1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.857
    Допаѓања:
    18.713
    Пол:
    Женски
    Зошто сега би плачела? Не разбирам целосно.
     
    На Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.958
    Па целиот муабет беше за тоа, дека се пријавуваат дека 50% пример ќе сработат, после ги нема и теретот останува на неа и другите колеги, а имаат deadline итн.
    Затоа што сега би била сиромашна, ако тогаш не постапела така.
     
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека ќе осиромашела денес, ако тогаш земела жена на пример да и чува дете. Или ако го пуштела во градинка најрано што може. Ама секоја и чест како успеала. Менталното здравје страда многу. Јас за тие 3 месеци дур работев од дома се осеќав ко нигде да не сум присутна, ни со детето и неговите потреби, ни на работа. До душа реално работата не трпеше, туку детето. Детето ми пиштеше за внимание, поназад пишав дека беше 18 месечно, ама имав згрешено во проценка, беше нешто повеќе од 13 месечно. Значи претешко ми беше, ама гордоста не ми даваше да и го дадам на свекрва ми да ми го чува, затоа психата моја страдаше најмногу.
     
    На Anyshka, Осе и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    А зошто градинка да не е опција за 13 месечно дете?
    Повеќе жени знам што ги пратија децата во јасли веднаш по крај на породилно, еве ги децата, живи, здрави, способни и нормални.
    Си постојат и јасли во градинка со причина.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Затоа што имаше проблем со алергија. Башка јас само тие 3 месеци знаев дека ќе работам и после не планирав да одам на работа. Иначе почна во градинка нешто пред да наполни 2 години, кога јас почнав на друго работно место.
     
    На MilaSs12 и Celltica им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.857
    Допаѓања:
    18.713
    Пол:
    Женски
    Како што заклучивме, боледување не се планира.
    Таквата политика ја креира фирмата, колешката со дете која зема боледување е најмалку крива.
    Сиромашна? Не баш. Можеби поспоро ке напредувала, ке земала помала плата, ама сиромашна не би рекла. За квалитетен кадар секогаш има работа.

    Така да, можам само да кажам дека таквата одлука е нејзина, моја и твоја. Не живееме во такво општество да мора да се работи во тие услови.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.857
    Допаѓања:
    18.713
    Пол:
    Женски
    Не секаде, ама во некои градинки е мисловна именка да добиеш место. Ти требаат врски невидени. Некои деца не ги примаат, па жени се приморани да остават работа.
     
    На Emy867, Martka и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.958
    1. Боледување не се планира, се согласувам дека шефот си е крив.
    2. Морала или не морала, нема што јас или ти или кој друг било да и' каже. Не знаеш зошто некој одлучил што одлучил. Нејзино потполно право.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Ако не сфати кој ја работи работата и што прават не ќе визуелизираме сега по 100 страни мислам добро е
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.958
    Зборува за новороденче, нецел месец била на боледување колку што ја разбрав.
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.857
    Допаѓања:
    18.713
    Пол:
    Женски
    Ти тврдиш дека ке била сиромашна. Тоа е тежок збор. Одговорно тврдам дека за млади луѓе е лесно да се најде работа, да се смени, да се издејствува повисока плата итн.
    Нијанси како што се плата и позиција во фирма, кариера евентуално, се нијанси за кои поединец одлучува. Сиромаштија од неколку месеци неработење е ако преувеличиме.
    Дали вреди детето да пати, психата и се останато си одлучува секој за себе.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Да, ако сакаш детето да ти оди во специфична најблиска градинка. Инаку во општина должност им е да ти дадат место, т.е. да го згрижат, ама може да не е таа градинка што баш ти е најблиску или што нај ја посакуваш.
    Како и да е комфор и комодитет е да имаш можност да седиш дома со детето до кога сакаш, најголем дел од жените мораат да се вратат на работа, не ради кариери, туку зошто во државава со една плата семејство многу тешко е да се гледа, стави на тоа кредити и слично. Сакам да кажам, кога мораш, ќе се снаоѓаш. Спротивното се повеќе изговори, или избори, зошто го имаш тој комфор да не ти значи платата што ја земаш за преживување.
     
    На Smiley92, A94 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.958
    Не тврдам јас, самата кажува. Се одлучила така за сега да не плаче финансиски.
    Инсинуираш дека децата и' страдале/страдаат.
    Полека со мам шејминг ;)
     
    На Smiley92 и A94 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.857
    Допаѓања:
    18.713
    Пол:
    Женски
    Значи ти ја работиш работата на колешка која зела боледување.

    И сметаш дека колешката е виновна? Треба мажот или да најде жена мајка свекрва за замена, за да ти не работиш повеќе? Не оди тоа така. Фирмата си ги креира политиките, ако работиш таму значи ги прифаќаш.
    Утре и ти можеби ке имаш потреба од боледување, за тебе, дете, небитно, сигурна си дека нема да трчаш дома да му стоиш над глава, туку ке трчаш во фирма проект да завршиш?

    Одговорно тврдам дека ниту една мајка не сака детето да и е болно и да зема боледување.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  15. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Оке
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Не е точно ова. Две централни градинки има во мојот град и околните села со по 5-6 клонови. Се согласивме во било кој клон да оди детето, двајцата со сопругот сме вработени на работни места шо не нудат опција за работа од дома. Никаде не го примија, немаше слободно место ни во градинките во околните села.
     
    На flower30, Anyshka, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Породилно е просек од последните 12 плати или минимум 6 за да оствари право на породилно.
    Боледување за дете до 3 години е 100% платено од фонд,не од фирмата,за нас боледување и за дете над 3 години е 70% платено и на товар на фирмата.
     
    На Anyshka, Осе, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.857
    Допаѓања:
    18.713
    Пол:
    Женски
    Точно, ама носење дете во градинка на друг крај на градот не е ни најмалку едноставно.
    Јас знам за примери каде остануваат на една плата, не затоа што имаат толкав комфор, туку заради немање опции. Живеат доста скромно. Дали така им одговара повеќе, не знам.

    Таа самата пиша дека целата ситуација била премногу тешка. Во целата ситуација, каде едниот родител не може ни да функционира како што треба, патат сите.
    Пак ке кажам, секоја за себе може да си одлучи како ке постапи. Давање на пример, каде што можеш да работиш од дома, и да велиш јас успеав, вие не сакате да се жртвувате и да излезете од комфор зона, не е коректно.
    Испаѓа дека жени што немаат опција да работат од дома, ок е и треба да остават бебе дома и да работат. Ако не го направат тоа, не се доволно пожртвувани.

    Не е оке, ама немаш друго логично објаснување. Па секогаш колешката што земала боледување ке е крива. Фирмата никако!!!
     
    Последна измена од модератор: 19 јули 2023
    На LizzyGrant, Anyshka, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  19. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Јас истото ли ќе ти го повторувам и тебе ко на сите други претходно?! Читај ако ти се чита што мислам. И ок е, оти овој твојот уникатен коментар фирмата и шефот е крив уште 10 пред тебе го кажаа
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Да, живеат скромно, ама сепак имаат опција да преживеат со една плата. И тоа е повеќе од доволно зошто најголем дел од луѓето во Македонија не можат да преживеат со една плата, освен ако таа не е натпросечна. Притоа постојат и самохрани родители.

    Муабетот не ми е да кажам дека мора детето да се запише во градинка, ама испаѓа дека неверливо ви е зошто некоја мајка одела со плачење на работа, па уште и пишаа нешто во стил леле не можам да замислам како е да плачеш од умор. Епа баш пошто не можете да замислите, треба да сте среќни дека не сте биле во таа ситуација и помалце да дискредитирате туѓи животни сценарија.

    Многу е лесно да си збориш од позиција на комфор.
     
    На *Amethyst*, see.emily.play, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.