1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    7.689
    Пол:
    Женски
    Вака значи вие бевте испрпвоцирани од наш муабет и се надоврзавте. Не знам точно со кои членки реплицирав.
    А ако прочитате пак убаво ние зборувавме за мажи што нон стоп се гушкаат со мама нон стоп се и кажуваат на мама, бараат мислење од мама за идната жена и сл. И не ова не е нормално.
    Ама вие го извртевте контекстот на реченицата.
    Реткост е ова како кај вас.
    Обично син што толку е поврзан со мајка му утре и кога ќе се ожени нема да може да ја допре у мешањето така почнуваат кавгите со текот на времето.
    Многу парови познавам каде што синот вака поврзан со мајка му а таа го користеше тоа да им прави буцки во бракот.
    Некогаш и да се обидат не можат да ја спречат, пошто Некогаш мајките не можат да се помират дека сега друга жена добива повеќе внимание од неа.
    Затоа коментиравме подобро од вакви бегај за да не си имаш утре проблеми.
    Нека има некоја златна средина откако ќе се ожени синот. Се знае више кој му е се на светот.

    Некаде прочитав дека кога децата ќе се оженат/омажат родителите треба да направат чекор назад од нив.
    И се согласувам со ова.
    Кој ни ја сфати поентата на првичниот муабет сфати.
     
    На Gosh, Malesia, Алек*** и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.631
    Допаѓања:
    33.887
    Пол:
    Женски
    Не бе па ти, син што ја гушка мама, утре така и сопругата ќе си ја гушка.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од иронија :) Сите имаме право на свое мислење. Реков се согласувам со @Erika.greeneyes дека треба да има граници. Ама утре синови и ние ќе имаме, поплукај си да те држи памет само и да знаеш како и со синот и со снаата. И секако ќе ти биде убаво да те гушне, макар имал и 30 40 години. Повторувам, не зборам за крајности, него за нормален однос.
     
    На Directioner005, VDT2906, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.631
    Допаѓања:
    33.887
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да имам, многу јасно дека ќе сакам да ме гушне и 50 години да има, ама ние збориме за тоа што го користат тоа мајките и си даваат за право да се мешаат во брак, и не само на синот, туку и на ќерката, ама зависи од зетот ако дозволи.
    Какви зетовци има еее, и пак ги почитуваат повеќе од снаата.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    7.689
    Пол:
    Женски
    Да. За ова зборував дека реткост е ова што они го кажуваат. Кога синот е премногу поврзан со мајка му се знае што следи. Мајката прави што сака тој не може да и се спротистави, снаата безгласна буква и сл.
    И ова не го измислив јас, туку тоа е реалноста. Еден куп примери знам.
    Затоа подобро нека има средина а не накрај да страда снаата ни крива ни должна.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    13.381
    Ако имаш вистински маж до себе, свеки може да везе само. Не се свекрвите виновни, туку мажите што го дозволиле тоа и молчат.
     
    На Pixi5, Perla*, Malesia и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.631
    Допаѓања:
    33.887
    Пол:
    Женски
    Ова е точно, ама какви свекрви има досадни еее, на мојава мм и кажал 100x да не ни се меша, џабе, и јас сум и рекла, не помага ништо.
    Не се разбира од зборот НЕ, пример не замара да одиме таму во нивното село на селска слава и тоа во работен ден, мм ќе и каже не одиме, на работа сум, па мене ќе ми врти, и јас ќе и кажам на работа сме, она ама излезете порано и дојдете поручек, и што да кажам на ова?
    Па мм кога не беше во мкд ме замараа да одам со нив кај нивни постари роднини на слави, имендени, и кажувам не одам, а бе цела недела ме моли да одам, незнам зошто, да речат ете со снаата одат. Јас со моите по слави не одам од 10 години, не па со нив сега. Последно беше што не замараше да одиме викендов кај нив, а се видовме минатиот, прво мене ми врти и кажав дека мм кажа не одиме, па другиот ден на него му вртеше баш пред мене, исто и кажа и на неа дека не идеме, во петокот пак ми врти, а бе не се разбира од НЕ, знае дека колата ни е на поправка, со бус да сме дошле, па недели нема редовно, и друго е со кола ќе си земам некои работи.
     
    На MG3, Malesia, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Добро еве нешто да прашам, повеќето овде велите дека не сте задоволни од комуникацијата со вашите мајки. Некои биле тешки за комуникација, влечите трауми од детство, го памтам случајот од Адидас и ладнокрвното однесување на мајка и. Многу, многу приказни напишани овде. Епа добро еве логички, ако вашата мајка стане свекрва еден ден, каква ќе биде? Затоа овде цело време се пишува едно па исто, одбегнувајте да живеете во ист стан, куќа или било каква ситуација која што ќе прави да се гледате секој ден. Не е некоја тешка филозофија, џабе фрустрации овде лечење.

    И друга работа, овде повеќето сме милениумци. Некои 30, некои многу 30 плус. Ова се генерации кои израснале во тешки средини, пишав и во друга тема на емотивни врски најмногу се одразува. Ако веќе си во состојба да го тераш да бира помеѓу тебе и неговото семејство, веќе знаеш дека си ја изгубила борбата оти ваквата борба не ни требало да ја има од старт. И јас пак ќе пишам овде, иако пишано е 1000 пати од други. Не ви се свекрвите криви, тие се такви со сите. Вие сте го избрале погрешниот пат.
     
    На Gosh, @mala plava@, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    7.689
    Пол:
    Женски
    Па пак се враќаме на тоа што цело време го пишувам.
     
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас имам двајца браќа. Со постариот сме исти, со средниот небо и земја. Е овој средниов и се жалел на мајка ми дека немале доволно односи и замислете мајка ми ја седнала снаа ми на разговор. (facepalm) со мм кога ни кажуваше ја :puke::puke::puke:
    ама има едно големо АМА, мајка ми не е ваква да се меша, скроз неочекувано ми беше од неа и доаѓаме до тоа, дека брат ми и дозволил да згази на тоа поле. Мм и вика ако мене ми направиш ваков муабет, јас ќе ти речам стани оди си.
    Е ова е тоа. Свеки моја е најнапорна шо постои, ама дур мм ја строи, ја немам гајле. Кај брат ми во брак зошто мајка и на снаа ми во се' се меша, брат ми сега и мајка ми ја остава да се меша. Налет брак ваков. Мајка ми да ми решава интимен проблем бре.
     
    На Осе, Anyshka, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Џабе е се не може да се искорени тоа старското, снаата кога ќе дојде треба да мете, да прави ручек да слугува. Мојава се праи пред народ дека она е многу модерна свекрва вака така, се жали секој ден што се и правеле нејзините свекор и свекрва (патем уште се живи и живеат со нас ) дека кога дошла она нова снаа морала секој ден да мете двор секој ден на маж ми му пререкува како тоа јас не сум метела двор сум требала да ја заменам свекор и на неа и дал метла. Ако ме види седната 5 минути на маж ми одма му кажува како тоа јас сум била многу одморена, а јас цело време кога и да ја видам е опружена на кревет.....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    5.175
    Пол:
    Женски
    Мојата мајка е малку control freak. Јас викам по неа, а ако одредени работи не смени сигурно ќе е прва на тапет по форуми.
     
    На MG3, *Amethyst*, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    53.089
    Пол:
    Женски
    Zıvees so svekrva ı nejzına svekrva ı svekor? . lelee jakı vı zıvcı zenı..
     
    На Harper, baby-star, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    13.381
    Со какви работи се замарате бе. Ама така е кога живеете пет генерации под ист кров, без замерка.
     
    На baby-star, spacegirl92 и DoubleK им се допаѓа ова.
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Ако едно научив е тоа дека луѓето не се менуваат.
     
    На *Amethyst*, Miss_S и Cloi им се допаѓа ова.
  16. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски

    До маж ми е до никој друг, он не им се замара за ништо што зборат ми вика така и на мене ама не можеш да не се замараш секој ден некој нешто да ти труби. За одење имаме нешто малку финансии на страна ама се плаши маж ми да не западнеме во долгови бидејќи ќе треба да доземеме кредит (трауми од детство) ..Па сега ни излезе уште една шанса (наследство од моите) па чекаме што ќе бидне од тоа и си одиме (ако бидне нешто а би требало да биде и он е за да си одиме од тука не може да ги гледа).
     
    На *Amethyst*, Осе и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Гушкањето на маж ви со мајка му не би требало да ви пречи.Јас се гушкам со мајка ми и секогаш ке се гушкам и никој не би требало да ме спречи во иразувањето на моите емоции, маж ми пример не ја гушка мајка му. Мислам дека е поголем проблем решавањето на вистинските проблеми во фамилијата, зошто пример јас пред време и давам на знаење на мајка ми до каде смее да започне разговор и за што, така би требало да се постават и мажите
     
    Последна измена: 9 октомври 2023
    На anggell, PinkGirl*, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.109
    Допаѓања:
    101.837
    Пол:
    Женски
    Ау јас колку ги гушкам децава, ги лигавам, им гугуткам, ама на крај памет не ми е кога ќе се осамостојат да им се мешам. Освен нешто да ме штракне, што знам. Јас и сега му зборам на син ми, Оди во соба, прај си нешто сам, не мора се ние да сме уклучени, да се осамостои малку, а има тек 7ипол години. Што знам, на 7ипол години веќе правев работи кои мајка ми баш и немаше желба да знае што се работи. Додуша она била одсекогаш контрол фрик, ама јас сум поставувала одсекогаш дистанци. Ама мајка ми да била свекрва иако не не гушкала нешто особено би била ужасна свекрва.
     
    На PollyPocket, spacegirl92, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Еве ја мајка ми е кај мене неколку дена на гости, луѓе женава не се трпи. Го крева носот одма ако детето не игра со неа, ако сака да поседи со мене пример, одма го вика, јас ќе ти се налутам, јас ќе си одам, епа и јас не сакам да играм со тебе. (facepalm) грев ми е да речам, ама едвај чекам да си оди. И викам добро остај го малку, ако си дојдена сега не значи дека без тебе не смее да дише, оваа ми вика епа добро дур сум тука, после ќе си одам. Значи мора со неа да е од станување до легнување.
    И на снаиве не им замерувам кога ќе и се испонашаат. Излегува дека све старо е за набљудување.
     
    На Gosh, LiquidLuna, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.631
    Допаѓања:
    33.887
    Пол:
    Женски
    Една комшика има син, ми вели леле дај Боже памет да ме држи да не бидам како нашиве свекрви што се, вели може бетер ќе бидам, незнам стварно што се случува со стариве, еве и ние сме кај мајка ми, си има посебно, па на моменти од такт ме вади, ако ми е мајка, е сега разликата е тоа што на неа можам да и викнам, свекрвата се лути.
    И барем мајка ми не ни се меша во ништо, не не напнува за гости одење или за било каде, и кога не седевме тука, не ми вртеше секој ден да ме замара за глупости.
    Во последно време никој не трпам.
     
    На mal.ecka, *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.