Оваа јатрвата ко јас да сум, може со време се учи , не можеш поинаку нервите ке си ги истенчиш од нивни глупости, а сопругот нема што да кажува штом не превземал со време нешто, жената си го чува мирот само и толку.
Уште како девојка речиси од секоја постара мажена колешка, познаничка, фамилија и сл. Слушав како свекрвите секогаш се жалеле снаата не знаела да чисти, не знаела да готви. Демек недомаќинка. А свекрвата се најдобро знае. Ова беше најголем проблем меѓу сите што ми кажуваа, може така се погодило не знам. Ајде да поразговараме на оваа тема како е кај вас? И кај мене се потврди ова. Свеки моја и за мене зборувала не сум чистела не сум била вредна и слични глупости. Од тогаш си ја чистам само мојата соба редовно, а другото кога ќе ми текне. Па и онака зборела не чистам, епа чим така ете и стварно не чистам нека си чисти она сега . А најинтересниот дел е што мојава чисти како лисицата со опашката. А толку се прави вредна тоа е чудо. И вакви да ги наречам "неправди" ме нервираат. Ама не паѓам на нејзино ниво да зборам за вакви банални работи. Нека си мисли она дека е вредната. Ама верувајте не зборувам од инат туку воопшто не чисти како што треба. А пред нејзините и пред народов демек еве нон стоп со крпата во рака сум. Најмногу мразам вакви личности што се прават нешто што не се. А зборуваат за другите. Па таа до вчера ништо не работела се мајка и и свекрва и и работеле сеуште, стари жени. И како она е домаќинка највредна?
Кај мене вистина свеки чисти многу, ама истово го имам слушнато, дека не чистам ко неа. Сега ја ќе сум и се замарала за чистењето. Нека збори само. Све се тоа провокации. @mKdevojce сликиве што ги има прикачено, се најчиста реалност. Туку дај кажете чаре како да не се нервираме? Поголема будала за нервирање од мене нема. Јас нема да искажам, ама многу ме нервира и за све се замарам и не знам како да се променам. Имам периоди кога ич не ми е гајле, ама кратки се. Тешко ми е што сум ваква. Значи кога ќе ја видам, немир имам, ич не сакам да сум и во близина. Само да помислам на неа и мрак пред очи ми иде. Мм ми вика ти само ќе се разболиш, ништо друго не постигаш.
И јас го имав истиот проблем. Кога бевме кај неа на гости, децава истурија од јадењето долу на тепих. Јас се нафатив да исчистам. Сепак, постара жена е. И замислете... Не сум знаела да чистам. Е па, штом така, нека си чисти самата. А она едно чистење... Што да ви кажувам. Блеска дома кај неа
Ееј те памтам тебе. Те снема едно време од форумов. Welcome back. Ехее ја како будала и чистев и кај неа едно време, еднаш неделно, не и чинеше, прекинав и тоа сега не и чини. Ама ја си правам како ми одговара мене. Не неа.
И јас почнав така да правам и подобро ми е. А и маж ми ја виде ситуацијата. Колку повеќе молчиш, толку повеќе будала те прават. Сега нешто фина е. Изгледа сфати некои работи. Фала за добредојде. Имав проблем со конекцијата. Затоа ме немаше. Поздрав
Која свекрва ќе признае дека снаата е подобра од неа? Мојата нема да признае дека на мм повеќе му се допаѓа тоа што јас готвам отколку она. Само ми коментира дека прозорите ми биле ,,прљави”, викам од свадба не ми се чистени и баш ми е гајле ( да си има за што да збори де и давам прилика). Она секој ден чисти две соби и вц со мала кујна , а да ти сервира пола садови недомиени, во вц постојано и мириса на мо**а, дека синчето од 45 години и маж и многу внимаваат нели кога идат во тоалет. Мене ми е смешна. Неможеш да смениш некој на 70 години со затуцани размислувања. Јас се намерно и одговарам спротивно од тоа што е. Нека си има што да збори. Излага само до продавница, амбуланта … Ќе слушне, нема да дослушне нешто па ќе се обиде да е паметна и современа ама е пресмешна. Не им се нервирајте жени. Терајте си животот. Многу и се нервирав ама сега се смеам на секоја глупост што ја треска. Вчера средуваа нешто оставата во двор и јас се симнувам да фрлам ѓубре и ми вика овие тањири модерни се? Викам супер се зашто не користиш. Кога видов еден тон сервиси, апарати секакви. Викам за што ги чуваш жено? И свекорче паметен абе за децева чува бе Бела ( внуците од другиот син). Викам додека им дојде време за мажење и женење ова ќе иде само во канта, очекувате дека ова од пред 40 години они ќе користат? Нека се најде де… Уживајте и само се смејте тоа е најголем напад без физички контакт.
Мојата нема на кого да ме оговара (можеби со ќерка и, ама немам слушнато), а на мене кога кажува нешто кажува со потсмев, а јас и враќам ќе си викнам жени да ми исчистат, сакам како кај мајка ми да ми е чисто.
Мојава има нејзин чеиз некористено, на снаата ништо не дава (прашува мајка ми што ми дала) и викам кратко и јасно 20 илјади евра да си купам што сакам
Абе беда бе. Годинава со мм си се подновивме, микро, машина за миење садови, вградна плотна, луѓе жената се поремети. Почна на секое да кажува ова ми треба, она ми треба, ова немам, она немам, почна да приплакува како немале пари, тешко живееле. А свекор ми секој втор ден во кафана. Која мајка прави вака бе? И мојата не е цвеќе за мирисање ама сигурно не е љубоморна на децата. Срамота
Воглавно секој треба да се запраша чии стандарди на домаќинка треба/сака да задоволува - на свекрвата, на сопругот, на комшиката, на инстаграмот, или сопствените? Секој има некаква замисла што е домаќин, нормално е да ни се разликуваат, она што е битно е да ја исполнуваш сопствената дефиниција. Ако јас сметам дека доволно е да чистам еднаш неделно, ти џабе ми зборуваш дека ако не чистам секој ден не сум домаќинка. Според моја дефиниција сум супер домаќинка затоа што чистам еднаш неделно. Ова ми е ептен прост пример, ама ваљда јасна ми е поентата. Проблем настанува ако немаш самодоверба, па таквите туѓи коментари/мислења ти влијаат и прават да се осеќаш лошо. Нема некое посебно чаре ако како што самата велиш за сè се замараш. Ако нејќеш да се нервираш, нема да се замараш. Ни што мисли, ни што зборува. Океј е да се замараш што прави, ама само во контекст за твоја лична заштита, секако нема да оставиш било што да прави ако би влијаело лошо на тебе. Ама воглавно треба да научиш ништо што мисли и збори да не ти е гајле, а тоа е постојана практика како што би правела со секој небитен човек во животот.
@Mnik иста сум. Overthinking... @BellaBibi ќути за садовите, исто. Мојава претходно знаеше да искоментира дека мајка и и свекрва и кога и помагале стари жени не ги измиле убаво не гледале. Сега кога она мие гледам дека уствари таа не ги миела убаво. Алишта ни да ги пружи ни да ги здипли не знае, затоа не ја оставам она да дипли лом прави...и други примери. @MissChievous нема врска тоа со колку пати неделно чистиш. Туку колку квалитетно и детално чистиш. Ти може секој ден да "чистиш ", како свекрва ми. Како лисицата со опашката и нормално дека пак нема чисто да е. Тв комодата пример ќе ја избришеш, масичката не. Ако чистиш, чисти се. А не фушарски. И нормално не може да биде некоја домаќинка ако до 50+ ти работат се дома свеки и мама, а ти само одиш на работа.
@Erika.greeneyes да, 100% така е, тоа ми беше муабетот, само мојот пример е ептен прост. Односно секој различна дефиниција има за домаќин/ка, не може друг да ти наметнува како треба, поготово ако различно размислувате. Во кратки црти, за себе треба да си си супер домаќинка, ако уопште и тоа е битно, да се биде домаќинка (во основа целиот муабет е банален.)
Не да е банален. Не знам кога ќе се искоренат овде у Мк некои размислувања. Пример баба му од мм често знае да ме праша како живее таа и таа со свекрвата,(за некоја моја познаничка),за моја другарка, братучедка и слично. Не како живее со мажот туку со свекрвата како живее.
Не знам, еве имала син го чувала му готвела, му чистела, го перела дрн дрн. А женско како чувале? Ова од корен треба да се смени. Се додека жената дома сама готви, пери, чисти и се друго а мажот дреме пред тв за долго нема да се смени поимот свекрвче, само ќе сме пример за децата дека мајката е домаќинка.
Мене ми кажа како некоја си го чувала свекорот, како го перела, пеглала… Така требало иначе да знаете. Викам ќе почитувам и се со ред, ќе подадам еден тањир ручек, ама да го перам???