Што ќе дознае мајка и и татко и од каде се баба и и дедо и??? Кога и каде се родени, дали имаат казна за паркирање и не знам поминала на црвено? За некој поголеми "криминални дејствија" не морала да прашува и да ја употребува својата позиција, прашуваш комшиите дали карикирам Трпе бил во затвор за нешто. Во Македонија комшијата повеќе знае и од полицијата.
Јас ич не би и го дала тогаш да го види кога ќе посака би и кажала не е твое внуче. Секакви пациенти има нарциси..
Ima ima budali.... detenceto se vika Mladen oni si go vikat Mile.... za niv e Mile I ne im e gajle sto sinot i snaata go krstile Mladen... dete se zavikivalo od malo a ona e baba i imala pravo da si go vika po imeto sto trebalo da se krsti ama ete losa snaa im dosla Da da 2023 god so vakvi luge se dise vozduh
Ти чувај ги пораките и ако почне да претерува него ќе го пријавиш за вознемирување. А за мајкаму без докази неможеш ништо а богами и докази да имаш пак нема да направиш ништо, и јас имав таков случај во фамилијата од полицаец, џабе беше пријавувано кога се штитат меѓу себе и никој ништо не прави. И да знаат се за тебе ништо неможат да ти напраат не се грижи.
На другарка свекрва и почна да се претставува со името од внука и. А само првата буква е иста, детенцево има име од 4 ри букви, а бабава име што врска нема со името на детето, ама откако се роди малава почна со нејзиното име да се претставува. Мислам болесник…
Прашај ги а на татко ти што живот ти дал и те израснал што да подновиш? Ако веќе се фатиле за тоа, прашај го и дали куќата тебе ти ја даде лично, препишана, дали на раат живеете таму и дали кон го направи и износи детето и дали он планира да го раѓа, ако на едно од овие одговори потврдно тогаш поднови го името. Боже мили некои старци се бог да чува, спремни внучето без покрив да го остават само по нивно да е, кај презиме нивно носиш(претпоставка) па и име бе. Море мрш у пм на таквите. Нека ти се лутат, поарно да ги немаш во животот.
@Cookie_ твое бебе е, ти го носиш, ти го раѓаш, и ќе му дадеш име какво што сакаш. Јас сум строго против давање име по предци ако името е старомодно. Да е некое име што не излегува од мода или име што може да се даде во модерна верзија, во ред. Ама да унаказам дете за цел живот само заради нечиј кејф не. Имај си лесна бременост и не потпаѓај под нивните манипулации и закани.
Аууу какви има да знаеш. Пример јас имав мн убаво мислење за моиве свекор и свекрва додека не почна животов тука. Ајде што сфативме со мм дека напраи ме грешка ужасна што направивме спрат тука, туку и кавги имавме поради нив, ама се тоа помина и сфаќаме дека сме ние двајца семејство и ние двајца градиме иднина. Во една прилика свекор ми вика да продадеме куќава и секој со своето, секој со својот мир ( ова беше и комбинација на кавга со девер ми и свекор ми, ама тоа е долга приказна) и ние ок. И ми доаѓа свеки со обраќање, немој вие на нас да ни се заканувате со продавање куќата, зашто што сме препишале се ќе вратиме. Викам слободно, еве ако сакаш и јас ќе те однесам. Викам ако си мајка на две деца биди мајка на две деца и немој мене да ми објаснуваш ништо за ваш имот, баш ми е гајле. Иначе и викам куќава е под хипотека, не е ни наша реално. Па како свекрвата е таа што требало да биде со снаата кога ќе де породи, на голема молитва иделе свекрва и снаа, викам јас тебе свекрвче мое прва ќр те носам сегде, само ти кажи се што треба со ред. Син ти дома ќе си седи, а ти прва секаде. Ова се беше цинички кажано. Има има секакви, мене ми е просто неверно како сеуште има луѓе со толку затуцани размислувања. А и најбитното е дека кога свекорот ќе остари, снаата зима одговорност за него. Е толку е паметот дечки.
Абе Грозда е топ име за во 21 век и за мало бебе да носи од баба. Ве молам да не ме разбере никој лошо, за тие што имате родители или блиски сакани особи со ова име.
Треба да се прифати дека се менува и модата на имиња како и се останато. Тогаш нивните биле модерни сега се старомодни. И пак ќе речам до некаде ми е во ред ако се работи за име што не излегува од мода или може да се направи помодерна верзија, ама ептен е безобразно да бараш да се вика Трајче по прадедото на пример.
Епа, кога ви вика човек дека не треба да се брза во брак без сè обезбедено, рипате. И ете ги последиците.
А чекај, без разлика дали е старомодно име или не. Нели тој човек треба да заслужи внучето да му го носи името? Еве маж ми има пропалица татко, не работи, се коцка, не се грижи и не се грижел за своите деца, семејството. И? Може комотно и да се лути и да умира, ќе го закопам ако сака ама име на таков не ставам и мој татко да е. На мои блиски детето и свекорот го носат истото име, старомодно е. Човек на место, татко, дедо, свекор, борец за својата фамилија. Снаата, мајката на детето вика горда сум што носи негово име и ќе бидам задоволна ако 50% е на дедо му.
А таткото на снаата нели е и он дедо па и он тогаш заслужува внучето го носи името негово. Или дедо е само по татко линија? Само младите треба да одлучат како ќе се вика нивното дете без мешање на свекори и други роднини. Ако родителите сами сакаат да го носи името на дедото тогаш е во ред, а некој да ги уценува и приумира да биде по негово не.
И да е најдобар на светот, не гледам зошто да се крсти според него. Што има врска добар или лош? Глупости.
Нека е најнајсивршен и добар, ако е Живко или Стојан или Трајан ќе ставиш име на твое дете според дедо? Пример свекор ми има мн убаво име, што баш доста машки деца го имаат. Истото име го имаше и дедо ми, на мајка ми татко. Ама не би го ставила. Прво е пречесто име, друго е што не го можам човеков а и дедо ми ич не го сакав никогаш. А еве и татко ми ќе е дедо еден ден, ама па и неговото име не ми иде некако во денешницата. Или ако се роди на некој празник морало тоа име и крај. Да мене може ми се допаѓа Дамјан, Михаил, Петар, Ангел, Марија ама незначи дека и на некој друг тоа би се допаднало. И факт е дека родителите треба да си стават име какво што сакаат.
И јас не би крстила ама збориме ако веќе сака фамилијата. Старомодно или модерно е најмалку битно, тоа сакав да кажам. Се согласувам. Јас не би крстила дете по никој, чисто кажав пример. Иначе и јас не се согласувам со тоа "обележување" на детето по дедо/баба. Ако е така ќе го крстам по мене, јас сум го родила А познавам и такви. И мајката и ќерката Ивана.
Леле се ежам од нашиов менталитет. Кој каков сака нека биде за детето одлучуваат само родителите од име па се друго. Дури и кум ке крсти дете со името шо го одбрале родителите(мислам ако сакаат да го крстат) И знам дека има секакви ама ни п од простор нема да им оставиш за мешање и ке бидеш директен и јасен за да не те боли глава.
Странава 15 години 2000 страни тера, и вие уште се тешите мака мучите со свеки, а уствари со мужите си имате проблем. Прво, као уште ви се седи мужени? Друго, која нормална посакала и 10 посто да се омужи, од коа ја отворила темава? Лол.