Јас здравје кога би имала дете за инат по татко ми, и така е починат. Има верзии многу од неговото име. Јас поради ова дома сакам камери.
И само гледа што сум купила, и само ми вели "ќе си купевте нешто друго со тие пари", како она да ми дава, пример за машината за садови аби пари било, а сега дека седиме во Скопје, свекорот (втората свекрва, бетер од неа) ми вели да им ја дадеме, а мене вградена ми е, нема дупка да ми стои, кога одиме ја употребувам и да немам многу садови ја пуштам, да не ми стои така. И неколку пати свекрвата ми рече да и пуштам садови, се направив наудрена, еднаш ако и пуштам толку ќе е, после постојано, сега горе-доле ќе одам со садовите. Имаат пари нека си купат, ама ги даваат на ќерка им.
Љубоморни се дека ти имаш се, а они не. А оваа мојава знае се што имам, дури и во фрижидер. И си се издава без срам. Ако некој побара ладна вода, мене ми вика оди извади ја таа од горе (што си ја ставам јас секој ден), или ладен сок, точно знае што имам и каде стои.
Не ми е јасно како не те мрзи да влезеш во тема каде што нема што паметно да кажеш. Знаеш што го убило човека-радозналоста. Ај поздрав.
Јас на ваше место би ги реметела, секоја недела различни слики од гениталии и порничи сегде би оставала.
Љубоморни на свое дете? Вака кога читам мачно ми е. Какви се луѓе постојат. Понекогаш си мислам имав среќа да одберам добар човек. Не се ни сомневав дека добри луѓе го воспитале.
Нешто интересно ми падна во очи од последниов муабет за детето и името... Ги испоплукавте свекорот и сврквата оти ќе ги бркале од дома и внучето без покрив над глава ќе го оставеле... А, кај се родителите на невестава?! И кај нив нема место за внучето, пошо братот живее таму т.е другото внуче е повнуче од ова нероденово Двојни аршини?! Затоа, кога веземе по темиве дека треба осамостојување пред брак, не се потсмевајте и не фаќајте сеир, туку размислете за тоа што ви го зборат. Лесно е да се омажиш, што потоа?
Ама може не се двојни арншини, туку стварно нема место и простор во домот за три фамилии... Мене ми падна во очи што мајка и ја подучила да попушти на свекорот за името. Можеби и таа има потрадиционални сфаќања. А можеби и нема, ама се плаши за ќерка и да не си има проблеми дома. Верувам дека како мајка само сака да ја заштити ќерка и, ама мислам дека не и прави услуга со тоа. Јас лично никогаш не би и рекла на ќерка ми да трпи закани и малтретирање од некого, па заради која и да е причина. Стварно не треба да се избрзува со брак и со одлуката каде ќе се живее. Едноставно не се живее со секого во заедница.
@An-na Во право си лесно е да се омажиш . Лесно е и да ги судиш другите , а појма да немаш што се поминале во животот. Јас не сум во брак од вчера . Во брак сум цели 7 години . Не ми сметаше тоа што треба да живеам со свекор и свекрва , луѓето уште додека бев во врска со сопругот беа навистина многу добри, се помагавме и се беше убаво се додека не дознаа дека сум бремена. Тогаш се сменија за 360 степени . За жал не сме сите под богат кров родени и богато пораснати . Им благодарам на родителите , ми овозможија да се здобијам со соодветно образование . Со факултет сум , меѓутоа работам како касиерка во продавница . Нели пошто државава ни пука со можности . Сопругот работи физичка работа . Можностите на неговите родители биле поинакви во склоп со образование . Но , тој е многу вреден човек и секоја пара што ја заработува , ја заработува чесно. Би сакале да подигнеме кредит за стан/куќа ,меѓутоа примањата ни се срање. За да платиме рата од кредит ќе треба да мислиме како да преживееме цел месец . Пробавме да заминеме и во странство , но едноставно небидна и таа работа. Татко ми е починат . Да беше жив работите ќе беа многу поразлични . Мајка ми е жена што цел живот била жртва за другите . Па и сега е жртва за сите нас. Жената не ми кажа да попуштам заради нешто друго , туку заради тоа што и е битно живо и здраво внуче да и се роди , знае низ што се поминав за да го добијам ова дете . Доктори , инсеминации и што уште не, што не е бесплатно . Што се однесува до братот и снаата тие немаат проблем да се вратам јас дома , но и тие се обидуваат за дете, знам низ што поминуваат и кога би им отишла јас дома со дете мислам дека нема да им биде сеедно . Особено не на жена што го поминува истото што го поминував и јас. Му кажав на сопругот дека не попуштам , јас го носам ова дете и знам низ што се поминав за да го добијам ,па ако имаат храброст нека ме исфрлат на улица .
Нема лек за ова. Простотилак. Луѓе ништо што немаат видено ништо што не знаат. Жално ама и мачно да ги трпиш...
Па и ќе ја викнам на кафе, и заедно ќе гледаме "филм" хаха. Немам што да кријам, колку сака нека пребарува, ама не е убаво. Ќе ставам вибратор во фиока хаха. Оваа ми бара лед, знае дека имам. Јас незнам, некогаш мислам немам, ама поубаво, барем ме потсеќа хаха. Ил Или вибратор, можеби ќе мисли некој миксер е хаха. Да знаеш дека има што се љубоморни на свое дете, и јас не верував и уште ми е чудно. Тој што не го поминал ова, само знае да суди... Сите научиле само "одете под кирија", ете некои можеби имале за учество за стан, ама не секогаш оди по планот, тие што не го оделе потешкиот пат за потомство судат, сите пари одат за тоа.
Мислам дека Ана сакаше да каже повеќе зашто само свекорот и свекрвата се плукаат зашто ќе ги оставеле на улица, ама нејзините што веќе ја избркале ради брат ѝ поарни се.
Па види, не е исто да и речеш и да негира и да и покажеш. Јас имам мали камери дома, ги вклучувам кога сме излезени. Или заклучувам кога сме излезени на кратко. И ја фативме со мм заедно, и него му е јасно. Што барала не знам, беше само тогаш па не сме и рекле ништо.
Луѓе не скокајте во заклучоци за нечиј живот врз основа на две реченици напишани на форум. Никој не трпи оти сака да трпи. Не се допира на нечија рана овде се дискутира за вистински животни проблеми на луѓе. Од кај знајме ние зошто не можи членката да се врати кај мајка и или зошто не може да живее со брат и?
Чудно што досега нема коментар од типот "под нивен кров сте, имаат право да прават што сакаат". Последните дискусии на темава беа сведени на тоа од одреден број на членки.