Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.048
    Затоа што кај таквите поврзани со папочна, взаемна е таа поврзаност. Како што синот е зависен од мајката, така и мајката е зависна од синот. Научени, навикнати со децении така да функционираат и никако поинаку, и ко што на таквите мажи им е незамисливо да се издвојат, така и на таквите мајки им е незамисливо да се издвојат од синовите. Не знаат како поинаку да живеат, во заблуда се дека зошто до вчера заедно мајката и синот, или најчесто само мајката носеле одлуки за двајцата нив, па мислат дека исто така ќе е и кога синот ќе се ожени. Па после снаите им се криви кога нема да биде така, како што било во последните 30 години да речеме.
    Таложени комплекси и вкоренети навики се во прашање. Ама ако тие се неспособни да сфатат дека се во заблуда и дека грешат, тогаш снаите треба да бидат способни таквото да не ги заболе и да си тераат свој живот со мажот им, како што сакаат и замислуваат. Нема време за поинакво живеење и тинтрање туѓи комплекси, животот е краток.
     
    На Nausicaa, *Amethyst*, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Не, не, маж ми воопшто не е таков, ама она е таква. Мм она не го ни има изгледано, баба му го има пораснато, ама таква е, сегде да е главна. Ама неможе да се расправа со маж ми, он пуздер ги прави, она мене ми се обраќа, во стил "кажи му овде треба да се оди, ја не му кажувам, ќе ми се дере". И ја намерно за некои работи не се ни замарам да се објаснувам со него, сега ја ќе се замарам дека било редот ја и тој, да одиме кај Петко на именден, ај важи, башка знам дека ќе ми рече не одам. Ич не е поврзан со неа и неа тоа ја боли. Демек само жената и детето си ги гледал. Еднаш она ми рече мене "ако не се согласуваш со мене, нема да останеш со него", ја му кажав, овој пуздер ја направи и после тоа она почна да игра подмукло демек "мене кажувај ми што имаш да ми кажеш, не него, само расправии ни правиш" и ја намерно све му кажувам. Уште и золва ми, ми ја пушти со тој муабет. Ама ја си стојам до тоа, како сме договорени со мм, така да си правам. Он ми рече све мене ќе ми кажуваш, јас ќе средам.
     
    На Gosh, *Amethyst*, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    22.153
    Пол:
    Женски
    Кажи и свекрвче каква собааа, јас ќе си легнам во дневна тебе со син ти ќе те оставам, за доручек една пита ќе свртам , само ти да ми уживаш.
    Кај мене дојде јас сама и ми вика немој да ни се заканувате дека ќе продадете, ќе идам на нотар да си вратиме препишаното. Викам стани сега во моментов, одма вртам на адвокат и ајде да идеме. Иначе свекор ми нешто со девер ми се спречкале и му вика на мм ќе продадеме и секој на своја страна. И мм вика ако нема проблем, секој за себе и ќе си бидеме гости. И лудава дојде мене да ми збори, ама когга и реков ајде застана. Викам слушај една работа, јас си имам куќа кај моите, имам кај да идам, ама син ти една рата ако не плати ти летна куќава и ќе спиеш под мост. Мене и викам баш ми е гајле за оваа куќа, маж ти сака да продаде не јас. После маж ми ја досуреди кога дојде и ја немаше 1 месец. Убавини…
     
    На Gosh, *Amethyst*, steela.honey и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.048
    Во твојов случај, она е таа што не може да се издвои, заглавена во времето кога биле само они, таа и децата, и тие биле зависни од неа како родител. И како да го нема прифатено фактот дека повеќе синот и' не е зависен од неа, како да не го ни гледа како возрасен човек, со своја фамилија. За жал многу луѓе не се замараат да работат на себе, на својата психа, комплекси, да го тргнат егото на страна и да се однесуваат интелигентно и зрело. Премногу се навикнати на еден вид на моќ и желба за контрола. Место да уживаат во тоа што го имаат, без да го расипуваат.
     
    На *Amethyst*, Anyshka, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Камо да ја немаше барем 2/3, во најмала рака.:devil:
    ја кога ќе е лута, уживам, она си мисли ќе се потресам:rofl:
    Баш. Детето кога ми почна во градинка, на САМО 2 години, жената отиде да препише лекови за анксиозност и депресија. (facepalm)
    лани мм кога се договараше да оди во странство и ништо не излезе, имаше период кога беше "многу зависна од нас", значи и беше тешко и едно вц да си исчисти, не беше способна. Кога виде дека ја игнорираме пак стана способна, еве веќе цела година. :?:
    Чекам нова бура, во затишјето сме сега. :rofl:
     
    На Kotonjec, *Amethyst*, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски

    Леле, прости ама ова мене ми е ептен дебилно и просто од нејзина страна. Као еве, ја насамарив снајка, он го праеше, ќерка ми ќе јаде на немачено. Малограѓанштина.
    Ја сум сигурна дека да ти побарала, ќе си и дала, мајка му, секој би дал две три тегли, јади пукни. Па уште лански мармалад лажење.
    Арно ќе и пропадне на золва ти ако знаела каква игра мајка и смислила.
    Да си идиот, па утре да и го плеснеш пред други дека краден ајвар праќа кај ќерка и, да ја занемеш. Мада, не би те советувала тоа. Остај и го ајварот нека го носи, нека и стаса ако и е до тоа дојдено.
    Страшно со каква жена имаш работа. Чувај си нерви, глеј си маж и дете.
     
    На Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Со се ова што го напиша ја опиша мојата свекрва. Никако да се помири дека синот (маж ми) си има своја фамилија за која што треба да мисли.
    Она очекува од него за нив да гледа. Демек се променил, сигурно уште смета дека треба да биде како што бил кога бил дете. Нормално ќе се сменат работите.
    Ако начека да ме нема мене во моментот до маж ми одма муабети, а кога сум тука ќути.
    Маж ми по природа е многу мирен човек може на глава да му се качиш он ќе слуша што зборуваш ама ако пукне има лош карактер не бира ни кој е пред него ни зборови, а богами и може скроз да те избрише од живите.
    И таа си го познава синот му брбљала за мене ама не очекувала дека одма ќе и рипне да и се спротистави. И му рекла еее сменет си. Пробала сега со манипулации да се сожали маж ми да не биде со кавга туку јас да бидам крива. Демек откако се ожени се тепаш за неа а нас другиве не заборави не не сакаш веќе бла бла бла жалопојки.
    Си мислев зарем возрасни особи користат вакви манипулации како тинејџери, страшно.
    И откако и ова и било неуспешно. Сега седи мирна.
    Ама на таа жена секогаш ќе гледам како личност што манипулира и се служи со интриги.
     
    На *Amethyst*, MissChievous и Mnik им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Досадна сум веќе со реплицирањево, ама единствено не сакам да се скарам ради ајварот, зошто вистина золвс ми на секое све и свашта пушта за детево. Од алишта, креми, гелови за туширање, витамини... Само ради тоа. Ама начинот на женава и е глуп, преглуп веќе. Секако дека нема да и преречам, ама ете 3/4 тегли пушти ги. Ама од 18, 6 таму, незнам....
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Miss666 им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    22.153
    Пол:
    Женски
    Погоди кој беше најсреќен па кога решија да искочат од дома на неколку дена?
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Како магично да ја снемува негативната енергија на 10 км радиус од дома. :rofl::rofl::rofl:
    Може почесто да се потворува, претпоставувам не ти смета. Препорачај им што повеќе шетање. 8)
     
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    12.737
    Пол:
    Женски
    Токсични жени бре. Мислиш пред снаата имале здрав однос со синот и дојде снаата вештерка им го зема.
    Како може некој да ми влијае на односот со родителите освен ако не сум со некој манипулативен нарцис во брак? Па и тогаш.
    Мајка е мајка, сопруг е сопруг. Две различни врски, си наоѓам време и за едниот и за другиот, еден однос не ми влијае на другиот.
    Имам другари пар, во врска се ама заедно живеат. Дечкото си има супер однос со мајката, се гледаат надвор на ручек сами или во недела сите заедно кај неговите дома. Нити свекрвата доаѓа да ги замара, нити ја замара снаата со глупи муабети, многу ретко ќе седнат и тие две на кафе или ќе одат на театар ама нема никакво ривалство.
    Ова затуцаново вклучувајќи ја и мојата, аман. Мора ние да се гледаме често, мора на фамилијарни ручеци секој втор ден, мора сите планови да ти ги знаат, мора мислење за се. Ако скршнеш од нивното готово, лошотилак снаа, изманипулиран син. Маж ми искача од дома или оди во друга соба кога доаѓаат неговите. И ќе дојде ќе ми каже дека јас сум крива за тоа? Цел живот бегал од нив, вика на детството не се сеќава дали дека потиснувал, дали нема на што да се сеќава, токсична средина цел живот и снаата крива? Море, море…
     
    На Martka, IRBBB, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.350
    Пол:
    Женски
    Ехеее, ова како јас да сум го пишала, исто првите години јас, лупи, лупи, золвата нигде ја нема, и на крај опп ќе си земе ајвар, а ние не ни јадеме, мм повеќе лутица ама и тоа онака за мезе, и сега ни лупам, ни ништо, што сакаат нека прават, си правам јас тоа што си јадеме ние. Лани му рекла на мм да сум лупела, аха сигурно не ќе лупам за ќерка и, една година па ни рече демек да се симнеме на ручек, што мене ми беше чудно, а таа да си купила пипер за ајвар па ај ќе и помогнеме, ок, немам ништо против, па дури и заеднички да правиме треба да се договориме, може тогаш не сме слободни и обратно. И на крај ајварот кај золвата, епа чекај, со мене неможе да се зафркава.
    После ова си чував во фрижидер, не во подрум.
     
    На Peperutka-bt, *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.
  13. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Биди среќна што е така, камо сите членки тука да имаат зелено светло од мажите, ти само свиркај си штом си имаш поддршка ,тотално е неважно нејзиното звоцкање.:D
     
    На *Amethyst*, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Што менталитет ке сме, добро твојот си е свесен барем, мојот не се отвара а слично верувам се чувствува.
    Ама како може да ја боли бре тоа што сопругот те ставил тебе на пиедестал, нормален е тој процес, не може да и го земеш нејзиното место она е мајка го израснала, и толку , мене овие врски односи на Балканов ми се стварно премногу ненормални, мајките покажуваат таква социопатија жално, синовите им се осакатени , па после се чудиме зашто вака зашто така. Кога ке видиме кој ги израснал си викаш море добро е и ова каков е.:rofl:
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Не е само она. Речиси Секогаш свекрвите гледаат на снаата како конкуренција.
    Сакаат да бидат број еден во животот на синот. Не можат да прифатат дека друга жена е број еден кај синчето.
     
    На Anyshka, *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.355
    Допаѓања:
    27.111
    Пол:
    Женски
    За тоа ни е крив менталитетот односно патријархијата, уште од старото време шо останало кога и викале на омажената жена да ќутиш и да трпиш, остај го него маж е шо сака нека прави кај сака нека оди, гледај си ти децата.... и нашле утеха во децата , само децата се битни и никој друг и затоа неможат после да се откачат.
    Тука во странство, не верувам дека до толку многу го има застапено тој менталитет пошо многу од постарите генерации баби и дедовци, ги гледам заедно фатени под рака се шетаат, одат на одмори, шопинг, ручаат заедно по ресторани, седат во кафичи, дотерани, нашминкани, насмеани , едноставно задоволни со себе а задоволен човек не се меша во среќата на другиот посебно не на децата.
    А кај нас? Кога сте виделе баба и дедо така? Или воопшто заедно да одат некаде? Дедовците обично по кладилниците и пред трафиката седат со ракија, а бабите дома сами, по цел ден само чисти готви и нормално од досада побудалуват и трчат право кај децата, и намерно или ненамерно праат сплетки.
    Нема да се смени ова нашево, долго ќе бидеме така.
    Во странство, сите родители се радуват децата да се иселат од дома да се осамостојат, или да одат во друга држава да видат свет , да се надоградуват.... само кај нас паѓаат во несвест ако се спомне селење во зградата спроти нив. А за странство да не спомнувам, одма сите болести ги фаќаат, се почнува да ги боли, ќе ме умреш ќе ме умреш....
     
    Последна измена: 28 септември 2023
    На elanor, Gosh, ZAHRA и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    За ова си скроз во право. Кај мене свекрва ми годинава се учи да се ослони на свекор ми. Она очекуваше дека некој друг ќе седи со неа и се' ќе и прави. Уште го жали, он преработен бил во животот.(facepalm)
    Значи баталете мажите, глејте ја свекрвата.
     
    На spacegirl92, Adidas888, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Ама зашто постои споредба, немаме иста улога,мајката е родител,жената е партнер, не може да ме убеди некој дека овој поглед е здрав, значи затоа секогаш сум гласна дека тие што се мајки на синови, треба да се преиспитаат како го воспитуваат, што му всадуваат до каде се границите, тоа не е од нигде никаде дојдено во нашава култура, ние барем помладите генерации да сме свесни, нашите свекрви нема да се менуваат сега пред крај на животот се што можеме е да се чуваме , и да си живееме живот по наши правила со или без тој партнер и неговите опашки фамилијарни.
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Мајките на синови често ова го прават.
    Тотално нездраво и ненормално.
    Прв пример темава, втор на со. Платформи или еве тик ток, често гледам видеа каде мајката се снима како ну пее на синот дека ни една девојка нема да го сака како она што гп сака. Тука сфаќаш дека постои нешто болно во неа.
    Не знам. И јас сум мајка на син и не ми ни текнува на вакво нешто, ова е резултат како желба за валидација и доминација, кои во останати сфери веројатно не ги добива жената.
     
    На Gosh, MeowMeow, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    108.999
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве многу сум и благодарна на свекрва ми што го воспитала мм дека има свој живот пред се. Нормално е да имаме несогласувања, ама не до овој степен, ние најчесто околу чување на децава се рчкаме, ама знае дека мое дете мои правила, ако гледа дека грешам не попушта, ама пак моето е последно.
     
    На Martka и steela.honey им се допаѓа ова.