...јас незнам зошто кривицата ја барате во другите, погледнете во себе си. Јас ниту сум очекувала нешто од свеки ниту пак сега очекувам. Едно страхопоштовање и молим лепо. Е сега ј.еби га како правев свој дом бидејќи со мм почнавме од чиста 0 (нула) ама не ни очекувавме некој нешто да ни даде зашто немаше кој. Не дека се удирам во гради дека сами создадовме се` без да помогнат старите, ама знаевме што сакаме и имавме зацртана цел. Доволно зрели да си ги приуштиме основните нормални потреби за живот и да градиме свое семејство. Знам дека е тешко на денешни услови да бидеш независен и самостален ама ако не ризикуваш и газиш по тој пат, па кога бе на 60-70год и да очекувам ќерка/снашка да ме издржува . Животот е борба. Па никој не е должен утре некој да те ,,трпи,, или да очекуваш нешто од некого, градиш свој брак-институција. Некако ми се чини дека младите се вплеткуваат во малограѓанштини, избрзуваат со некои потези/одлуки, не се свесни за некои одлуки, незрелост.....
Врти сучи муабетот е тој дека сите проблеми кои настануваат помеѓу снаа и свекрва доаѓаат од преголемите и неосновани очекувања ,дали на едните или другите и не за џабе е речено ЧИСТА СМЕТКА ДОЛГА ЉУБОВ Секој своето!!! Кога свекрвите би сфатиле дека снаите се дојдени и венчани со нивните синови ,дека се дојдени поради нив од љубов и желба за заедничка иднина,секоја свекрва на место би требало да знае до каде и се границите и улогата во животот на синот откако ќе стапи во брак,дека дома има снаа која заслужува барем основна почит и разбирање не е обврзана да ја сака. За жал поголемиот дел од нив немаат чувство за разумност,немаат граници во однесувањето и сметаат дека снаата синот ја донесол за нив,да им биде лична слугинка и тутор кој ќе им го контролира целокупниот живот..од слобода на излегување,зборување,издавање команди за чистење и готвење и правење сплетки позади грб. .Не ретко оваа неразумност преминува во болна посесивност и љубомора каде се користи секој момент снаата без причина да се оцрни и нападне се само за да си ја насити злобната душа и со потсмев да ликува како ете синот неа повеќе ја сака а ,ја напаѓа снаата А исто така и на еден дел од сопрузите треба да им биде јасно за кого донесле невеста дома дали за мајка му или за нив?Ама и не се тие до толку криви така ги воспитале во тој дух уште од мали нозе!
темава за разговор и совети во караница премина туку ајт секој со својте проблеми а за совети мораме самите ние!....
Кој не осетил на своја кожа како е да си на правина омаловажуван, не очекувај да разбере. Знаеш она, сит на гладен не верува, па така и во ситуацијава. Ама ако, недај Господе на никому ова, ни на најголемиот душман зошто боли во душата а ретко во општествово наше кој ќе те разбере како ти е. Секогаш снаата е таа која не чини и сите прво во неа го вперуваат прстот, не сфакајќи дека таа дошла таму како пиле прелетано во воена зона Ова зборам каде што снаата е жртва, а не дека нема обратни ситуации, ама ете не сме правеле муабет на таа тема.
не дека нема и обратни ситуаци има има ама и то ане е добро исто као и ова со сната арно кажа на никој на своја кожа оти е стварно лосо и неубаво
Е ова била најразработена тема на цел форум бе женчиња Резили ете ме и мене да кукам. Мака си имам со старата ќе се замериме некој ден и ќе ја заколам на спиење ( шала , мала шала немој некој да ме пријавил ). Мајка ми вели дека е како појачало во устата оти била на две операции и оти со мажот и не и одел муабетот па немало со кој да се кара, ама мене тоа ми е невалидно.Проблемот е следен : ( случај крвопиец ладнокрвен ) За ново, за друг пат. Има цели ормари полни со нови работи за дома, од кујнски крпи до прекривачи и јоргани со поминат рок ( мода ) ама нема мерак да ги постелиме. Нека стојат ќе се најдат. Башка и рубата моја.За на маса тие се едни се дури и дава мислење за мојот читај некогаш нејзин спрат и уредување на истиот.Не мислам дека има право тоа да го прави, ама сум сепак премногу љубезна да ја отерам у..еу нато Ова ќе го чуваме, ова за друг пат, за ова ќе има прилика.Зошто сега тоа да го кориситиш еве ти го ова што јас го имам користено минатите 25 години А јас пак, мајко дај од моите ќе наредиме ! Не нема шанса тие ќе ги чуваме нови. И имав благ испад пред цвеќарката.Несакаше да попушти за сивите чаршафи и и реков мајко ако умрам млада завиткај ме во нив барем да знам дека ќе се искористат некогаш.И се намуцли и правеше вакви фаци таму пред жената со ружите кои и попаднаја од раце. Исто сакам да се пожалам на шпоретот и целата приказна зад него.Почува вака.Постојано се жали на нејзината покојна свекрва како ја терала сите да живеат во еднособно летно кујниче а оваа пак несакала оти има куќа на 3 спрата отспротива.И пет минути подоцна ми вели ела си ќе си валкаме долу тебе нека ти е чисто.И шпоретот шо си го купи стаи си го долу и онака јас нов немам а тебе горе НЕ ТИ ТРЕБА ! Брачен проблем.Нејзиниот само игра карти и гледа фудбал неа ја одбегава и сега истата е нервозна заради тоа па играме расипан телефон.Јас да му пренесам што сака таа.Јас несакам така.Досадно е, глупо и детинесто а и понекогаш стариот мене ми се лути, мисли дека сум на нејзина страна. Ако само направиш нешто спротивно од она што таа го одобрува, ќе те поддржи во секој случај па после страдај ти. Ќе се жали на тоа до...засекогаш.Како за ресторанот, неа и е во ред што го одбравме тој ама постојано се жали на тоа како не сме ја послушале. Премногу загрижена.Ако тропни нешто спремна е за евакуација и во паника трча до местото на настанот.Еднаш, проштевајте се онадевме и тропна нешто па ете ја неа на врата ..Шо се случи ??? Мажот ми и тој исфуструран и вели ела мајко го молзиме прчот.И после лути си беа пола саат. Тренер.Нема право да ме тера да одам на собиранки од пензионерско друштво на жени и везење гоблени со новогодишен мотив.Нема бе ,нема.Ама ме форсира.А јас талент, а богами и мерак немам.Освен онај за заебанција на сметка на нивните ортопедски помагала.Ми ги ремети излегувањата со новостекнатите пријателки. Дали мислите дека треба да ја истепам и зошто не ???????
Стронгр со две Х, ме изнасмеа квалитетно Уживкај си и праи си како ти одговара, друго нема, со неа очигледно не можеш да се разбереш, а спратот, валкај си го пошто сама ќе си го чистиш, реди си и мести си како ти паша, што претпоставувам го правиш, а расипан телефон во никој случај немој да изиграваш, чунки они со мажот пак ќе бидат добри а ти пак ќе си останеш расипаниот телефон, јас барем се раководам според тоа секогаш.
Ако тропни нешто спремна е за евакуација и во паника трча до местото на настанот.Еднаш, проштевајте се онадевме и тропна нешто па ете ја неа на врата ..Шо се случи ??? Мажот ми и тој исфуструран и вели ела мајко го молзиме прчот.И после лути си беа пола саат. САКАШ БЕВРУВАЈ САКАШ НЕ АМА 10 МИНУТИ СЕ СМЕАМ НА ОВА САМА
XstrongerX еден огромен за најдуховитиот пост во целава тема.... Сметам дека и немаш баш некој голем проблем,туку мали проблемчиња кои можат да бидат решени.Едноставно не и замерувај толку, стар човек со постари сфаќања,голем процент од постариве генерации постапуваат така во случајот со постелнината и чаршафите,ги чуваат со години додека не пожолтат и станат неупотребливи или додека молците не ги изедат..Сметаат дека тоа е исправно и не ја разбираат потребата на нас помладите за мода.Ќути арно што не ти рекла дека ќе ти даде некои миленца па,нив да ги наредиш... Прави онака како што ти мислиш дека е исправно..од едно уво влегува од друго излегува,некогаш мора и така.Некако ми делува како добра женичка која се помирува со нештата...како куче што лае но,не каса. Во врска со свекорот отворено кажи и дека не сакаш повеќе да и бидеш потпарол се надевам ќе те разбере. Неа изгледа и е досадно и монотоно па бара секаков начин за да се зближи со тебе..прво да седите заедно па, потоа заедно со нејзините пријателки од пензионерското друштво..Тука снаоѓај се речи имам друга работа и готово.Не и кажувај директно дека не ти се бендисува друштвото,еднаш двапати така и ќе се откаже. Нема потреба од превземање на радикални чекори.(не го мислеше тоа сериозно нели?)
XstrongerX не ја тепај молимте ке треба за џабе да ја лежиш в затвор а мојава е бетер кај незиниот чеиз не и е распакован па усте ни равотите (алиштата)од свекорје незин од мајкаји и од татко и ги чува а нема место за на свекорми алиштата па ги реди по закачалки за палта во ходникот по портмантото кај кошули па и пантолони испообесени има и ми иди дома со закачалки од оние со се клаваат на вратите ко куки и вели на да си ги обесвате палтата оти нема место а сме во стан рачунајте на сите врати по сите соби палта елеци а вратите од оние пола дрво пола стакло фаламу на госпо со е матирано а за онаденјето лесни сте поминале мојава иди тропа на врати и вика бидете потивки ке ве слушнат комшите абре чоек да прдни дома ке го опомени а со мм пазиме и да не крцни несто не па да офниме ко сензор да ни има клаено за такви работи
ако ти помогнам со примери од мојата свкрва ќ видиш колку е „решлив“ случајов конкретно овој 3 сервиси од свадбата не и се отворени едниот од кумовите и бил многу драг па не го отворила, од чаши нен изнам колку . Исто постелнини околу 4-5 комплета од спалната брачни исто неотворени мм и рече дај ни еден ( на шала) аааа не ќе се најдат , потоа чаршави за на маса една полна ќеса не ни знам колку имаше , пешкири , пижами од свадбата , 4 комплета пешкири од банкет на мм (сега има 34 год банкет правел на 18 ) некогаш ќе се најдат , исто од банкетот на времето 2 брачни постелнини еден прекривач за спална, сигурно има уште што не знам , ова е тоа што ми покажала за во иднина да ни се најде читај уште се кај неа . Свекрва ми има 60 години се мажела на 19 ( колку заинформација) . Да се редактирам не го видов мислењето од МДлов имало како мојата уште
ха ха ха ха колку години мислат овие уште да живеат бе? свекрваи на една комшивка и вели немој да печиш пиперки на моето шпоре (шпоре на дрва) ке ми го расипиш од мајками ми е за свадбата поклон жената има 75 год снае и вели(45год) не печам на твоето мори ке ти го чувам за во чеизот ова пак ...за кој чеиз не ке се мажам пак не ми е време не за во тој за ко ке умриш ке ги остајме само капаците и ке те клајме во него и во него ке те закопаме за да не трошиме пари за киур и да не ми излезиш на сон дека ти го користам шпорет ова старата пак а со останатите работи од него делчината шо ке прајте снаи пак за надгробна плоча ке ги употребиме се пагав од смеа дур ги слшав
Не дека имам некој којзнае каков проблем со свекрвами и свекорми но има работи кои ми сметаат . Тука од толку жени белки ке се најде некоја да ми даде совет како да постапам,да не навредам и да не се замерам со нив ,еве го проблемот. Јас сум единица моите родители се постари и болежливи ,некако потајно секогаш посакував да живеам до нив да им помагам бидејќи нема кој .Мажот ми живееше во стан со неговите родители 67 м2 заедно со сестра во која ја делеа собата,кога се зедовме некако како да се знаеше дека ќе се живее кај мене ,мм ја знаеше ситуацијата со моите ,а и неговата (свекорми ни рече повеќе мене отколку на синму договорете се со золвати што ке правите ,во ситуација ние да живееме таму,бидејќи сестраму сеуште е немажена),она до душа одма рече јас ќе си одам под кирија ,но јас како да го направам тоа кога дома имав цела куќа спрат среден посебен влез ,ми беше криво што во таква ситуација не стави,мм ништо не проговоре но сигурно му беше тешко,никогаш не инсистираше да одиме таму да живееме а нити па свекорми ни свекрвами. Се направи свадбата и да си одиме сега му викам на мм каде ке одиме он ми вика кај тебе,не го очекував тоа ама не ни се побунив,а од стариве ни а ни б ,помина и тоа. Се роди внук е сега тука е проблемот свекор ми е пензионер ,уште малку и свекрвами ,вторник и петок доаѓа кога е расположен да се прошета и да го види малиот ама викенд не поминува да не дојдат како да е задолжително за викенд да сме заедно. Јас знам дека им е тешко сакат да поминуваат повеќе со малиот ,ама јас цело време сум со него мм оди на смени на работа ,и еден ден е слободен во неделата и они бес страм си доаѓаат ,а јас кај што цела недела ритам по дома и за викенд сум куварка спремам ручек сервирам правам мијам и на крај папсана сум . На мм сум му рекла дај преку недела нека доаѓаат јас сакам да одморам кога си ти дома ,ама свекрвами неможе да дојде преку недела од работа дома оди да одмара ,свекорми ви кажав ама па викенд е за рекреација треба во дворче да се седи и да се ужива пензионерскиот живот. Сме пробале и таму да одиме еден ден за викенд колку да го видат малиот но свекрвами се буни требала ручек да прави неможела да се види со малиот ,крај неможам да најдам. Еве уште од вчера ми се најавени дека за викенд ќе дојдат јас вријам неможам веке ке полудам ,не дека не ги сакам ама и мене ми треба мир многу ми е напорно. И сега вие што би направиле во ваква ситуација?
Тешка ситација признавам, не си ниту напред ниту назад, јас немам идеја како да постапите а да не ги повредите, мислам секој добронамерен разговор со нив нема добро да се сфати и прифати А колку години е малиот, ако има можност него да го оставате таму за викенди, или еве само во недела, ем и вие на раат ќе си одморите, и свекрва ти ќе може да го гледа без обврска да готви за сите вас.
Леонтина, мене единствено што ми текна кога го прочитав постот е да се договорате наредните викенди некаде да одите - ако имате викендица, кај други луѓе на гости, било каде, и онака времето ќе е се` поубаво, и еднаш, 2 пати, 3 пати, може 5от ќе им светне дека и вие си имате право на одмор во единствените слободни денови во неделата...може така и самите ќе решат да доаѓаат во работни денови кога ќе знаат дека нема да сте дома во викенд, м? Вака - достапни сте им секогаш, и дури не кажеш „Еј супер што сакате да дојдите, ама ние овој викенд решивме во село да одиме, малце чист воздух за малиот“ тие ќе ви доаѓаат. Јас лично не би отварала ваква тема за муабет, скоро 99% сум сигурна дека погрешно ќе си сфатена...
леонтина срце дека ако сакаат толку да го гледаат малиот ти во недела спаковајго и речиму на мти оди однесиго малиот кај твоите и казиму дека вецер ке го земиме така свекрвати не ке мора да готви за сите туку ке и биди вообичаено дневно готвенје ем ке го види малиот ем ти ке си бидиш малку на само со мти и ке одморис и од обврските со малото и од гости вецетта до кај нив на по едно кафе земисиго детето и дома поззззззззззззззззззз
Сега малку посериозно ќе пристапам.Би сакала само да ги споделам дел од проблемите кои ми ги направи лично таа.Не сум толку дојдена за совет колку што сум за да се испразнам. Јас инаку не сум човек кавгаџија и мразам конфликти настанати од сите беспотребни работи. Веќе на мајтап спомнав дека муабетот со маж и си го нема а тоа е се по нејзина вина.Тотално е незаинтересиран и таа постојано го нервира. Манипулатор е голем.Ми создава нерви кои не би требало да ги имам.Ми прави проблеми со маж ми, ми прави проблеми со сите. 1.Кога се спремав да го купам чеизот ( рубата ) ме собра в соба и ми даде се што ми треба.Јоргани, ќебиња, прекривачи, чаршафи...се што планирав јас да купам.И ми кажа да има кажам на моите да ни ги дадат тие пари за да сме оделе на меден месец со маж ми.Незнам дали и колку не забележа дека јас не сум ни глупава ни малечка а богами и моите не се.Предходните проблеми кои маж ми ги имаше со неа а и јас нема да ги наведам само ќе кажам дека двајцата бевме и сме решени да си заминиме од таму.Затоа на нејзиниот муабет јас си премолчив и работите ги купив и против нејзина волја.Си купив се што ми требаше.За ако бидне ситуација да си одам од таму во ново место да имам свои работи, а не да се мислам дали да ги земам оние што таа ми ги дала. 2.Дојде свадбата.Од првиот ден кога дојдоја кај нас да ја договорат работата, моите не ги ни прашаја каде сакаат или што тие мислат за ресторанот кој го одбрале.Дали можат да си го дозволат, и како ќе ги однесат луѓето до таму затоа што маж ми е од друг град.Биле и се договориле, дури и датум запишале.Инаку свекор ми молчи за се и буквално е најнезаинтересиран.Маж во куќата е таа, таа раководи со буџетот, значи таа одлучува и за свадбата.Тој само си молчи.Не не праша ни за цвеќарата.Била кума кај една девојка и сега таа отворила цвеќара па си договорила пакет од 500 евра за кој јас а ни моите ништо не знаевме а треба да го платиме по половина.За да нема скандали, а моите се луѓе со трпение ..рековме нека и биде таа нека украси, ИАКО мајка ми имаше сосема поекономичен предлог кој се поколопуваше повеќе со мојата замисла.Јас не би сакала да е кичесто украсено како што имаат замисла таа и цвеќарката. 3.Кумот ..( а и тортата ).Имавме еден кум, да речам неофицијален постар човек јас и мм се сограсивме да биде тој.Пријател е на моите а старите кумови нивни не прифатија.Неа човекот не и се допаднал оти не имал мерак за играње а и поклон не ни дал.Врска немаше човекот не е од овде па обичаите не ни ги знае, планираше поголем поклон за свадбата.Ги сменавме кумовите, да и бидат по мерак.Ги собра на маса им кажа да си одберат поклон каков сакаат, цената е небитна.Им кажа дека торта неморало да купат оти ќе им било трошок, се договорила со мајка ми да ја платат по пола.Муабетот врска немаше, со мајка ми не ни разговараја на таа тема.Зборов ми е, ни наметнува трошоци непланирани,трошоци кои неможеме да си ги дозволиме.Исто била во слаткарница да си порача торти и и напишала сметка на мајка ми половина од цената на сите да си плати,торта која на моите не им се допадна, торта,...многу торта што не е фер да се дели.Моите имаат само 100 гости а тие имаат 400.Зошто да е по пола ? Нели не е фер ? А и кумовите фино лепо си бендисале лежај од 13 000.Ние планиравме да им порачаме телевизор.Инаку муабетот до утрово беше дека свекрва ми и свекор ми ќе одат да ги канат за кумови и тие ќе го платат тој поклон.Дека тоа го планираат исто моите не знаеа ништо.Утрово маж ми ми се јави да ми кажи дека лежајот кај кумовите стигнал.Во моментот бев во златарата да ги видам бурмите, готови беа.Му се јавив да му кажам дека ќе чинат 21 000.Дека толкава ќе е цената се знаеше однапред, не е ништо ново.Им беше кажано на неговите и се согласија.Веднаш потоа ми се прејави маж ми а сверква ми пиштеше во позадина да ми кажи дека бурмите се прескапи и да им кажам на моите дека стигнал лежајот да одат да си го платат Не сакајќи да послуша дека по наше овдешно ами не примитивно правило нивно бурми уште тогаш се договоривме да ја платат моите неговата а мојата неговите.Инаку неговата е потешка со тоа и поскапа, ама тоа проблем не е, срамота е и да биде.Прво татко ми е на работа и нема да се врати следните 10 можеби и 15 дена.Мајка ми не зборувала со него за ова па и да има пари не би било во ред да го плати затоа што тие си имале други планови да му купат нешто далеку поскромно од ова.Кај нас за разлика од кај нив има маж во куќата кој одлучува за парите и на што ќе бидат потрошени.Парите од свадбата кои ќе ги добиеме како поклон веќе си има испланирано да си направи нова кујна во нејзинот дел а и ќе ги искористи за прскање јаболка оти парите кои ги планираше за тоа ги потроши на скапи фустани и чевли.Глупости кои не ни требаат. И единствените пари на кои се надевавме ќе ни ги зема.Да пополнела дупи од кредити за свадбата, божем на моите од небо им врнат.Ама моите за разлика од нејзините сакаат само торта, баклава, овошје и немора во секоја порција..неможат да си дозволат.Таа ем нема ем си приушта луксузи на наша сметка. На мајка ми и пукна филмот и и се јави иако оваа дотичната немала што да разговара па несакаше од почеток да крени телефон. И кажа дека свадбата е машка и дека ние само треба да молчиме и да плаќаме како што е редот... Следи најубавиот дел, маж ми додека го пишував постот ми се јави и се расправавме...ми го спомна истиот муабет.Е не мислев дека толкав мрсулко да падни толку ниско ама е ...Разочарана сум ! Колку низк муабет значи..нецивилизирана багра... Моите за ништо не одлучуваат, за се плаќаат. Проблемите во предходниот пост можеби ги напишав духовито , ама се ептен вистинити.Се меша во секоја ситница иако убедливо тврди дека не сака да го направи тоа. Се мислам, ама сериозно се мислам месец дена пред свадбата да си ги скратам маките и да откажам се. Можеби делува како преувелучување, ама само јас си знам како ми е толку млада да го поминувам денот на антидепресиви и антистрес таблети и чаеви.Јас си знам. Старата е вештица,таква каква што ни јас не успеав да ја скротам.Кај моите сум веќе неколку дена без намера да се вратам таму.Работите одат во надолна линија.Битно, губам мотивација да направам нешто во врска со тоа, уморна се чувствувам како да и нема помош.
вештерка од прв степен .жал ми е што го минуваш тоа,но однапред си знаела каква е мајка му ,но ајде љубовта е слепа.а маж ти ја брани неа ?епа кажи му чим е машка свадбата,не мора твоите гости да канат .да видиме што ќе каже.џабе е и нервози и се,твоите нека те заштитат ,па ако гледаш дека до толку се влошуваат работите откажи ја свадбата.дури е време.оти вистинскиот пекол ќе започне кога ќе им стапнеш в куќи како невеста.те третираат како гостин таму.ти и маж ти се венчавате и вие треба да решите колку да се плаќа и што а не вашите родители. знам што ти зборувам верувај ми,од таков мамин примерок и јас настрадав.каде ми бил умот цели 3 години врска ништо да не приметам . значи,спречи додека не е доцна,не си ничиј роб и не сме четрстурско време па да трпиме се . ти посакувам да донесеш правилна одлука
Пред да се омажам за него бев во врска 4 години.Со типот заедно живеевме.Значи сериозно беше, да не речам брак.Го оставив и се омажив за друг во рок од 3 дена.Кога сечам, сечам в корен и не се вртам назад.Око нема да ми трепни и да го оставам после веридба , пред свадба.Би требало да знае колку сум сурова кога има случај мамин син.Не би можела да се помирам со тоа.Сега знае каде сум, слободен кревет има, одлучив да не го барам дури не порасни. А мајка му за да биде почитувана треба да заслужи една почит кај луѓето.МИВКА ЛИЦЕМЕРНА !!! Дури има лице секое утро да ми се јавува да ме прашува како сум, топло мајчински а во гласот и се чувствува...ДО КАЈ СИ , ЌЕ УМРИШ ?! Не се давам, ама поарно ќе си пресудам отколку да се преправам дека те поднесувам лицемерна една.И ова би и го кажала во лице...само незнам во кое. Само ако малку почувствувам дека потпаѓа под нејзино влијание и поприма нејзини фикс идеи, го оставам и ќе го прежалам.Оти таков не беше кога го засакав,некогаш и некаде имаше свое машко јас и тупаница се слушаше на маса а не плач под сукња.Ако си го загубил тоа, ме загубил и мене.