Jas pred 8 godini bev rekla na sveki: odnosot so sin ti ke ti zavisi od odnosot prema snaata...ona mislese deka ja zezam.... losa prema mene 5 god sin ne vide...dobra prema mene sin i, i ke i se javi,i ke ja prasa kako e...I ona koga vrti nie sme normalni... Ako trebalo da minam nis toj pekol za segasniot mir-VREDELO E!
Абе аман веќе. Ме боли искрено и ми е криво што дозволивме со мм толку негативно да ми влијаат одкога родив. Буквално се пореметив од неа за тоа цицање. Она не ги доела маж ми и золва ми, а за мене немаше ич разбирање дека немам млеко. Ја не сум се трудела доволно да го дојам, полесно ми било ад да давам. Плачеше буквално зошто не цицал син ми. Е сега золва ми роди второ пред неколку месеци, оваа беше кај неа, епа не цицало, немала млеко, нека е живо и здраво и така ќе пораснело. За ќерка боли, нели? Шо не ја напаѓа неа? Шо не оди да збори лошо зошто не го дои? Зошто она не е немајка сега? Пациенти невидени бре. Здравје кога ќе/ако родам второ, ќе им кажам уште пред да се роди муабети и осуди што ќе си ги имаат да си ги задржат во себе, ако не, никој да не ми доаѓа.
Кај мене земаа маици, чорапи, боксерки за внук му на мм, се бањал па немал алишта тука, а живеат на 5-10 минути. Ејјј се зема ли долен веш... Па золва ми по некое време ми ги враќа со цел памет, јас право во ѓубре.
Околу ќерка ми не кажува веќе ништо пошто си го доби. Ама и за неа не кажувала многу многу не можам да речам. Еднаш два пати околу јадењата и дубакот ама си го доби и сега мирна е. Друг е проблемот кај неа глуми современа и реално и млада е ама култура нула. И не знае или така и одговара како треба да бидат односите откако синот ќе се ожени. Да не имаш и ти девер неженет? Кај нас целиот проблем е тој, девер ми не е оженет и помал е од мм и она го користи за буцки да прави. Тој е разгалено дете да дете пошто не заслужува да се нарече маж. И мисли се што е лично од маж ми дека е и негово имаше триста циркузи земање работи од маж ми без прашање и сл. И кога маж ми почна да му поставува граници Свеки и ден денес се меша у нивниот однос како посредник на девер ми. Му се нафрлуваат на маж ми. Не знам како не сфаќаат дека има жена и дете со неа ќе дели, не може веќе да дели со брат му или со нив. Ама така им одговара.
Најсмешно е кога се прават дека се културни, а не се, и мојава демек вели културна била, а култура 0. Да е културна немаше да ми влегува без да тропне, а јас гола, па уште ми вели "еее па и јас сум женско" хаха.
Оф бе сите изгледа исти се. И мојата влегуваше како падобранец ама ја превоспитавме. И јас го добив тој одговор што ако влегла женско сум била уште и срамежлива ме направи. И кажав сакам приватност. Да ти кажам почнав и да заклучувам и мирна глава. Ма да немало ни потреба веќе. Инаку нема врска тоа со годините и со тоа чив е станот/куќата. Кога влегуваш во соба каде што немаш твои лични работи и не спиеш ти треба да се тропне а и што воопшто бараш да влегуваш таму. Јас тоа никогаш не би го правела. Ваквото понашање зборува какви луѓе се како катактер.
Па мајка ми уште кога бев средно пред да влезе тропаше, тоа е култура, нема врска дали куќата е нивна или не, за култура се работи. Еднаш и мм беше по боксерки и така влезе, и се развика како така влегува, еее па како сум те бањала хахаха. И велам тогаш бил мал, ајде и сега бањај го возрасен маж, и мене мајка ми ме бањала кога сум била мала, ама сега и пред неа не се пресоблекувам. Тоа за нив е најнормално. Откако се одвоивме си заклучував горе, упорно звонеше, нека си звони. Сега не ги ни гледам, не ни седиме таму, мирна глава, ама затоа кога ќе отидеме ми наплатува, уште невлезени, она во двор, одма ја слуша колата кога одиме, и дрн дрн дрн, јас само ќе си влезам, нека си збори колку сака. Па ќе вика од доле за кафе, а знае не сум многу по кафе, а кога и доаѓале комшики ми пишувала за кафе без да ми каже дека има некој, незнам што и беше финтата, можеби да се фали пред комшиките како снаата се симнува доле, нездрава работа.
Ова за тропањето нема врска кој кај кого е и кој каде живее. Кога треба да влезеш некаде кај што може да има некој друг, тропаш. На гости сум одела за спиење и на туѓ трошок сум јадела и пиела и пак пред влегување во собата кај што ми ја дале тропнувале. Кај либе кога идам си седиме во негова соба и будуќа свекре ако сака да влезе секогаш тропа. Не оти ние се хефтаме дур е она во дневна него чисто од култура. Крај крајова знаеме да размениме по некој краток бакнеж или гушка па не мора во тој момент да влета баш. Две секунди ако ни даде нема ништо да ја кошта, а во мои очи ќе биде повредна за почит. И настрана од темава за свекрви ама баш пишав еднаш во сдк колку бев шокирана од родители во коментари под една објава како слободно им упаѓале на децата во соба зашто "нивна куќа било". Абе мене лично ми е непријатно некого гол или по гаќи да го видам, не па на него.
Какви драми направија кога им рече маж ми не си свесна, не сме го сакале ние детето, јас сум го терала маж ми против нив и не знам ти уште што, не се ни сеќавам. Имаше плачки и рикачки За болдираново, не можам да проценам кога си одат оти цело време се таму, често и преспиваат, а што вели Анушка на 10 минути живеат, ама некогаш ги мрзи да си одат или ВРНЕ, па не си одат дома, да не ги фател дожд Мажот ми им рече или нека ги земат за нив или нека ги фрлат, дека ќе си купи нови и не му требаат веќе тие работи. Најјако е што ние не ни живееме заедно, само спална имаме таму и минимално алишта. Сепак не можам ни да наречам дека спалната е за нас кога нон стоп е окупирана од други личности. Да нема други соби не би коментирала ништо, ама најубаво е во нашата соба изгледа Кога велам ‘нашата’ мислам на моја, од мажот ми и сестра му- оти свеки не дозволува нешто да не е и од ќерка и, да се разбереме Не знам што да речам, само на страна е раатот и тоа е факт. Иако и тогаш ќе има некои ситуации, али ајде барем нема да ги гледаш секој ден, па помирна ќе ти е душата
Еве ние Скопје седиме, па пак индиректно знаат да ме изнервираат јавувајќи се на мм како сме ги оставиле, па не биле добри, аха, ако не им е добро нема да одат на одмор и секој викенд да шетаат, а и болен човек не пие алкохол (свекорот). А како за ќерка им не се болни, им готви, кога се на одмор цвеќиња им вади, а моите цвеќиња барут беа, ни ги вадат ништо, ама затоа да претура внатре прва е. На ќерка и и внуците нон стоп им готви, секој ден се тука, и кога имаат гости им спрема, и за слава, а онака не и е добро.
Ама што сака нека прават бре, ич не ме занима буквално, климам со глава за се и терам по мое, едноставно не се замарам ниту пак трошам нерви на свеки и глупостите. Ајт сите што сакаат нека прават.
Епа исти се сите свекрви, пред нас едно зборат, пред синот друго и ќе му ја наполнат главата и ете ти кавги. Мојава такво буцкало е што и преку телефон му ја полни, сега некои ќе пишат па не е мал, ама секојдневно едно исто и некогаш ќе пукне. Или кога одиме доле ако се симне, одма го познавам дека нешто е нервозен, кога ќе го прашам што му е не кажува, затоа после некое време му се испушта.
Најлесно е со тоа не е мало дете па да му ја полнат главата.Да не е мало дете ама и на возрасен човек нон стоп да му се труби едно па исто и тој ќе попушти.Да не се мали ама на човек му доаѓа преку глава.Мојов па за разлика од твојот одма ми кажува не чека да пукне,само што ке дојде одма(леле женава не е нормална вака и вака ми вика или па оваа жена е само за жуто комбе знаеш што ми рече)и такви други зборови.Доброто е тоа што он е поопуштен од мене он на мене ми вика не ли ја научи веке, батали ја таму или слично.Ама понекогаш и он многу лошо знае да збесне и свекре тогаш е како мумија.Ама сине јас немислев,ама сине не ме свати,ама сине несакав така да кажам итн.Јас за разлика од него повеке си зимам при срце он ја научи и ништо не и верува а и ако каже нешто што јас сум"згрешила" пред неа ме брани а позади неа знае да ми рече припази другпат гледај да не ти се повтори неможам да се расправам со неа веќе
Некогаш веднаш ми кажува, некогаш после неколку дена. И јас се си ставам при срце, мм не им се замара, не ги ни слуша што зборат, и мене ми вели да не им се замарам, ама неможам, сега се им кажувам во лице. И за било што мене ме прашува свекрва ми каде ќе одиме, знае мм ќе и се развика. Една пријателка со комшика се спремале за родителска и се чекале на улица, свекрвата ја прашала пријателкава "каде вака", оваа и рекла "по мажи", се изнасмеав. Само така за вакви радознали.
Манипулатори, и на мажите не им е лесно со такви мајки, што ги воспитувале да се зависни, и да им бидат неопходни, ама да се разбереме тоа е грозно, без секого се може денес, можеле и на друг начин да бидат во нивните животи, вака на крај кај сите е исто, ке си останат по страна нит синот нит контрола нит ништо. Ама ај.