баш ми е мило што така размислуваш.е јас до веридба не стасав,но блиску бевме.барем така двајцата планиравме.мајка му се правеше добра фина кон мене демек била искрена жена и се восхитував многу.и мислев дека имаме супер однос .се изненадив во последен миг,ми рече не сум била пожелна кај нив и триста чуда. убаво си направила,но тој твојот се ми се чини е мамин син.и ако е,немој да жалиш по него.а таквите како мајка му немаат лице,се е опачина.нека си седи со мамичка тоа ѓубре јас така се помирив,има некој горе што гледа се,памти и враќа
Ауфф ти го читам постов и се нервирам како на мене да ми се случува ова ептен се соживувам .Не сум мажена, ама во иднина ако ми се падне недај боже ваква свекрва и да ми се прави таа мене најпаметна од сите татко мајка маж и да ми диригира што и како има пуздер да се направам значи воопшто не трпам.Не знам што конкретно да те советувам, но не мора за се и сешто да ја слушате покажете малку заби и ти и твоите се додека си викаш ај ова ок ај и ова ок на глава ќе ти се качи.Искрено со ваква вештерка не е лесно, место сега да ти биде најубавиот период ете да се спремате убаво со кејф ти ке кркаш нервози ради неа.
Значи ова не е проблем ,да врземе два дена за викенд но тешко е изводливо бидејќи мм е на смени и сабота работи па и кога одмара (спие)од трета смена, дојден сабајлето во сабота они ке си дојдат од сабајле во 10 и ич не им е гајле целодневна,моите се постари како што пишав мајками неможе ништо да спрема ,а они си имаат захтеви не ваква салата не таква сакаат само скара па и тоа јас да го правам ,и ке си ручаат и уживаат до 17 часот па потоа си одат. Работава испаѓа не само за малиот они си тераат излет,не е ни тоа проблем ама да не е секој викенд. Некој спомна однесиго малиот кај нив па вечер земиго ,живееме од еден во друг крај на ск ,и јас само за нивен кејф пак треба да се малтретирам,никако не сум . При крај сум со нерви ,се плашам да не ми пукне филм па да им кажам се во очи ама ,се контролирам заради мм. Едно време си викам да одам на шопинг во сабота и така они ке дојдат нека го чуваат малиот,ама знам цел терет на мајками ке падне а они немаат осет дека неможе женава да им слугува.
Јас само би те советувала да останеш силна како што си и да не попушташ... Јас сум секогаш за тоа Или нека биде нештото како што треба или воопшто нека не биде.Во целава ситуација твоите биле премногу толерантни и некој тоа вешто го искористил за да си прави трошоци на туѓа сметка,без нивно знаење и прашање за толку чувствителна тема,па уште и лаже...Како не и е срам ...подмолна змија!!! Па не прави таа свадба и каков изговор ти се молам свадбата била машка ама женската страна исто да ги покрива недоговорените трошоци.Значи апла грабализам.Нема таа да биде невестата па да кажува и одлучува за се во врска со свадбата .А, и мажот ти наместо да ти даде поддршка тој се расправа со тебе.Ако имаш време откажи ја свадбата која не ти е по ќеф и тие пари искористете ги за нешто друго.Ах,зошто секогаш мора да се случуваат овие работи и горе-долу истата сторија,најубавиот ден во животот на една девојка да се претвори во кошмар.Ма поарно ни свадба ,ни ништо,рајат главата и без нервози.И јас истото го кркав и тешко е да глумиш насмеана невеста на сопствената свадба а,срцето да ти плаче. Навистина тешка ситуација а,и мажот ти ќе мора да го помине овој тест ако сака да има невеста дома.Се надевам дека ова му е почетничка грешка во тазе брачниот живот и ќе размисли подобро кои му се приоритети во животот,дали мамичка или ти.Навивам за тебе...
xstrongerx, тебе ти треба сериозен разговор со идниот потенцијален маж, "потенцијален"-зашто не знам дали воопшто ќе заслужи и ќе биде твој маж. Ти со овие проблеми со неговото семејство си била запознаена од поодамна и требало уште тогаш да настапиш построго а не во се да попушташ. Која е таа да ти бира кумови, да ти бира торта, цвеќиња, да им наложува на твоите да плаќаат поклон и торта кои треба кумот да си ги плати? Не можам да поверувам дека ТИ им го дозволуваш тоа. Тоа е твоја свадба,па кога мајка ти не се меша во ништо не треба да и доволиш ни на твојата идна свекрва. Во спротивно, ја потценуваш својата мајка, како таа и татко ти да се само објекти и банки, без право на збор. Па нивната ќерка се мажи, не се мажи свекрвата. Не да се фалам, ама во подготовките за мојата свадба бевме вклучени сите. Јас и маж ми бевме решени за ресторантот, татко ми, свекор ми и маж ми ЗАЕДНО беа да договорат датум и порции. Кумови имавме од кај маж ми, ќерка на стариот кум, кумата за ништо не ме одби, всушност јас ништо не им барав, самата ми рече оди нарачај бидермаер тебе каков ти се допаѓа, не гледај цена само да е убав, си купија торта, прасе, сите давачки итн. Фустан сама одбрав, со маж ми, во рекордни два-три дена, никој не ми се мешал во изборот, бурми сами биравме, гледавме да се поскормни и убави, не сакав да се расфрлам за небитни работи, бурма си е бурма. Дома сами китевме, цело време сите се договаравме за се. Не знам како твоите поминуваат низ ова, тоа нив ги повредува но трпат поради тебе. Итен разговор уште утре со вереникот, остро кажи му го твојот став и отвори ги картите пред него. Или ќе ја играте заедно партијата или нека остане сам па нека си гледа соло на карти. Ама дај му на знаење дека ниедна жена нема да го трпи однесувањето на неговата мајка и дека освен тоа што тој има родители имаш и ти. Ти посакувам среќа што и да одлучиш. Лео-н-тина, можам да замислам дека ти е тешко. Твоите свекор и свекрва се навистина без осет, морам и јас да признаам. Доаѓаат во сабота кога имаат бесплатен градски превоз или доаѓаат во недела? Како што ти дадоа совет и јас ќе повторам, без разлика дали одмара маж ти, речи им дека ќе излезете некаде викендот и навистина излезете, отидете до Матка, Водно, не е битно каде, одморете се и ич да не му ја мислиш што они ќе речат. Но речи им дека ќе одите со друштво, за да не ти речат -епа ај ќе дојдеме и ние со вас. Или со брат, сестра отидете и речи нема да имаме место. Или отидете кај нив за викенд и ако ти рече дека не може да готви за "сите" вас, слободно врати и демек на шала-ајде ајде, па како можам јас да готвам секој викенд и за нас и за вас и за моите плус. И нарачај си што сакаш да ти зготви како што ти прават тие тебе. Не треба да им попушташ, ако се постари не значи дека треба да им бидеш роб. Се ужаснувам од вакви луѓе и однесувања нечовечки. Како може да и е тешко да готви за свој син и своја снаа? За свои деца? Мораш да и вратиш контра ама пред сите и да биде безболно, за да имаат сите еднаков увид во целата ситуација.
XстронгерX Не ја оправдувам твојата идна свекрва нималку . НО... По болдираново заклучив дека ти си се верила со некој што НЕ ГО ПОЗНАВАШ . Чему тоа брзање? Затоа и си доведена во ваква ситуација да мораш да трпиш исфрустрирани жени. За да имаш стабилен брак ,најпрвин треба да знаеш со каков човек започнуваш живот во заедница , а понатаму КАДЕ и СО КОГО ке живеете . Верувам дека немаш повеќе од 22,3 години затоа и вака си избрзала па сега ти се иде да си каснеш од газот. Јас грешката ја гледам кај тебе .
Mачолиндо целосно те поддржувам..абсолутно е така ..мислам дека си на вистинскиот пат..и ми се допаѓа начинот на кој размислуваш..ако сепак не одлучи тој да биде со тебе прифати го тоа дека воопшто не те ни заслужувал..како и да е целава приказна ме потсеќа на мене кога бев невеста само што ние двајцата бевме како изгубени германци и за ништо не одлучувавме ни за цвеќиња ни поклони ни музика ама ништо а наша свадба беше..различно е што мајка ми се мн подобро ситуирани а сепак не бараја поскапи работи во се да се согласат а на крајот испадна за јатрвами се да знае срамота било да не оди со торта а за мене не беше срамота..срцко издржи и не се замарај ,се поминува ,верувај.. само она што ти го поминуваш е тажно ,место да ви е најубаво сега мора да се замараш со такви работи..јас еве после 3 години уште тоа ме јади за жал...
Lelee Leontina i jas imav do nekade slicna situacija i te razbiram deka ti e pekolno. Da ne mozes nikade da mrdnes od starite. Neznam sto da te posovetuvam, kako i da napravis tie ke se lutat. Prvo mozes da probas so mazot i so deteto da si izleguvas vo nedela. Kazi im deka ne ste doma i deka ke setate, a i stvarno zasto bi sedele doma na ubavo vreme. Vtoro, tie koga ke dojdat legni si vo soba demek te boli nesto.I taka nekolku pati i na kraj ke svatat. Na majka ti kazi i da ne im sprema ruceci tuku samo so kafe da gi nudi.Ne ste im vie slugi na niv. A ako ni toa ne odi pa kraj na kraj skaraj se.Ili pak pomiri se deka so goooodini nanapred vikendite ke ti bidat rezervirani za svekroti i svekrva ti Poz i so sreka. Pisi sto si napravila.
XStrongerX-Мене не ми е јасен делот каде напиша дека за 3 дена сте се венчале,знам дека беше бремена,па затоа се зачудив кога те прочитав. А за 3 дена не можеш да знаеш што човек е а не пак неговите дома. Но едно ми е мило.Што трезвено и реално размислуваш.Не дозволуваш да те води само љубовта кон него,зошто знаеме дека има и други побитни работи.На мамино синче му нема спас,едино на време да се сопре чешмичката што се вика дури не отишле предалеку работите.Секако ти пак ќе си разговараш со него,тој најверојатно сега размислил убаво,дајте си време од некој ден и убаво дефинирајте.Оти џабе ќе биде се,ако тој пак ја слуша мама.Цел живот ќе го поминеш во нервози. Исто и за свадбата не требало ТОЈ како прво да дзоволи да се мешаат.Нас нашите ни ја платија свадбата ама маж ми јасно им кажа на неговите и јас на мајка ми дека ако се мешаат ќе ја откажеме и со наши скромни парички ќе направиме мини забава.И си ќутеа а и од старт не се мешаа премногу,ама мораш да си кажеш,ако молчиш ништо. Во овој случај се зависи од маж ти-колку е спремен да стави крај на нешто и да се придружува кон тоа,за сметка на вашата среќа.Се надевам разумно ќе одлучи што му е побитно,т.е. ти. Ти пуштаме среќичка .
Секогаш за свекрвата, снаата не чини (посебно ако има немажена керќа). Наместо да се потруди да ја прифати снаата и да најдат заеднички јазик таа се служи нонстоп со приговори и цинични потсмевања. Како рекла старата поговорка, старите треба да се попаметни од младите бидејќи стекнале богато животно искуство. Па свекрви одлучете се како ќе го поминете остатокот од животот. Што значи не постои семејство каде што свекрвата и снаата живеат убаво.
Мене па не ми е јасно како тоа да имам сериозна врска пред брак со еден, а да останам бремена од друг? Очигледно сериозноста не била доволно сериозна.
Ова моево изгледа ќе бидне проблем ,не ја бива ни од околу ,они едноставно тоа што ќе си зацртаат тоа ќе си прават,но гледам дека и виновник по малку е мм. Значи мм вика ај утре на вујкоми му е роденден ке одиме таму со моите и ќе завршиме за викендов со нив и си легна да спие си дојде од трета смена а на свекорми му се јавил да му каже за да не доаѓаат утре. Кога после саат време ми звони свекорми и ми кажува за утре а јас се знам ама нема врска ај го слушам ,и вика знаеш утре одиме а во недела ќе дојдеме кај вас ,јас си ќутам незнам што да му речам викам добро ќе се договориме да стане син ти . Ми вика не го буди договорено е веќе Стана мм и му кажувам и вика па што да правам сакаат да си го гледаат внукот ,викам а преку недела кај се ,па зафатени истите муабети ,и дури ми вика лесно ти е тебе твоите цел ден го гледаат. Кој е крив за тоа да ги отселам од нивнава куќа да им биде на твоите полесно. Му реков јас два дена со стари да го поминувам викендов неможам земи го детево во недела и оди кај твоите и седи си таму со нив ,ми пукна веќе ,му реков дека сакам да уживам со детево и со него не ми е проблем ни за ручек само раат си сакам да бидам не да слушам старински муабети. И сега пак јас крива и лоша сум ,ќе испадне не ги сакам ,неможам и со него да се справам. Мислам дека тој треба да пресече ама тешко дека ќе го направи тоа,ке си дојде од работа ке си легне за еден ден него не му менува ништо ама мене ми е стварно проблем. Стварно незнам како да се справам веќе .
А бе така е, ама сега е обратна ситуацијата и нема простор за хипотетички ситуации.... Леонтина, мораш да најдеш тактички начин да ја свртиш работата во своја полза, без да го малтретираш мажот ти и без да им слугувате ниту ти ниту мајка ти. И нема фајде од муабет, јасно беше дека нема да бидеш сфатена како што треба.....тактички обработувај го мажот ти, само преку него можеш да ја решиш оваа ситуација!
^^ А да им го оставиш детето кога ќе дојдат кај вас а ти со маж ти да си излезеш на ручек, кафе, прошетка што и да е во недела или прави генералка по дома
Или може да им рече: Еј одамна не сме биле никаде со мм, еве ви го малиот (пошто нели за него доаѓате), а ние отидовме на една партија
Тоа го кажав оти вели дека не сака таа да го носи кај нив, далеку било до другиот крај на Скопје. Не сака да го носи, не сака да идат... Разбирам напорни гости ама едно "во недела не сме дома, ќе шетаме" ќе заврши работа. Зар ќе дојдат ако знаат дека дома нема никој?
Проблемот е што мажот и` не ја поддржува во желбата да одат некаде сами во недела, оти смета дека неговите имаат право да го гледаат внукот, а во другите денови не можат..
Девојки пред бракот добро отворете ги очите,за да не морате во бракот да ги затворате. И ако сакате да ви усопее бракот,и ако гледате перспектива,борете се .Со сите средства.Разговор,соочување..докажување.Ама запамтете дека тоа вреди само кај луѓе кои сакаат да примат совет,мислење.Ако се тврдоглави само си го губите здравјето и нервите.