Мојава како за чудо не коментира на таа тема за дете, само има кажано млади сте да не се серикаш, имате време за се. Камери за домашна употреба што си ги викам јас, си ги местиш сам. Ние имаме две , ми се погоди прилика да ги земам, ама па и не ги користиме , но поврзани на телефон ни се. На самата кутија има апликација која што треба да се симне и де поврзува. Ако ве бива за технологија лесно ќе ја поврзете апликацијата. Нас другар ни ја направи за 10 мин. П.с. Имам дупло заклучување на врата и немам оставено клуч од горниот дел и нема кој да влезе.
Еве и @BellaBibi ти пиша, исти се сама ќе си ги инсталираш, има упатство. На струја се, со кабелче, не се како надворешните да мора некој да ти ги инсталира. Каде сакаш таму ја ставаш.
Mене другарка ми кажа да си сменам брава и да излажам дека клучот ми се скршил и сум морала. Стварно ме подрече, и мм да го извади мојот клуч, само што ми го направи свекрвица да си имам за да не ми го даде тој што го има, после ќе нема она да пребарува горе, и дека седевме Скопје, мм му остави клуч на плочкарот да ни лепи плочки во ходник и купатило, тој ни беше единствен клуч. Кога одевме дома касно беше да му ги бараме клучот на плочкарот, и мм го зема од доле од свекрвица. И она почна како немала клуч, да сме направеле, и велам ете направи па се скрши, толку квалитетен. Кога се става врата, даваат 3. Едниот беше кај неа, другиот кај мм, а третиот каде е? Сигурно кај ќерка и, и јас знам како сум оставила и кога ми влегува некој приметувам. Стазите во ходник дека плочки се лизгаат и приметувам измрдани, а јас пред да излезам си ги местам. Она лаже дека нема клуч, со ќерка и ми пребаруваат, и зимоска крв најдов, чудна беше крвта, под шоља. А пред да одиме Скопје чистам, џогирам, ќе сум видела, а и од каде крв кога немав циклус, и баш позади шоља, кој знае што прават.
Абе кога не сте подолго дома, како те разбрав не живеете постојано, вадиш се од штекер, затвараш се и клуч кај тебе. Затвараш и вода ако имате вентил за вода и тоа затвараш и мирна глава. Ние така правиме кога идеме на одмор или кога сме седеле кај моите повеќе денови. Лани оставив клуч и кога се враќавме од мини одмор и се јавивме да се качи да уклучи болјерот. Она го викнала и девер ми да не неможела да отклучи, а имавме дома бомбониери од свадба и во фрижидер ги имав ставено , да не се стопат. Доаѓаме и пола немаше од едната. Не ми е мене зашто земал, две цели ќе дадам, и така ќе стојат , ама ич несакам без прашање да ми се отвара и да ми зима некој така. Не сум скржава, секогаш кога имам или правам нешто им давам, ама вака не. Затоа сега заклучуваме на двете брави и клуч не оставам. Еве оваа година после одмор , ќе идеме директ кај моите на ручек и таму ќе мавнам еден туш.
Се ми е исклучено, и струја и вентилите во кујната, само од купатилото неможам главниот вентил поради соларното, поврзано е и за доле, многу се зафркнавме за соларното. Лавабото ми е исклучено од вентил, е тушот не, поврзано со соларното е, или ќе си ставиме друго соларно, затоа некој се бањал и ни ја скршил вратата од параванот, демек од ветер, дали 5x сме се избањале во новото купатило, повеќе Скопје сме, мм не ни беше тука откако го направивме. И од штеќер се од струја ми е исклучено освен фрижидерот дека не е препорачливо да се исклучува, и фурната дека ми е вградена, плотната ја исклучувам, исто машината за садови, планирам наскоро од осигурачи само фрижидерот не, они си имаат само 3 осигурачи и електричарот ќе им ги премести доле или надвор, ама не сакале така добро било горе, само да најде изговор да влегува. Исто и јас не сакам нешто без прашање, може тоа ми било планирано за негде да однесам.
Дали може да споделиш од каде ги купувате? Јас гледав на алиекспрес , ама не знам колку вршат работа.
Лелелеле со какви работи се замарате, страшно. Читам и сфаќам дека сум била тешка будала која имала вишок слободно време да се замара со глупоштини. И мајка ви ако ви чепка во кујна пример, исто вака ќе зборите по форуми? Тука јаки се правите а дома ќутите не смеете да кажете ништо, тоа највеќе ме нервира, не давај клуч бе кажи и не ти давам клуч и чао адио, јас немам на никој дадено клуч нит па некој има појма да ми побара, ама еве имам и од как свеки и од кај мајка ми, и што сеа? И да отидам да земам што и да ми треба, никад нема да ми преречат. Не знаете што е реален проблем драги мои, живејте си го животот и помалку стресови прајте си за глупости. Еден ден ќе сфатите што ви зборам можеби, ама ќе биде доцна. Секое добро на сите.
Да, ни мајка ми не сакам да ми чепка во кујна, кога доаѓала ми била гостинка, 2 жени во иста кујна не бива, секој си знае кое кај му стои, и за мајка ми истото важи. Она си реди на нејзин начин, јас на мој, и во Скопје имаме 2 кујни. На мајка ми и е помала, и не и чепкам, исто и таа не ми чепка. Истото важи и за алишта, јас си диплам мои и на мм, мајка ми нејзини, си има машина мала од 6 кг., си ги пушта нејзините алишта. А мислиш не им е кажано? Јас доле кај свекрва ми не и чепкам во кујна, она сегде остава кај ќе и текне работи, и сега горе ако ми пререди а знам дека е на тоа место, треба да барам каде е оставено?
Истото и за мајка ми важи. Сум живеела со нив 28 години и за нив истото било. И ни на неа клуч не би оставила. Едноставно си ја сакам и чувам приватноста. Да , точно е дека има поголеми проблеми, ги имам и јас, но се отвори тема за ова, а далеку од тоа дека немаме проблеми каде во споредба со ова се небо земја.
На секој неговите проблеми му се најголеми. Ако и дадеш прст ќе ти бараат цела рака. @steela.honey во било која продавница кај што се продаваат камери. Ќе си бараш внатрешни, мали, ротирачки и не статични, за да си ги ставаш кај што ќе посакаш. Докај 2000 денари се.
Јас и кога не бев мажена, не ми чепкала по плакар, не па сега. А за проблеми, си имам поголеми, ти ме разбираш, кој не го одел тој пат незнае, поголеми проблеми има и од овој нашиов можеби, недај Боже болести, ама приватност си е приватност и никој не сакам да ми чепка. Дури и мајка ми кога ќе ми каже да и извадам новчаник од ташна, не и чепкам, и ја подавам ташната, исто и таа не ми чепка па ни мм.
Ама зошто тогаш маж ти и дава клуч од дома? Тебе тоа не ти се допаѓа и тој прави против твоја воља. Проблемот ти е со него. Свекрвата на 70 години нема да ја смениш.
Само се надоврзав со проблемот на членката, дека и мене ми претураат, инаку јас имам поголем проблем од свекрвата што ми чепка, нека чепка ако нема попаметна работа. Се нервирам зошто ме лаже, што сака нека прави, не ја ни гледам. Сакам камера за да не ме прави будала. Не барам ни совет ништо. Клучот и го дадовме кога отидовме на одмор да зирка горе за недај Боже и не ни го врати, мене ми направила клуч и ми се скрши. Пишав дека на мм клучот беше кај плочкарот, и кога си дојдовме од Скопје и го побара дека друг клуч немавме. Ама пред тоа кога и го побара мм клучот дека мене ми се скрши, кажа незнае каде и е, да сум си направила, и реков гледам колку се квалитетни, ми се скрши. Еднаш се издаде кога требаше да му прати на мм документи во Скопје по негов братучед, и кажа мм каде му се и оваа ги пратила. После тоа кога и го побара клучот, пак кажа незнае каде и е, и мм тогаш и кажа е како ги прати документите како влезе, и оваа се укопа, почна да пелтачи, и рече чекај да видам и ни го даде, во меѓувреме сигурно нов си направила, ама третиот го нема. Пишав и да смениме брава мм ќе и даде клуч можеби, така мислам. Ама ако има клуч, да зирне и толку, не да ми претура во кујна, сега дневната ја заклучувам. Еве пример они одат негде и ако ни остават клуч, јас не би се симнала, туку мм, од кај да знам утре ако им снема нешто, па и да се симнам, ќе зирнам, нема да и претурам во кујна и плакар.
Вие си имате проблем со вашите мажи, а не со свекрвите. Вие не сте земени со вашите свекрви, вие сте во брак со мажот, ако може и така да го наречете.
Грешка е што им давате клуч. Пак е проблемот во мажот, да и списка ќе видиш како ќе ви го врати клучот.
Ама тука се тие граници ако ги има нема шо стрес да ми праве некој. Ако сега правиш така за едно после за друго за само да не се нервираш а всушност живци кинеш од мешање од сите страни оти може само да се лажеме со тоа од едно уво влегува од друго излегува нека си зборуваат мене ми е гајле. Да гајле ти е. Затоа шо ако дозволите мешање од било кој во брак имаш многу поголем проблем од свекрвата( сега неа ке ја земам за пример може тоа и мајка да биде) Да се ставиш во ситуација некој да ти се заканува дека ке те исфрли на улица а притоа сте здрави прави возрасни личности кои свесно стапиле во брак и решиле да градат семејство нешто не штима.
И јас сум во бандата која мисли: " до мажот е". Ако он и списка на мамаН, тешко дека ќе се за,бава таа со снаата. Нема ни да гукне ни да писне. Ако е он мекуш а свеки аждаја, тешко на снајка... Ама за секоја крпа има закрпа,ко што велеле бабите.
Навистина мислиш дека има жени кои ќе престанат ако синот списка или ќерката? Ако така мислиш не си видела доволно. И не, немам проблем со мажот. Зашто е свесен и збори и збори и збори, ама на особа која има малце психичко пореметување е џабе да збориш.
Менуваш брава. Клуч само за тебе и маж ти. Не знам што е проблемот. Ама изгледа тој и нов клуч би и дал. Не знам. Знае дека тоа те лути. Не ти се допаѓа и да прави нешто против твоја воља е премногу.