Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Нема да им кажам за ситуацијава, т.е. ја знаат само мојата страна само (јас не сакам да се селам од мк сега за сега). Понатаму ништо не дискутирам.

    Оваа ми е "млада" и врска на далечина, претходната ми беше далеку посериозна, неспоредливо, живеев со вереникот, ништо дома немам споделувано. Не ни мислам дека сум требала. После се', нормално ги интересираше, пак не споделив се', никому немам споделено се'.

    Реков, ако е насилство во прашање и слично, апсолутно треба да се збори, меѓутоа за работи кои се трзавици и решливи, се решаваат или не се решаваат само со партнерот, ни со мајка, ни со другарка.

    Колку повеќе луѓе ќе вмешаш во проблемот, толку помалку ќе најдете решение и компромис вие двајца.

    За ова па со здравје, ај на моите не можам да им скријам баш многу оти се гледаме, ама на баба ми и' кријам се'. Ни болна, ни ова, ни она. Поима нема и не ни сакам да има. Ниту може да ми помогне, освен да ја стресирам беспотребно, нема ништо друго да се случи. Кај неа здрава, жива, весела - и на неа тешко и' објаснив што/зошто се случило, среќа не е таква да навалува, прифати со две реченици и ден денес не прашува. Знае дека имам нов човек, знае како се вика и од каде е, ама толку.

    Ова исто така.
    Не може мајка ми да ја прашувам за решение за проблеми кои пред се', поинаку од мене би ги решила.

    Второ, од мое искуство зборам, огромни проблеми паднале на мој и негов грб, на моите не сум кажала затоа што ние сме ги решавале, некои никогаш не ги дознале, некои отпосле ги дознале.

    За некои работи дознаа после разделбата затоа што морав да им објаснам зошто сум во лоша финансиска ситуација (неколку месеци ми помагаа финансиски, дур се стабилизирам), тоа се работи кои немаше никогаш да ги дознаат да не бев толку финансиски лошо или да бев со него.

    Некои караници, кажани и направени работи (од моја и негова страна) не ги знаат, за некои работи еве 2 години подоцна уште не можам да зборувам затоа што чувствувам и вина (за мои постапки) и срам (за негови).

    Најмалку што можев го "оцрнував" пред моите, тие самите тешко прифатија (и неговото семејство исто, не само моите), БАШ затоа што знам дека и мене ме сакаа тие, и моите него. Немаше зошто + да отежнувам.

    Само една ситуација ја памтам и таа ситуација толку ме скрши како ништо друго искрено, уште бевме заедно тогаш (иако веќе се осеќаше дека имаме проблем), едно сабајле пред работа гадно се скаравме, ама гадно. Се запна да и' се јави тој на мајка ми, само за да го смирам да не се јавува тој се јавив јас, да и' кажам дека некое време ќе сме разделени.

    Ме скрши затоа што не се разделивме тогаш, јас не бев способна тогаш ментално да ставам крај, ама сфатив дека ме смета за дете што си го чува, па ќе си оди кај родителите. Попонижена не сум била никогаш.

    После објаснив на мајка ми зошто во 8 сабајле се случи што се случи, меѓутоа за мене беше најболното нешто во цела таа болка (обострана) која траеше со месеци.

    Што помалку знаат, помалку ќе ги боли. Барем во нашиот случај, мене секогаш ќе ме боли за одредени членови на неговото семејство што сум ги сакала како свои и стојам зад тоа, како што и нив и ден денес ги боли. Секое јадење бубрези за мене пред тие личности, да, и нив ги боли.

    Едноставно не им стварајте непотребен стрес и болка на луѓето, посебно ако ви е само за да си ја испразните душата.

    За тоа го имам психологот (цело време) и другарка ми (отпосле), додека бевме заедно ниту на неа не и' кажував пикантерии итн.

    Исто и ова, само случај од негово семејство беше, цел прљав веш на маса, мајки, татковци, браќа, сестри... сите вмешани. Во целото тоа јас само му викав да НЕ се меша и да се трга на страна, пошто они се тепаат, се колат, се убиваат ама не се разведуваат и нема да се разведат. И не, не се ни ден денес разведени. А сите им ги знаат најгадните работи за двајцата.

    Имав колешка и јазик искршив да и' објаснам дека може да ми се жали од свекрва, золва... ју нејм ит, ќе ги оговараме. За маж и' НЕ. Затоа што сега ке*аш за него, а вечер ќе легнеш до него. Не ти е гадно после се' што си кажала? Не може пред мене, која сум никој и ништо, да ми расплинуваш детали од ваш интимен живот и да бараш мислење кое не ни сакаш да го слушнеш реално. Во тој период немаа деца, а според неа гаден брак, со насилство (од двајцата) и ме прашува упорно за мислење и ми прави да е и мој проблем. Еднаш само и' реков, јас мислам дека треба да се разведете пошто ти со него не живееш во љубов, живееш во војна. Ама нејќам да се разведам. Епа тогаш ќути и кога ќе сакаш, ако посакаш, ќе ти помогнам на секој начин. Ама секој ден да ме труеш како ти си го шлапнала, како тој те шлапнал и после лабаво идеш следна сцена дете правите... извини, не ме мешај и не ми збори.
     
    Последна измена од модератор: 17 август 2023
    На mal.ecka, Gosh, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Очигледно различно гледаме на мешање во проблеми и решавање на истите.
    Ете, едноставно сме различни и тоа е тоа.
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Се согласувам.
    Само имај на ум дека во даден момент и даден проблем ќе добиете различни совети од мајките, што ќе направи поголем проблем меѓу вас него тој што веќе сте го имале.
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Не најдов тема за зетовци, ама се надевам не смета... Дали е нормално зет да се однесува кај жена како да е дома? Ако го побараат на тел да каже дека е дома а не кај жената дома? Да бира што ќе јаде, да чека ручек од нејзините дома? И така опуштено да си зима работи, да спие ако му се спие? Да се распружи на кревет да гледа тв? (ме интересираат мислења, ако смета, нека се избрише...)
     
  5. Barby19

    Barby19 Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ако си ја наредил така, може :)
    @Ta-mara
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Да, не гледам проблем никаков. Како што не би очекувала жената да оди кај свекор и свекрва и да кува таму, да чисти, да пере, така не очекувам ни мажот кај родителите на жената да работи. Ако му се спие, нека спие, треба ли да дежура? Ако нешто не јаде, подобро е дс каже нејќам тоа, отколку да се направи јадењето, тој да не чепне и седи гладен.

    Отворена комуникација е многу битна ствар. Ако тебе пример ти смета да ги прави тие работи, кажи му. Се е ствар на договор.
    Јас имав мака со сопругот додека го натерам да се чувствува кај мене како дома.
     
    На *Amethyst*, Гладиоли, Mic18 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    23.197
    Пол:
    Женски
    Еве мм е многу опуштен кај моите и со нив е како со другари. Обострано е. Обожава да идеме таму, дури ми вика јас повеќе те терам да идеме отколку ти ( далеку од тоа дека не сакам, ама кога ме фаќаат болки или сум разочарана од x причини несакам да идам да ме гледаат и да се нервираат).
    Е сега он не пребира храна ама мајка ми секогаш па и го прашува.
    Си легнува кога му се легнува , си зима ако му се јаде, не чека сервис од моите.
    Баш си е опуштен и си имаат преубав однос, како родител со дете.
     
    На Гладиоли, anggell, manako1 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    23.863
    Не знам ама мое мислење е дека ако веќе си доволно опуштен кај некого дома до степен слободно да спиеш или си земеш за јадење, океј е да се понудиш да помогнеш за некои работи. Пример те викаат за ручек, можеш да помогнеш за раскревање. Или на повеќе денови си отиден, можеш садови да измиеш, кафе да направиш итн.
    Не ми е пријатно мене некој да ме служи цело време а да не се понудам за ништо, ако веќе идам подолго време и ме сметаат за повеќе од гостин.
     
    На Gosh, Гладиоли, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Во ред е да се понуди, ама во ред ми е и да не. Јас пример се нудам секогаш кога сум кај неговите, доста често извршувам одредени работи, и сопругот исто кај мојте. Но, искрено, не сакам некој да очекува само затоа што ме пока ил на ручек, да му ги измијам садовите. Не сакам ни јас некого да викнам на ручек и да очекувам да ми измие тањири. Дури и да се понуди, ќе одбијам, не сакам мешање во штипки.
    Доста често помагам кај неговите, доста често сопругот помага кај мојте. На двајцата ни е кажано, отвајте фрижидер ако ви се јаде, правете што сакате, ова е и ваша куќа. Истите правила се и кај мојте и кај неговите, и искрено одлично функционираме.
    Некому не му одговара овој начин, некој функционира поинаку, се е до човекот и начинот на кој е навикнат.
     
    На Gosh, manako1, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    зависи од која гледна точка го пишуваш текстов, од каква страна од семејството, од очите на сопругата оваа опуштеност од страна на сопругот кај нејзините дома не би и сметала, но низ очите на нејзина сестра/брат/родители не знам, не би ме чудело да им смета зетот со неговото опуштено понашање
     
    На Anyshka и Skyler им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    23.863
    Види ни јас не очекувам дека МОРА. Ама лично ми е малце некултура да можеш лагано да легнеш да спиеш, да си земеш јадење кај некој дома ама ниеднаш да не се понудиш за помош за нешто.
    Ценам барем да се понуди.
    Мислам ако више се осеќаш ко дома, па и дома ваљда не ти раскрева све друг.
     
    На Gosh, Anyshka, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  12. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    2.894
    Јас кога би имала маж, искрено ќе кажам дека не би сакала да му е толку лабаво дома кај мене, затоа што денес кај мене, утре кај мои роднини и на што личи толку лабаво? Дом на жена не е и дом на маж, башка еве сестра утре ден и она кога ќе се омажи и маж и да дојде и он да си прилегне ко у хотел... Јас со маж би доаѓала два пати неделно кај моите, ќе се јаде тоа што има и тоа за проба а не ко да не видел, затоа што имам видено мажи кои на гости јадат ко да не виделе дома храна, не знам сите сме различни ама треба да се има некоја граница, мене не би ми било пријатно од моите, посебно реченицата еве дома, кое дома у на жена куќа? а утредента и на гости кога ќе идам со него, ако ти дошло до јадење и спиеш имаш куќа, спиј јади.
     
    На Anyshka, elimkd и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.461
    Допаѓања:
    32.537
    Пол:
    Женски
    Па маж ми се однесува како дома кај моите. А доста долго време му требаше за да каже "дома сум во Штип". За јадење ако има некоја баааш посебна желба си бара, онака е "сеедно, ако сакате и ќе порачаме". Ако мајка ми нешто има јадено кај нас што баш ептен го бендисала, маж го прави и таму :D За спиење, знае да си отиде во соба да лежи и да одмори, никогаш не се оптегнал пред моите. Секогаш се нуди да оди со татко ми некаде, или да помогне, иако некогаш и не му е по ќеф баш.
     
    На Noemi, *Amethyst*, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Резултат на нашава балканска (не)култура, нели зет како мед и слични глупости. Некој веројатно го научил на вакво однесување, па си се опуштил максимално. А под некој мислам на родителите на невестата. Едно е гостопримливост, друго е сервилност. Мене не ми е нормално, ниту оправдувам.
     
    На Гладиоли, Anyshka, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно, тој што се понаша така (како во хотел(јас така го сватив постот)) и дома исто се понаша. И не е убаво.
    Еве маж ми, не мие садови, ама ќе качи дрва, ќе направи кафе, косење трева, сам ќе земе да си касне нешто ако пропуштил доручек бидејќи повеќе спиел итн. ( И одиме на поседок една недела)
    Зет ми баш седи како гостин појден на гости, ама не останува ниту повеќе од 2 саати (и ова го гледам позитивно)

    И моите одлично ги прифаќаат
     
    На Gosh, Гладиоли, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    598
    Моите повеќе го сакаат зетот наместо мојот роден брат, кога и да отидеме кај нив за се им помага и му е кажано да се чуствува како дома, и да му се има случено да заспие пред тв никому ништо, ако имаш проблем подобро е да му кажеш како на пример јас сакам да гледам друго на тв те молам смени.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг се чуствува поопуштено дома кај моите,неголи кај неговите дома.Така да до луѓето е.Поопуштен е со моите,отколку со неговите.
    Гопрашав зашто,вели едноставно прифатен си...Не те замарат со глупости и не ти префрлаат.
    Не опуштен од смисла да си зима сам од фрижидер,ама лабав е.
     
    На Гладиоли, Miss666, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    13.070
    Пол:
    Женски
    Е како домот на мажот е дом и на жената, а обратно не важи?
     
    На Noemi, Gosh, Гладиоли и 14 други им се допаѓа ова.
  19. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Моите така и се поставија,да не се срами дека и тука е како дома.Маж ми тоа не го злоупотребил, во фазон да се растегне пред ТВ и да се понаша ко газда.Им помага за нешто..они на нам.Има и многу зетовци па што тоа си го сватиле дека имаат апсолутна слобода,и се прават над сите.
     
    На Gosh, Anyshka, kelly.r и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    23.197
    Пол:
    Женски
    Оти жената кај мажот е преселена и живеат заедно, а кај родителите се на гости. Ова е за тие што се во заедница. Јас барем така го сфатив…
    Мислам дека нема апсолутно ништо лошо во тоа мажот кај родителите на жената да се чувствува како дома. Мене оние мажиња што кога ќе отидат на гости кај родителите на жената ќе седнат икона и само тањирот пред себе го гледаат и едвај уста отвараат ме вадат од кожа.
    Пак ќе кажам, мм е опуштен ептен со моите и кај нив. Пример јас незнам ама он со татко ми си се договориле да идат во село. Или им текнало скара да прават, им помага со кречење, дрва , треба косење. Ако задреме во дневна после работа кога ќе идеме, не гледам да е нешто страшно. Ги почитува и они го почитуваат и сакаат како свое дете.
    Мајка ми уште кога бевме дечко и девојка му кажа, да се осеќаш како дома, те гледам како свое дете.
    Еве и јас кај неговите доле сум опуштена, ама од други причини несакам да се врткам и симнувам без причина.
     
    На Гладиоли, LiquidLuna, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.