Ни родителите немаат право, ама да поголемиот дел имаат такви очекувања дека децата мора да ги гледаат на старост ај тие ко тие, ма да и со тоа не се согласувам. А што да речеме за свекрвите што додека им може гзот трчаат и глумат шерифи, а кога ќе им клекне очекуваат дека снаата треба да ги гледа? Што правиме со нив. Свекрва ми изгледа си мисли тоа. Еднаш одоколу за свекрвата кажуваше дека немала шанси да ја гледа. И она дека има ќерка дека таа ќе ја гледала. И мене ми вика па не е проблем ќерката, снаата треба да ја гледа ама она не заслужила. И ми врти политички муабет да не должам дека она нема ќерка и може си мисли јас ќе ја гледам. Сум му кажала на маж ми кој сака нека ја гледа во иднина, не заслужила.
Кога татко ми и рече на мајка ми, Спајси остана во државава, не замина во странство, за имот не треба да се секира, се на неа ќе остане. Мајка ми за малку нервен слом ќе доживееше. Мајка ако не си ја сака ќерката која и е од душата излезена, не се сака себе. Откако се ожени брат ми, не е истата, се понаша како некој да и раскинал. Снашката не е злато, се изнаправи глупости од старт. Ама знам и со кого го имам поминато пола живот и дека жената е штетна и за себе и за околина. Не заслужува секој деца да има.
Ve citam i samo vikam fala ti Boze na soprugot sto Mi go dade... Ja znaete vecina vas mojata borba i situacija so sveki,ja stvarno neznam sto bi pravela da imav maz sto i molci na mamica i da mi veli Kjuti i oladi odnose.... Clenkata sto go ostavila ovoj parazitot svaka i cast Jufki,ajvere da i pravam za da podeli na kerka I ahaaaaaaa bas toa mislev kroki moja Banalnite raboti pravat najgolemi problemi... Eve mene pred nekoj den mi zasmeta toa nejno izrazuvanje na edna tema,samo i rekov deka ne e vo pravo i nemoze ona taka da komentira niti znae kakov e zivot,tempoto,i situacijata vo At niti e kompetentna da zbori na taa tema maz mi odma i rece kaj sto ne i mesto da ne pika nos i shtamaaa A da maz mi molci a ovaa da me tupka u glava auuuu jas mislam odamna ke bev na mominsko prezime... Inace toa e noviot muabet sto i go rekov: sveki treba da si sreknja sto ti shetam prezime po svet i shto prezimeto ti e zapisheno vo At sistemo Polude!!!!
Е маж ми нема да ја гледа. Свекрвата се изјасни дека девер ми ќе добие се затоа што тој ќе ги чува неа и свекорот. Уште поубаво. Не заслужила јас и маж ми да трчаме по неа. Јас и реков - Јас имам наследство од моите. Ми дошло до нивната куќа.
Јас толку си ја сакам золвата што јас сама би направила зимница колку за мене толку и за неа (живее во странство), ама со свекрвата да седнам да правам нема шанси. Сама си прави, јас само ќе и речам јас со мајка ми си правам или оваа година ќе си купам немам време. (Ова од некој нејни инат ќе земе и огромни количини ќе почне да прави 5 врсти на ајвари и домати, ама тоа ти е простоќа) оваа година само што спомнав краставички она секој пазар купува 5кила, 7 кила и цело време тоа кажува дека правела. И кога одиме ми бута тегли во торби од ајварите јадел син и ( и викам абе син ти не јаде само ајвар) имам дома, нека кога ќе дојде нека има тука
Што се замараш кој ќе ја гледа свекрвата? И да е најдобра на свет, не е должност тоа на снаата. Синовите нека им помагаат.
Епа значи ние Македонците сме за никаде. Себични и користољубиви и кон свое дете. Скоро секој втор родител ги дели децата, синот е помил од ќерката обично. @Mnik те читам за срекрвата каква е досадна, за таткото себичен, па ние младите арно сме ментално здрави. На се тоа додај борба за опстанок, ете ти нација на антидепресиви. Фрапирана сум од тоа што читав колку членки сте со депресија, анксиозност, па и не е секој психички отпорен.
Она вака ок е со мене. Вака директно се немаме запречкано. Ама пишував каков манипулатор е. Јас такво луѓе не сакам. И сестра да ми била не трпам такви луѓе у мој живот. Таков карактер сум. А ако си добар со мене знам да возвратам иако ако правиш добрина не треба да очекуваш ништо за возврат. Да била мирна и добра жена би и помогнала утре здравје без разлика што не е моја обврска. Од мм баба правеше операција јас многу и се наоѓав, ама женава буквално како мене да ми е баба а не на маж ми. Секогаш се понаша како вистинска внука да сум и а не снаа. Мене ми беше мило што можам да и помогнам.
Јас најмногу се згадив и изненадив од односот на бившиот на @Adidas888 и мајка му. Просто се чудам зарем е можно такво нешто. Тоа не е нормално, сигурно е болест. Уште не ми се верува што прочитав.
Нешто ми забоде очи, толку ви смета ако маж ви покаже љубов кон мајка му малце? И маж ми ја гушка и бакнува мајка му и јас ја гушкам и бакнувам мојата, не гледам ништо лошо во тоа, што ако сме возрасни, мајчина прегратка секогаш топли душа. Мене не ми пречи и никогаш нема да ми пречи тоа. Мислам сега зборам за нормално бакнување и гушкање не за едиповиот комплекс погоре.
Не само што не ми пречи, туку и битно ми е да имаат таков однос. Не можам да замислам да нема блискост, топлина и нежност помеѓу нив. Односот со родителот треба да се негува, секако доколку цел живот бил позитивен и нормален. Годините немаат врска, родителот секогаш ти е родител, љубовта и почитта е таа. Зборувам за нормален однос, без драми, злоба, конфликти.
Некаде имав прочитано демек мислење и дека мажи над 25 не требало мајка им мамо да ја викаат, него по име. Иначе биле мамини синови.
Не ми пречи, меѓутоа кај мојов на пример имаше некој проблем здравствен мајка му и дали се "исплаши" дека може да ја изгуби или не знам што ама имаше моменти каде што со однесувањето се претвора во тинејџер. Помеѓу работи од типот, ајде мајко ова да ми испериш, или мајко ова да направиш за мене до ситуации кои и не ја засегаат баш неа. Еве конкретен пример - си спремам memory box од бебе, вклучително со радосница, албуми со слики, ништо скришно од останатите. Кој кога сака може да види, прочита. Ставам внатре слики од последниот месец, вклучувајќи слики и од пошироката фамилија, ќерка со втори братучеди, бидејќи имавме повеќе фамилијарни настани. Сопругот се испукува со прашање, дали и се покажани сликите на мајка му, дали и се допаднале баш тука да стојат. Не само што не ми е битно дали и се допаднале, туку мое мислење е дека па и не би требало да ја прашуваме свекрвата какви слики/спомени да зачувуваме од детето.
Да бидеш мамин син нема врска со искажување нежност и љубов спрема мајка или татко безразлика.Ако се има здрав однос и се имало цел живот јас не гледам ништо спорно во тоа да се продолжи да се негува тој однос, мислам секако треба жена и деца да се на прво место(маж и деца во обратна ситуација) ама почитта и љубовта спрема родител многу уствари влијае на тоа каков ќе биде соживотот општо во цела потесна и поширока фамилија. Јас не можам да разберам како некои мажи не ја фермаат мајка им два посто, а притоа ниту заслужила ниту е лоша за да имаат такво понашање, според мене тоа е само знак на неговата нечовечност и не очекувам ништо подобро однесување ниту кон сопствената жена. Ако јас сум нормална мајка и ако изградам здрав однос со моите деца, утре ќе бидам крајно повредена ако ради зет или снаа моите деца заборават дека постојам, а притоа да не им дадам никаков повод за тоа. Имам разбирање дека секако ќе имаат фамилии еден ден и секако ќе им бидат на прво место, така и треба да е, ама очекувам да продолжат да имаат и за мене малце љубов и малце време, може е себично ама ако моите деца не ме фермаат тогаш, јас ќе се запрашам каде згрешив во воспитувањето и растењето.
Извини вака ама возрасни личности секојдневно да се гушкаат со мамичка мене не ми е нормално искрено. Секој си има свое мислење и свој став. Ова е мојот. Не викам дека мајката не е мајка цел живот. Никој не го оспорува тоа. Додека се мали деца да, постојано се гушкате се бакнувате. Тогаш имаат најголема потреба од нас родителите. Ама како возрасни личности нормално љубов и почит како спрема родители. А не нон стоп да се гушкам и бакнувам со мајка ми како да не сме се виделе со години. Па уште ако заедно живеете и по цел ден ајде. Не сме бебиња, според мене тоа е претеризам и лигавење. А не значи дека ако некого не го гушкаш нон стоп дека не го сакаш. Љубовта и почитта не се покажуваат само со тоа. Нормално дека на секоја жена би и пречело да гледа вака мажот при жена дете дома нон стоп да се лигави со мајка му. Мене ова не ми е ок. Никој не вика да ги отпише и фрли на улица. Ама растеме и работите се менуваат. Си имаме свој живот веќе. Да беше така немаше да се мажиме/жениме и ќе си седевме дома заедно со нив. Баш самите родители треба да му дадат простор и приватност на детето, да биде самостојно а не закачени за него. Па после се чудиме зошто толку кавги има во браковите.