Работата никогаш не треба да биде пред детето. Оставив мало бебе и јас на времето за да задржам државна работа па од денешна дистанца тоа беше една од поглупави одлуки што сум ги донела и не би го направила истото. Доење и гледање мало дете во државно и приватно не се споредува. Во државно од пладне натаму ретко ке најдеш некој на работа,а паузата од пола час знае и три саати да биде. 6 деца ќе изгледаш во државно вработен. Во приватно не е така и подржувам секоја мајка што ке си искористи право на боледување за дете. Брзо растат,а додека се мали сме им незаменливи особено кога се болни. Фантазирање со паметот дека е супер да оставиш бебе од еден месец за да бркаш кариера е една од поголеми глупости кои може да се фантазираат. Во реалноста уживаш во мирисот на бебе и на памет не би ти текнало да се вратиш толку брзо на работа. @A94 Повторно,не ти се проблем мајките кои земаат боледување. Ти не треба да ја доработуваш работата на член на тимот. Доколку е често отсутна кско кажуваш зошто побогу менаџерот ја става во тим?,зарем не забележува дека е често отсутна и дека не е за во тим? Нема евалуација за вработените,таргети,ефикасност?!
Ај, не оди во крајности, плс. Има и такви кои си спојуваат празници со боледување и слично, ама.... погоди каде во најголем процент работат истите? Во државна администрација!!! Оти, на приватно има вакви како членкава тука што плука и јаде го*на за нешто што ич не би требало да ја занима... Така што... Иначе, ич не е чудно што децат откако ќе тргнат во школо помалку се разболуваат. Како растат, така им се подобрува имунитетот.
Ако ти ја работам работата и благодарение на мене зимаш бонуси и уживаш бенефити тебе треба да те интересира повеќе. Оти, у спротивно, у приватно, брзо брзо маж ти ќе те издржава Едит: Не ми се прајте многу паметни. Ако ви се работи, работете, а ако детето ви е приоритет, дремите дома, гледајте деца и најдете си друг извор на приходи, не да се џапате тука ко хиени некои увредени оти некој ви плеска у фаца се што ви мислат колегите на работа што ги малтретирате, или па вие работете у фирми прекрасни кај што се привилегирани како мајки, дека мојата фирма не чини, мојата фирма и те како чини, таквите што имат најдено па зајдено не чинат
На еваулација се трудиме да бидеме поштени и колегијални, а не шпиони. Инаку кажав погоре како ќе звучи и заврши приказната
Зошто не смениш работно место ако работиш во така неправедна и токсична клима? Или си свесна дека секаде е така,или ќе одиш во фирма кај што нема да се толерираат мајки на боледување ама во такви фирми голема е веројатноста и ти да бидеш третирана ко shit. Свесна си дека на тие што нашле па зашле некој во фирмата им го дозволува тоа,што значи и не ти е баш добра фирмата,според твоите стандарди де.... Свесна си ама ајде се олесна на форумов па нека ти биде Ќе одиш на интервју и како што е ред ќе си прашаш,"има многу мајки што им се разболуваат децата во фирмава или да не си губам џабе време на интервјуто"
Повеќе се испофали отколку што се олесна, само она е незаменлива. Ако даде отказ фирмата ќе пропадне.
Не не, океј ми е фирмата. Па побогу будала да не сум да фалам фирма ако не ми е добро. Ви кажав на сите и повторувам: Ако ви се работи, работете, ако НЕ, седите дома, уживајте у мирисот на бебето и најдете си друг извор на приходи. Токсична средина ја прават луѓе, не задолжително мајки, туку такви што, и покрај тоа што се им е дозволено најдат начин да забушават повеќе.
Не ми е проблем да си мајка, ама ако тоа ти е приоритет, седи гледај дете, а јас ќе најдам некој што уствари сака да работи. Така ќе регрутирам
Јас те разбирам ама ти треба ова да го образложиш на претпоставениот,не е тоа кодошење,за тебе се работи,не за мајките.
Океј. Ќе те послушам за ова. Не е кажано иронично, туку стварно, наредно ќе се потрудам да образложам
За жал немам дете, се бориме за потомство. Дај Боже да имам, ќе си гледам, сигурно нема да и го оставам на непозната жена. Вие што сте мајки гледајте дете, немој случајно да работите (иронично е ова).
Мислам дека веќе пишуваш во афект па ти се испомешаа работите,дискутираме за болни деца,ако на некого работата му е побитна од своето болно дете ондак нема простор за дискусија,i give up.