Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Јас би направила вака, акооо нека дојдат твоите што убаво ќе си поседиме и ќе си го видат внучето, ама ти оди и купи ручек (скарата на мајка му и салатата што си ја јаде) јас неможам да спремам и да им слугувам, и мене ми е недела и јас сакам да уживам и на готово да си седнам на ручек некаде.
    Па ќе даде една недела 1000 ден, друга исто, ама за третата би требало да се сети!
    Ајде и кај мене исто беше дома, а дојде сабота недела, тетките од татко ми кај нас на врата беа за време на ручек и што да им речеш неможе да јадете? Мајка ми трча одма да доспреми да има за сите храна. Ова темпо може некои 10 години! Никој ништо не им викаше, не дека и татко ми не се лутеше, ама како да им кажат, неможе? Баба ми додека беше жива, доаѓаа па и преспиваа кај нас од петок до недела (во др град во мкд живеат), мајка ми слугинка тие три дена иако баба ми си седеше на посебен спрат ама заедно јадевме, ете стара беше да не се мачи.
    Ама заврши филмот, еднаш јас им го плеснав, доаѓаат на врата и тетин ми вика лелелеле што убаво мириса на скара цела куќа, а татко ми само што ја направи, тенџерето на маса и да седнеме. Си се натокмија и одма отварат тенџере и почнуваат да си јадат. Викам ајде тетин повели, па може и на вас ќе ви текне некогаш да направите скара во двор и да не викнете и така ништо не славите, ни родендени, ни слава имате,па една скара не треба да ви е проблем. Се изнасмејаа и двајцата пошто не знаеја што да кажат. После почина баба ми, си се прибраа по дома, на мајка ми се и заборавија. Кога одевме на гости кај нив (два пати годишно, толку не викнале), кафето, сокчето и ајт дома, какви ручеци, какви спремања, ништо!
    Не биди будала и ти вака да ги трпиш и гоштеваш! Твоја куќа твој раат! Мајка ми и татко ми ден денес викаат еее што сме биле будали.. ама џабе е откако си претрпеле, битно од кај нас не се случило некој гладен да си оди дома.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Убаво кажа Моира, само тактичка обработка. Еве вака :devil:
    Во сабота - а и од вечер почни ако можеш :) навечер ќе преземеш ствар во свои раце :) . Сите проблеми се решаваат во кревет :$ .Обработи го убаво (ваљда не е тогаш на работа) и дај му до знаење дека сакаш да си сама со него почесто, да уживаш со него.....симнувај ѕвезди, брда и долине :wasntme: :wasntme:
     
    На lunicka, leo-n-tina и karenin им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Или вака

    [​IMG]

    Па вака

    [​IMG]

    Ако треба на крај и вака

    [​IMG]
     
    На elena.mak, NoellePage, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Не дека не одиме ама многу поретко бидејќи еден ден му е да се одмори и он си одмара,неговите доаѓаат јас и да чистам генералка како што спомна Славица (тоа веќе ми е испробано)пак ручек си чекаат(кој не е проблем кај за нас готвам и за нив ке направам),не е проблем да го оставиме кога ќе дојдат но знам што ја чека мајками а они немаат срам да речат за ручек дека сакаат,а и моите нема да дозволат да останат така многу незгодно им е а мајками секогаш вика оди јас ке средам ,ама знам дека тешко и е со две операции на екстремитети е направена и потешко се движи.
    Јас сум жртвено јагне ни ваму ни таму ,и знам дека треба тактички да изиграм во ситуацијава со мм а и со стариве богами саму уште памет да ми дадете,оти мојов е отиден во неповрат.
    Утре јас се мислам ни кај Вујкому да неодам или да одмарам или да одам да си купам нешто за носење и така немам што да облечам неможам со малиов да мрднам.
     
  5. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Фино барем се расположив со вашиве совети за тактичка обработка ,туку да не го уморам па другиот ден цел ден да ми го преспие од убаини. :lol:
    Све ке пробам а за резултатите да помине викендов или џа или бу.
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Точно, жената лесно може да постигне се, уште па ако мажот ја љуби е тогаш може да си оствари се што сака.
    водењето љубов е решението, ама секогаш да го излудуваш, па да ти ги бацува рацете на секој твој збор :D

    Не ми е јасно како не им е срам на некои тетки, кога им одиш на гости да не ти стават јадење, абе ни колаче едно, а пак кога ти доаѓаат на гости ти ги чекаш од убаво поубаво. Дечко ми вика дека многу ми бил застарен овој став, ама мене ми е чудно толку блиска рода да те остави гладен, а ја носиш до дома, од Скопје до Прилеп. Лудило. Нели треба да постои некој домаќинлук, крај краева мерак да ти биде малку да си го нараниш внукот.
     
    На Moira и kikav им се допаѓа ова.
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Оп оп оп оопопопоп не сум дојдена тука да трпам навреди од некој што не е доволно запознаен со ситуацијата :^) Аман ви се молам да не цитирам.
    Да, останав бремена само што се скарав со бифшиот, и тоа од сегашниот, имав спонтан.Не се земавме заради тоа, свесно забременив.А кој ме чита поредовно би требало да знае низ каква тортура врвев во таа 4 годишна врска и како одлучив така да и ставам крај.Сегашниот го познавав добри 2-3 години.Меѓу останатото ми беше и ќе ми биди најдобар другар.Од првиот ден се чувствуваше хемија меѓу нас, но тоа не значеше дека треба да оставиме се настрана и да се препуштиме на емоциите.Оти тогаш пред неколку години баш и за препуштање не бевме ни двајцата.Се погоди ситуација,се скарав со бифшиот, тој девојка немаше решивме дека доволно добро се познаваме, да се земеме.Почнавме истиот ден да работиме на случајот бебенце.Дали и колку сум зрела е мој проблем, а искрено себеси се сметам за возрасна и нормална личност.
    Сопругот, односно идниот сопруг утрово ми се јави и длабоко се извини.Рече дека во револт го рече она што го рече.Ми објасна, сега разбирам и под колкав притисок е таму тој од неа.А немаме друг избор често ќе премолчиш кога таа ти сервира леб дома.Само заради тоа.Незнам колку прочитавте и во првиот пост, односно не се ни сеќавам дали и колку спомнав дека тој има огромни секојдневни проблеми од неа.
    Само пред некој ден почна да плачи и да се треси оти не ја почитувал |( Оти не и се јавил дека стигнал дома, да ја чека пред купатило да заврши со потребата па да и се пријави.Мора под итно таа да си прима терапија.За разлика од вчера , денес најљубезно ми се јави лично таа и ме замоли да си одам дома.Ме молеше.Само што мене не е дека не ми помина лутината, само несакам да попуштам, за да знае колкава штета направи , да се контролира друг пат.Сега е поспремна за компромис од било кога.
    Најпаметна поука од моето ? Арно што не ме понесе нервозата, си преноќив.Утрото е помудро.Ако одев вчера сигурно ќе се искаравме и ќе немаше свадба заради...глупостите нејзини.Не вреди.
    Го сакам мојов,не го земам за џабе.Многу го сакам.Искрено пишман сум што вчера се посомневав во машкоста негова.Веројатно ми е страв, некогаш и негде имав еден машко, па по година се смена и се криеше под сукња кај мајка му.Верувам тоа нема да се случи со овој.Цврсто верувам.Само е под притисок , само е и тој нервозен како и јас како и секој кој би бил во нејзина близина.Вчера спиел кај другар му само да не ја слуша, и денес цел ден не си ошол дома.Ме замоли да го натерам да и се јави.Ама нема, нека разбери дека не само мене, ами и син и ќе го изгуби.Таа зрачи негативна енергија, ама мене да ме скара со него ПРОБА ама ....ЕВО ТИ ГА НА ! Нема да се случи.Премногу се сакаме.Реков, не се земаме за џабе ;)
     
    На hermosa, Nefertitii, Ethrnity и 2 други им се допаѓа ова.
  8. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Мислам дека премногу значење им давате на свекрвите. Мора да сватите главните проблеми се со мажот, ама ние сакаме да не веруваме во тоа, па некако полесно на душата ни е ако кажеме дека свекрвата ни прави проблем. ( со чест на исклучоци, секако).
    не зборувам за никој конкретно да не ме сватите погрешно...
    Ако мажот ти те гледа како ти се оставаш од работа по цел ден, и ако еден и единстван слободен ден ти е недела и наместо да се одмориш и прошеташ, ти спремаш скари и седенки, и тој на тоа ти вели- е ако де - тука не е проблем свекрвата. Далеку од тоа дека лугето не смеат да си го видат детето, нека дојдат преку недела ке си се поиграат, ке си пиеме кафе и се тоа. Ама неделата ако баш само таа ми е слободна, фала многу пријатно, јас гости не сакам. И тука нема љутиш ни за твоите ни за моите, не битно.
    Маж ми ако ме сака и почитува знам дека ке крене телефон убаво ке се извини на татко му и мајка му и ке им рече денес НЕ. Па боже мој има и други денови...
    Друга работа што упорно ја читам, а страшно ме нервира. Зошто бе сите снаи очекуваат од свекрвата и свекорот помош околу кука, деца, финасии а никој не очекува од своите родители? Едните не даваат ама ако супер си се, а другите не деваат е нив срам да им е. Епа не држи вода муабетов.
    И трето ако вие со мажот си се разбирате, со другите со културен разговор може да се реши се.
    А ако се нема доволно пари за да се наполни фрижидер, да се купат пелени и да се платат сметки, тогас проблемот треба да се бара многу поназад, не кај свекрвата и свекорот.
    И пак ке речам ова не важи за ретките исклучоци, ама важи за повекето.
     
  9. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    XstrongerX а бе во моментот така стојат работите .. можи жената навистина сака да ве раздели можеби затоа тоа го прави..е па кога е така тогаш не докажувај дека е во право ,напротив кога двајцата сте свесни каква е и до каде може да отиде,напрајте си свадба и нека е по нејзино како со сака таа ама после свадбата треба една добра промена или да си се делите од нив или одење на др место..на крај краева ќе сте си семејство и мн јасно ќе можите да и дадете до знаење некои работи..а па кога ќе ви даде Господ и едно бебенце веќе нама ни да ви е гајле за неа,јас не можам да ја сватам женава исто како и др свекрви ја вклучувам и мојата зашо и таа е таква ама стварно а бе кога решил синот да се жени дај остави го на раат ,тоа значи дека е способен да си ја гледа фамилијата а не во секоја манџа да се мешат...а бе сега се изнервирав..а бе гони ја упм и не се замарај ставете ја на игнор и така..
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Ne grizete se evs jas da vi kazam mojot svekor i mojot maz i mojot dever ja izdrzuvaat zolvami taa so maz i deca,,,ima maz sto ne i raboti pa ovie zalat i ednas nedelno i davaat po 100 evra moze i poveke da ne ve lazam,,,mene toa premnogu me nervira,,,sega mazmi da se grizi za negovata familija pa treba i za sestra mu ,,,i ona poveke luksuz od mene da pravi,,,samo da vidims do koga koga ke i dojde kraj i na nea,,,
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MD.2Love

    MD.2Love Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    12
    XstrongerX значи толку многу се пронаоѓам во твоите постови то чудо да беа свекрвами и свекрвати сестри немаше да бидат толку слични
    мојава пошто имавме дупла свадба јас мм деверми и јатрвами трошоците се делеа на три дела еден ние еден свекрвами и еден јатрвами како та еден да женеше бурмите двете таткоми ги плати оти пари та немаше фустано сама си го платив костумо на мм таткоми му го купи во бовчата ко дојде работата за бовчите ме тргна на срана со јатрвами и ни рече наместо чеиз да сне и дале пари за да платела за в кафана а јас и велам а ти нас пари за бовчи ке ни дајш и почна да подбелнува не немам пари ке ви купам нешто потаму ако се докажите со јатрвати ми рече од таму си ојдов дома и од а до ш се на мајками и и велам сега ке одис кај свакати и ке и речиш сваке керками ми кажа за бовчи чеизи да не се срамиме само ние да даваме па тебе да ти е незгодно да теклаваме во тешка ситуација и во трошоци ни ние бовчи и чеиз ни вие и сите рает :rofl: ке пукнеше в кожа луке да е видевте од некоја срана чадеше зато те разбирам од таква жена дувај бегај евеја дома ја имам кој сака поклон му ја давам на бинго да ти падни на црвенкрст да ја остајш
    а ова и е најново
    ошла кај комшивката и и рекла јас не сум лоша свекрва да бев лоша ко ми кажаја децата мој дека се трудни ке му речев да не ги земват за жени
    мори проста една таков муабет не се прај по комши а и не малце лајна изеде за мене ко разбра дека сум трудна дури на мазми му рече ко ке сум се породела ако не личело детето на него да напраел днк
    оти мози не било негово ито пред мене ко ојдов на гинеколог дојде со мене да провери дане сум ја лажела еееееееееее то ти е крсмет
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Те разбирам и тебе а богами и идниот твој сопруг.
    Во скроз иста ситуација беше и мм , постојано беше нервозен, искрено да ти кажам дека и ден денес и кажува дека свадбата на нос му излегла заради нејзе. !
    Свекорот не се интересираше многу , многу и беше во лоши односи со нејзе, сега веќе не ни живеат заедно. Беше тука само кога требаше пари да ни даде и толку. Се останато сами правевме, биравме и ред други работи. Она пробуваше да се меша, ама јас уште од првиот пат ја пресеков, па следниот пат се обиде преку мм ама и тоа не и успеа :rofl:
    Горе доле, од почеток до крај и јас бев во таква ситуација.
    Само биди упорна, не и попуштај , и не и се нервирај многу , многу .
    Се најдобро ;)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Е мили мои колку фурни леб ќе треба да изеде човек да види со кого има работа.
    Од снаите и свекрвите-проблем, мојов е родителите на мм-проблем ама таква тема нема :)
    Незнам ни дали е вредно да се пишува за случките за викендов ,но мене очите цело време ми биле затворени,рано прогледав за нецели две години брак ,ама да живеев со нив може ќе беше и порано.
    Како и да е јас си го направив своето како што треба,а за нив :x само на чест да им служи посебно на секорми,кој јавно ме искритикува пред моите,во моја куќа,на ручек кој јас му го спремив дека не сум снаа кава што посакувал,наводно сум се сменила во бракот(кога сум одела кај нив на гости не сум ги миела садовите повеќе,еднаш сум му зготвила на ручек лазањи,и еднаш немало од убавото беровско сирење).
    Срам да ми е :wasntme:
    Таткоми беше при крај да стане и да го избрка ,но преќуте ради мм ,да немам јас проблем со него.
    Битно е дека ја имам подршката на мм (кој воедно го подбра свекорми добро но мислам дека се е залудно) и на моите родители .
    Од сега вртам нов лист за мене подобар ,а за нив ќе видиме можеби повеќе ке им се допадне новото лице на старата снашка :makeup:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ~ Море на нив да им е срам што живеат на туѓ грб.
    Ако ја имаш подршката од мт доволно е да пресече веќе за викенд забави и ручеци за неговите

    да те насмеам малку, сега во недела ќе ти дојдат на јајца :$ :D или ќе исплакнат уста да ве повикаат ВАС како што си е редот?!?
     
  15. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    А му дојде паметот изгледа после ова ,вика завршија ручеците одсега за викенд не сме дома.
    Ај да видам до кога .
    Јајцата ке ми стојат ,младите ќе шетнеле да ги откријат убавините на Македонија :)има што да научам јас од нив (како се шета и се натрапува на гости кај роднини и пријатели)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Само што сакав да пишам дека ваков екцес може да ја реши наизглед нерешливата ситуација за тебе :lol:
    Држи се за случкава ко слеп за стап (ама ненаметливо, да не создадеш спротивен ефект на крај :D ) и фурај слободни викенди од сега натаму ;)
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403

    Тешко е да имаш покрај себе мамин син таков е подобро да немаш,бидејки никогаш ти нема да бидеш жената која треба да биде сакана и почитувана туку секогаш ке бидеш во втор план прво мама,мама како сака....ако тој барал дадилка ОК има градинки нека оди таму....тадури и многу долго си била со него,знаеш тие се како пијавици....гадови ...И уште нешто мила тој отсекогаш бил таков но не си можела тоа да го забележиш од љубовта која си ја чуствувала и за крај тој секогаш ке биде мамин син....Атие
    лицерни мивки ке прават толку проблеми се додека не ти ја уништат душата...
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    незнам за вас али јас лиЧно сум се запрасала за мојава :!: да не е она со месеЧина или као викате со времињава а?? :?: :?:
    :lol: :lol: :lol:
     
  19. MD.2Love

    MD.2Love Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    12
    луѓе поќе не знам дали да плачам или да се смеам ова се случи вчера сесраму на свекрвами живеј во друг град а со мене ептен убо живеј некни ми се кавува и ми вели мало ке ти пуштам некој раboti
    kaj нивната 3 та сесра а се 4 сестри и работите стигнаја вчера 3 та сесра нормално не ми се јави мене дека стигнаја туку на свекрвами и и казала ова од работа дирек кај неа си ги зела работите и иди дома и јас и велам пак со арно овие се работите со ми ги пусти тета ....... а таја овие се ама не се за тебе за мене се од сесрами се и не можи да се твој туку мој се и јас не ги давам на никој ја испулив се свртив и се прекрстив не знаев дали да плачам или да се смеам усте по трагично е со ми се јави таја тетката и ме праша дали ми се бендисаја и јас и велам не ги зедов сесрати ги зела и изгледа и се бендисале многу па си ги зеде за неа а та кутрата од таму не знаеше како да изреагира нисо да ми речи тешка будала тешка будала
     
  20. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    XstrongerX мила несмееш никакоо да дозволиш да се мешаат во твоја свадба. Пробаа и кај мене ама не им успеа, ако свекрвами ја шетавме секаде со нас и се што ке одберев и кажував, ама сепак ние сами си одлучвавме што сакаме и како, Кафаната ја одбраа они ама рди што имавме попуст како вработена таа таму, а ако имаше само таа попуст на нејзини порции само јас и мм јасно кажавме таму не правиме како за нив така и за мојте треба да биде. Ниту за поклони не и успеа ниту за ништо ( секако дека и пробуваше да се умеша ) А и рече еднаш демек машка свадба повеќе гости требало да има итн. и реков ако е машка нека ја плати цела свадба ако може :rock:
    И после свадбата како што го гледавме цд-то видов дека свекорми порачал песна на музиката, а бевме договорени да нема порачки ги искарав на сите оти не се фер, и треба да сум толку безобразна да си ја платите цела музика сега вие (нормално не се случи тоа попуштив) и на другарот од мм што беше дел од музиката му вика демек ако тета машка свадба се знај демек и тој му вика тета извини ама нема машка-женаска кога се прај заедно треба се да биде усогласено и заедничко од двете страни :x
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.