Хорори читам, оваа тема веќе не е ни да сослушаш , ни совет да дадеш.. Мислам ...'passe" е веќе да се вели " ш'о мислеше, ш'о мислеше, к'а се онадеше" ко Тошо и Цацко песната, или " кај гледаше, аман".. Ама луге, заедно живеење неминовно ќе донесе нервоза, таман Далај Лама и Мајка Тереза да се свек и свеки... А туширање,(не) чепкање во лични предмети, готвење, чистење , тресење зелени, спаѓа се во опис на заеднички живот.. Не може една свекрва или свекор да ви го загорчуваат животот, ако маж ви не го дозволи тоа. А го дозволува, оти е и самиот сеуште дерле неодвоено, кој и сам дете ќе створи и после си мести како му одговара нему на задникот. Ко во турско тутма калабалак живеење . Ако немате глас да се спротиставите, не со карање, туку во разговор со сопруг. .не е кабает "лудата" свеки ..
Немате проблеми со свекор и свекрва, туку со мажот кој незнае да повлече линија и да разграничи до каде може и имаат право да идат неговите, а и вие со вашите родители. Постојано жалење од свекрва, золва…каде ви е маженцето во целиве муабети? Свекрвата сакала да живее со вас? А маж ви што кажува? Золвата доѓала нонстоп , свекрвата ова , свекрвата она. Каде е маж ви? Не гледам дека негде некоја го има прозвано мажот за било кој проблем. Па вие за кого се мажевте? За свекрвата? За свекорот? Дај седнете си и разговарајте со мажот бре жени, кажете си што ви е мака и проблем и најдете заедничко решение. И јас мислев свекрва и свекор се супер ама сум се излажала. Амааа имам грб, решаваме се заедно со мм. Да бидеме и реално, тие се родители, и тука ние ја слушаме само едната страна од приказната, реалноста никој не ја знае. Седнете со маженцата по дома и играјте со отворени карти и решете проблемите. Не ви е крива свекрва туку маженцето кое цица од мама уште.
Можеме сами да отплаќаме стан и сосема можеме сами да живееме, ама тука иде манипулација од нивна страна: ама ние да ви помогнеме, ама нема да успеете сами, ама како тоа ви стан ке си купите а ние под кирија, па толку ли ви пречиме, што толку ви се мешаме, па кај да најдеме ние евтина кирија? И јас не знам како им се живее 3 генерации у 90кв стан, сега живееме толку, утре бебето ке дојде и ке сме 4 генерации. Нив не им смета, и така си спијат у дневна. За кирија има и до 300е свекор ми плус зима поголема плата од мм, ама нема со кој да се разбереш, за нив е непочитување ако сакаш да се одделиш а маж ми жал му е да ги остави сами под кирија се осеќал како да ги остава на улица. Како што разбрав и ти си во Ит, тука сме. Реално да збориме, и те како може да се одделиме и секој посебно да е и пак да се најде евтина кирија, верувам никоја од нас не живее во Милано па да му ја мислиш, плус тука сите живееме низ провинција каде што може секогаш да се најде и евтина кирија и евтин стан за купување. Не знам за маж ти, ама маж ми го возат на база на емоции, како тоа он нив да ги остави а благодарение на ив живее тука, и сега му е жал да ги остави сами да си плаќаат кирија а и самиот гледа дека не се живее убаво и дека ова овде не е живот. Ама познавајќи се самата себе, јас ке си излезам и тек тогаш ке донесе конечна одлука. @Dentina Еден муабет беше пред брак, сосема друг муабет беше после. Јбг, да ми беше кажано дека вака ке беше немаше ни да стапнувам во брак. Веруј ми, не сите си ги откриваат маските на почеток.
Да за вакви ситуации си во право( треба разговор, да има разбирање), но сепак се родители на мажот (исто важи и за женска страна) не можеш да ги отпишеш а сепак и после црк вик, со лошо со убаво и уште се исти тераат по нивно, секојдневие се, како и да е нервозно е и за снаа и за син (ќерка-зет)
Za zetovcite i kerkite im posakuvaat se od ubavo po ubavo (barem kaj mene e taka, ama imam slusnato i od drugi slicno). A za snaitw kako nie da ne sme deca na nekogo i kako nekogo da ne go boli za nas.
Е женска исто и кај мене, ама тоа е гураме така кога со нервози кога избегнуваме и плус не живееме заедно. Зборот ми беше не можеш да одбегнеш колку и да сакаш
И покрај се напишано во темава, бракот се смета за демек нешто “свето“. Бракот е гордост, решение на сите животни проблеми. Веселби, скапи шминки и облеки на кредити, а следниот ден омрази и љубомора. Не знам, изгледа крајно време е да се смени нешто во животниот стил тука оти вака не оди очигледно.
Оф боже. Манипулации На првиот пасос-одговорот е да. Ќе успееме сами и еве ви огласник, стан се издава за х евра. Помош доволно беше, фала, пријатно. Јас па мислев Немачка сте, за кајшто сте, без заебанција, ама мислам становите се поефтини отколку Хрватска. Ќе си го седнеш мажот и ќе му кажеш- или со нив, или со мене. Па нека мисли шо како.Ама баш спремна да го седнеш, со опции а, бе или це - они под кирија, ние под кирија, или јас заминувам. И биди спремна да заминеш. Јас би заминала. Не е дека ќе ги фрлите на буниште побогу, ниту се болни, ниту неработоспособни- само време е за вас, сами да си направите гнездо.
@*Amethyst* да и јас сум во Ит точно можеме да живееме секој посебно, и јас со маж ми терам супер се сложуваме и тој самиот си вика исто дека цел живот нема да сме заедно, и тоа е далеку од непочитување или слично но старите знам такви се ако живееш посебно одма не ме сакаат вака така триста глупости, а реално се научиле младите не сакаат свекрви, а ниту свекрвите сакаат невести! Додека се расправаш се нервираш најубаво е од самиот старт секој посебно, или ако не е веднаш, барем додека се снајдиш, старите нека очекуваат помош кога навистина ќе остарат кога навистина ќе неможат, јас не знам сега зошто вака прават, дур си можеш засебе терај си не очекувај ништо од никого, сепак деца за што се радуваме нели, еден ден да ти се опулат што се вели ама тоа е кога човек навистина неможе, ама па затоа остави ги младите во млади години не се мешај не ги нервирај за да оставиш лезет на стари години
Тотално се согласувам, па фала богу и јас со мажот за сѐ се сложуваме, секогаш ме поддржува, никогаш не е против мене, па за останатите ќе се најде чаре, сѐ е минливо
како сте 4 генерации? И баба му на сопругот планира со вас да живее? За останатото што да кажам, тешко на жените со мажи што токму вака размислуваат, благо речено, да им се плукнам на мажите што уште никако не можат да се осамостојат, цел живот со мама и тате…. Нема што тука многу да направиш и да промениш, и да се тргнете на страна цел живот ќе те јаде, на секоја кавга ќе ти пререкнува дека ради тебе се одделил и ги оставил сами …
И ваквите родители со вакви синови: е мојот син е жими нас, не сака, не нѐ остава, кога се однесува до снаата, а ако е зетот таков е, е тој глупав смотан, ги слуша тие Што кажуваат, цел живот со нив, блаа блаа, сите расправии се случуваат од неправедност, да се имаше праведност немаше да има проблеми, но за своето најдобро, за туѓото нож во грб
Скоро сите проблеми може да се решат многу едноставно. Иселете се. Одете под кирија. Купете стан. Живејте сами. Каде ќе живеете не се решава во брак. Туку пред воопшто да се верите.
Јас лично пред брак не размислував дека има злобни луѓе, многу сакав свекрва да си се дружиме, кафе да си пиеме, да ми помага (ама ете шо знам, ми летнал умот ) после 3 месеци брак, се одделивме
Сестра му ја рачунам што е помала, или може грешка рачунам Мм е изманипулиран и не сака да го тргне превезот од очи, јас веќе се чувствувам како во замка, ама познавајќи се знам дека и ке дојде момент да пресечам.
Срцка, чим знаеш оти ќе дојде момемт за тоа, пресечи уште сега, нема шо да чекаш. Со мамини и татини синчиња се е џабе.
Kafe moze da piete i da ziveete ako gi falite nivnite kerki i vnuci kako oni se najdobri kako drugite ame glupavi, taka moze da funkcionirate inace onaka nema sansi.
Морее јас на мојата кафето низ нос и го вадам од такви муабети (и јас сум злоба) за добро добро ама за лошото најлошо