Lele ona ne da taktizira, znaci mislam i ne mozam da razberam kako mozat da postojat takvi luge!!! Prvo, koga dozna deka sum trudna, ne mi ni cestitase, ne daj boze da kaze nekoj ubav zbor boooozeeee.... Jas poinaku sum vospitana, sum rastela na drug nacin.... Do den denes iako sum bila galenice doma mozam slobodno da kazam deka moite NE SMEAT da pomislat da mi se zamesaat vo zivotot, i me naucile da pocituvam i takvi kako nejze....ama dzabe e sve.....I aj, ne mi smetase sto e takva si vikav ne se zamara so nisto, ama bar neka ne se mesa, a taa ne da se mesa......I ne mi kazuva nisto licno mene, nego ke go naceka maz mi (me mrzi vise da go vikam idniot ) i ke mu cimoli na nego, i toa ke zbori losi raboti, pritoa zalejki se od mene, a nema nikakva pricina da se zali, i mislam i jas imam brat i on ima devojka koja ke mu stane zena, pa na majka mi ne i doaga na pamet da pravi takvi gluposti, kaj ona ne go ni kupila ni plakarot ni nisto uste eden den pred da dojdam go napolnila be so gluposti...i kako da ne mislam deka e za inaet...Uste koga maz mi ke i kaze za toa ona cela zalna pa nemam ja kaj da gi stavam e sto sega da ne ke gi frlame.....Toa e glavnata poenta, sve sto jas ke si kupam i planiram da si kupam za doma, a ne pa za mene, e bezpotrebno frlanje pari (koi sami gi zarabotuvame i mozeme da si dozvolime)....SVASTAAAA ke me poludi ovaa definitivno....Uste pred nekoj den ja primetiv deka mi stoi pred vrata i ne prisluskuva be?!!!! PROSTOTILAK NEVIDEN I NECUEN.....Da ne napomenuvam deka sekoj poseriozen muabet ili sitna kavga e prosleden so: psst, nemoj, majka mi ke slusne....demek se nervira ona.....Samo se nadevam deka nema da dozivee da mi pukne filmot da i iznapleskam sve vo faca, posto i taka sum nervozna, a sega vo bremenosta uste poveke...... I milo mi e sto sum vo klubot, bar ne sum sama so ovoj probelm ))))))))
Хахаха како опишуваш ситуации и како маж ти реагира така си се пронаѓам и јас. Ти кажав единствено ти е тоа и гледај сето тоа да го правиш и кога маж ти ќе биде тука. Ете земи прво за плакарот и ќебињата некој викенд или кога ќе седите сите тројца заедно и прашај ја пред маж ти кога ќе може да ги тргне ќебињата дека сакаш да почнеш да си спремаш за бебушот и што мислиш што може она да каже НЕ(така ќе испадне лоша во очите на синот) и ќе мора да се согласи да ги тргне, ама немој тоа да и го кажуваш кога ќе бидете сами пошо она после нешто десето ќе му пренесе на него, само во негово присуство. И за секоја една работа немој да влегуваш во дискусии со неа на само, кога ќе ти промрчи нешто ти само аха аха и терај си по свое, се што имаш да кажеш нормално културно и убаво свиткано ќе го кажуваш кога и маж ти ќе биде присутен. Знам дека не е лесно и дека те вади од такт ама само така во спротивно за 1 година ќе полудиш ако дозволиш работите да се одвиваат вака. И никогаш немој на маж ти да му кажеш мајка ти вака или така затоа што кога он ќе ја праша или ќе и каже она секогаш ќе има своја приказна во која она испаѓа жртва, така??? Затоа место мајка ти вака или така се на дело ќе му покажуваш, ете ти кажав како почни од проста работа за ќебињата ама само пред него. И јас се чудам како можат да постојат такви луѓе место да се среќни што нивните деца се среќни они како намерно да прават дисхармонија, пуста посесивност. Се надевам барем малку ти помогнав и немој да се нервираш така ништо нема да постигнеш плус си бремена. позз
beautiful 87 фала ти многу за советите, и да знаеш дека ќе ги практикувам, а оваа ќе ја прашам како ќе и биде кога ќе се иселиме од тука па кога ќе треба да дојде да се најави телефонски, а не вака тропни и ми требаат пари за ова за она.... И убаво си знае нејзината постара снаа таа дури и не збори со нејзе, толку не се замара што не ја ни поздравува, а оваа не смее до врата да и дојде а не како мене на секои 5 минути.... Најискрено ти препорачувам пошто сватив дека сеуште не си омажена, на време да реагираш и да не дозволиш да живееш со вакво суштество во заедница....Пошто јас многу наивно улетав.... фала за грижата, уште еднаш
Хахахаха lolipop 23 далеку сум јас од ферхунде, од зезанција произлезе никот една другарка ме зезаше, ми вика подобро претвори се во ферхунде, зашто ќе се пореметиш така..... Јас не само што не сум од типот на ферхунде-снаи, туку, како што претходно напоменав, ако си ги читала моите постови, воопшто не влагам во конфликт со мојата свекрва.... Секогаш имам коректен однос со нејзе, па дури и ако случајно ме испровоцира не ни реагирам, туку преќутувам.....Еднаш или двапати пробав на маж ми да му објаснам дека не се во ред некои работи што ги прави, ама наидов на лутење, иако он не го негира тоа...Ми рече да, може е така, ама знаеш мајка ми е....Бла бла и се наљути.....И оттогаш си ќутам под дифолт а она си прави све по свое...Дури ми се меша и во колку саат искачам за на работа...касно било....или зашто маж ми кога е слободен ме зема и ме носи на работа.......Ако е ова нормално, ве молам слободно прогласете ме за луда.....
леле друштво еве подолго време ви ги читав постовите и навистина се загрижив за сите вас, воопшто не е лесно да живееш со свекрва или во заедница. јас уште не сум мажена но сум верена живееме во наш стан под кирија во друг град ( моите и неговите живеат во друг град) и да ви кажам дека нема нешто поубаво. идните свекор и свекрав се дуса луге повеке моите се мешаат но како што велите после земање работите се менуваат. ние немозиме ни да замислиме да живееме со стари макар што и неговите и моите имаат големи куки сепак тие ќе си останат за нив. не дека сме богати имаме скромно наместен стан , но животот ни е супер, правиме како што сакаме кога сакаме слобода тотална без мешање нема нешто подраго од тоа. знам дека е тешко денес да си дозволис да живееш под кирија или да го убедис сопругот да не живее со неговоте посебно во провинција каде што тоа е традиција. можеби немам право да давам совети бидејки не сум усте мажена но размислете добро, со цел да си го зачувате здравјето и добриот брак направете се што можете да се оделите од животот во заедница што ви е мизерен. подобро мизерувајте финансиски одредено време одколку душевно. ви посакувам убав ден на сите и само храбро
Токму така joelle, да си го зачувате здравјето, како прво, и добриот брак, како второ, живејте си сами.... Зашто и најнормалната ќе полуди , и најдобриот брак може да се расипе.....Таа за него секогаш ќе биде најдобрата мајка, што јас лично не го спорам, но за мене веќе е public enemy... ај да се насмееме више
Јас сакам да ја прашам Ферхунде, ме интересира нешто... Кога напиша дека свекрва ти пред да се верите била незаинтересирана воопшто, на кој начин била незаинтересирана? ... Ај те молам кажи ми, или опиши ми како постапувала спрема тебе... Бевте ли блиски? Многу ќе ми значи твојот одговор.
Па незаинтереирана offspring за све ова што сега ја интересира... Пример не ја интересираше дали работам и каде...Сега ја интересира не само тоа, туку и колку плата земам... Не се интересираше порано какви ни се плановите, што планираме, свадба во скоро време...ништо од тоа, демек децата си знаат, јас не се мешам, не ме ни интересира....Кога ќе се сретневме у влез случајно, само еден поздрав и одма се повлекуваше, напоменувам сама, сега кога ќе ја отворам вратата, ме слуша и одма ќе дотрча....кај ќе идеш...у продавница....а што ќе купуваш??? Значи сите можни банални работи ја интересираат... Ја интересира све околу свадбата и наметнува свое мислење, а како што кажав, она ќе биде гостинка....порано немаше шанси да се замара....не беше заинтересирана ниту кафе да пиеме....ништо......Ама баш ништо..... Не ја интересираше ниту која сум што сум како сум, какви ми се родителите, каква фамилија сме, а сега у све сака да е упатена...... Позз се надевам дека ти помогнав со одговорот
Одам со дечко ми веке 7 години и мојата идна свекрва сега за сега се однесува како да сум и керка, иако по нејзиниот карактер се гледа дека сака многу да командува, утешителна околност е дека ние работиме и живееме во друг град , така да влијанието нејзино нема да се осека многу и кога ке се земеме. Е сега околу свадбата ке мора да ја истрпам после ваљда ке биде се ок .Инаку сестра ми е мажена и не се сакаат со свекрвата, како и сестра му на дечко ми, па си мислам дека е тоа нормално да биде така
Јас со мојата идна свекрва немам никакви проблеми...Дај Боже и натаму да ги немам. Заедно живееме со либето кај неговите. Ме оставаат да спијам колку што сакам, не ми се мешаат во тоа каде одам, што правам. Се интересираат многу ( и свекорот и свекрвата) како сум сум поминала на работа, бла бла бла но сето тоа ги интересира бидејќи се грижат за мене. Е сега има понекогаш ситуации каде што свекрвата го наметнува своето мислење, но јас сум упорна секогаш и ако сум во право, тогаш и докажувам дека таа греши. Јас знам само една стара изрека дека на стар човек ако му дадеш еден прст-тој за возврат ќе ти ги даде своите две раце.
ХА, така е Сузе...Снаа и свекрва не се караат и се разбриаат само кога живеат одделно. А ако ѓивеат во заедница, ако не во почетокот, понатаму кога и да е ќе претечи млекото Се едниот ќе се нервира, мажот ќе се „будали“ де од сопргата , де од мајката и така. Кога се мешаат различни вкусови, мислење и општо генерации, не може хармонија да има...Па ни со мажот или сопствената мајка не може да се погодиш толку, па не со свекрва ....
хахахахаха добро во право сте ! Но има и исклучоци,не заборавајте!Како што сите мажи не се исти,така и свекрвите.... Сепак сеуште стојам зад тоа, барем сега за сега
abe to svekrvistata strasno me nerviraat namesto da se raduvaat sto sinovite ke mu se ozenat tie se zanimavaat so banalni raboti i jas imam isto takva ama mnogu si go nemame muabetot od pocetok i zenata e strasno besna sto sin e zivee so mene mi pogoduva duri i vo lice ni rece na dvajcata kako mozi tolku da i pogoduvas vo se na zenatati a toj ne ja recka ni dva posto ''ABE ZENSKI UZIVAJTE PA ONI NEKA PUKNAT OD MAKA STO SE TAKVI'' nikoj ne mu e kriv pozdrav
Низ слично поминав верувај само јас имав слила да кажам ДОСТА Е! Сега сум сама со дете дома со недозавршен факултет и се борам да врзам крај со крај. Ама едно ќе ти кажам Можеби ми е тешко ама во споредба со како ми беше ми е милион пати поубаво. така да не прави многу драми мој совет. ако не сте земени ако немате деца заминувај пред да биди прекасно оти верувај ништо нема да се смени. можи само да се потсмири ситуацијата дури не избувнат пак кавгите. Тука има еден јо-јо ефект. а мене ми дојде преку глава од сите тие ужаси. Барем ќерка ми не расти во кавги и расправии а за се друго ќе си дојди во свое време. Битно е да останиш цврста. и поука која ја научив. Ако видите барем најмал сигнал дека вашиот сакан е мамина маза одма прекинувајте тие врски се болни и зависни. Ретки се исклучоците за жал. од друга страна ако имате сила и нерви да трпите се на ваш грб...... не знам. не е убаво да растуриш брак според мене. тешко е за сите и за децата најмногу. Ама ако се земи во предвид поголемата слика поарно разделени и во мир отколку заедно во кавги и расправии и тоа се одразва мн и на децата.
lele jas spobudalev kako e kaj mene,5 god.ziveevme zaedno pa se delivme ima 6 god.no isto kako da ne sme non stop se kaj nas vo ista kuka sme i sve e za dzabe ...za sve se mesaat,deka tie se vo pravo sekogas,pred nekolku god.imavme ogromna karanica so svekormi, a mm si izleze na terasa za da ne ne slusa,namesto da me odbrani,me vregase sekako deka ne sum znaela da si go gledam deteto ce ne prijavel,ne bese prvpat da se skarame ama ovaa bese naj golemata karanica ...koga i da imame gosti taa e non-stop gore nesakam da ispadnam jas nekulturna da i recam ama koga taa nema oset izgleda ce treba da soberam hrabrost i da i recam,mu rekov ednas na mm da i reci toj ama nisto nema sansi da i reci...jas razbiram dojdi i stom vidis ima gosti zaminisi a ne jas imam drugarka taa sedi dodeka si sjojde,ako odime nekade za praznik vo crkva ili na gosti od nivna strana stalno se poprakaat demek na eden trosak a parite ne odet na edno mesto, stalno e na nas trosak,samo mm raboti a tie dvajcata rabotat i zgora na toa niv stom mu odgovara i odenje i idenje
Јас стварно се чудам на вакви инертни мажи! Еве го мојот случај: Имавме проблем со свекрвата(додуша за проблемот знаев само јас- таа тоа не го сметаше за проблем). Се работеше за пари (како и секогаш), наши пари- нивни потреби. Живеевме кратко заедно, додека да си најдеме стан за под кирија и да го наместиме. Скоро секоја вечер си легнував нервозна и му се жалев на ММ. Го терав да превземи нешто, а тој ми викаше „па треба да земам да ги фрлам, јас не знам да зборувам смирено, ќе избувнам и ќе ги отерам преку ...“ (а тој е многу избувлив и кај него или да ќути и да трпи, или војна). Се што треба е и тие да се замешаат, нека се трудат да изгледаат неутрално, нека ми викне и мене малку, па макар и да сме се договориле така, ама да се постигне целта. Јас него му кажав дека МОРА да научи и да разговара. Затоа што јас не сум и ќерка и ако и речам нешто, ќе ми го памти цел живот, а тој и е син, и истото да го кажи на многу полош начин до утре ќе му биде простено. Ако сакаат да ја одржат врската со родителите, МОРА да се соочат и да го решаваат проблемот. Не смеат да си дозволат да останат настрана скриени како п...и под кошула, додека ВИЕ со НЕГОВАТА мајка (жена која не ви е ништо, а ја почитувате заради него) се расправате и карате. Како нивната машкост им го дозволува тоа??? Морате да го научите да ве поддржи, и тој да се кара или да разговара. Па макар и казнувајте го (пр. држете го без секс), уценувајте го, ама присилете го да ви биде грб. И искамуфлирајте дека и вас ве напаѓа за некои работи, а не само неа, за да не се соочите со коментари од типот „само неа ја брани, мозокот му го испрала“.
Жал ми е што твоето дете е во количка , тоа е најболното нешто за една мајка. Се надевам дека ќе му се подобри здравствената состојба на твоето детенце. Поздрав