Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Tие проблеми беа лјубомора кои се нормални мегу двајца млади.

    Iсто цистам секој ден од 6дуси. па она ми вика цисти цисти :^) сите се расврлат а јас цистамм.
    I несмеам нисто да им рецам. плус тоа пак ми викат дека нецистам :@ лесно е да казис ама теско е да си во ова ситуација. Mм е ок со мене се. Aма после премногу бла бла го полудува мајками и одеднас малце оди на негова страна. Iако не целосно бидејки е теско со пари и незнам,мислам се е заради тоа сто мм е нанивна страна. Oна е малце луда тоа е проблем сто таа е неточна и свекарот,тие правам кавги :x
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^Од каде пак ти знаеш дали ја сакам свекрвата или не?

    Не се правам паметна туку сум паметна има разлика, не?

    Јас за разлика од повеќето што се жалат од свекрвите од мојата не очекувам потполно ништо, не очекувам да ми обезбеди покрив над главата, не очекувам да ми плаќа сметки, не очекувам да ми го полни фрижидерот, не очекувам да ми чисти, готви и не очекувам дека мора да ми го чува детето.Сум се решила да се мажам и да имам свое семејство треба да бидам и способна заедно со мажот да си го издржаваме без помош од страна.

    Во предходниот пост не знаеше млеко да свариш и која рингла да ја укучиш а сега толку вредна бре, бре :wasntme:
     
    На mimiiiii, baby-star и MacenceEna им се допаѓа ова.
  3. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Битер, мислам дека повеќето овде исто не очекуваат толку од свекорот и свекрвата колу што сакаат мир во куќа. Тоа е најголемиот проблем, што не секој има среќа и можност да се тргне на страна ако нешто не штима па принудени се на тортури психички а богами и физички :o
     
    На Anyshka, Espadrila и blagica1991 им се допаѓа ова.
  4. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209

    па на шпоре од времето на југославија на кое не се познава ни бројка ни ригнгла нормално е да не знаеш што пушташ . бидејќи новото се чува за ново веќе 10 год . а кој си сака млеко од коза нека си вари тоа не е моја рбота ама штом и се лоши на снаата до дека е бремена од млеко има да вареме ако треба и три пати во денот. инаку добро е што си кажа сама дека си паметна бидејќи по постовите немаше да приметиме . секој си знае дали си готви, дали си чисти, дали е способен да издржува семејство . никој не може да кажува за никој посебно да непознати личности со кои само пријателуваш по форумот . Никој нема право да осудува некој за неговите маки - ама ти си паметна сигурно го знае тоа
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Се придружувам и јас овде и моето синче е веќе 3 месеци, а досега само 2 пати има дојдено свекрва ми да го види, еднаш во болница кога се породив и еднаш дома кога дојдоа после 40, роднините од страна на мм да го видат бебето и таа со нив, во пакет и толку, повеќе нема дојдено да го види и јас ен знам и не можам да разберам како ја трпи срце да не дојде да си го види внучето, ај не може да дојде, а блиску сме 5 мин.ни се куќите, барем нека се јави да праша како е, ниту EDEN единствен пат ми се нема јавено ниту кога бев трудна ниту сега кога се роди А., да праша како е , како сме, дали ни треба нешто, јас сум сама во странска држава, немам никој тука и таа го знае тоа и кој ќе ми помогне? Немам никој освен мм, никој, да се здрави и живи моите родители, штом влегов во 9 месец дојдоа кај мене и останаа, ми помагаат толку многу и сум им бескрајно благодарна, немам зборови, нека ги поживее господ, тие ако не се јас не знам што би правела :x Тука се со мене, околу малото, дома ми помагаат околу чистење, перење, пеглање, се, едноставно во се ми се тука и сум ептен среќна, штом се со мене они не ми треба никој и ништо друго на светот.
    А што се однесува до свекрвата, од тоа нејзино однесување поготово во бременоста и сега откако се породив, ја избришав веќе од списокот, толку, нема потреба да се лажеме самите себе , сите го гледаат однесувањето нејзино и едноставно :swear: што сака нека прави, јас молба на никого не праќам, кој сака навистина да го види детето ќе дојде, вратата е отворена како за сите така и за неа што е она во плус, баба е, ама ајде, нема што да се прави тука, не можеш некого на сила да тераш, тоа е. Таа работи во кафетеријата што ја има мм и е прва смена и замислете го прашувала мм, што прави детето, како е и му велела го гледала на слики, што ги става мм на компјутер и ги гледала и вели, пораснало, машала :o па тоа го нема никаде луѓе, како да сме којзнае каде далеку, на другата страна на светот па го гледала внукот на слики, а блиску сме толку многу до газот и е станот наш кај што живееме јас и мм и да не дојде да го види, на 5 мин.барем, не ја молиме да седе со саати или ајде не можела, има работа барем јави се прашај, твое внуче е, не, ништо од тоа, таква си е и таква ќе си остане и затоа и јас решив ама ич да не се замарам, што сака нека прави, нејно си е тоа, сака нека доаѓа сак ич да не доаѓа, ама после пак криво им е кога децата нема да ја сакаат или пак и нема да ја познаваат штом не доаѓа, така ќе биде, моите родители се чудат толку многу како може да биде таква да не доаѓа никако :x тоа е..
     
  6. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
     
    На Anyshka и blagica1991 им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Како може ваква жена како болдираново,да биде толку несмасна,да се подмочува,да и летаат парчиња од устата.
    Малку контрадикторно.
    И ако е толку модерна ,кажи и да си земе чистачка.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Дајте пишувајте убаво (не сакам да именувам, ќе се пронајдат), разделувајте ги зборовите, пишувајте ш наместо с, решете се или кирилица или латиница ќе пишувате и сл. Тешко е а и не е убаво за читање.
    Не знам што толку жалби и поплаки, па за се има решение и излез, а за тоа со однесувањето на мажите-па сте ги знаеле и пред да склучите брак со нив. А оние што биле верени и живееле заедно пред брак, можеле да размислат дали сакаат под тие услови да живеат.
    Има излез - одделување од свекор/свекрва.
    И дај немојте со такви морничави вицови во темава, не знам како може да помислите на такво нешто за мајката на својот маж, тоа значи дека не го сакате ниту мажот и што воопшто се замарате во таа фарса-брак. Кога би го сакале мажот, не би ви бил смешен вицот со (само)ликвидација на свекрвата. Замислете се во обратна ситуација, тој да мисли така за вашата мајка. Многу е подло и ниско од ваша страна ако размислувате така.
    Ако не ви се допаѓа свекрвата-кажете им чао и на свекорот и свекрвата и живејте одвоено, но ако и мажот ви не ве поддржува, тогаш не ви е крива свекрвата туку имате проблем со мажот и взаемната доверба и тој проблем не треба да зазема место во оваа тема.
    Проблеми помеѓу снаи и свекрви нормално дека ќе има, но не ги терајте работите на крупно, тука веќе свекрвата не игра толку голема улога, како што игра улога бракот, љубовта, почитувањето.
    За секој проблем потребен е разум, размислување за сите постапки и последици од истите.
    Ако ситуацијата ви е таква да сте зависни од свекорот и свекрвата и ако имате проблем со нив, тогаш сите четворица седнете да разговарате во осум очи, откријте ги картите и исфрлете го своето незадоволство, тогаш нема да има оговарање, зборување зад грб, интриги, сплетки. Тогаш ќе видите кој колку греши а кој е во право. На лагата и се кратки нозете, вистината ќе излезе на виделина.
    Но, откако се ќе се обелодени, имате два избора-или да продолжите да живеете прифаќајќи ја својата грешка и поправање на својот однос кон другите или разделба.
    Друго нема, само ќе си ја продолжувате агонијата. Ако ништо не се реши со добар и искрен муабет, тогаш работата е навистина сериозна и можеби и нема спас.
    Значи, не се жалете секој ден и ноќ, не ги обвинувајте другите, не осудувајте, туку бидете ГЛАСНИ, седнете ги сите на еден разговор, ете може да биде за време на ручек и исфрлете ја вашата мака, без разлика до што ќе доведе разговорот.
    Тоа мора еднаш да се реши, колку повеќе одложувате, толку повеќе живеете во стеги.
     
    На Ruzica00, Sweetheart87, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    арно каза,како сто и таа е мајка на син и, и јас сум керка на мајками.
    како сто таа го растила него и мене некој ме растил.
    како сто на керкаи не и дозвлува да мрдне со прст да не се маци и боли керкаи и јас болам на некој.
    Nеиде мене да ми се дере и тера д. Pравам несто сто веке 3пати го направив.

    повекего тука сто сме се мазеле сме прифатиле се кога сме рекле да.
    Sите сме подговени така и јас влегов во кујкава ,со лјубов кон нив со прифајкање се сто имат и немат со нив да бидам,ама сигурно кога ти со арна ке правис се а тие ке ти се дерат и колку да се трудис да молцис пак ке казуват лаги за тебе па и курва ке те нарекуват :!: е извини ама така ни мама моја сто ме дондесе на свет н. Rекла а не неокоја свекрва....
    Pа каква свекрва е таа??? E не ке и молцам и таа е во право и нека узиват сите тука па сум се мазела и така ке било :x незнаци тоа!!.... Dа е јасно тоа дека ако сме снаи треба робот да им бидеме :x мозе гресам за некој ама Nе е така.
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.867
    Допаѓања:
    40.381
    Пол:
    Женски
    За да немате проблеми по 101 пат е реЧено заминете си на страна под кирија ако нема друго решение
    Секој на крај краева си го сака мирот , и јас не би сакала да ми се плетка некој во кујна , да се меша во домакинство и одлгедување на деца , па макар и мајка да ми е
    Ке се створа нервоза

    Јас иако сум дома со мало дете , сеа не да го кривам детето дека ми прави неред
    Самата си растурам сама си раздигам
    Еден појадок, руЧек ..садови во машина и готово
    еднаш да пребришам , да усисам и готово
    Алишта за перење , алишта за сушење и готово

    Денот го имам за малото , да играме , шетаме

    со свекрвата ако посака може да дојде кафе да пиеме , да го поигра детето и толку

    На крај на денот детето во кревет , и останува и време за мм
    а не за кавги
     
    На imelda, Annath, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Прво не би била со некој што сеуште е врзан за скуталето на мајка му а можеме да се лажеме до утре тоа се гледа уште додека си во врска.
    И мојот маж е близок со мајка му ама не до тој степен да таа му одредува како да живее, се слушаат секој ден, исто како и јас што се слушам и гледам со татко ми ама ни тој ми кажува мене како да живеам ни таа му кажува на него.
    Иако мм е помал од мене видов дека е зрела особа, видов дека имаме исти цели и гледишта во животот и затоа и сме се земале и створиле семејство, сме одлучиле дека сме доволно зрели за брак па сме се земале, додуша живеевме заедно 4 години пред тоа и си знаев со каков човек си имам работа.

    Благице дали е шпоретот од Југославија или од дедо ное треба еднаш некој да ти покаже које дугме за која рингла е и толку, ако го користеше секојдневно ќе знаеше, не треба многу паметна да бидам па да знам дека не го користиш затоа не знаеш.
     
    На imelda, Annath и Abeja им се допаѓа ова.
  12. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Девојки не се расправајте на темава, отворена е да се споделат проблемите помеѓу снаите и свекрвите. Сите сакаат и влегле во некоја куќа со надеж дека ќе бидат прифатени ама не секогаш е така секаде. Многу јасно дека тие што имале среќа да налетаат на добри луѓе никогаш нема да го разберат вечниот проблем снаа-свекрва но немора да се напаѓаат оние кои решиле да си ја споделат маката тука за да им олесни. Точно, ретко се менуваат односите на подобро, ако биле никакви уште пред самиот брак, ама секој се надева на подобро утре, нели? Еве јас конкретно не сум имала некои посебни замерки на свекорот и свекрвата пред бракот, можда месец дена пред да биде свадбата кога баравме ресторан за не толку голем број на гости и затоа толку касно увидов дека свекорот сака се по негово да биде, ама што требаше? Да раскинам венчавка, да откажеме свадба само поради тоа? А и тоа беше далеку од се она што после излезе како проблем. Не секогаш можеш да знаеш што те чека, можеш само да се надеваш деќа ќе биде добро. Да, правото решение е да се оделите на страна, но што ако некој нема услови за тоа? Што ако и двајцата се невработени? А и да се, не секогаш тоа значи дека ќе се има пари за станарина, сметки, па уште и намештај да се опремиш доколку немаш пари да плаќаш за наместен стан... Се што на некого му останува е да се пожали тука. Јас ја имав таа среќа да се тргнеме на страна, камо сите да можат така да го решат тој проблем.
     
    На Anyshka, midnight.flower, Ethrnity и 2 други им се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    А јас па не разбирам зошто толку мали брзате да се мажите,кога немате исполнето никакви услови за брак и семејство?!
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Мојата обратно, пред народ ме фали фали кога ќе си чујам неможам да поверувам од домаќинка до мајка највнимателна а на мене устата ќе и се исуши ако ми даде некој комплимент. Детево еднаш го нема пофалено дека е убаво или дотерано а на сите комшии слики покажувала да се испофали. Кога го сликала да ми е да знам кога 2 пати во раце го зела.
     
  15. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Го промаши одговорот на моето прашање.Дали намерно или не? :?:
    Да претходно ако си ги читала моите постови знаеш дека сум разведена и од кои причини сум разведена,да имав за сопруг мамино синче кое да не беше, ама беше сега околностите ќе беа поинакви...и немаше да бидам тоа што сум ама,тоа е веќе друга тема.
    За тоа колку некој можеме да го процениме за мамино синче не можеш да знаеш додека не почнеш заеднички живот со него и не само тоа ,може да има и ред други работи за кои си била измамена па во бракот да испливаат на површина.Не верувам дека постои човек на планетава кој 100%знае како би се однесувал брачниот другар во иднина во секоја ситуација,се додека не се најде во истата.
    Прашањето е ти лично како би постапила доколку се најдеш во ситуација свекрвата да очекува од тебе да и ја даваш платата а,таа да одлучува како и каде да се троши,само ти да бидеш таа која ќе готви и чисти,таа да се поставува над тебе и да издава наредби,да ти наложува да ги чуваш децата од јатрвата зошто нели изморена е од гледање на турски серии,да те оговара зад грб и да ти прави банални кавги со сопругот.Гарант не знаеш!
    И не можеш да подвлекуваш паралели со твојот живот па,уште и самата себеси да се нарекуваш паметна кога не си живеела во заедница,си немала свекрва која ти се мешала апсолутно во се,најбитно имаш сопруг кој те поддржува и едно е да чистиш и готвиш за двајца како во твојот случај а,друго е да чистиш и готвиш за 6 души...и тек друго е да имаш среќа во животот и да ти се наредат коцките.Зошто некогаш колку и да си паметен пак не оди...фактор на среќа.
    Друга работа една е економската ситуација кај вас кога млад брачен пар може да си дозволи самостоен живот,за жал тоа кај нас овде се уште е луксуз.
     
    На Anyshka, FineChina и blagica1991 им се допаѓа ова.
  16. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Не сите се овде мали мажени :D Јас пример на 24 ипол се омажив и не сметам дека тоа е нешто претерано рано :) Ехееее на веридбата моите со неговите кога правеа муабет па каде ќе живеат децата, имаат ли услови таму, зошто јас требаше во друга држава да одам и се подразбираше тоа дека одма и да сакам неможам да најдам работа, од свекорот имаше 300 ветувања дека ќе сме работеле кај него (имаат приватен бизнис), па ќе сме имале по 500 евра плата секој од нас, да не се грижеле моите, што после тоа излезе дека врска немало :swear: Тој за син му неможеше да плати 200 евра во месецот што му работеше по цел ден работи за кои и онака имаше вработени, па дури и ако нема што да прави да го вози него по маркетите или да оди со набавувачите на роба, да им прави друштво... Уствари муабетот беше да не е дома по цел ден и да полудувам ја затворена у 4 ѕида 8) Ама си видов ја колку е саат на време, куферчињата и со мм во чудеснава наша и мила Македонија си го најдовме мирот.
     
    На Anyshka и blagica1991 им се допаѓа ова.
  17. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    може сум и најмала што коментирам на темата и ќе звучам незрело , ама мила што повеќе треба да се исполнува освен сакање,разбирање и почит. со тоа ќе си се створат и материјалните работи. Џабе ти е и палата да ти дадат па да се омажиш ако со маж ти немате љубов мегу вас и живеете во пекол
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^^Би постапила исто како што си постапила и ти-би се развела.
    Мене платата не ми ја побарал татко ми, мм па на свекрва ќе и давам, со таа постапка те правела малоумна демек не знаеш да управуваш со своите пари, ваму демек зрела за брак ама за пари трошење не.
    Само пак се враќаме на истото, свекрвата ај била не саглам барала сето тоа од тебе ама бившиот твој е тој што дозволил мајка му така да се однесува, тоа цело време го зборам дека не се виновни свекрвите колку што се виновни мажите.

    А за паметна тоа беше за Благица која ми напомена да не се правам паметна и да ги бранам свекрвите, одговорот мој беше во вид на сарказам дека не се правам паметна туку сум, ме сфаќаш нели?

    А гирл мири изоставува голем дел од приказната за нејзиниот проблем а тоа дека таа е муслиманка (босанка, ромка, турчинка) и дека кај нив владеат поинакви правила него кај нас, кај нив се очекува снаата се да работи и она тоа си го знаеше ама пак мажот и тука е поголем виновник од свекрвата ако и каже на мајка му дека не е жена му слугинка можеби поинаку ќе биде работата ама тој си молчи.

    А за условите потполно ми е јасно дека се различни тука и таму не ни можам да ги споредам ама пак ќе кажам ако не се младите вработени а ствараат семејство и чекаат од родителите за се, нормално е дека ќе има незадоволства, затоа што кога за се чекаш со пружена рака повеќето мислат дека имаат право во се и да се мешаат.

    И само да напоменам дека и јас сум живеала во заедница со татко ми, брат ми, снаата и внукот, сум готвела, чистела за сите и на работа сум одела, само не ми било тешко затоа што си се мои, да беа туѓи и јас можеби ќе сум се жалела дека ми е многу работа, а кога мислев дека снаата е доволно спремна да си ги превземе обврските во бракот, пред да ја дојдеме во ситуација да ја спукаме се иселив и сега јас си ја сакам како сестра а мислам и она мене.
     
    На ilipili, imelda, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Ете свекрвата моја. Одма од ко се зедоввме ни се налути и почна на околу се да си прикажва и шо треба и шо нетреба и плус да си надава работи кој не се, да се крие ко ке дојдат мојте (и тоа за именданот на син е). За се то знај и мм и плус слушна со свој уши и се искараа. Викаше да ја видам како ке го гледа детето божем јас од неа очекував помош. Ете ме си го гледаме бебушко јас и таткому доволни му сме и не бива не ни треба плус помош или неможеме да се снајдеме.
    Да се редактирам не сум три ипол месеци туку недели. Свекорми одма попушти и си дојде да си го земи внучето од болница и се, ама таа не. Кога се породив дента се скара и со золвами и сега и со неа незбора, а и кога дојдоја мојте да си го видат внучето значит бевме собрани сите и золвами и мојте сестрами зетми сите, свекорми правеше скара она небеше тука :fubar:
    Јас неможам да кажам дека жената не е вредна или нешто сл. и дека пред тоа сме се сакрале околу некој ручек или за чистење. За се се договаравме ама ете и тоа се деси.
     
  20. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Абе мир на човек да му дадат, па леб и сол да јаде, во мир ќе му изгледа како најбогата трпеза. Моите кога се земале почнале од ништо, од 0 што се вели, живееле во гарсоњера некоја под кирија, ама со слога створиле се за јас сега во вакви околности да можам да се скрасам кога нема друг излез. Си помислувам а што би било кога моите би немале да ни пружат кров над глава? И јас би трпела тортури најверојатно како многу од женичкиве кои ја полнат темава со своите маки додека не ми пукне филмот еден ден и си заминам... незнам каде ама сама подалеку од сите нив. Битна е и материјалната подршка, не велам не, ама доколку неможеш да помогнеш или пак несакаш, немој да го нарушуваш мирот помеѓу децата свои. Неговите не дека немаат, имаат и нека си имаат, ама јас знам дека таму еден денар ако ни беше даден ни беше 100 пати низ нос изваден. Овде кога дојдовме од прв ден сме на грб на моите, цел стан го опремја тие, за бебето, за нас, за храна, за се од нив земаме, сметки ни плаќаат ама таква е ситуацијата, јас и да сакам никој нема да ме вработи сега со стомакот до заби а мм ни јазик уште не знае како што треба, го запишаа овде на факултет, приватен нормално, на државен немаше шанси, да ги дозаврши студиите, да го начи јазикот па за работа да гледаме а тие од таму еднаш не се јавија да прашаат дали ни треба нешто. И не ни треба, фала богу, само сакам да застанеме на наши нозе што побрзо, и некако да се одолжам на моите за се што ни помогнаа најтешко кога ни беше, ако воопшто постои начин за такво нешто. Благодарна сум им до небо и назад за се, да не беа тие ќе ја делев и јас истата судбина како многумина од овде. Жал ми е и ги разбирам сите кои поминуваат низ пекол, ама се што можам е пак да кажам, решението е само на страна да се тргнете чим ви се пружи прва прилика за тоа.
     
    На Anyshka, anule88, FineChina и 1 друга личност им се допаѓа ова.