1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    И мајка ми е ваква, да те гушка, да те бацува, а ја па ич не сакам. Мм сакам да си го гушкам и детето. За други искрено немам потреба. И уште повеќе што ме нервира е што знае дека не сакам така и она упорно навалува, да ти се пика во тебе, да те баци. Ама многу ме ирита и тоа така уште пред луѓе, чудно ја гледаат. Кога ќе се поздравиме пример не знае да ме гушне како за поздрав и толку, туку мора да ме излигави на образ, да му се пикне во коса со главата и одма мене нервоза ми ствара, зошто 1000 пати имам кажано дека не сакам, она е упорна.
    Дури и кај што пишувам се нервирам.
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka и Malesia им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Мене пак сосем ми е нормално да го бакнам и гушнам и татко ми и мајка ми секојдневно, ги гледм скоро секој ден, на испраќање или доаѓање и ако живееме заедно не ми пречи да ги гушнам или бакнам секојдневно. Мало внимание во текот на денот не гледам зошто се гледа како лигавење, очигледно си растела во средина каде покажување емоции се сметало за слабост, па сега како возрасна така гледаш на тоа.
    И не грешка си, не им смета тоа на секоја жена, не сум себична со љубовта на мм, еден бакнеж и една прегратка во текот на денот кон мајка му не ми пречи ама ич, напротив мило ми е оти гледам дека е внимателен и знае да искаже емоции. А знам дека и неа ја радува. Не мислам дека гушкање е знак на лигавење и на мамин син. И да пред да речеш било што, самостојни сме и приватноста и просторот ни е дефинитивно даден од нивна страна.

    А за тоа ако не сакате да бидете гушкани разбирам, не сите луѓе сакаат, и мене ме нервира блискост со луѓе од тој аспект, не сакам да ме допираат многу, со другарки пример не се гушкам или ептен ретко, ама ако се сака обострано, не гледам на тоа како нешто чудно.
     
    На Buttterfly, CameliaMiller, baby-star и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Повеќето ние од генерацииве од кај 25 до 40 години, потекнуваме од дисфункционални семејства. Сите другарки што ги имам, сите се со некои големи проблеми од дома. Многу е лошо уште од мало дете, дома да не ти се влегува. Да сакаш да си било каде, освен дома. И денеска ти бараат блискост. Која блискост човече кога требало ја немало, сега возрасни личности допрв ќе се менуваме и ќе менуваме семејни односи. Мене мајка ми кога ќе ми дојде на гости повеќе од 2 дена, почнува да ми смета, сака нон стоп да разговара, ти седи, те прашува, па зошто така ми одговараш, па зошто ништо не ми кажуваш, цел живот ги немало, сега им текнало.
     
    На Lisicko, Gosh, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Бакнување и гушкање како поздрав за добредојде и пријатно на подолг период не ми пречи. (А кога се полетува по мене онака цинично ми иде и да и ја залепам една)
    А ако мислиш за гушкање и бакнување како јас што го гушкам син ми 3 годишен (макар и 1 во годината) неприфатливо ми е и не ми влегува во умот такво понашање на возрасни а и не сум видела такво нешто до сега.
     
    На Gosh, *Amethyst*, Skyler и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    33.869
    Пол:
    Женски
    Јас па воопшто не сакам толку гушкање, тоа не значи дека не ја сакам мајка ми, незнам, ниту па со другарки не сакам лигавење толку, некои па си сакаат, нивно право.
    Или па золва ми колку ме нервира кога ќе почне да го лигави, да го бацува, гушка, мене тоа не ми е нормално пред толку народ на свадба, како да не го видела со години.
     
    На *Amethyst*, Осе и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Во мојот дом, ни меѓу мајка ми и татко ми се искажувало блискост, ни пак сега ние возрасни со брат ми, ги гушкаме или бакнуваме. Единствено со повод со некоја честитка. И кога сме биле деца до одредена возраст не гушкале и бакнувале, после не.

    Може и сме такви "по диви" по карактер. За мене доволно е да се видам на неколку дена со родителите, да испијам кафе, сега еве веќе да го однесам внучето, да го видат и поиграат. И нормални разговори без многу навлегување во интимноста на едните или другите. И без гушкање. :D
     
    На *Amethyst*, Осе, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.860
    Допаѓања:
    12.430
    Toa со колата што си го пишала примерот и како од нешто прави ништо е типичен македонски маж. Такви има со лопата да ги ринеш.
     
    На *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Епа реков aко сте растеле во таква средина, многу очекувано тоа да не ви е нормално, ама тоа не значи дека не е нормално. Сосема нормално е. И брат ми исто го гушкам и бакнувам и по газ знам на шала да го плеснам, сето тоа ми е многу нормално понашање.

    Е сега некој праша дали како што го бакнувам и лигавам детето мое, не секако дека не така, и маж ми не го лигавам така, бебе и дете се гали на различен начин, ама не ни тоа типична гушка за испраќање, знам да ги гушнам и подолго од 10 секунди, да ме бакнат во чело и слично.
    Ама веројатно секој се понаша во зависност од тоа како растел и како се покажувале емоции во семејството, па од таму и на некои работи се гледа како чудни.
     
    Последна измена: 7 октомври 2023
    На CameliaMiller, *Amethyst*, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    Ама и тебе лично ако тоа нешто ти е нормално, не мора да значи дека е нормално.
    Пошто се обрати во множина дека нас ако не ни било нормално не значело дека не е.
    Не значи ако не ги гушкам по цел ден дека не ги сакам.
    Осеќам потреба само маж ми да го гушкам и детето по цел ден. Другите нормално за поздрав а не постојано.
    Инаку ретко има тоа нормално гушкање кај мажите треба да има средина. Ама тенка е линијата помеѓу едното и другото.
    Затоа жените бегаат од такви мажи што нон стоп си ја гушка мама. Пошто после тоа следува мама како ќе каже, не можам на мама не да и кажам и слично. Мајките многу им влијаат после на синовите. Па се натпреваруваат со снаата. Затоа најдобро златна средина се што се претерува не е добро.
     
    На Pixi5, *Amethyst*, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Види сега, ова јас што го зборам е нормално, без разлика дали ти мислиш дека е или не е, оти ако се гледа на тоа како ненормално тогаш умот треба да ти оди на нешто друго, на нешто што гушкање и бакнување на родител не е.
    Не зборам јас по цел ден, ама не ни мора да е стриктно за испраќање или поздрав, може и успат во тек на денот да се искаже емоција, јас не гледам ништо спорно тука.
    И пак само мажите ги спомнуваме тука, сакаме еднаквост, а пак велиш дека мажите не смеат да искажат емоции оти се гледа на тоа како на слабост, ги учиме уште од мали мажите дека покажување љубов и емоција е слабост и дека треба да се силни па дури и по име да им се обраќаат на мајките по име по можност и да ги занемарат комплет кога ќе донесат жена во куќата оти жената ќе го гледа како слабак ако ја гушка мајка му.
    Не иди.
    Ако и двете збориме за нормален однос и комуникација не едипов комплекс тогаш ок, ама ако секаков вид на покажување љубов кон мајка ти е ненормален тогаш не сметам дека си во право.
     
    На CameliaMiller, baby-star, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    А каде спомнав вакво нешто по име да им се обраќаат?
     
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Еве со примери што лични, што од околината, што рандом ситуации, макар што веќе сме оф-топик.

    Нормално ми е да седни и испие кафе или да руча со мајка му ( или јас со татко ми ), не ми е нормално 24/7 да е со мајка и за се да бара одобрение или консултирање.

    Нормално ми е да речи еднаш во месец, два или подолг период, да излеземе на ручек/вечера, излет со нив, не ми е нормално секое излегување да се тука.

    Нормално ми е ако се видиме, слушнеме или сме во ист двор да кажам излегуваме, одиме ваму и таму, или да ми кажат. Не ми е нормално мајката да се јавува на секој пола час до каде сте или што правите. - Го немаме ова ама знам пример што го има.

    Нормално ми е годишнина да си прославиме сами или со друштво, исто како што ми е нормално да прославиме со семејствата. Ама не ми е нормално мајка му или мајка ми 3 дена болна да лежи оти сме решиле да славиме сами/со друштво.

    Поентата ми е, за се и секој има различни граници и принципи за нормала.
     
    На Gosh, Dimj, Pixi5 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Да сосема нормално е се ова што го кажа и се согласувам, здрави граници се ова, муабетот ми беше испровоциран од пост предходно дека не чинело да ја гушка мајка му и да и искажува љубов па чисто отворив дискусија за тоа.
     
    На CameliaMiller, Emy867, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    12.298
    Пол:
    Женски
    Јас обавезно ги гушкам моите и неговите при пречек и испраќање, мајка ми можам да ја гушкам секој ден зашто не можам животот без неа да си го замислам, блиски сме, најголема поддршка ми е. Татко ми исто е секогаш тука за мене, го гушкам ама не често, друг однос имаме.
    Маж ми никогаш го немам видено да гушне некој друг без причина освен нас дома и мајка ми :)
    Нема здрав однос со неговите, немаат врска, не се почитуваат и сакаат баш. Мислам кај нас дома дека сфати што значи топлина и дом и затоа е преблизок со моите. Кога ќе рече ‘дојди бабче да те гушнам…’ лигавење или не, од милост ја гушка.
    Инаку, јас не се гушкам секојдневно со моите, што знам некако не ми доаѓа ама не ми изгледа претерано за други.
     
    На VDT2906, Mnik, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Јас какво лигле сум за гушкање. Кај мене дома отсекогаш било така. Сите сме гушкала, т.е мајка ми баш и не е, ама од нас тројца нема баш на избор. И со брат ми сум ептен блиска и нормално ми е да се гушкам. Маж ми не е баш таков со неговите, особено со татко му зошто е покрут човек, прекрасен ама едноставно покрут. Мајка му пак е ептен мила и она исто сака да се гушка. И со мене е таква. А јас воопшто немам проблем со таков излив на емоции зошто и јас сум си таква. Воопшто не ми сметаат такви работи. Не зборам за нездраво нешто и претерано. Ама ете знам ко ќе сум кај моите да си седнам до мајка ми и да си ја гушнам или да си легнам до неа и убаво ми е. Се смеам и мене мајка ми треба да ме гушне ко јас ќерка ми што си ја гушкам. Сакам близина и убаво ми е што имаме таков однос. Свекрва ми дури и се воздржува со маж ми, а јас па воопшто немам проблем со тоа. И сум кажала маж што си ја сака и почитува мајка си, ќе го прави тоа и со жена му. Бар така треба да е.
     
    На baby-star, Hygge-girl, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.952
    Пол:
    Женски
    You wish :D
     
    На Gosh, Harper, Mnik и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    :rofl:
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    До вчера кога некоја членка ќе пишеше на темава одма коментари имаше од типот каде е маж ти во цела ситуација, маж ти уште цица од мајка му, маж ти се крие под сукња на мајка му, мамин син е и сл.
    Сега сите сакаат мажот да се гушка со свеки постојано и да и се посветува постојано.
    Пак ќе речам тенка е линијата помеѓу тоа.
    Затоа еден куп случаи има како тој на @Adidas888 .
    Пошто кога синот постојано така се однесува со мајка му, тогаш и мајките ги манипулираат синовите. И они не можат да им кажат не, свекрвата си прави што сака(изиграва шериф и се меша) а снаата треба да биде безгласна буква. И почнуваат проблемите со текот на времето.
    Затоа паметно што ете @Spicy Senorita ги анализира машкиве дали се мамини синчиња, затоа што утре ќе си има проблеми.
    Треба да има еден баланс, без да се претерува.

    И тоа што имате пишано дека ако немало љубов меѓу синот и мајката и ако не и бил посветен не знае ни на жена да се посвети. Па не баш. Еве @Skyler како што сум ја читала мажот и нема некој однос со неговиве, па по нејзините постови што читам е одличен сопруг.
     
    На eliesaab, Pixi5, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    33.869
    Пол:
    Женски
    Двојни аршини има и на форумов и во реалноста, убаво пиша кога некоја членка ќе се пожалеше од свекрва и свекор, сите прашуваа кај е мажот ти, мамин син е, па после имаше ситуации каде имаше коментари родители му се, неможе да ги отфрли, па сега зошто да не се гушка со мајка му, јас еве блиска сум со мајка ми па не се гушкам, не значи дека не ја сакам, а имаше и коментари за жените од типот штом толку сме биле блиски со родителите сме биле разгалени.
    Пример мм никогаш не бил близок со родителите и сестра му, не се ни гледал со нив, и никому ништо, е откако се ожени почнаа неговите и сестра му да се мешаат, да му се лигават, а каде беа до тогаш?
    Зошто откако се ожени? Сигурно си помислиле дека готово јас им го земав па се појави некоја љубомора кај нив. Минатиот викенд се видовме со неговите, за овој пак напнуваат, цела недела ми врти свекрва ми, напнува, незнам што и е финтата, мм и кажал не одиме, си имаме планови, а и колата ни е на поправка, уште ми вели дојдете со бус, а бе одмааа.
     
    На *Amethyst* и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Јас не реков ако нема љубов туку почитување. Ми важи еднакво и за мајка и за сестра. Односот со други луѓе се гради првенствено дома. Од тоа што гледаш и слушаш. Што секако не е секогаш и секаде и универзално правило, да се разбереме.
    Е сега, секој тргнува од сопственото искуство и од сопствените убедувања, па така и јас. Се надоврзав на @1209 зошто исто се однесувам и јас со моите дома и не гледам проблем во тоа. Имам брат, па од таму и тргнувам. Знае да ја гушне мајка ми и од онака, мило да и се обрати, и пред девојка му, и никој не мисли дека тоа е нешто страшно. Самостоен е, живее сам, никогаш немале проблем со девојката ради нас, ниту пак ние сме збореле или сме се мешале во нешто.
    Истиот однос го има мм со неговите.
    Пак ќе речам, се е ок ама да не се оди во крајности. Не праиме муабет за пикање кај мама под сукња тука. Секако дека има работи што се далеку од нормални. Имајте само на ум дека и да не ја гушка и да и се дере, ако е некоја што е лоша пак ќе најде начин да ви наштети. Тоа ми беше целиот муабет :) Не е се црно или бело.
     
    На VDT2906, Hygge-girl, anggell и 5 други им се допаѓа ова.