ми е за тебе што си морала да жртвуваш се за пари. Жално е да плачеш од премор. И да, имаш среќа затоа што имаш работа која може да ја работиш од дома. Многу голем процент на жени не можат. Докторка матична не може дома да прима пациенти додека децата трчаат низ двор, аптекарка од дома не може да издава лекови, банкарка не може од дома да пушта уплатници. Жениве што да прават? Овде и исмевани се жени кои не умеат да спечалат за стан. Не од тебе. Ама од таквите како тебе кои се семоќни. Нејсе, карактерот вие си го носите.
Значи вака. Јас под боледување подразбирам дека го земам непланирано, јер никој не планира да се разболи. Ниту планира дете кога ќе му се разболи. Ниту кога ќе има удар, мозочен или срцев, нешто што лично ми се случи со двајца колеги во последнава година. Како да се научиме на ред, не знам. Оти, ти ако лично мислиш дека некој прави злоупотреба, тоа е твоја перцепција. Може стварно има злоупотреба, појма немам. Ама ко ќе те прочитам, ко погоре, ред со боледување да имало, а на пример јас сум имала боледување лани 3 дена, ама имам колега што е со години на боледување (немам појма дијагноза, небитно) малку е да речам дека пишуваш несмисли. Нормално, никој не го рачуна колегата за работа, ама сега што, да го отпуштат и тоа е во ред?
Во др. тема зборев за бивша колешка што роди дете со пп. И сум работела за неа и тоа како. Не ми е она крива, криви беа од горе. Ама, за овие што земаат боледувања за плажарење... не знам. Не знам дали некаде не се санкционира. Безобразно е и неколегијално. И секако треба да се санкционира.
Многу ми е драго што полека изумира овој начин на работа и работодавците се тие што полека се учат на ред. Затоа реков ми се свиѓаат новите генерации. Ќе видиш какво време ќе дојде. И пак се враќаме на првичната дебата, какво е тоа земање боледување со усул? Еве знаеш дека моите се болни 4 месеци константно? Да дадам отказ зашто шефот не знае да ја организира работата? Важи. Имам роднина шеф на ресторан во Берлин. Вика 10 вработени можат одеднаш да одат на одмор, немам никакво право да ги сопрам единствено не смеат да земат повеќе од 3 недели одмор (вака нешто беше). И сега останатите двајца што ќе останат на работа да работат за плус 10 души? Не, ќе си најде решение да не страдаат останатите вработени. Не ми се верува дека после неколку саати се уште се расправаме кој смее да земе боледување, одмор, трудничко и ова го читаш од жени.
Зошто мене ме цитираш? Ниту имам дете, ниту земам боловање, ниту работам во маркет или конфекција, општо зборам, знам многу што работат по маркети и конфекции и знам како им е.
Ама Каме, си чула за џендер пеј гап? Во чија корист е тој гап? Да се организираат како сакаат, почесто организирањето испаѓа жена да зема отсуство, јер почесто помала и е платата. И не се ова бројки од Африка, од Австралија до Европа, гапот е реален. И затоа новокомунистички закони -и мажот морал на породилно, ми е курч за туѓи пари. Остај ги луѓето да се договорат како што им одговара, секако ќе изберат самите подобро за себе, отколку друг да им бира. Значи, не велам дека нема случаи како твојот пример, ама тие примери се исклучок, не се правило, па да тргаме црта на пола.
Ова малце така невкусно ти е. Јас во бременост, работев во маркет, мака мачев со висок притисок, останата бев по болници, на второто боледување, газдата ми се закани со отказ јер многу сум забушавала, па во сред боледување само за да не изгубам работа, за 9 месеци да земам породилно, идев на работа 1 недела по 4 саати, од 2 недели боледување. Мене тоа никако не ми беше платено, ама немав избор, ако сакав да не останам без 14 000 денари 9 месеци. Ептен ме научија на ред, затоа во неговите маркети веќе ни за мастика не влегувам, а и го гледам мака мачи да најде вработени.
Епа коа еден работник секако работи работа за 5 души, секако дека ако отиде на боловање ќе се префрли работата на друг. Децата најчесто изненадно качуваат тт, некои и до 40. На почеток во градинка ќере беше 4 дена во градинка, 2 недели болна. И ај да речам тогаш точно знаев кога ќе се разболи. Лани се немаше разболено сигурно година ипол, и оп во едно попладне скроз клапна. Не битно, јас имам баба сервис иако никогаш не сум го искористила, ама некои немаат. Можат и татковците да земат боловање секако, ама она пусто македонско мајката треба да.. уште владее. Секој има право да гради кариера како сака. Јас не морам со тоа да се согласам и не морам да бидам исмевана ако ми е побитно семејството. Јер да, за да работам треба да сум здрава, на детето му требам здрава. И во ред е некој да не се согласи со мене се додека не ме убедува дека само неговото е исправно. Да се работи од дома со дете зависи од детето. Јас со моето едвај... Кога беше новороденче спиеше 2*15 мин. Со неа у раце сум мочала,пружала, правела ручек, ама тоа е... Така требало да биде. Дали има последици од тоа, има, ама јбг јас сакав да си го родам. Таа ми е многу битна, се трудам за неа, сакам да и овозможам, сакам да поминуваме време заедно. Дете чување не е само пресоблакање хранење и успивање. Детето има потреби како и ние,сака свое друштво, сака свои обврски, сака свој простор. Уствари се што ни треба нас, ама не за се е способно само. Зошто осудувате мајки кои сакаат тоа да им овозможат на начин кој они мислат дека е ок? Зошто сметате дека само онаа која се убива од работа е добра мајка?