Зошто ти на маж ти ќе му простиш а твоите родители никогаш.Ако ништо друго ќе се смени целиот однос и атмосфера.
Значи ние жените на мамичка може да се жалиме, ама мажот веднаш е мамин син. Не зборувам за споделување секоја ситница и секоја кавга, ама има работи што заслужуваат да бидат кажани. И зошто право се фативте за изневерување? Изневерување ни јас не би споделила, но не е само тоа проблем во бракот. Еве пример во странство сме, и имаме спротиставени мислења за понатамошен живот. Едниот не е задоволен и сака да се врати, на другиот му е добро. И тоа носи незадоволство и проблем во брак. Зошто да е забрането да зборува со неговите и јас со моите и да слушнеме мислење од најблиски. Родителите не се тука само за веселби и убави моменти. Напротив, тука се и да ти се најдат во тешки моменти. Ама океј.
Женските и да и се пожалиме на мамичка, таа сигурно нема да оди по зетот да прави "буцки" и да му кажува се што греши за инат, за разлика од свекрвите што душата би ни ја извадиле за најмала караница па макар и ние биле во право. Точно е дека родителите не се само за убави моменти, нормално е да се пожалиме. Но мислам дека кај сверквите кај нас се уште доминира менталитетот од старо турско време.
E браво за ова, колку е само точно, исто и кога ќе кажат дека снаите со мајките така не правеле како со свекрвите, па јас на мајка ми знам и да ја испокарам, а свекрвата одма ќе се налути и ќе се пожали на синчето, тоа е таа разлика. И разликата помеѓу жените и мажите е тоа што ние жените им кажуваме на родителите ако згрешат нешто за разлика од мажите, да не се нервира мама, а нашите мајки ако се нервираат.
А ако си зела боловање па ќе рече- јас сум дома она боловање зима, не и се работи нејќе на работа да оди. Или полошата варијанта нејќе да ми ја остави мене. Така да како и да правиш не чиниш, само ти не си ставај рана на срце. Аха викај климај и од едно влегува во друго излегува.
Никогаш не се споделуваат такви проблеми со мајки, татковци. Се споделува ако те малтретира некој и сакаш да го оставиш оти ти треба поддршка, ама рандом трзавици ми рече-му реков не гледам причина на никој да се зборуваат искрено. Прво фамилијата не е објективна, нормално е мајка ти тебе повеќе да те сака од него, и обратно. Второ, секој човек и секое семејство си има свои гледишта за "како треба". Баш тоа е и проблемот со свекрвите кога се живее во заедница: моето воспитание и сфаќања за "како треба" се разликуваат од на свекрва ми сфаќањата "како треба". Е сега, да седнам на мајка ми да и' оправам глупости за партнерот што се расправаме, не сфаќам зошто би. Што и да е, бракот е меѓу двајца. Трет ако треба за совет може да е брачен советник, а не некој што апсолутно нема да е објективен. И на крај пример, јас ќе му простам ете што и да било, ама мајка ми нема да заборави баш. На форумов затоа на многумина не им се допаѓаат мислењата, пошто се пообјективни него што би кажал родител или другарка. Бракот е меѓу тие што го склучиле, толку. Додавање мајки и шајки може само да ги зголеми трзавиците. Мене лично апсолутно би ми било major red flag партнер да се советува со мајка му околу проблеми со мене. Не сме во школо па родителите да ни ги решаваат проблемите.
И како ќе ти помогнат родителите да одлучиш што да правиш со сопствената иднина/брак? Никогаш, ама никогаш не би ги ставила родителите во таква позиција. Кога се разделував со бившиот, иако беше очигледно дека има проблеми, мајка ми си осети, мајка му си осети, мајки се, си ги знаат децата - до дента кога официјално беше крај ништо не знаеа. Ни сега не знаат, за негова страна не знам колку кажал или што кажал и не е веќе мој проблем, ама моите знаат само мал дел од целата слика. Ако е само за еден човек (ти) океј, прашај ги, ама пример со сегашниов еве. Јас не сакам (се уште) да си одам од Македонија, тој не сака да живее овде. Како ќе ми помогне мајка ми? Можам да ја известам за конкретна дилема, ама вака опширно ај најди ми чаре зошто ни еден не е спремен да се отсели. Товар е, и тоа непотребен.
Има исклучоци, мојава свекрва на зетот му се тресе, сите ми велат повеќе го сака од мм (од син и) и стварно така изгледа.
Не дека повеќе го сака така се поставил, треба од старт граница до каде можат и кажување дирек што ти смета. Тогаш многу повеќе ќе те почитуваат.
Не е забрането да се разговара, пожелно е да не се вклучуваат во носењето животни одлуки. Ако толку ви значи нивното мислење, во ред е заедно да разговарате и да слушнете нивни став, а советување секој посебно мене ми е нон сенс. И шо ако твоите те советуваат едно, неговите друго, чие мислење е позначајно? Море и какви тешти има што прават буцки, десет свекрви не им се рамни. Можда не зборуваат пред зетовите, ама позади нив пробуваат на ќерките да им наметнат нивни став, оти според нив така треба.
Сама се смеам. Како пророчица си Само што ми се јави ‘Јас ви се понудив ама сега размислив, ќе им требам на ХХ (другиот син и снаа) ама ти секако се снаоѓаш супер на одмор со децата’. Оф боже
Секако дека никој не може да донесе одлука за тебе. Не реков да ги прашуваш што да одлучиш, туку ете, едноставно да се искажеш што те мачи на некој. Ете и ти самата си спомнала дека ќе им кажеш за ситуацијава. Мене ми е подобро да се искажам отколку да чувам во себе. Така ми е потешко. Сепак сите сме различни, и секој одлучува што и колку ќе сподели. Ама верувам дека повеќето разговараат со своите родители, ама кога маж им тоа ќе го направи, тогаш не чини. @IRBBB зошто да не смее да зборува секој посебно? Значи ако некоја тема го засега и дм морам со моите да зборувам само кога сум со него? Нема тука поважно мислење, ниту пак некој друг треба да одлучува за вас. Веќе спомнав што мислев, а тоа воопшто не беше барање решение на проблемот. Ако нешто ме мачи и сакам да се искажам ќе се јавам на мајка ми или сестра ми. Исто и тој може да се јави и да се жали на мајка му и брат му. Тоа е се. Да се едитирам уште еднаш. Се надоврзав на коментарот “до толку да е да сака да сподели, тој се викам мамин син.” Еве мене не ми е јасно што има лошо во едноставно споделување.
Бевме разделени повеќе месеци со маж ми, поради наши бубачки, немаат врска родители. Со неговите и пред тоа имав однос со поставена граница затоа што не се ок. Едно здраво ако се сретнеме во двор и кафе еднаш месечно ама многу, многу добро ме познаваат. Маж ми слично, малку повеќе контакт зошто сепак родители му се. Живеевме во иста куќа со нив, на горен кат, бевме буквално како соседи во зграда. Се смируваме со маж ми и решаваме да си купиме куќа. Од местото кај што бевме искрено ми се повраќа, две бремености изгибив таму, се разделивме таму, некако како да е насобрана цела негатива таму, како да нема спокој. Не се занесувам јас, маж ми го осеќа истото. И иде јакото. Ми се јавува мајка му да се видиме. Сме немале таков однос, знаев дека не е онака гледањето ама си реков може сака да ме праша нешто за нас, мајка е, загрижена е Ми вика знаеш ли зошто те викнав, јас оклештена се заебавам и викам ти фалев Створењево, мртва ладна ми вика, цитирам: Да те научам како се чува маж и куќа. Повторувам: ДА ТЕ НАУЧАМ КАКО СЕ ЧУВА МАЖ И КУЌА. Плус настрвена да се караме. Во прв момент почнав да се смеам од шок, втор момент се прибирам сама себе да не ја залупам тука на маса, а она цело време збори (се кара) ама не ја слушам што, изгубена сум, лебдам. Не ја удрив ама и наредив мајки шајки, све по пропис што заслужува таков дебил. И реков да ме погледне убаво зошто ме гледа последен пат. Не му била некоја мајка за пример, а имаше почит од мене. Е сега ќе има клоца у гз ако ми се доближи. На маж ми му се жалела не сакала така, не мислела така и слични плачипичкарски муабети што нема да и поминат кај мене. Чисто за пример, нека си стои вечно на гугл