Па треба да тужат ако се крши закон. Праксата е да ќутиме, а тоа не треба, сигурно. Во најмала рака медиуми и на големо да се крене, ако се прават мутави од ФЗОМ.
Ова успеав да најдам, а ќе гуглам уште. Одговараат од Фондот за здравствено осигурување. https://samoprasaj.mk/prasaj-cat/ra...loska-bremenost-i-sleduva-plata-vo-cel-iznos/
Се согласувам ама верувај дека секоја трудница, особено таа што е на патолошка се труди максимално да избегнува било каков стрес,а за да се тужиш во нашата држава ти требаат живци како ортоми. Какви неправди претрпев од работодавецот ко останав на патолошка само јас си знам ама во тој момент си реков како сака нека е, само да ми е живо и здраво бебето. Е сега затоа дадов отказ, бидејќи немам во план веќе некој да ме гази и да се богати на мој грб.
Еве јас, кого да тужам што само 66% ми вратија и тоа 2 месеци покасно? Сеа може е касно (бев на боледување во јануари, ми вратија пари во март), ама ако пак се деси? Кого да тужам? Кај мене во фирма од Човечки не знаеа да ми кажат колку треба да ми вратат од Фонд. Кој знае како и предале документи, може они имаат некако заебале работа.
Ама ни ти ни јас не одлучуваме дали некоја ќе дои, дали нема да дои, дали ќе се молзи, дали ад ќе дава... нејзино си е правото. Впрочем, до 3 годишна возраст секоја мајка има право на 3 пати и неплатено отсуство да користи, ако смета дека треба да го користи. Дали ќе го користи, дали нема, не е ни мое ни твое да кажеме
Толку фрустрации има и тоа на анонимен форум. Не ми се верува дека некои работи жена ги напишала. Се прашувам тогаш со какви луѓе сме опкружени.
Ако жената зима поголема плата и бонуси од мажот зашто да не оди на работ?Притоа зависат од тој буџет. Јас одам привремено ноќни саатници он ги чува и сега и кога беа бебиња двајцата,ова нее често ама во годината по два месеци така одам. Тие 5 илјади плус и те како ми значат на плата. Неделите ги работиме двајцата јас 10 саати он нормално 8 саати,во месецот една недела сме дома. Децата се кај баба и дедо дали сум немајка незнам ама и тие 10 илјади плус и те како ми значат. Јас си знам како сме живееле со мали примања и едвај месецот сме го поминувале.
Сите зборите од различна позиција затоа и не можете да се разберете. Едно размислуваш пред да родиш. Друго размислуваш кога имаш новороденче и кога ќе те спукаат најразлични хормони па и сама ќе се чудиш што те снашло, трето размислуваш со второ дете.. трето.. итн. Сосема четврто размислуваш ако имаш баба сервис/градинка или мораш ти да си дома од Х причини поради детето. Петто, ако имаш доволно пари за ти да си дома, ако немаш и ако ти гори под нозе и те како ќе се снаоѓаш како знаеш и умееш. И многу битно, менталното здравје на мајката дали може/сака да се носи со целиот притисок дома или и самата има потреба да работи. Веројатно има уште многу, ама се оди до крајности и како и секогаш лесно ни е да кажуваме како можеле другите. Иначе околу боледувања секаде се искористуваат. Еве во Германија се земаат боледувања редовно да се поврзе викенд. Или ако има неработен ден обавезно се поврзува понеделник или петок и го викаат бриџ деј. Ре дов но! Петок редовно се излага порано од работа и полни се кафиќи и во центар не можеш да се узминеш. Ама затоа пак, породилното е ограничено до одредена сума и ако платата ти е значително поголема, дел мајки одлучуваат да се вратат на работа порано, особено оние што би изгубиле поприлично.
Истово од збор до збор сакав да го пишам.Два дена читам и не ми се верува што се прочитав. Инаку во врска со градинките како што пишуваа можеш секогаш да го запишеш детето да не ти го чува свекрва или жена,да не остануваш без работа не е баш така,не знам за Скопје ама во другиве градови нема шанси,син ми кога го запишав во градинка пред некои 15 години толку врски морав да фатам мислам дека на факултет полесно ќе го запишев
Зашто не дај боже да се измолзи жена и да остави млеко на свекрва да го чува бебето а она да иде на работа. Јер само мора на цицка да биде закачено инаку е немајка.
За ова си во право. Па депресии зошто не цица бебето. И ме изритра зборот кравче. Јас за двете деца се измолзував, па не се сметам за кравче.
Искрено подобро да си на работа повеќе ќе им пружиш на децата. Без пари ништо нема да добиеш, сите целиме на тоа да го имаме посакуваното, да шетаме, да одиме на одмор,за себе нешто да земеме итн. Не си ти не мајка туку едноставно сакаш ништо да не им фали на децата
И порелаксирана и со волја да си играш со нив, да направиш нешто креативно, да ги прошеташ. Дома 24/7 со децата е лудило, јас кризирам со месеци.
Јас доев до 22 месеци скоро па од 6ти месец идев на работа. Доев у 8, па се враќав у 12 доев, па у 4 и пол пак. После цело време на цицка. Колешка немаше право на породилно, па маж и и носеше бебе на клупите надвор и доеше на 3 саати. Детенцето си е супер сега, оди на школо.
Аман бе шо напрајвте поединци овде дека децата секој ден се болни, па сите да имале разбирање од работодавци до вработени. Мајката бре... Па демек сите други неспособни оти дете немаат, па кариери бркале, а радоста на животот не ја осознале. Дали јас треба дете да родам да сватам и разберам која е суштината на животот? И не, не сакаат сите да бидат домаќинки по 24 сати врзани за пелени и чистење, надвор има жив свет и истиот функционира со години. Сигурно и мајките наши на секое поткашлување без проблем ги пуштаа работодавците дома. Многу разгалени бре, па ако е мајка некоја тоа е лично нејзин избор не и е наметнато од компанијата кај шо работи па сите полни со разбирање. И зошто па јас би работела екстра и тоа не еднаш, не два пати, туку на секој три дена оти само и само некоја родила? Родила за неа, не ми го родила мене на крај краева. Аман со приказните дека ништо не чини, бла бла. Ако ви се работи работете како што се работи, мене никој не ме прашал на работа денес дали ми се врти или повраќа па одам да работам.