Не сум стручњак ама знам во психологија има нешто што се вика емоционален инцест. Значи не оној грозен инцест како што го замислуваме со ај да не зборам што него кога родителот емотивно го доживува детето како свој партнер и буквално партнерот(ката) на детето го/ја гледаат како некој вид на неверство. Сексуални ствари нема, ама другото, емоциите да И слободно можам да кажам дека тоа е доста присутно на наши простори, само во полесна или потешка форма
Па има многу неспособни мажи во тие генерации и кога жената не добива емоционална поддршка од мажот и љубов и внимание, се приврзува со детето, а тоа е дефинитивно многу нездраво приврзување, опсесија.
Не ве разбирам вие што живеете оделно или сте во странство да ве замараат и тогаш, абе телефон не им кревам ич нема ни глас да им чујам. Здравје Боже тоа планирам и маж дели исто мислење.
Не била посесивна, туку напротив многу добра, ама не само она туку цела фамилија од потесна до поширока. Што ми продаваа муабет дека сите заедно се држеле, мн се сакале, не се ни карале... Едино сестра му што си ги покажа роговите на почеток ама не ја сфаќав сериозно зашто помала од мене и си викам ај период и е а оно уствари таков гнасен карактер да ти била. Подоцна веќе кога навлегов во овие води секој против секого збори. Јас на 18г излегов од дома баш зашто е совршена. А среќа познавајќи го брат ми сигурно нема да и донесе снаа дома за да ја трпи и таа. Така да, од мој аспект, далеку од совршена е и мајка ми. Добро не ти се лутеше на почеток кога си и поставувала граници? Ова сум јас, порано ке си кажев ама сфатив дека си имам работа со личност што е невротична и хистерична. Буквално не можеш ништо да и кажеш што е спротивно од нејзиното. Пример вчера, решив за ручек да правам паста со црвен сос и плус земав (кубети) сланина исецкана на парченца мали, и женава вика што ке ти е? Велам, ке ја подготвам у сос, и ми враќа на тоа: Па јас така никад немам готвено, велам јас имам и така си готвам. Веруваш дека се налути? Пред еден месец, јадам и сестра му зима правосмукалка и ми мете под нозе ништо не и кажав него кажав на мм на што одговорот беше дека е моја грешка што не сум изреагирала, што е во право. Јас, анализирајќи се, имам страв некој од нив две зашто се крајно агресивни и користам молчење само да не избијам некоја кавга ама сама на себе лошо си правам и морам да си ја вратам силата за да можам да ги ставам на место.
Јас живеам одделно, не комуницирам телефонски скроз на игнор е. Маж ми се слуша еднаш дневно( и во ред е стари луѓе) ама кога ќе појдеме надокнадува и за тој месец што ме нема видено. ( не капира дека и поставувам граница) она каде што живее имаме посебен спрат, се надевам дека брзо ќе си го направиме за да може и таму раат да имам. ( сум останувала сама без маж ми во куќата, тогаш никаде ја нема раат сум си) ама кога е маж ми одма циркузи почнуваат, трча како по тодлер, да се докаже пред синот) Он исто поставува граница, ама женава не капира, а да ја игнорира како јас не може
Јас преќутувам одредени работи, зошто гледам дека едноставно не вреди. Не вреди, зошто они од инает утреден истото ќе го прават. Башка што да не излезе еве ја оваа прави расправии за се и на секое. Еве пред 1 месец бевме надвор во двор со детево и жената е болна по тоа детето да јаде она што ќе направи и со нив да јаде, и сега дворовите ни се еден до друг и детево си оди и кај нив и небитно да не ширам на долго, женава и викам не јадеше асално ништо не му давај, го карав до сега, вака така и она ми вика епа ќе го караш и ја да сум по цел ден со него, што да правам ќе морам да го карам (демек остај ми го ти само, имај доверба во мене). За наредниот ден да се погоди ја, она и малиот да одиме на гости и го искарав пред неа детето и женава пред тие луѓето ми вика ауу што туку го караш, јас две деца пораснав тон не повишив, ова со мене да си е, по цел ден ќе си се мазиме. Ја немав вистина, немав што да речам, зошто си го покажува манипулаторското лице, само кратко и одговорив "епа затоа не е". И не е едно нешто вака што го прави. За све. Го напна мм мачка да и донесе, мм и донесе и сега само нешто не и чини мачката, ќе ја фрлела, во бавчата и вршела нужда, а до лани мачката што си ја имаше она донесено нон стоп на истото место како и оваа сега вршеше нужда. И ја му реков на мм немој си донел уште еднаш мачка или било што. БОЛЕСТ
Исто за јадењето да му давала мекици, теста, кифли па и кога ќе каже а на сила да му дадам. Денеска му вика на син ми да останеш јас да те чувам. Јас му викам аа не кажии мама не ме пушта
Замисли анемичен е, и дотичнава ми вика, еее леб давај му на детево, со манџите леб не му даваш, затоа, поздраво нешто од леб за крвта нема. Сакав да ја прашам кај има дипломирано за вака стручен доктор да е, ама прескокнав. Или се будали до волку или се прават.
Мојата свекрва да е жива и здрава, супер е, еве веќе 16 год ја знам од кои 5 сме во брак, повремено живееме заедно, едно време и година дена живееме сами двете, мажите ни беа во странство. На почетокот ме нервираа некои нејзини ставови и коментари, постапки, со тек на време сфатив дека се што прави е оти мисли дека така ни олеснува на нас и престанав да се нервирам. Стварно добра си е во душата, греота е да речам нешто, нормално дека не секогаш ќе се погаѓаме за се, како и со родител исто, ама ќе си кажеме, културно, тоа е тоа.
Ауу истооо за леб, бисквити и млеко, пудинг било многу здраво да се јаде требало каша од брашно да му давам и шеќер и кока кола многу бил слаб немал енергија. (Лижавки, чоколадо, бананки тоа се било здраво за енергија)
Друг пат кога прај така споредба ќени влепиш пример Твоето си пројде нема ти што да кажеш за мое дете, Се гледа дека си го мазела син ти или ќе кажеш Аууу па син ти баш спротивно мене ми кажа дека си урлала. И само да и влепуваш. Ова од искуство после бројат до 10 пред тебе што да кажат. Не треба на ништо преќутување.
Нема ни да им одам на гости ако сака маж нека оди. На гости ако почне да мрси ќе си станам и си одам. Убаво им прави јатрвава не смеат да одат кај нив не најавени, додуша и најавени, а пази станот е на старите. Неколку пати врата пред нос им затворила им рекла не сте најавени. Кога ќе дојде како мумии се све им плеска и лице дрско за такви како нив само така треба.
Јас еднаш така и го плеснав на свекрвана кога почна нешто да попува како она "најмајка". И реков затоа синовите не те есапат за ништо дека добра мајка си била.
Уффф камо јас да можам така, да сум таква. Богами тоа не секој го може. (А и таква работа мм нема да дозволи)
Ма нема кај оваа такво нешто. Мм кажува дека со стап го тепала, нејзе во лице и кажува, оваа му вика не е точно, рака немам ја на тебе кренато комедии сме да не гледаш вака од страна. Они за разлика од порано сега се воздржани со мислења, ама знаат вака да одлепат по некоја.
Маж ми воопшто не ги гледа неговите со почит зошто не биле родители како што треба. Луѓето се буквално завидни, злобни и прости. Ниту пак брат му ги есапи што правеле заслужиле. А јас сум тип на човек што се ке направам за некој душа ќе дадам ама ако ми прекорачи граница која патем е доста голема бришам од животот и мајка родена да ми е.
Колку е само точно ова, да, да, од мали ги учеле така "седи, ќути, и трпи, срамота да се разведеш, тој е маж, кај и да оди ќе се врати", ова во времето на баба ми било, ама гледам и во денешно време некои вака размислуваат, до кога? Женски ако сме значи треба да трпиме, треба ова да се искорени. И да, во странство пензионери од 80 си се шетаат за рака, па на ручек во ресторан, па винце, кај нас жена е срамота да пие, секако не зборам за алкохоличсри/ли, и за маж и за жена не е убаво да се пијанчат, ама да испијат по 1-2 чаши, зошто да не?
@*Amethyst* не мене скоро никогаш не ми се лутела за ништо.Ама јас сум ептен отворена особа карактерно.Нема кај мене заобиколување за ништо.Ова е така и така ке биде,точка.Не кревам галама,не сум безобразна,не боцкам зад грб ама директно и кажувам до каде смее да оди кога сум јас во прашање.Се над тоа знае дека нема да толерирам и прекинувам контакт на подолг период( ми се има десено ова 2 пати на сам старт, пред 11-12 год).
Ауу како така по 1-2чаши,па што ќе речат луѓето. Леле овие се пропиле Миличка, далеку се нашиве пензионери од странскиве. На нашиве и нивните примања да им ги дадеш, пак нема да знаат да живеат. Пак ќе бидат затуцани и ќе се мешаат кај не им е местото. Ќе ги складираат парите на страна, и ќе живеат со тоа што ќе речат луѓето.
Друг е муабетот ама луѓе не може да споредувате стари во странство и стари тука, прво го немаат тие финансии, второ не се така расте, не ни е во културата. Пример мајка ми уште работи, има уште добри 10 год до пензија, од пон-сабота, во конфекција, иако нема на кој дома да спрема ништо, брат ми обично сам готви, татко ми цел ден работи, освен она и кучето никој нема, ама пак нема сила за ништо, истрошена е едноставно. Работи од 19год, без престан, тешки работи, на одмор нема отидено од тинејџер, она вика јас сакам дома да седам, не ме тера никој. Татко ми оди на лов еднаш неделно и знае да седне некаде да пијне апне, ја моли често, ама не сака жената. Свекрва ми исто, на крај на сили е, изнаработена, свекор ми ништо не работи, чека на неа, кредит еден, друг, трет отплаќа, уште има време и желба да шета за рака со него. Иаме проблем генерално ние, од нерешени проблеми во брак, па до тешки финансиски проблеми, не е така црно бело. Мислам не велам дека е оправдување ова да им го згорчуваат животот на младите, ама толки знаат.