Тоа барање двајцата да мораат е од причина, според мене, да мора и таткото активно да се вклучи. Нема зошто само жените да се грижат за бебињата. Законот што е сега предлог, конкретниот, одличен си е. Некои 13 месеци мислам се собираат, што е секако повеќе него сегашните 9. Да пеј гап постои, ама постои и ден - денес татковците да не знаат кашичка каква јаде детето. Што е лудо, исто како што е лудо да не смее татко да лежи во Козле.
Супер, ама ти пак не сфаќаш дека фактот што проектите не трпат 3/5 дена боловање не е проблем на колешката туку на фирмата во која што работиш. Пошо исплатата на тие 3 дена боловање доаѓа од буџетот, кој па секој месец се полни со даноци кои доаѓаат од платата на сите, вклучувајќи ја и колешката која треба да го користи. Затоа и се вика социјален систем.
Сето горенаведено, само да не земаат боледување Или да го планираат Чекај сега да го разберам уште ова боледувањето што феномен е
Баш затоа иритира кога се зема боледување за к*р ќеиф Приватно не знам, на државно и те како тоа го правеа, поединци со сигурност, за сите не знам. Приватно дали можат да земат боледување и да се тагираат по плажа и по Европа, не верувам, ни тука ни во Германија Сиромаштија.
Никого не сум знаела што работи на државно. Во Германија може и за брнаут да ти дадат боледување, што е легитимно, па да мора на плажа да одиш, јер лечење ти треба . Ај кажи ти, ме мрзи да студирам- боловање, и трудничко е по закон 100% платено?
Трудничкото 100%, обичното беше 70% сега нешто ако е сменето. И јас знам во Германија дека се зема боледување за најбанални причини и само си кажуваш што те боли. Тука малку ги затегнаа работите.
Трудничко државата исплаќа 100%. Од искуство ќе кажам, годинава земав 5 денови боледување за дете, фирмата ми скрати 100% за тие денови од платата, а државата после 2 месеци ми врати 66%.
Сега прочитав 85% е боледувањето и првите 21 ден ги плаќа фирмата, а доколку е за нега на дете, донација на крв и органи тогаш е на товар на фондот. Ова твоето плаче за тужба.
Е така, значи тие 70% колку се на 30.000 колку се на 45,000 на пример? И 85 нека се, тој што заработува повеќе, нема економски резон да зема боледување. Толку е приказната со боледувањето, пеј гап, и кој зошто зема боледување. Зборам-за кога треба. За по плажи да оди и да земе боледување не разбирам, појма немам од кај е овој анегдотски пример.
Ако земеш боледување и излезеш од државата а не е за лекување, следи отказ без отказен рок. У секунда. У мк нема боледување оти си прегорел од работа. А ако ти даде психијатар имаш муабети дека си со ф дијагноза.
Можеш и тука, ама не земаат така Затоа што за дете е 100% платено. За тебе не е, 70% е отприлика. Па си измислуваат бронхити за да одат у шетња. Ама санкции, прво од матичен, па надаље. Тоа треба. За трудничко не сум сигурна, ама мислам дека не е 100%, нека кажат тие што биле на трудничко.
Има, дијагнозата е Z53.6 и се вика "стрес поради преоптовареност на работа" Инаку сум со ф дијагноза и не е ништо страшно, буквално за ф дијагноза и конкретно акутен стрес после сите настани за нг бев 2 недели на боледување. Нема потреба да лажеме што ни' е побогу, ај ќе пишам пнемонија, а акутен стрес синдром е. Со истата дијагноза можев уште 2, психијатарката сама ми рече дека е за мене веќе подобро да се вратам на работа и дека доволно сум нормализирана да се вратам. Ја послушав. И еве никому ништо, работа сменив меѓувремено, нит ме праша некој, нит па треба да ги интересира. Инаку за брнаут не ти дава матичен, пак е психијатар.
Не е анегдотски пример, реалност е во Македонија, зборувам за државен сектор. Порано бар се криеа, сега слободно слики си ставаат оти нема кој по џеб да ги мавне. @Iris-1234 за нега на дете треба да е 100% платено.
Смееш, на некој начин одмор е, ама ти се крати како и за секое боледување. Поедноставно е матична да напише бронхит на дете, пример.