Се гледа после некое време дали ќе ја трпиш или не. Секогаш дистанца е најпаметна одлука, па ќе ги поместуваш границите колку што мислиш дека треба. Мојата свеки и јатрва беа срце, душо, па сега коси си корнат секој месец, во меѓувреме кога не се скарани пак се бфф, се готви, чисти, внуче се чува само таму. Јас си имам ставено граници колку дозволувам и сум намќорот. Еднаш се олабавив со нив и после едвај ги откачив. А за после породување, може и ние ради хормоните поинаку ги гледаме. Знам по себе пошо ни мајка ми не можев да ја поднесам т.е. никој не трпев освен маж ми. Мислев дека сите сакаат да ми го дрпаат детето од раце.
Живи били па видели. Кога ми најдоа камења во жолчка и баш зашто она се има исто оперирано и знаев да ѝ пишам да ја прашам оти искрено во блиско опкружување немам никој што се оперирал, а ми дојде ептен онака неочекувано и баш за све ми стоеше на располагање. Вечерта пред операција исто ми пиша. Утредента од тоа што ми кажа дм не ја држело место додека да дознае дали сѐ поминало добро Па летово отидовме кај баба му сите заедно (они секако планирале па ме земаа и мене) и таму не ми даваше ништо да фатам да се заморувам, ниту да кренам нешто. Ако нешто е позитивно кај неа вака (иако не мора да значи де) е што е прилично помодерна. Значи не е типична жена у 50ти што седи дома, оговара (добро тоа сите прајме) и коментира со затуцани мислења од 19ти век како повеќето што ги читам тука. Баш е со нормални модерни ставови. И мислам и дека затоа онака најдов некој муабет со неа. Иначе очи немаше да сакам да ѝ видам зашто ич не се трпам со такви затуцани.
И да постојат премалку се, со лупа да ги бара човек, затоа велам така. И не е дека они се лоши со сите, со снаите се ѓаволи. Они им се трнот во окото.
Се додека се поставени јасни граници и се почитуваат од двете страни, може да има и добра свекрва и добра снаа. Другарка на пример живеат посебно, едните и другите се тука кога има потреба. На младите им е кажано дека и старите си имаат свој живот, си излегуваат, си патуваат, тука се да им се најдат на младите ама се унапред со договор. И дете по потреба им чуваат ама нема тупкање во 10 ноќеска оти на свекрвата и било досадно, па и текнало да оди кај синот и снаата. Или дошла во станот, па да провери дали алиштата се испрани или плакарот нареден. Секој си знае каде му е местото.
Тие граници треба да ги постави синот (мажот), зошто на снаата ќе и се налутат, истото важи и за снаата, таа треба да си постави граници со нејзините родители, зошто има и такви родители на снаата што се мешаат.
И ти кога ќе дојдеш да одвалиш нешто... Ај прочитај пак што имам пишано. А во меѓувреме да ти кажам дека на темава безброј пати имам пишано дека со мајка ми лом се правам, а за татко ми, немам што посебно да кажам, зошто си беше во свој свет и освен себеси, 90 % од времето не го интересираше никој. А тоа дека јас му имам отворено очи на мм за неговите и он за моите и тоа е точно. На погрешна врата најде да тропнеш на тема пристрасност.
Па добро не може да чекате се мажот да ви среди.Доволно сте возрасни и вие за да најдете начин самите да поставите граница и да изградите здрав однос. Ако бива ок,ако не бива пак ок.Не знам како имате време да губите на ситници од типот ми рече ова и реков она…Ме праша ова,ми се замеша во она.Што придавате значење на безлични муабети еве не знам? Свекрва ми има со мене милион пати подобар однос од колку со син и(маж ми).Со мене и муабет прави,и кафе пие и на тел се слуша.Со него тешко тоа.Не давам да ми се качува на глава,не давам да ми дава коментари у вези деца,приватен живот и слично.И веќе ме има научено и не досаѓа на тие теми.Додека нему знае да му ‘попува’ па да се направат и лом.Никогаш страна не заземам.Ако е лута лута е на него,на мене не.И обратно. Еве и сега не се баш во нај ок односи они двата,додека со мене е.Нека си средат меѓу нив недоразбирањето,како што средувам јас сама со моите без да го мешам мм.
Епа ете кај тебе се погодила таква. Кај мене за добар дел од "проблемите" сум јас виновник. Ако мм и се развика, ја сум крива, ја сум го направила таков. Ако мм нејќе да оди на некоја свадба, ја сум му ја полнела главата, не ми се одело мене, ако мм не сакал да го стави креветчето во детска и еден кревет за неа, за она да идела да спие со малиот кога беше бебе, ја сум го натерала сигурно да е така, сакал мм да си оди во странство, ја сум го натерала, си го знаела она синот, он нејќел да се сели. Видиш не некои снаата им е извор за скоро секој проблем. И јас со мајка му на еден бивши живеев ко со другарка и на одмор еднаш ја и она во ист кревет спиевме и по кафани шетавме сами ја и она, ама тоа беше таа жена, оваа е друга.
Има,знам дека има.Али не е вредно за нервирање.Нека мисли така и готово де.Ке трошам нерви на нечиј детски инат.Мало морген.
Се уште не можат да сфатат дека нс родителите можеш се да им кажеш без даде налутат, на свекрва ако и кажеш нешто ќе се налути. Па добро, не баш се мажот да среди, ама подруго е тој да им каже, а јас на мајка ми ако ни се меша. Инаку и јас не чекам се мм да среди недоразбирања, средувам и јас. Пишав така поради што на него нема да му се налутат, јас што да им кажам, се лутат, ама веќе не ме интересира тоа, нека им стои ако се лутат. И тука ако се пожали некој од свекрва, веднаш "а каде е мажот ви"? Има и многу неразбрани, само додека да научиме како да постапиме со нив, нерви ќе искинеме.
Извини ама реалноста е таа. Ако маж ти незнае , неможе или се плаши да застане пред тебе како потпора и да повлече граница, џабе ти е ти да се објаснуваш, џабе ти е да и докажуваш, џабе ти се расправии со неа. Верувам дека нерви вадиш ти и други членки. И мене ме нервираат многу работи, еве среќа да кажам сме на различен спрат, ама дворот е тој. Ги гледаш. Едно кафе да сакам да испијам после работа, мене мозокот ми е чорба од нив. Ама неможеш да ги сменам на 70 години, а богами ни јас не се менувам за никој. Ееее колку пати сум ги слушала каде дрнаат за мене, ама маж се симнува и им става до знаење некои работи. Што и да префрли и одговарам син ти така сака што да правам. И верувај ако маж ти е од твоја страна , тури им пепел жено. Здравје никој нема да ти врати. Игнорирај. Ќе ти биде тешко недела дена да не вратиш ништо, ама со игнор охооо верувај на врвот ќе си. Ќе види дека не и се замараш ќе си престане. Или пред маж ти ќе кажеш жено абе цел ден идеш по мене за кавга ама не разбирам зашто. И да се правда пред маж ти, ако ја знае он каква е нека оправи ситуацијата. Здравје чувај си.
Се е точно ова, ама верувај има многу неразбрани, некои се разбираат од збор, некои за жал не, и мм и јас сме им кажувале џабе, се прават дека не разбираат, а за други работи како разбираат еее, само треба на дистанцажа и да се игнорираат, додека сфатив и ги научив изгубив нерви, сега воопшто не ми е гајле, што сакаат нека прават, не седиме таму, не ги ни гледам. А да, дворот е тој, и ние додека бевме таму си седевме горе на спратот посебно, ама како што пиша кафе неможеш на раат во двор. А ме видеше свекрва ми, ете ти ја, а бре може ме ми се прави муабет, она дрн дрн дрн дрн. И како што пишуваат некои членки нашите мајка биле цвеќиња, не се, ама ако не ми се прави муабет и кажувам на мајка ми без да ми се налути, свекрва за ништо се лути, тоа е таа разлика што не ја сфаќаат.
Ако не сфаќаат нивни проблем. Мојава тоа што и одговара слуша, за друго не слуша. Она има и проблем со слушање ама да видиш како слуша некои работи. Ама ич ич не се замарам. Јас си кажувам се што си имам. Се случило и две недели да не ја сретнам. И прашува што те нема? Викам одмарам мозок од луѓе. Во двор ако седне, зимам телефон во рака и си зборам со некој или ќе си кажам нешто и си влага. Неможам да заборавам некои работи и ќе ги префрлам цело време. И мајка ми знае да си даде коментар ама си добива возврат ако не е соодветен или ако претера за некои работи. Знае да не разбере кога и кажуваш нешто и тера по нејзино или ако правиме нешто и сака се одма епа нема бе, не сме на дугме. И коментари што не ми требаат и кажувам да си гледа нејзина работа. Секој си сака мир.
Супер ќе бидете, ако живеете доволно далеку. 1000 километри така, минимум Е ако е единец... може и тие 1000 километри да не се доволни, не знам баш Прво скокни па речи оп- па кажи ни како ќе биде
Леле бре не ова се е отидено, значи нема некој што да кажува како ке се живее, особено не она, дали ке одите во странство, соба за нејзе кога го чувала внучето ако те разбрав,па уште и на која свадба да одите чекај тоа не треба да е одлука измеѓу вас двајца?добро жената вака не ми делува дека е со здрава психа, зашто е вака бе кај 90 % од нашава земја еве седам и се прашувам? Не е можно толку сите да се соочуваме горе долу со слична проблематика, не може сите да сме злобни снаи дојдени да и го земат на свекрвата синот,како може значи улогите на мајка и жена се сосем различни, Што е проблемот еве ве читам си размислувам и не знам зашто е вака кај сите?
Не знам вистина, последна нервоза ми беше пред некој ден, што со мм сами си го направивме ајварот, ја не јадам толку, детево ич, ама ај да има, госпожа не излупи ни една пиперка и ај греота се демек со свекор ми, ги оставивме во подрум долу, зошто јас најгоре немам кај да ги чувам, она има 6 тегли пуштено кај золва ми. значи нит не праша ни ништо. Уште па ја зема 6тата пред мене и бега, ми вика ова е мармалад од лани Дали вреди за пржени пиперки да се расправам? Дали требаше да и преречам нешто или излегов демек смотана, успеа да излаже она? Жива се изедов, мм ми вика "ти требаше да и речеш, земи ги сите, пушти ги". Им оставив 2 тегли, 10 уште беа останати, си ги качив во фрижидер. Безобразие до немај каде, ама пак ќе речам, дури и смешно ми е за Ајвар да се расправам, ама мене начинот ме напна. Иначе она си е таква научена во све да се меша, она на золва ми 4000 км од овде што живее и кажува што како да прави, па мисли и на нас ќе ни шефува. Иначе да, такви и беа намерите со спиењето во соба кај нас, ехее она е полна бисери и ден денес, ама затоа кука, плаче, како сме и го скратиле задоволството да гледа дете дур расте. Дај Боже да ми се остварат некои планови, ни на камера асално нема да не види. Што си сееш, ќе си жнееш.