Епа кратко траеше, сега јас си купив се ново за новата кујна, таа што сака нека си прави сега во нејзината. И не дека сакав да и се мешам, ама ете јас помлада, и исчистив, и наредив, ако не сакала да и се мешам можела да ми каже, ама баш ми велеше колку се било убаво наредено како под конец. И сакав да биде убаво наредено, повеќе јас готвев, кога барав нешто, неможев да најдам од што беше се испомешано. Ама така си е навикната, не знае да врати на место, и ако не сакала во заедница немаше да припаѓа кога се одделивме, ми велеше ете имаме кујна, заедно ќе ја користиме, не фрлајте пари. Како и да е, во право си за ова, и јас не би сакала никој да ми се меша, ама отворено ќе кажам. Ете и золва ми и ги исфрлила тенџерињата, ок, ќерка и е, друго е, јас сум дојдена, ама тоа онака и кажав, не и ги исфрлив јас, и не во буквална смисла да ги фрли, и мајка ми има стари, ги чува за зимници и во подрум и стојат старите, и јас на мајка ми можам да и ги фрлам ако сакам, на свекрва ми нема шанси. Инаку и мајка ми си има маани, и јас ќе и кажам нешто, она си тера по нејзино, човек на 50-60 години неможеш да го смениш, па ниту мене некој може, и јас си имам маани, секој си има.
Лелее последнава реченица…..Значи нормална е? Мислам вака при здрав разум е? Да ми се обрати вака , па и на каса пред луѓе , ќе ме има по насловни. Готвам кога сакам и што сакаме. Ако искоментира еее а што ќе јаде Петре( син и) викам абе таман да правам , ми вика син ти не прави душо ќе купиме и неможам да го одбијам или расправам. Абе пари трошите, скапо е….Добива контра одговор/ прашање: Дали ме финансираш? И нема одговор… Ова со чистење само со вода….работам на место каде имам опција да земам различни стедства по доста ефтина цена…не чистеле убаво ( никад ги нема пробано дечкиии). Се дружи со две особи и од моја лична култура ги поздравувам жените , па и ништо не ми згрешиле. Тоа е само моја култура. Знам и да симнам нешто ако сум направила, 2-3 реда муабет и толку. Дурииии она на едната што нонстоп ми вика да сум и идела на гости и вика: Петкано, твојата снаа ни добар ден не ми вика мене, нема што мојата снаа да ти доаѓа.Си има она генерација другарки и со кој кафе да пие. Просто во шок бев ( ама у право е за ова).
Јас немам проблем само со свекрвата туку со цела фамилија од таа страна… Уште од почеток не бев прифатена, не дојдоа на запросувањето, не ми ни честитаа кога останав бремена и бременоста ја поминав во нервози од свекрвата затоа што таа почна да глуми лудило, да паѓа во несвести и да го вика синот кога сме кај мене дома за да ја спаси и слично. Јас од почеток бев океј и молчам ама работите од моето молчење ескалираа. Имавме ситуација кога го свртија мажот ми против мене и моите (инаку моите го гледаат како син). Да не зборувам за тоа, го пребродивме некако. Откако се роди син ми имаат поминато 40 дена и ние се вративме во родниот град, инаку живеевме во Скопје. Маж ми ептен е на моја страна сега затоа што не знам како преку ноќ се освести дека не се фер спрема мене. Ме вреѓаат мене и моите индиректно на многу начини и само бараат начин да се мешаат и да контролираат. Ова на кратко што се случуваше од почеток затоа што сега друго не можам да разберам. Со заедничка одлука одлучивме дека дури се средиме и купиме стан да живееме со моите. Прво, поради тоа што имаме спрат само за нас (имам помали сестра и брат и сестра ми е во Ск а брат ми е долу со моите цело време), потоа моите се полабави во секоја смисла и не оставаат да си тераме по наше, плус мајка ми не работи и ни е од огромна помош со бебчето. Јас не напнав за да живееме кај моите, тој сам предложи кога зборевме за враќање во родниот град. Е сега, неговите не можат да се помират со ова и не сакаат да доаѓаат на гости иако сто пати им е кажано. Исто така вујко му секој ден му се јавува го вреѓа дека е пи*ка што живее тука (а неговиот зет исто така живее кај нив). Сега и они немале да дојдат да го видат бебето тука. Како да ние не живееме тука туку сме на гости. И сега нивниот план е да одиме ние кај неговите и таму да чекаме гости. Плус на луѓето им кажуваат дека живееме и ваму и таму. Мене ова ме нервира затоа што јас сум таа со бебе и мораме ние да се прилагодуваме на нив. Маж ми вика да не се замарам ама не можам. Почна да збори жената дека не сум давала да го гледаат ама не можам секој ден да одам јас таму со саати да седам кога сме одлучиле веќе дека не ни е тоа дома. Плус се мешаат и во други работи во начин на облекување, хранење зошто го дохранувам, зборат работи што немаат врска зошто се прости и неедуцирани, јас се правам во консултација со педијатар и плус се едуцирам што ме интересира и нормално дека си сакам нај за детето нема да го оставам така. И на слика и во живо кога ќе го видат прво маани бараат наместо да се радуваат на внук. Ете не можам да ги разберам. Може звучи глупо од страна, ама млада сум прв пат се соочувам со вакви луѓе и си ставам на срце. Плус ми е криво што маж ми е на средина, не замислував да е вака. Му реков на него дека јас по гости не одам, кој сака да го види бебето нека дојде слободно. Не мислам дека е себично туку мора да почнам да ставам граници иако мислам дека е за џабе затоа што не разбираат од збор туку ќе го трујат маж ми се повеќе дури не попушти и без да знам да договори гости кај нив. Ова е сега нашиот дом нека прифатат. Никој буквално никој не им брани ниту ги дели, ако толку сакаа ќе дојдеа ама очигледно само глума и плачење пред луѓе. Да беше обратно знам дека моите ќе сакаа да идат секој ден. Греота да го малтретирам и него, пред некој ден бевме кај нив зедоа да го будат и да му расипуваат ред. Маж ми од некоја причина не може да им каже не и само им вели добро ама не ги слуша. Јас не можам така и се нервирам. Ај да беше за мене нека зборат ќе трпев ама се изнаполнив нервози цела бременост, па и сега, каде ќе е крајот. Знам дека сум крива што молчам ама синот нека си ги решава нема јас сигурно да им викам ама изгледа тоа ќе треба да е… Морав некаде да се изнапишам
Eхеее и јас книга можам да напишам, се нив не им чини, и ние сега дека живееме кај мене, сама сум, само мајка ми е тука, посебно си има, не ни се меша во ништо, и да проба ќе и кажам, и неговите му збореле како сме го присвоиле. А нема врска, Скопје сме поради работата негова, јас и од дома работам, во помал град ништо нема работа, некои од помал град работат Скопје и живеат под кирија или секој ден патуваат, јас си имам мое барем кирија не плаќаме, наместо да се радуваат они љубоморат на сопствен син. Па и тој зет му му рекол зошто тука сме седеле, имал куќа, а тој секој ден е кај свекор ми и свекрва ми, незнам што не си гледаат своја работа. А што се однесува за бебето, слободно нека си чекаат гости кај нив. Ние се уште немаме деца, ама за други работи баш сакале горе кај нас гостите да ги пречекаат, јас пресеков, нема што јас нивни гости да пречекувам за било што.
Извини ти мака си имаш со оваа каскативкава ама ме изнасмеа со ова како ја имаш опишано @JustBeautiful Прекини секакви контакти со нив, блокирај им ги броевите, се што е ред. И онака ги тргна од глава не ти се в куќи, сега наредно е скрос да ги избришеш од животот ваш. Јас вака би постапила.
Прво, не си себична. Второ, не мораш да ги разбереш и не си троши време и нерви да ги разбереш. Трето, стави се ти, бебчето и маж ти на прво место, и прави така како што вас ви е најдобро. Секој треба да си го живее својот живот, што има ти да исполнуваш туѓи желби нарушувајќи си го сопствениот спокој и ред. Ќе си гледаш за својата фамилија и нема да те заболе таквото кој што сака и мисли и зборува. Ако некој сака да биде дел од твојот живот, ќе биде. Ако не, нека си плачат и кукаат сами. Премногу дозволуваш, газат по твоите одлуки и желби. Возрасни луѓе се, ако не знаат да прифатат други како живеат, тоа е нивен проблем. Нема што ти да се моделираш по туѓи замисли. Ама сериозно. Мораш да бидеш цврста и одлучна, не дозволувај да те манипулираат. Тука живееме, повелете, отворена врата (ако претераат па и нема да биде повеќе отворена). Ако не сакаат да дојдат, тоа е нивна одлука и желба, каква врска имаш ти со тоа. И за сè ќе нагласуваш дека така сакаш ти, твој е животот, твое е бебето, твоја е фамилијата.
Леле што им е бре на стариве, кога ќе се роди дете, све се пореметува. Не знам искрено што би те советувала освен секојдневно да му укажуваш на маж ти колку ве газат. Не можеш да си на средина со вакви забегани. Мм има прекинато контакт со прв братучед од глупости и оговарања, не па да му ѕвони некој да го труе и вреѓа секој ден. Или има многу нерви маж ти или не сака да се скара со нив, односно е мек. Не ми е јасно како една зрела личност може да дозволи да го вреѓа некој и упорно да им бара начин како да го видат детето.
Kажи лек за прекинување контакт со братучедот, мм исто има таков што сегде не оговарал и пак го прибираат, го тинтраат, јас неколку пати му имам кажано, џабе, пак си збори. Оф топик ама се надоврзав на твојот пост, инаку да беше мој братучед немаше да стапне.
@JustBeautiful А што се замараш. Еве не си со нив и терај си, баш како што напиша, ако сака некој да го види бебето нека дојди кај тебе. Таа ако сака нека си чека гости, па и кај мајка ми идеа гости за бебето, ама не не напнуваше и ние да бидеме таму, ниту пак сме отишле затоа што дошле гости за бебето, сама си ги пречекуваше, нејзини гости се. Нека зборува што сака кај сака. Ниту зависиш од нив, ниту ти се потребни такви луѓе. Вие стоете си на ставот и потруди се ништо да не допира до тебе од такви отровни личности. Сами нека се трујат.
Точно дека уште на почеток знаев дека свекорот е терсен и лош и се помирив со тој факт, ама вчера посебно ме навреди и ме натера да плачам кога ми кажа дека метла не сум фатила од кога сум дошла- не ме видел ич со метла, се било пајажини надвор (а нема врска, чисто беше). Само што замина се утепав плачејќи, ем сум бремена и хормоните имаа удел. Срамота ова не сум го доживеала никогаш свекор да ми наредува што да правам и да ме навредува. Кај не ми дава ни да одморам, ниту да поспијам во текот на денот, цело време само ми дава заповеди, рмбам секој ден како куче- бремена жена. За греота. Каде ќе му оди душата не знам. Го колнев аир да не види. ПС Имам и свекрва, но таа е добра не ми дава да работам, само ситници. Тој и неа ја команда. Овој мојов мм само работи лево десно, сите нивни работи им ги работи. Не ни слуша што ми зборат, а и да слушне ќути. Кај се најдов јас во ова проклето место?!
Нема лек. До човекот е. Свеки и свекор се бунат што мм не контактира, ама он им има речено дека е така и крај. Цело време пробуваат да не натераат да одиме по родендени, по слави, сега пред пола година крштевка правеа, ние не бевме. Значи чим за крштевка не се појавивме можеш да замислиш. Ама долго време си го бараа. И он и жена му. Во глобала мм е таков за многу работи. Кога ќе пресече, пресечено е.
А сигурно дека свекор ќе ми наредува што да правам и ја ќе се замарам. Што ви е бре жени? Во кој век сме?
И јас кога ќе пресечам толку е, еднаш е доволно некој да ми згреши, мм е наивен, ова што го пиша како моите свекор и свекрва да ги слушам, го викаа кај нив, па го тераа горе да ни дојде, без да звони влегуваше и обуен, мм му кажа да не влегува така, он паметниот кажа снаата ќе чисти, за мене, он не е женет, јас му кажав кога ќе се ожениш влегувај си обуен па жена ти нека чисти, поодвратен немам сретнато, свекрва ми па го брани таков си бил, еднаш и реков па не го праќајте горе да ми седи до 2-3 сабајле, нека си седи кај вас, вие го викате. Еднаш за една слава мм се му изнакажа, овој се налути, другиот ден уште нерасонети ете го на врата, таков немам сретнато. Сега раат сме си Скопје, не го ни гледаме, имам немир кога ќе го слушнам само.
Додека живеевме во заедница (живеевме во куќа на приземје) свекрвата ми кажа дека она кога била невеста кај свекрва и го метела и дворот и гумното (сакаше да ми каже да го метам дворот кој го користеа неколку фамилии- (не питај ништо )). И кажав дека кај моите во зградата каде живеев, плаќавме по 100 денари (ова пред 15 години) месечно за чистач кој го чистеше цел влез. И толку беше. Пред комшии ми рече, пред комшии и одговорив.
Ама има такви, и мојов таков си е, ми наредуваше, јас се нервирав на почетокот, после не се замарав, кога бевме во заедница готвев за сите, јас си сакав така, свекрва ми многу мрсно готви, па за золвата, зетот, децата нивни, куп садови на рака миев, чистев, бришев прашина, па и дворот ќе го изметев, кај нас нон стоп дува и има листови пред врата, и еднаш почна да се дере не сум метела, му велам па дај ќе дремам пред врата и цел ден листови ќе собирам, ти такво си го купил местото да има ѓубре баш пред врата, тогаш и мм му се пушти, му кажа па ако надвор мете цел ден ќе нема ручек, садовите ќе бидат немиени, свекор ми си кажува какво ти е надвор такво ти е внатре, а кај нив внатре кај паднало не станало, јас на тоа му велам па јас немам листови внатре, чисто ми е, а и јаболкото од надвор го гледаш убаво, внатре скапано, исто и до луѓето е така.
На следен таков коментар земи метлата и дај му ја нему, и речи ако не ти е чисто ете фати ти, јас ниту сум ти слугинка ниту жена и крај. Ако се навреди и не ти збори, ич не мора, ако маж ти се налути и не ти збори, не ти треба. љ