По закон има 1 час за доење до 1 година на детето, што може да се искористи на крај или пред почеток на работно време.
Да, има вработени на државна цицка и на приватна. На приватна газдата може и да не дозволи да се искористи тој еден час што следува.
Арно рече, глупав газда. За жал, се повеќе ги има во нашава држава. А каде ќе се жалиш? Плус ако живееш во Маџари, а работиш во Ѓорче ти самата нема да излегуваш на сред работно време да доиш зашто нема да имаш време.
Абе ти изглеа не живееш тука Глеј што есеи се изнапишаа од жени зошто друг жени земале боледување за дете, па ти очекуваш од газдата да почитува закон?!!! А како што ни е „правна„ државава, моеш и да се жалиш нели, ама џабе
Закон е тоа, поднесуваш барање и ако не ти даде пријава. Прво детето, па газдата. Јас што ги знам па у приватно се и пофлексибилни. Имам колешки од факс у приватно веќе две години не се појавиле на работа, со добри плати, се е добра волја. Јас не знам како некој работи за идиот. Сега има работа на секој чекор. И нормално, за колешката што доеше на клупа, добри колеги. Криевме кај е за да надои дете од месец дена. 10 мин неколку пати.
Како не е битно? Ќе се праиме сеа блесави, закон си бил закон, фала што ни го протолкува не го знаевме, а да не заборавиме и трета смена до кај некои три години не смее да оди- нормално и тоа само по државниве важи, по фабрикиве малку морген
Znaeme i nie zakon i prijava,ama metlata sikter ja zaboravi.Koga ke rabotis privatno .pisi go ova.Na koe mesto sme po korupcija vo EVROPA?
Супер за твојата колешка. Да патувала по час до работно место или да не можела да излезе од работа не верувам дека многу ќе и значи да ја криете.
А колку знам државно што работат, пример излегуваат во 14 часот и потоа не се ни враќаат назад на работа, ама ај да не развлекувам сега.
У ќе има исфрустрирана колешка за тоа што наместо на газдата кука од мајките како им ја сработува работата
Ама вие ќе си седите 18 дена дома, заслугата на крај ќе си се подели на сите па и на вас. Исфрустрирана да, ама и кај ќе ја најдете подобра да не ве кодоши и да ви ја работи работата Подобра или поглупава, вака куцајќи си викам стварно сум будала
Важи ае. Кога ќе ми плаќа од нејзни џеб. За кодошење не верувам зошто нема муда да му се пожали на газдата.а и за шти би кодошела? Петкана зема породилно или боледување а јас ја работам нејзината работа оти газдата р дебил и не може да ја менаџира работата.
Значи, заклучивме не постои ни една единствена мајка шо злоупотребува боледување во име на децата, за да си ја лади дома? Да, реков. Значи, има жени, чии малечки деца се болни две недели секој месец, и од коа ќе почнат школо да одат, одма магично оздравуваат, и си се разболуваат ко и секое нормално дете, 2 или 3 пати годишно? Истите тие колешки шо си спојуваат 90 посто од случаевите одмор со боледување, или петок со викенд, или празник со продужен викед? Ја разбирам има секакви дебили, се праи ова и у Мк и у странција, небитно муж, жена, мајка, татко, али прво да се прави у име на децата е грев, друго да се правиме ко на три ипол само оти некој кажал нешо лошо за некоја рандом мајка, на која и се може да биде лош човек, па и колега, само оти е мајка, е фејк. Ај разбирам ниедна од вас не постапува така, океј бе, али ниедна од вас не работела со таква колешка, освен ние немужените мачкарки, шо мрзиме деца?! Мхм, оки доки.
Породилно е едно. Не ја работам јас работата на тие на породилно, не ги планирам, не ги рачунам. Кодошењето ќе изгледа вака: Ќе ве замолам да ја тргнете Петкана од проектот, и да ми дадете друг зашто Петкана не можеме да ја рачунаме и ве лаже кога кажува дека работи од дома додека е на боледување. А и кога Петкана ја ставате за тим лидер за проектот, ние колегите сакаме да се утепаме, оти покрај тоа што работиме, тераме и состаноци и се самоменаџираме. И така Петкана ќе почне да подработува, нема да ја стават на проекти што носат големи пари, на крај на годината ќе и го скратат бонусот за ефективна работа и Петкана ќе се изгуби у фирмата, а на крај ќе добие и отказ, оти вас ви се свиѓало или не, приватно е тоа, ако ти се работи, работи, ако не седи дома чувај дете, маж ти, мајка ти, свекрва ти нека те издржава. А ако сакаш пари, ќе си запотиш газот.