Еве и ние сме во иста ситуација , буквално го колнат син им и нас ни го кажаа истото или името ќе биде така или одете на улица . Кумата и кумот незнам колку би ни помогнале доколку им се обратиме . Навистина сум во многу неубава ситуација . А да си одам кај мајка ми , тие дома нема да бидат во убава ситуација. Не сакам да попуштам , ама не сакам и да останам на улица .
Нема да останеш на улица, ве манипулираат и гледам им успева. Не дозволувајте друг да носи одлуки за вас. И штом секако сакате да се селите со маж ти што толку им се секираш?
Брее шо баба и дедо се тие шо би го исфрлиле внучето на улица за едно име??? Ете тоа ти кажува колку ве сакат и почитуват. Така да им кажеш. Кажи им и ако ве исфрлат никад нема да го видат ни син им ни внучето.
Без да навредам некого, ама ич не сакам ова имиња по свекор свекрва. Па така ако правиме се едни исти имиња ќе се вртат у фамилија. Јас сега да сум на твое место би ставила сосема десетто име.
Немате никаква опција за кирија? Ова е за селење под итно. Многу безобразно од нивна страна да ве уценуваат и да ве исфрлат на улица пошо нема да се фалат по комшии внукот чие име носи.
Да прочитав Кум дека паднал болен за името, ама свекор? Не е работата за попуштање... вие двајца договарајте се и еве помалку кажувајте на лугето околу вас. ( Кај нас свекрвата си имаше нејзин список со имиња јас си побарав од кумовите имиња, од кои го имаше нашето омилено, тек кога се породив го кажав, имаше испади исто ама побрзо се помири хахаха, а која фаца ја имаше една недела кога маж ми и кажа мајката си го бираше името боже секакпв народ) И што побргу застанувајте на нозе и уживајте, 90 % од младиве поминале низ слични ситуации. И што ппбргу научиш од едно уво влегло од друго излегло помалку ќе се нервираш. Инаку само кавги ќе ви прават.
Бебенцето си е ваша радост, ваше детенце, вие како сакате така ќе си го крстите, срам да им е на старите, какви се луѓе постојат не ми се верува, жално во каква ситуација ве ставаат
Не само што нема да го крстам по нив туку и нема да го видат. Ни мене ни детето. Дале куќа и ај сега душата да ви ја земат, ма нека се гонат со се куќа. Ти не биди наивна, нека не манипулираат со тебе. Во болница завршил ради името еј. И јас да го жалам?? Аха, важи. Ако умре, бог да го прости, не го уби ти. Сам си се угушил во сопствената мизерија. Утре бабата ќе умира зошто сака да го дои бебето ебате тоа болните умови.
Не знам каде да пишам па ајде тука.. Девојки. Мајката на дечко ми (сега бивш) не ме сакаше и жената пошо работи у полција отиде до екстремности да ги најде сите информации за мене и моето целосно семејство. Се чувствувам небезбедно, може нешто да се направи?
Како дозна ти за ова? Тој ти кажа, имаш доказ дека ти кажал? Можеш да ја пријавиш за злоупотреба на службена положба. Не знам искрено колку би успеало кај нас ако е заштитена како бела мечка од колегите, но можеш и треба да пробаш. Ако ништо друго нека го изеде срамот, само таквите ретко имаат срам.
Имам скрин од чат дека ми кажуе "веќе знам како се викаат сите кај тебе" никад не специфицира од кого уствари дознал ама мајка му работи на позиција за која не смее да кажува или прави нешто надвор од работата, така и е договорот. Значи не знам каде да се јавам и каде да пријавам.. само знам дека е во мвр негде.
prijavi_i_poplaki@moi.gov.mk Само прибери уште некој доказ, не ми се верува дека е доволно. Имаш ли некои закани?
А чекај и да дознала како се викаат сите, што може да направи со тие инфо? Дека е несаглам е, ама не сфаќам која би ѝ била целта
Синот и нејзин ми идеше дома во 3 сабајле нон стоп ама никаде не пријавив, а знам дека требаше. Не можам ни да доловам колку фамилијарно се отидени.