Мама ќе му зготви хаха. Точно од збор до збор, свекрвите ги разгалиле синчињата, демек ако зготви нешто или кафе да свари како тоа маж да готви, да мие садови, а нас ни велат "еее имате машини", па ете нека стави и синчето во машина садови, не е тешко, круната нема му падне. Имаше ситуации многу, еве ќе издвојам една, на почеток живеевме во заедница, свекорот и свекрвата спиеа во кујна дека топло да не замрзнат во друга соба, и мм кога пред работа вареше таму кафе, јас не ни пиев, се спремав и одев на работа, и седиме другиот ден свекорот кажува за некои пријатели негови како после работа женава го пречекувала со салата и ракија, и мм му вели па и мене ме пречекуваат така, и тогаш свекор ми му вели "ааа гледам, сабајле сам кафе си вариш", и тогаш мм кога му списка, му вели "мене не ми е тешко да си сварам кафе", ама јас глупа, требаше уште тогаш да му кажам газот ли ќе ти го гледам сабајле кога спиете во кујна. Бетер од свекрва е, толку е заостанат што треба да живее во планина негде, он незнае да прави муабет. Ама кога се работи за ќерката тоа не важи, зетот и садови мие рачно, и готви, и чисти, пружува алишта. Вицот е точен не е измислен. Како децата: еее што имам една снаа само лежи, синот и носи јадење во кревет, и купува, пари му троши, а што имам еден зет како мед се и угодува на ќерката, тоа е реално не е виц.
Хахах да точно е тоа.Мене не ми е тешко тоа да јас сакам со маж ми да со седнеме и да го пречекам со ракиичка и со салата и да станам кафенце да му направам,па да си седнеме муабет и кој што направил во денот,како си поминал на работа и сите тие наши разговори што е нормално.Ама не ми е морално тоа значи не сум приморана на тоа.Ако можам ке го пречекам и со ракија а и гола одма под туш го носам хаха ама се е тоа ако сакаме.А не да мораме
Па да, ние сами двајца а не со чопор народ, кај нив нон стоп имаше некој на сред ручек, хотел промаја беше, кој стигнеше доаѓаше , да ми се одмили од се, кога се одвоивме ми беше мерак се да си спремам, да декорирам, па свеќи само за нас двајца. Ама кој да го сфати тоа.
Ме изнасмеа на цела мака да си здрава и жива Ајде и ќе се пожалам ко веќе влегов иако пред некое време си ветив дека веќе нема да се жалам тука оти сите совети ги знам Ќерка ми вчера малку поткашлуваше , па цела ноќ плачење ,дерење. А на работа нема кој да ме смени (кај сте вие со боледувањата ) и нормално во градинка не можам да ја пуштам таква морав да ,,зависам од свекрва,, (таа па едвај чека за сега да може да ми збори ) да ја оставам дома со неа. Телото на работа мозокот дома. И се јавив да видам како е ми се пушти како шо сум ја оставила, па детето сигурно и ноќеска имало тт не може грло да боли без тт и не знам уште шо пошо преќинав да ја слушам. Моментално си ја мразам работава , себе си и сите болести на светов. Се осеќам неспособна како мајка со еден збор - мизерно.... Може за во испукајте се е мислењево ама тоа е
Не не она мора во се да е упатена.Како за јадење е зошто керка ми не јадела леб како може да се најаде без леб,ооо бре жено сега веке никој не јаде леб она е девојче од 15 години пази на линија. Да бе како не пазела на линија све мајка и ја учи,па маж ми и вика занеси едно лебче па може и ке касне,ааа како не нека и меси мајка и на ова топло јас ли стара жена ке месам сакаш у несвест да паднам. Алиштата мора да се пружат и она обавезно на средина на сите маици става штипка Јас ке и речам не ставај на средина останува на маицата и со пегла неможе да се испегла се познава Ти па ти се знаеш а ако летне Абре неможе да летне нема ветер за да летне немораш ни штипки воопшто да ставаш Она не како за инат па по две на средина става и ги става скроз до доле штипките за повеке да се познаваат на маицата Или садовите ги мие на рака па и одозгора ми става крпи па на нив садовите.Абре жено има цедалка за садови не ми ставај крпи само ги собирам по тебе ај летно време се сушат ама зимно време ставај ги по радијатори а зошто кога има цедалка.И ред други вакви работи поради кои се прави неред во кука зошто е ова таму а не е ваму карикирам. Што да ти кажам навистина незнам се прави од инат и затоа веке ништо не и викам зошто помалку збори и коментира мисли дека е во право и мирна кука. Не сме ни ние снаите цвеќе за мирисање далеку сите сме луѓе сите грешиме тоа не е спорно ама треба да се има некое разбирање и почитување тоа е де
Воопшто ти не си лоша мајка со тоа што си морала детето да го оставиш кај неа,и не се замарај каква и да си пак ке бидеш зборена така да за тоа биди опуштена.А за детето јас оретходно зборев за ова и ме нападнаа форумџики за тоа што кажав дека тоа им е обврска како баба да го причава кога треба.И мора да го причава секако ако е во можност ако не е и она на работа.Ама ако е дома и цел ден по комшии е тогаш мора да го чува.Ниту ти ниту тоа дете сакате да е болно се случило деца се ке чуваш бе жено.Ти детето неможеш на работа да го земеш или у кола да го оставиш да те чека бог да чува.Ненормална работа.Знам дека ти е паметот таму кај детенцето и таму нека ти остане а за неа не се замарај во никој случај ти нема да бидеш добра за неа.Така да сврти си ја капата свирка си и терај си по свое,секако ке те збори.И немој да си помислила дека си лоша мајка што си морала да го оставиш кај неа мораме да работиме тоа е факт за тоа дете работиш и ствараш уживај не се замарај за неа не вреди.Со помин на анѓелчето
Свекрва ми ставаше крпи под цедалката хаха, полесно е да се исцеди цедалката од вода отколку крпа упиена со вода, па зимно време како што не се сушат буѓосуваше крпата и смрдеше. Јас ќе ја истискам, ќе ја пружам да се исуши па ќе ја исперам, она друга крпа ставила, а бе нека става ама треба таа крпа да се цеди не да се усмрди и да буѓосува. А за леб и јас јадам се без леб, освен нешто месено ако јадам, инаку манџи се без леб јадам, само ако одиме негде може 2 залака од фурнаринките да каснам или дома ако имам. И свекрва ми ми вели јас сум го научила мм да не јаде леб. Па не е дете да го учам, нека јаде ако му се јаде, мм само ќе мацне тоа од шопската 1 кришка и толку. "Ете ти го научи без леб" ми вели. Сите му велат се поправил, само мамичка и дадичка му велат ослабнал, изгледа не го виделе порано коска и кожа беше, сега таман си е, им велам па зар 100 кила треба да биде. И сега кога одиме за викенди јас си носам ручек и салати, свекрва ми ми вели "што си носела, не го јадете тоа, еве направи месо заедно ќе јадеме". А и јас и мм не сме многу по месо, јадеме кртина не мрсно, поготово сега на топлово. Сакам да кажам иако не се гледаме пак се меша. Или кога не бевме мкд кога ќе ми се јавеше ме прашуваше што имаме за ручек, ќе и кажев, и она "еее па подобро ова да си направила, дали ќе јаде од тоа", сега не и ни кревам, еднаш така ме праша што сме јаделе, и велам се договоривме да не готвам дома, да јадеме по ресторани, ааа многу скапо вели.
А замисли ме мене во кука мие.Неможеш да замислиш за жалење сум жими се ама ете пусто ке седиш и ќе трпиш.Ама господ е голем јас верувам во него работиме печалиме ама ете не е доволно за да си се тргнеме на страна не останува ништо за на страна за жал.Дете колку поголемо толку поголеми трошоци не се издржува со минимални плати тешко многу тешко.Некој ке рече леб и сол ке јадам ке искочам под кирија.Да јас ке јадам ама дете несака да јаде треба да се школува,треба да се облече девојка е веке 15 години е си сака да си искочи,сака да си се облече не е така плукни залепи.Не е лесно со се тоа да искочиш на крај а за стан не сме моќни така да седи си ќути си она си збори,ти само климај со главата и терај си по свое.Друго чаре за жал сега за сега немам
Па и ние сме во иста куќа, живеевме во заедница, па си го направивме спратот, ама сега поради работа седиме кај мајка ми во Скопје, мм е од помал град, и ме нападнаа како не сум спечалила за стан, па мајка ми куќава со огромен двор освен на мене нема на кого да ја остави, а од друга страна истите пишуваа дека ќе им купат стан и на ќерки и на синови, а од друга страна не напаѓаат што сме наследиле од родители. Па родителите се мачат за тие деца, ако не им помогнат родителите, сигурно нема комшиите. А и киријата не е тоа тоа, исто нервози, вака од свекрва, под кирија да мислиш месецот како ќе платиш, и може на газдата да му текне да не го издава станот па ајде селете се. Или станбен кредит, па да мислиш да го плаќаш неколку години, мирот нема цена, ама еве тие што имаат од родителите зошто да се заглавуваат со кредити. Има некои ќе им купат стан на децата и не одат без најава, а има и децата сами што ќе си купат па се тупнуваат без најава, познавам многу такви.
Имаш луѓе скроз неодговорни за нивно здравје. А свекрвата е крива зашто зашто од инат кон мене му писка на маж и дека немало потреба од преглед ништо не му било. А свекор ми си игра она како му свири. Чим ти веќе имаш таква моќ да контролираш некој, барем упати го на прав пат.
Eве пример ние сами си го купивме станот уствари моите ми помогнаа нема да лажам ,па пак доаѓаа свекорот и свекрвата ненајавени ,сега среќа жешко фати ги нема
Не им одговара тоа дека сте кај мајка ти оти неможе да доаѓат таму и да наредуваат и да ти кинат живци , затоа.
Точно, и тоа им смета, ем тоа кај нив било наше, ем сакаат они како што сакаат, е нема, нека си седат сами сега. Ооо колку ми е мирна главата без нив, за викенд кога одиме па одвај издржувам 1 саат со нив, замараат да одиме доле, не не виделе, па еднаш сред недела отидов сама, имав мајстор за ролетни, уште свекорот ми вели "кога ќе пиеме кафе", јас на шала му велам "кога ќе свариш", па срамота демек што сум му рекла така. Јас му реков па ние Скопје седиме, нема од таму кафе да носам, наместо да ми понудат, они од мене бараат што не седиме таму. И пред да ме нападнат дека не ми се должни кафиња да ми варат, да си кажам, не, не ми се должни ама ниту јас сум им должна, така иде зборот дека јас само дојдов поради мајсторот и одма си отидов, нема кафе да купувам за 1 саат кога Скопје седиме.
Те сфаќам скроз. Ако одиш на работа несовесна си + зависиш од свекрва. Ако земаш денови/ боледувања специјалните колешки се осеќаат навредени. И најтрагично е што вакви одвратни осуди само од жени доаѓаат. И немаат поима зошто немаат деца. А и кога ќе имаат, дај Боже да им е се погодено, зошто ако малку се самокритични и им се случува се што осудувале, сигурно ќе им биде многу лошо со сами себе. Ама не верувам, тие и тогаш ќе продолжат да бидат специјални и безобзирни. Еве и јас се испукав. Се ќе помине .
Не фаќајте кусури жени, гледајте да си го олесните животот, кој што кажал од едно влегло од друго излегло.
По муабетот свекрва ти е сигурно над 60 години.Така претпоставувам ,зошто повеќето од тие генерации се со такви навики,вклучувајќи ја и мајка ми. И таа ги цеди тањирите на крпа,дури се трудев да и објаснам,ама не ,не од инат туку убедена е дека така е најдобро,а иначе има цедалка ама нејзе веднаш така и се сушеле Исто од таа генерација обожаваат да перат на рака ,гаќи од 30 денари да прикрпуваат,антибиотиците се број еден лек за се.Јас долго морав да се објаснувам на свекор и свекрва на нивното прашање како педијатарот не дал ништо да му олесни на детето,а тука не спаѓа ц витамин,електролит ,туку исклучиво,реглан ,антибиотик,итн. Тие се вкоренети навики кај нив и не можеш да ги промениш,па макар на глава да одиш. Затоа најдобро не објаснувај се ,зошто тие пак ќе си тераат по нивно а тебе ќе те боли главата . А и заборавив ,мајка ми и мете на тепих во последно, тешка и била правосмукалката наводно ,ама ете со метлата одма се зачистувало.Господе боже.
@Dilajla123 Свекрва ми садови мие на рака, а свекор ми и купи машина за садови зашто само кукаше дека прстите и се укочиле од миење. И еве ја цела кујна со крпи и наредени садови. Она додека ја редела машината за истото време ќе ги измиела И после почнува: Оф прстот ме боли, оф спондилозата, оф шилците, оф сколиозата Триста дијагнози си има дадено сама, на доктор нема идено. И го давам бебето за да одам до вц, ми вика не можам да го земам од спондилозата Ако знае што е спондилоза… Лекот за досадни свекрви е омилениот син/ќерка да добијат бебе Автоматски цело нејзино внимание оди таму и нема да ви се појави дома, не прашувајте од каде знам