Цитирај го пишаното, не успевам да најдам, хаос е. Членката пиша дека не нашле место за нејзиното, мислам синче има, во градинка. Што преостанува во таков случај? Мене не ми е неверливо. На многу други им е неверливо што немале опција да работат. И испаѓа дека ако не си се жртвувал, мрзлив си. За плати се имам изјаснето, некогаш не ми е јасно ни со две како постигнуваат. Ако немаш кредити, за преживување и малку повисока плата може да се успее.
Жени што имат опција да работат од дома и тако даље ги осудуваш. Детето им патело, страдало. Значи немајки. А од другата страна не е фер и не сакаш да те осудуваат дека си немајка оти немаш опција
Имање дете не е нож под грло. Желба е. Еј многу САКАМ да го имам. Така што тоа со жртвите не ми е нешто... солидно. Се жртвуваш од една работа за друга, двете ти се твој избор. Што ќе одбереш зависи од ситуациите разни, ама и од самиот склоп на личноста. Нема зошто да се осеќаат навредени тие што направиле вака или онака. Само нека имаат на ум (а и за свекрвите, што е темата) дека за се' што мислиш дека е невозможно, некој веќе го направил. И немаш право да му викаш дека деца му страдале или дека лаже или дека нема шанса така, ако за тебе немало шанса така. Јас лично да родам дете не би сакала ич да работам неколку години, дали ќе имам можност за тоа, дали ќе проценам дека жена ќе плаќам и нема ни да седам на породилно, кога ќе дојде време ќе видиме. Ама што и да одлучам, ќе бидам во право. Како и сите
И јас работам од дома со дете кое не оди во градинка. Ама немам стрес и премор како додаток, а членката ги имала, како и секоја жена со бебе од 1 месец. Јас опции имам и сум во поволна ситуација. Затоа не спомнувам што и како. Кој осудува луѓе кои немаат опции? Јас сигурно не. Ти - да, не разбираш како може некој да земе боледување и да те остави на цедило.
Не си сфатила што те прашав, па дури и ти објаснив, ама пак немаш сфатено. Whatever floats your boat и на тебе Добра ти ноќ
Се надевам завршивте со дискусија за се освен за свекрвите, па редно е да им се вратите нив, да одговара на насловот
Не, не разбрав. Или ти не разбра. Кога немаш конкретен аргумент, најлесно и најубаво е да кажеш добра ноќ. И на тебе.
Во право си. Од лично искуство. Мене ми пуштаа помала плата од таа што бев осигурана во моментот. Кога се јавив во фондот ми кажаа дека се прави просек на последните 12 плати. Значи ако континуирано си земала иста плата толку и ќе ти биде породилното. А бидејќи јас за тие 12 месеци имав и помала плата па имав покачување. Породилното ми беше малку пониско од моменталната плата.
Веќе ти кажав дека инсинуираш дека децата и' страдаат/страдале. Да го прочиташе постот во целост, ќе сфатеше дека зборувам ВООПШТЕНО за разни ситуации. Не можеш (ти, јас, кој било) да кажеш дека нешто е невозможно, затоа што секогаш некој веќе го направил тоа. Невозможно е да трчам 100 метри, ама луѓе километри трчаат. Се' е возможно, нема потреба да се омаловажува нечие искуство или борба затоа што ние од разни причини не сме одбрале така или не сме успеале така.
Како што пиша, ти си во поволна ситуација, затоа не знаеш. Ти посакувам никогаш да не ти стане јасно најискрено.
Треба и беше ама веќе не е. Другарка ми има 10 месечно бебенце со кардиолошки проблем и е на боледување, 70% зема од плата.
Надоместокот на плата за првите 21 ден спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства. Надоместокот на плата над 21 ден е на товар на средствата на задолжителното здравствено осигурување и го утврдува и исплатува Фондот за здравствено осигурување. Од првиот ден на спреченост за работа, надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот ако се работи за нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање на крв, ткиво или орган и во случај на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа поради повреда на работа и професионално заболување, за време на давање на ткиво, крв или орган, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата. Во сите останати случаи надоместокот на плата на товар на средствата на Фондот изнесува 85% од утврдената основица. https://fzo.org.mk/nadomestok-na-plata За боледување за дете до 3 год е преку ФОНД, а до која возраст го рачунаат мајчинство не знам. Надоместок до 21 ден пресметува работодавач, е како пресметува не знам. Мене на старо раб. место ми пресметуваа 70%, овде уште не сум била на боледување.
Вака пишува во законот ама во реалноста не е вака. И патолошката е платена 70% што во принцип е отсуство од рабита поради бременост и треба да е 100% платено ама во реалност го рачунаат како најобично боледување. Знам дека имаше членки во темата Патолошка бременост што сакаа да се тужат со Фондот заради ова, но не знам што направија.