Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.969
    Допаѓања:
    13.700
    Штом синчето и дава клуч на мама, да, во него е проблемот. А ако имаш психички пореметена свекрва/мајка, нема да живееш во нејзина близина.
     
    На hermosa, Anyshka, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Нема шо да им спискувам тогаш прекинуваме контакти и тоа е тоа. Она после пак нека си биде психички нестабилна ама далеку од син/керка, внуче.
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.352
    Пол:
    Женски
    Ех какви има, и мм им збори, ама на кого? Еве и јас директно им кажувам, џабе е се, што сакаат нека си прават, само да не ме замараат, си имам поголем проблем и си мислам на тоа, ама знаат и на мм кога ќе му се јават, мене индиректно да ме изнервираат.
    Него го прашува дали сум била на "женски лекар" хахаха, жена од 61 година, значи не е престара толку така да вика, што да очекувам од таква? Баба ми па така не викаше.
    И вчера бевме, нешто имавме работа и успат да земам нешто, и реков еве јас ќе ти кажам прашај што сакаш да знаеш, поцрвене.
    И реков бев на "женски лекар" што те интересира? Ама знаеш јас ова јас она, да си имате детенце...
    Ќе имаме кога ќе дојде време...
    А дали го праша син ти дали бил на "машки лекар"? Хаха, занеме, незнаеше што да каже. И го кажав истото што ми го кажа гинекологот, што ќе посее, тоа ќе си жнее и има.
    Уште не виделе какви неразбрани има. Џабе, колку и да им збориш.

    Ех го врати, ама сигурна сум дека си направила, ај нека си претура во ходник, дневната ја заклучувам.
    Ама еве немам проблем и да има, да зирне горе, иако се ми е исклучено, ама ете недај Боже, се бива, не да ми претура.
    Нема што да луфтира, се ми е на кип со спуштени ролетни, си луфтирам за викенд. Ако сакала да помогне цвеќињата надвор ќе ги навадела, барут се, кога одам само ги вадам, се исушиле. Па комшии би ми ги навадиле. И тетка ми оставаше клуч на дедо ми или на мајка ми да и вадат цвеќиња, ама не претурале во кујна и спална.
    Осет малце треба.
     
    Последна измена од модератор: 19 август 2023
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.390
    Верувам дека има секакви. Ама под "списка" јас подразбирам баш списка, онака со децибели што никогаш не ги чула, да се тресе малтерот, и комшиите да ве зборат со денови, да си го замислиш како змеј од приказните што ќе ги запали тие што те нервираат, па макар и мајка да му е..
    Е , ако после тоа не разбира/ си тера исто/ плаче/кука на свекор/ други деца, се знае: патот под нозе ако е живеалиштето нивно. Ако е ваше, хах, се знае, чисто како солза..
    По гомнари , со гомнарски цевки.
    Не да се справува насилно, зашто би лежел во затвор за будала, ама за болни нерви има лекари, никој не е должен да трпи, снаата секако не. Ако си има мака, чарето е на друго место.. не во изживување со невини луге.
    Инаку живеев со баба, свекрва не баш из пакла, ама ниту пак фина многу, тежок карактер и сум видела прилично..И самата имам свекрва но ниту ја малтретирам јас нејзе, ниту таа мене. Ако проба, син и знам на чија страна ќе биде. Нече мочи.
     
    На Mnik, Осе, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Благодарам,ама овие се приметуваат? Јас мислев такви ко окце малечки што можеш на рафт со книги или некаде кај што не се примеќа да ги ставиш.
     
  6. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Леле ова е деликатно, сите што сме минале низ стерилитет знаеме, како може бе да се дотолку , како може да не помисли и тоа е нечиво дете? Замисли сега кога ке отидете со сопругот кај твоите они да му плеснат нешто безвезе у тој стил, па он ке нема да сака да ги погледне.
    Без памет се вика ова. Мојата и бетер си беше, си замина на патување после трансферот , ама си дојде мајка ми и помагаше се што треба. И од после кога се пазев ко со газот ке усисаше и толку прашина и џогирање сама, трчаше кај внучињата, и нив цело време тука ги носеше, па играчиња на секаде , без осет е тоа и ако било си велам со умисла, Бог нека и е напомош.
     
  7. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Исто е има и напорни мајки,само не знам тема дали има да пишеме, како созреваме не нервираат и они имаат такви моменти, ама со нив си послободен и да се изнакараш, ке си кажеш што ти смета и ке престанат,ке ви мине на двете страни, башка мајка и свекрва не е исто, да расчистиме. Со свекрва секогаш треба да си дипломат, затоа што тој што треба да го расчистува односот е сопругот, ако истиот е несвесен, и настане проблем директно и бракот е загрозен.
    Така да за некои и ова е проблем реален, исто како што некои имаат финансиски проблеми, болести и сл.
    Секому својата тежина му е најголема кога ја доживува.
    Реално сите ние во еден момент ке си речеме леле будалинки за што се нервиравме, ама тоа тек кога животните околности ке ни се сменат и ке погледнеме од друг агол.
     
    На S.o.F.i, *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.283
    Пол:
    Женски
    Истото и кај нас е, јас пример сум порезервирана со неговите, а и они со мене. А мм со моите си е супер, опуштен буквално како дома. Не гледам проблем во ова.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.352
    Пол:
    Женски
    Е тоа е разликата, 100x кажав и пак ќе кажам, на мајка можеш се да и кажеш и да се налути, ќе прости.
    Со свекрва не е така, одма ќе се пожали на синчето. И разликата е тоа што ние жените им кажуваме на родителите ако погрешат, за разлика од мажите.
     
    На Luminary, steela.honey и Adidas888 им се допаѓа ова.
  10. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Можеби и они осеќаат дека се прифатени и со тек на време нема потреба од гард кога гледа дека твоите се коректни. Сега секој оди каде што чувствува припадност.
    Нема проблем ако вас ви е ок, нив можеби од страна и ке им смета , во стил ете го влечат на нивна страна ама баш ти е гајле.

    Да мажите и ко да немаат право да си постават граници , којзнае какви манипулации им прават, ама не е убаво еднаш ке го свати тоа порано или подоцна, и сам ке ги расчисти само они кога расчистуваат се малку понеосетни од нас жените.
     
    Последна измена од модератор: 20 август 2023
    На *Amethyst*, JustBeautiful, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.081
    Допаѓања:
    22.195
    Пол:
    Женски
    Најјакото ми е жена со снаа и ќерка, како тоа што прави ќерката е во ред , ама снаата ако го прави истото е лоша.
    Блиски луѓе, ќерката мажена веќе 14 години, со две деца. Луѓее во тие 14 години , да се собере се на куп нема 1 година преспиено дома. Одма после свадба кај мајка и дојде на спиење, деца кај мајка и израсна, свекрвата не ги чувала како она што кажувала, ги носела на кафе кај комшиката, им дала чаша сок, таква онаква била. Ајде сепак е мајка и си одлучува како да се чуваат деца. Децата се кај мајка и, она од работа на шетање , само за спиење доаѓаше. Ама и мајка и буташе на децата се и сешто. Ајде они си знаат сепак, нивни проблем.
    Се жени синот оваа година, снаат после свадба кај мајка и неколку дена( брат и заминуваше во странство). Снаава од работа , руча и правец во соба, ќе искочи после некој саат стокмена со ташна на рамо и низ врата. Секој втор ден е кај нејзините, излага , не им се врти дома ич.
    Ама на ќерка и сверквата и била ваква онаква, ќерка и е златна, ама снаата што иде и прави исто како ќерка и не им чини и коментари двеста.
    А ќерка и за разлика од снаата , си живее во посебна куќа во исти двор, а снаава со нив.
    И сега најголемата дилема е како исто прават двете, ама ќерката е во право, а снаата да седи и по нивни кејф да тера?

    Истоооо е и кај нас. Откако сфатив некои работи и не ми де допаѓаат како функционираат и сл. сум со резервираност.
    Ама маж со моите е како да им е нивно дете. Он луѓе обожава да сме таму, како да е израснат во таа куќа.
     
    Последна измена од модератор: 20 август 2023
    На Sunrise!!!, mal.ecka, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Затоа рековме мајка и свекрва не е исто, како што ќерка и снаа не е исто.
     
    На mal.ecka, *Amethyst*, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.352
    Пол:
    Женски
    Исто и мм е многу послободен со мајка ми, ама и она така се поставила према него, никогаш не го навредила, повеќе се чувствува слободен со мајка ми отколку со неговите, дури и се зафркава со неа, ама не се лути, неговите одма се лутат, ама да навредат се први.
    Сега поради работата повеќе сме Скопје, и вчера свекор ми што ќе правите таму седете тука ауууу.
    Како да сме дошле на шетање.

    На мм порано повеќе му се доаѓаше кај моите, тогаш и татко ми беше жив, отколку на мене, он ме тераше да одиме.

    Исто и золва ми, од болница право кај свекрва ми, тогаш немаа куќа, живеела со свекор и свекрва, она кај мајка ги израсна децата, т.е. свекрва ми ги израсна, еве големи се веќе уште ги тинтри, се она јадење, пиење, па и на нив им спрема, што сака нека прават сега кога не сме со нив, порано се нервирав кога живеевме во заедница, кај свекор и свекрва трпев, па и золва секојдневно со маж и деца, ај да не зборам, ќе ме нападнат одма, она си доаѓала во нејзина куќа, па ако е нејзина нека се однесува така, нека си готви, чисти, не како во хотел, она не ја жали мајка и, некој друг ќе ја жали.
     
    Последна измена од модератор: 20 август 2023
    На mal.ecka, *Amethyst*, JustBeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.081
    Допаѓања:
    22.195
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас е. Ама мм немал она што пример јас сум имала, во однос на, собрани на куп сите, планови, фамилијарни дружби, посветеност, туку се за девер ми, се кукање, се натегање. И мм и девер ми избегаваат да седат со ниц, бидејќи секое седнување е кукање или 4 саати објаснување со свекор ми зашто не е по негово.
     
    На steela.honey, Mumoftwo30, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Абре женчиња, еве го маж ми, не остава збор да ми се пререче, буквално расправии со урлање, отерување у пм, трескање врати, комшии да слушаат, ко погоре што имаш пишано, дури еднаш и надвор во двор, во сред лето, скроз нецивилизирана расправија, на висок тон и пак е џабе. Дури свеки едно време ме убедуваше дека на маж не се кажува се', нејзе да сум и кажела, ќе сме сределе, вака само караници сум правела. Кој манипулатор еј. Дури и ќерка и ја пушти истите муабети да ми ги прави. Ја си останав доследна, се од мој збор до нејзин да му пренесувам, жената не се откажува, луѓе НЕ МИРУВА. Дури и мм се откажа веќе, ми вика они за мене се отпишани, труди се да не се замараш, нели гледаш дека отерано ги имам милион пати и не вреди.
    Извор за стрес ми се во животов.
    Ич ама ич не е мамин син, значи сам си кажува дека мајка му во животот не го има пораснато, вика прост ќе бев она да ме изгледаше.


    Во врска со мислењата поназад, жени тешете се, не сме сами во ништо. Горе доле, сите сме во иста каша. Мене Господ ми е сведок, колку сакав да имам нормален однос со нив, зошто ја гледам мајка ми колку и е тешко што снаа ми е таква каква што е спрема нејзе. Ама нешто што не бива со сила, не бива.
    Ако закачам некоја болест од овие стресови, од нив ќе ми е. Кое подмукло створење е жената, дури сега почнувам да ја гледам целосната слика. А све тоа така прикажано како добра душичка.
     
    На *Amethyst*, Anyshka, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    5.182
    Нареди пластични к*рој на сегде и ќе видиш дали ќе ти претура пак. Ако ти рече и после ова нешто, кажи и дека ќе и позајмиш ако има потреба да се опушти.
    Стварно не знам како не им е глупо да чепкаат кај шо не им е местото, кај нас ај свекрвата, туку и ќерка и и внучето претураат во спална, па уште и алишта за зетот земаат директно од шкафот на маж ми и после се прават на удрени. Некои работи што ги чуваме од кога сме биле во врска, на пример плишани мечиња сега се станати играчки за внучето. Нити некој не праша, ни ништо, си земаат што ќе најдат како се да си е нивно. Не дека ќе се тепам за едно мече како дете мало, ама мене ми има поинакво значење и не ми е сеедно некој да го валка и да го уништува, поготово кога не е наменето за нив.
    Не знам што да речам, едноставно некои луѓе немаат сенс за култура и тоа е.
     
    На nevermet18, mcokolada, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.390
    Во ред, ти верувам.
    Тогаш стварно не си земај при срце што вели таа. Не знам што е проблемот на свекрва ти, ама очигледно го има. Дали проста, неинтелигентна, злобна, психички проблем, болест некаква, нарушување некое, нешто има
    Си знаеш дека таква личност апсолутно не е можно да е среќна со себе и другите. Кога зборува, замислувај си дека збори тодлер некој од 4 години со тантруми, и не му фаќаш кусур, оти не знае и не може подобро. Не си ги троши ТВОИТЕ нерви за НЕЈЗИНИТЕ будалаштини. Знам дека изиер сед ден дан, нооооо...еден живот имаш, едноставно не вреди тоа, како сакаш гледај.
     
    На Anyshka, LiquidLuna, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Добар совет. :rofl: не ми текнало до сега.
    Иначе проблемот кај неа е, што она во се треба да е главна, треба сите ко неа се да правиме, она знае најдобро, а 2 книги во живот нема прочитано, тв за вести и Турцине се пушта.... По најново они за ништо немаат пари и е многу изнемоштени, синко треба за се да им се наоѓа, а она нема ни 60 год. Во последно скоро со ништо не им се замарам, ама има моменти кога ќе те извадат од такт. Фала на совет :)
     
    На Malesia, Anyshka, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Фино лепо си ги земаш плишаните мечиња, украси, кога ќе си одат и си ги враќаш на место. Ако ти спомнат некогаш нешто, ќе речеш дека не се за играње. Не е тоа расправање. Поставување граници се.
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.163
    Пол:
    Женски
    Ама тој што си е таков џабе е спискување.
    Еве ние и немаме клуч оставено ни кога одиме на одмор.
    Го начекува детево дека само е дома и она си иде во 2 и 20 од работа , а мм во 2 и 40 си иде.
    Ѓомити да поседела со детево да не е само ( мижи асан да ти баам) и прави попис.
    Сто пати и имаме речено дека она е цел ден сама може и тие 20 мин да е сама кога ќе си дојдам ќе ја викнам на кафе , ама ете.... Пописот го прави редовно, и сега?
    Во сета несреќа, среќа е што во фиоки не чепка, само во кујна, фрижидер :)
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.