Еве мојата нечини.Ич нечини женичката притисокот паѓа кока коли,лимонада фрчат на сите страни.Сите над неа што да ти кажам нечини жената
Топло и е на свекре а клима не уклучува главата ја боли и притисокот и паѓа,а и да не заборавам у кичма и удира климата.Испоцркавме дома ни клима ни бутур,само се тушираме заради неаненормална работа
Ахахахаха ми иде од дома да ја избркам жими се па и на одмор се погодив баш оваа недела.Абе што да ти кажам не умре женава а што е најтрагично пак она се жали дека и е топло.Боже господе а свекре застанал над неа земал еден билтен од кладилница па ја лади.Офф луѓееее и јас си имам мака
Аааа еве сега и синчето дојде па и мери притисок сите се околу неа.Срам ми е што јас не сум многу сум лоша
Мојата се фали како они двајца издражале и ич не уклучиле клима цело време. Малава беше конечно после скоро 6 години прв пат на спиење кај нив за викенд, сега секој викенд и тупи дојди пак кај бабичка ајде пак ајде пак...дете вика неќам, оваа ама зошто па нели веќе еднаш беше што ти стана сеа... Одма драми кога нешто неќе детево со неа да праи. И то е... Добра вака иначе, тешко на свекор ми душиче
Па ако несака дете несака со сила ли ќе го однесе.Боже боже ама пак ти ке бидеш крива ти си ја научила да несака да оди на спиење.Знам ја ти си за се крива хахахах се шалам.Ама за жал така ке рече
Мојава од што ми иде за се контра ке си го умре маж и. Свекор ми веќе почна се почесто да се жали на градна болка додека работи, јас упорна дека треба да оди во брза помош па и финти им кажувам како да стигне до кардиологија одма, оваа ме сече и вика “ај ај, доле ке си се провери кога ке си идеме“. Оди ти памет види и.
Па нека цркне она а не маж и.Тоа ти е се од инат само да не биде по твое не се нормални жими се од тоа нивно патријархално воспитување и од тоа нивно старовремско понашање само они да се прави сите ке не умрат не само маж и сите ке не закопа она ке остане.Од што е катиљ ни господ горе не ја сака
У тие води сум, и тешко ми е да кренам рака од некој кога сметам дека има сериозна опасност по здравје, но полека веќе се откажувам. Знам дека ни во Мкд нема да се провери зашто по цели денови е на лов, а ако недај боже нешто му се деси има да и го залепам муабетот па нека не ми прозбори цел живот ако сака. Anyshka и овој мојот е бетер од неа, он е само подмукол и суптилен додека оваа отворено агресивна, ама сепак за човек се работи нели.
Пишав и поназад откако пресеков помалце се жалам, ова колку само да се вратиме назад на темата. Секако откако пресеков е јас и мм како ќе кажеме за се околу дете. Ама... Некои работи не се менуваат. Многу ја повредува што не ме повредува е работава.
Кај мене е обратно, свекорот е поагресивен и може се да каже ми пред народ, да ме навреди, да ме понижи, свекрвата е подмукла, шуш буш само му шепка нешто на мм, а пред мене се прави лизни мазни. И ако ја слушнам што му кажува на мм, ќе и кажам, се прави наудрена, "ааа не реков такво нешто", не бе глува сум јас хаха.
Тој па тој па матор он ке вреѓа ке понижува па и пред народ.Па добро маж ти тоа не слуша кога он те вреѓа пред народ или на само.Што прави маж ти во тој случај баш ме интересира