Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Не дека вие не ја сакате со вас, таа не сака да ве дружи. :rofl:
    Една е, жими сѐ, на глас се смеам. :D

    Не реков не смее, секој си функционира така како што мисли и знае.
    Претходниот пример шо ти го спомна за мене не е споделување на некоја мака. Живеење/отселување од странство е животна одлука шо јас лично можам да ја донесам само и само со мојот партнер. Тука ни мислење од други не ме интересира, а ако веќе ми е валидно туѓото мислење зошто да не би го слушнала од двете фамилии? Зошто насамо советување со мајка ми или со мајка му? Пак ќе речам, шо ако еве маж ми и неговите сметаат дека треба да живееме во странство, јас се двоумам не ми се оди, а мајка ми мисли дека е подобро да останиме тука и ми дава милион причини за да не одиме оттука?
    Споделување на мака од типот 'мамо тешко ми е, не можам да стигнам еден ручек асолен да направам' и 'мамо која кола е подобро да ја купиме' мене не ми е исто.

    Првичното прашање на Елена беше за споделување на брачни проблеми и барање на мислење/совет од мајка/родител. Јас не сметам дека проблемите во бракот треба да излезат надвор од него, освен ако се бара помош за спас ко шо рече Камелија. Лично пре би побарала совет на форум каде би добила објективни мислења од различни карактери, отколку од близок човек шо ем е налик мојот карактер (штом ми е близок, значи имаме слични размислувања), ем ќе биди пресубјективен и да, никогаш нема да гледа со исти очи на партнерот како претходно.
     
    На Gosh, *Amethyst*, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    11.772
    Пол:
    Женски
    Ама не ме разбираш. Ајде да се повторам. Не мислам на ситуацијата со селењето во смисла да ми кажат што да правиме.
    Веќе кажав, не барам мислење и одлука.
    Можам пример да кажам “ маж ми не е задоволен овде, постојано е нерасположен, дури депресивен, сака да се врати, а мене ми е супер. еве не знам што ќе се случи до нас, ама ептен тешко ми паѓа целата ситуација.”
    Значи не барам да застанат на ничија страна, ниту да ме советуваат. Дали ние ќе се разделиме, или ќе најдеме решение е наше. Едноставно споделувам како се чувствувам.
     
  3. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Буквално ги внесуваш ви приказната како да не се мешаат после како да не прашуваат или да пробаат да решат проблем на нивни начин? Кога некој не е во добри односи со некого тоа си е меѓу нив небитно дали се другарки, комшивки или сестри.
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    И навистина мајка ти или сестра ти после овој муабет нема да ти кажи ништо, само ќе те ислуша и толку?
     
    На Gosh, *Amethyst*, Erika.greeneyes и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    11.772
    Пол:
    Женски
    Нема да молчат сигурно. Очекувам разговор.
    Може ќе ми кажат дека го разбираат и него, бидејќи е далеку од дома. Може ќе ме поддржат мене целосно. Може пак ќе кажат дека би било убаво сепак да сум им блиско. Не можам да бидам сигурна каков разговор ќе водиме, сигурна сум само дека нема да ми влијае на одлуката.

    Дали сериозно вие со вашите не разговарате за вакви теми?
    Се жалите само од работа, време, ручек?
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.223
    Допаѓања:
    189.389
    Многу зрело мислење.

    И баш ради тоа погоре од Камелија, дека е товар, кој никому не помага, не споделувам. Никогаш откако сум во брак, не сум споделувала. Откако се иселив во странство па ич, дури ни за здрави, болни, збор не кажувам. Пошто ќе се нервираат. Ќе солат памет. Ќе не мислат. Најцрни сценарија ќе напраат. И баш никако не може да помогнат. Не би да им правам дополнителни грижи, доволно направиле што не пораснале во свои луѓе, кои можат да се носат со своите проблеми.
    Е, за свое дете да зборам, рано е, пошто е далеку од самостоен човек. Ама секако не е за таа перспектива прашањето, па ќе видиме што ќе каже времето.

    Ова мислам, само моја перспектива, можеби твоите не се бед-трип креатори и се корисни слушатели, ама по мое скромно мислење, мајка е многу често бед-трип креатор, пошто се грижи. И така.
     
    Последна измена: 11 август 2023
    На *Amethyst*, CameliaMiller, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам дека овде е несоодветно да се споделуваат семејни проблеми или да се бара мислење за истите. Скоро никој од нас не е анонимен, лесно може да не препознае човек кои сме, особено ако некој колку толку не знае од приватен живот. И после небитни луѓе од градов ќе знаат мене по дома што ми се случува. А на темава се споделуваат пикантни детали, приватни караници итн. Па утре некој од фамилијата на партнерот да прочита и да се пронајде себеси во некој пост. Тоа едно. Друго, мислењата колку и да не се пристрасни, се дадени врз основа на една ситуација, којшто открива само мал дел од приказната.

    За споделување со родителите, се согласувам дека треба да се биде внимателен. Може да е мн незгодно, ама мн зависи и од конкретниот проблем, а и од карактерот на луѓето. За да споделам пример дека ми е тешко зошто и мојот партнер поминува низ тежок период, не гледам ништо лошо. За некои бенигни проблеми, знам дека нема да го гледаат со лоши очи после тоа, зошто се свесни дека и јас не сум секогаш цвеќе за мирисање. А ќе остане секако меѓу нас.
     
    Последна измена: 11 август 2023
    На elenaklasik и Космонаут им се допаѓа ова.
  8. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Јас па на свеки и кажувам кога ме нервира син и' :?: :swear:
     
    На Discovery, tanjita и Осе им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.352
    Пол:
    Женски
    Иии...го оправдува ли?
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Не, не е од тие мајки што мислат деца нивните деца се совршени.
    Секогаш се труди да е објективна и правична спрема двете страни.
     
    На Ouravanture, Gosh, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Не, не разговарам пред да донесам некоја голема одлука. Само споделувам кога е конечно, секако нешто шо треба да се сподели, не сѐ.
    И во принцип никогаш не им се жалам за ништо, ни за работа, ни за ручек. Разговараме на општи теми, освен ако има некаков проблем за решавање шо не засега и мене и нив.

    Ми се доверува и жали мајка ми, ама искрено шо ако кога сме потполно различни карактери, јас ќе ѝ кажам мое мислење шо секако нема да го прифати, на крај јас само ќе ја мислам и ќе се нервирам.
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    11.772
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata @IRBBB

    Всушност тоа е и проблемот не само на темава, општо на форумот.
    Секој тргнува од себе, како тој постапува и би постапил, па некако му е чудно различното кај другиот.

    Еве јас не разговарам само на општи теми со моите. Им споделувам речиси се. Некогаш се нервирам кога ќе почнат со нивните прашања, па ќе прават пресметки, па ќе ти се секираат. Сеуште сум немала ситуации на ептен големи проблеми и болни теми, па не знам, можеби и би ги поштедила.
    Кога ќе ја погледнам ситуацијата од страна на родител, иако сеуште не сум, дефинитивно би сакала моето дете да разговара со мене, можеби ќе имам грижи, ама подобро да знам што го мачи, отколку да гледам дека има нешто, а не знам што. Бидејќи кога нешто се случува, се познава, а посебно би те осетил родителот.

    Како и да е, не е важно кој споделува и дали треба. Секој одлучува за себе, можам јас да не споделувам ништо, ама не можам на друг да му кажам да не го прави. Без разлика на пол. И не, не значи дека еден маж е мајкин син само затоа што споделува со неа.
     
    На Spicy Senorita, see.emily.play, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Епа вака... ајде поубаво да појасниме: 1. Значи проблем, каков проблем? Со жена со дете со нив? Или глупости како еве не ги измила садовите, ги остава чорапите
    2. Колку години е детето ? Колку родителот? (Значи на 40години не прифаќам на 70годишен да се кажува било каков проблем)
    3. Па еве и помлади, значи своеволно стапиле во брак било каков проблем исклучиво сами да си го решаваат (зошто грижи на родители, нема потреба)
    4. Е сега мешање на баби и жаби после стапување во брак секој има свое искуство
    Стојам зад тоа дека мажите се понежни (Мамини синови) еве мојот за пример: се слуша со мајка му и шо муабет ќе и направи детето кашла, детето ќива има запек, сум настинал, прстот ме боли итн. И оваа од таму напрај гаргара, мачкај сапун, чај од ловоров ( а што да каже 62 годишна?)
    Можеби моето искуство ме натерало да размислувам вака.
    Имам дете не несакам да ми кажува ситни работи, сакам да е самостален исто и еден ден ако имам ќерка ( Поголем проблем? Да секако ќе бидам од помош-пред се нели ги воспитуваме да немаат проблеми како остави се врати се не трпи ќотек и слично.
     
    На Ouravanture, Anyshka, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Можам да пишувам како јас постапувам/би постапила, не можам да кажувам за другите. И воопшто не ми е чудно шо има различни размислувања или постапки од моето, сите сме различни луѓе со различни карактери и функционираме на различни начини. Реков и претходно, секој прави така како што знае и мисли дека е најдобро.

    И тоа е во ред, до моментот кога тоа што за мене е најдобро го повредува партнерот и обратно.
    Не ми смета мене да е близок со неговите, ниту пак мислам дека тоа е одлика на мамин син, ама би ми сметало ако на пр сме во финансиска криза или за одредена работа ни треба поголема сума на пари, наместо да разговараме ние двајца и да одлучиме што е најдобро да направиме, тој да разговара со мајка/татко/сестра/брат, сеедно и да седни на маса да разговара со веќе решен "проблем" на друго место, па макар и идеална било тоа решение. Тоа ми е одлика на незрел човек, не на мамин син.

    Од друга страна, постојат парови шо функционираат отворено и со едните и со другите родители или само со едните и супер им оди. Има парови што не се во добри односи со едните или и двата пара родители. И како може да е во ред споделување на информации со неговата мајка, ако неговата мајка е една од свекрвите за кои што се пишува страници наназад-мајки што не ги почитуваат и ги газат снаите?
     
    На CameliaMiller и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    12.747
    Пол:
    Женски
    Не споделувам ништо од нашиот брак ни на родители, ни пријатели, на никој. Прво, не сакам да си ја вадам интимата, второ никој освен ние двајца не може да ни го реши проблемот, а и не сум од тие луѓе што ќе им олесни откако ќе кажат туку откако ќе го решам проблемот.

    Една од лошите работи што не ми се свиѓаат откако ќе го споделиш проблемот е тоа што не завршува тука. Те мислат блиските, пробуваат да ти најдат решенија, ѕвонат и доаѓаат, прашуваат до кај си со проблемот, што сте збореле итн, значи веќе си дала free pass да ти ги поминат сите граници и да ти влезат во приватност. Од таму нема назад.

    Исто, не сакам баш и да сум од другата страна. Мислам скроз ми е ок блиски да ми се пожалат, ако можам ќе помогнам ама не сакам кога туѓ проблем ќе ми се наметне како мој. Не сакам луѓе што стално се жалат, кукаат, а ништо не прават да си ги решат проблемите и мораш секој ден да им ги слушаш жалопојките.
    Имаме таков пар во фамилија и баш е напорно секој нивни проблем да е глобален, сите да бидеме засегнати и да имаме удел, сите мора да помогнеме, да се вмешаме, жити таквиот брак.

    Јас сум многу субјективна за фамилија и сите околу мене го знаат тоа. Сестра ми еднаш да ми се пожали од дечкото, јас одма заземам одбранбен став и сигурно дека нема повеќе да го гледам со истите очи. Не можам да бидам секогаш објективна, па затоа и ретко слушам туѓи поголеми проблеми освен ако веќе не решиле да прекинат.
     
    На Kom.pot, Gosh, *Amethyst* и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.223
    Допаѓања:
    189.389
    Exactly:lol:...ама скроз истото:D. Едната-давај лимон, другата-врзете црн пипер на грлото. Ааа, голо шетало детето, ич не се пазите:|. И ај после смеј кажи дека некој е болен. Ноуп, сите сме здрави, прави, и ништо не ни фали. И сите среќни и весели:mm:
     
    На CameliaMiller, see.emily.play, winnie02 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    11.772
    Пол:
    Женски
    Темата започна од коментар младите да не споделуваат ништо и ако маж споделува е мамин син, а не од конкретна ситуација со маж кој споделува со свекрва која им прави проблеми.

    Споделувањето зависи од ситуација до ситуација, тема и карактер на личности.

    Нема повеќе да се повторувам, и онака се вртиме во круг.
     
    На elimkd и IRBBB им се допаѓа ова.
  18. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Јас го пишав тоа да не се споделува ама нигде не реков дека мажот не треба да кажува на мајката туку тоа е осет шо треба да го имаат двајцата. И мислев за секојдневни глупости. Не мора да знај мајка ми или сестра ми дека мажот ми не го фрлил ѓубрето вчера или дека се вратил во 2 ноќе и после сме се контрале за тоа. И не се сите свекрви вештерки. Ако и кажам со самото тоа што ќе ми сугерира едно решение или сто може да ме изнервира
    Едит: би ме нервирало тоа оти не сакам никој да знај дома шо ми се случува а ни јас да му знам на некого. Ако ми се отвори некој за проблем претпочитам да е некоја ултра сериозна ситуација оти инаку шо совет можам да му дадам некому? Не е згодно
     
    Последна измена: 12 август 2023
  19. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.605
    Пол:
    Женски
    Последново, ако станува збор за насилство (физичко или психичко) во врска/брак, зошто да не споделиш? Ако имаш мобинг на работно место, ако имаш шеф што те манијачи, зошто да не споделиш? Ако имаш депресија/анксиозност поврзана од истото работно место, зошто да не споделиш?
    Ова ме потсети на друго мислење, една членка пишала овде после 18 години, синот или на работа или клоцата. А, ако нема работа? Бездомник?

    Јас ваквите луѓе никогаш не сум ги сфаќала. Креираат деца/семејство, ама се надеваат дека цело време ќе биде како од бајките. Немој проблем да си кажал, да ја срушиш приказната. Не сакале тие проблеми да слушаат, а во исто време форумов за тоа го користат. Оти се нема на кого да се кажи, тажно и жално. И на крај краева, што кажи ми ако некој те препознал? Има некој совршен човек, нечиј совршен живот? Тешко нас, ај да си патиме во тишина.
     
    На LanaDelReyQueen, steela.honey и Angella7 им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.940
    Допаѓања:
    45.506
    Пол:
    Женски
    Споделуваме што е за споделување, болести, здравје, прошетки, некои проблеми на работа, новости, планови, цели и мислења на одредени теми, посебно во врска со одгледување на дете, не споделуваме во најголем дел, . Некои работи се да си останат меѓу двајца партнери и не надвор од бракот. Посебно не сакам да споделувам кавги или да го кудам маж ми пред мои и негови, ниту тој мене, може некогаш ќе ми се испушти нешто ако ептен сум нервозна ама глобала гледам да се контролирам.
    Не сакам да ги загрижувам со мои проблеми, доволно имаа свои. Сега е време на радости и уживање со внуци, проблемите ги држам особено подалеку оти не сакам да ги стресирам.
     
    На Gosh, Гладиоли, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.