Да бидам искрена колку и да е добар човекот , ако не се задоволува со буква, тогаш не заслужува ни име да му ставам . А по драмите што ми ги направија (тој не толку) , рачунај дека сега ќе видат со кој си имаат работа. Тој не бара неговото име да биде ставено , меѓутоа има че на крајот во името што тие го сакаат и мене тоа ужасно ме нервира. Као ако е со "че" , тогаш е помило . Не им збориме ни јас, а ниту пак сопругот . Отворено им рече вие сакате да ми растурете добар брак , за ваши желби и потреби . Свеки (најлицимерното суштество што го знам) на нас еден муабет ни направи , нa свекорот друг. Сето ова е нејзино масло. Јас и реков и јас имам татко . Мојот татко за мене беше се на светот . Иако и татко ми има старо име од инат би го ставила на него . Не попуштам , му кажав и на сопругот. Па ако им чини во ред , ако не им чини ќе си отидам кај мајка ми,па нека не зборат по луѓето , нека знаат сите со какви идиоти си имам работа.
Кога ќе сфатите дека семејство сте вие (маж, жена и деца) тогаш ќе немате проблеми со баби и дедовци. Мерак можам да направам со тоа што ќе направам ручек, кафе, ќе излеземе заедно, ќе помогнам нешто. Кога веќе добиваме деца немаме време на себе мерак да си направиме, а не на дедо. Поставете си граници.
Е сега ќе ви кажам нешто што сите ќе ве зачуди и сакам мислења од вас. Неколку пати забележувам дека свекрвата ми влегува на спрат во сите соби. Оставам намерно некои врати и секој ден исто забележувам дека се отворени и дека некој влегувал и чепкал. Што бара таа таму? Радознала е секој ден нешто ме прашува ( на пример: што ти дала мајка ти некое укравче за комода) и јас викам да. Значи секогаш знае се. Што ќе кажете на тоа? Што и е гајле на неа што имам јас или што сум купила. Мислам ај во ред таа никогаш не работела, цел живот седела дома, може е малку повеќе несоцијализирана, ама не е во ред да ми меша по работите и да отвара по соби.
Следен пат кажи и зошто прашуваш и директно забрани и да ти допира а ти секаде заклучувај.На маж ти не му кажувај како што е ,да не испадне тензии после па на која да и верува повеќе и ништо нема да се реши
И? Што сака поетов да каже? Многу ти е едноставно решението, прескокни ја темава. Вие 3-4 сте мрчачи на темава само да си знаеш.
Абе ние сфаќаме ама мажињата не сфаќаат. Жените почнаа веќе да се осамосталуваат , сеа проблемот е во мажите шо неможат да бидат самостални.
Какви проблеми да правиш? Ти чепка по дома, крипи малце. Ке и кажеш дирекно ја не разбирам зошто не си кажувате отворено кога нешто ви смета. Ке и го кажеш тоа и клуч на врата. Во ред е да си напишеш нели тука ама домашни работи се решаваат дома а не на форум.
Друг пат кажи и ако ти треба нешто или сакаш да видиш кажи ми, а не да ми влегуваш сама по соби. Ако не се разбира заклучувај ги собите.
Мене па не ми е јасно зошто на возрасен и здрав човек треба да му каже некој дека не се влага и не се чепка во туѓо И не само за влагање и чепкање, треба да кажеме многу работи што се вродени во човековата природа, култура и се сосема нормални. Значи проблемот е малку подлабок отколу што мислиме. Ич не требаше да влагам во темава, стварно лоша снаа сум
На маж ти да му кажеш, без кавги смирено. Или клуч на врата или внатрешни камери земи си и вклучувај кога не си дома.
Твое дете , твое име , твое право ! Ти си мајка . Ти си таа што ќе го раѓа. Еве и јас сум во слична ситуација , ама не попуштам па нека си пукнат . Ако треба да биде по старите ќе биде на татко ми и крај завршено.
Клуч под итно ! Колку си подобар толку полошо . Сопругот треба да ги знае овие работи . Можеби дома имате пари или злато , а таа ви се шета низ соби . Нема што таа да знае што имате низ дома .
Ако ти смета ќе ја седнеш и ќе ѝ кажеш. Нема врска дали имаш дома нешто материјално вредно, нема повредно од интимата. Поставувајте граници од почеток, после нема назад.
Истото и на мене ми врши претрес, ние сега Скопје седиме, кога доаѓаме за викенд се во кујната беше испревртено, сега ја заклучувам дневната, ама имаат клуч од влезна врата, а лаже дека немаат, зимоска имаше крв под шољата, скрос позади, дека висечка ни е, а немав циклус, и да имав напред ќе капне не позади, сега брзо параванот скршен едната врата, лаже од ветер било, да бе внатре од ветер, викнав мајстор да измери за ново стакло, ми рече ова е јако стакло, треба да сум го удрела со нешто јако па да се скрши. Криво ми е што се изреновиравме, се каам сега, ама тоа е, се ново направивме од нула, се испорушивме и не ми е мерак. А брава да смениме џабе, мм ќе им даде клуч, во ред за не дај Боже нека имаат,ама што барала во кујна да ми претура. Сега се издаде, вратата од купатилото ја оставив подотворена, ми рече да ја затворам. Ме прави будала, влегла влегла, нека не ме лаже. За параванот мислам внук му на мм го скршил, ако бил пијан, 19-20 години има и само пие, може влегол да се бања и го скршил.