1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Да, ама гледаш ти си критична и кон сопствената мајка и знаеш дека не е во ред. Како што јас знам дека мајка ми премногу го галеше брат ми, се умилкуваше кон него дури и после тинејџерски период, го направи феминизиран на некој начин, да не може да живее без женско внимание, и сега таа истата се нервира дека снаата се поставува доминантно и го користи/врти како сака. Па добро жено, така ти го воспита, да мора некој да му дава команди, зошто сега лутење. Инаку, се што е над 60, треба да се дружи со над 60. Повеќето се претешки дури и за обичен контакт, полни фрустрации и некако внуците им стануваат центар на светот. Иако, по правило децата треба да ти бидат центар. Ама тоа е, компензираат оти ја усрале како родители.
     
    На fashion-addict, *Amethyst*, VDT2906 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ја сум критична кон се', дури свесна сум дека претерувам, со детево мое ни мајка ми не е лоша, ни свеки, ни свекор, ама ја сум тип што сакам да ми почитуваат принципи, а не да ми ги рушат. Подобро себична и по мое, отколку утреден да си чукам глава со размазено дете. Си викаме со мм кога ќе родам второ, ќе ни треба помош сигурно кога тогаш, како ли ќе го оставам со нив, еве незнам.
    Јас и викам "како со нас беше строга, сега детево да ти рече скокни од тераса, ќе скокнеш" . Она ми вика "за вас немавме време, сега се што важело за вас, за нив не важи".
    А ќе ми застанат со свеки и ќе ми кажуваат како нели они изгледале деца, ние мислиме све знаеме. Сами себе се побиваат прво.

    Не чини искрено премногу поврзаност со родители. Претежно таквите утреден имаат проблем со партнерите. Тешко им оди осамостојување, за се им треба помош итн. Имам другарка што се омажи во друг град, секој викенд, празник, си доаѓа дома за да биде со мама, маж и сам кажува дека ради што е таква нигде асално не се излезени. Не знам искрено како и се трошат пари по патишта. Иста е снаа ми од средниот брат. Мајка и за све ја има кај нив во брак. И веќе касно е за поставување граници, она 35+,мајка и 65+, брат ми се нервира, бракот им е фатен во провалија. Многу пати имам кажано да не беше мм каков што е, до сега ради мајка му ќе бевме разведени.
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, Spicy Senorita и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Јас се те сфаќам, истата ситуација е и кај нас дома т.е не е дома оти живеат во странство, ама кога си идат, иако се над 30, какви циркузи се прават, значи смешно и тажно истовремено. Возрасни луѓе, вработени, ти како деца ги третираш. Ама и тие се поставуваат така, ама од страна гледано, незрело е.
    За ова болдираново, ти гарантирам дека мајка и ја “засакала“ откако се има омажено и живее во друг град. Пред тоа, сигурна сум дека ниту била мазнета, ниту дома некој ја перцепирал. Познато ми е ова, ако е паметна ќе се тргни на страна. Мајка и требало да биди присутна во критични години, не сега, во возрасни.
     
    На *Amethyst*, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    :clap::clap:браво. Го делам истото мислење и цело време ова го пишував. Ама членките упорно друго ми тврдеа, може нивните случаи биле исклучок пошто исклучоци секогаш постојат.
    Ама нас првичниот муабет ни беше за мажите ма да тоа всжи и за жените исто. Сите општо што премногу се поврзани со мајката или со таткото без разлика, што се им кажуваат тие многу потешко се осамостојуваат. Па и родителите тешко се откачуваат од нив. Не им даваат ни простор ни приватност. И да не живеат заедно некој постојано на телефон да ти ѕвони ќе најдат начин нели.
    Тие што се многу поврзани со родителите и кога ќе се омажат /оженат постојано ќе им бидат застапени у животот за се. И таквите место со жената да одлучуваат и да имаат сопствен живот ќе бараат помош и совети од родителите и ете како почнува мешањето. И кој е крив за сево ова? Младите што на 30+год уште како деца дозволуваат да бидат третирани. Па накрај бракот трпи. Затоа најубаво да има за се граница.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  5. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    2.762
    Пол:
    Женски
    Кај нас пак мајка ми не се двоеше од мајка и, многупати ја ставаше неа пред нас. Сто пати дневно се слушаа на телефон, што и да се случи кај нас дома баба ми одма прва дознаваше. Во одредени ситуации се однесуваше како таа да ни е родител на мене и сестра ми, а мајка ми немаше ништо против тоа. Татко ми пак е многу мирен и повлечен човек, па никогаш ништо не и преречува на мајка ми, а и цел живот во странство работи, малку е дома.
    Мене отсекогаш ми пречела таа претерана блискост помеѓу мајка ми и баба ми, a гледам дека сега истото го прави со сестра ми, која е речиси 30 години. А и сестра ми, сама живее во друг град и постојано и пишува на мајка ми кај оди, со кого, до колку е излезена и слично. Воопшто не ми е нормално тоа однесување.
     
    На *Amethyst*, moonlight-girl.55, Pixi5 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.112
    Допаѓања:
    7.690
    Пол:
    Женски
    Зошто? Мајка си е мајка, јас се си зборам со мајка ми, таа ми е како психолог. Колку год имаш? Ми личи дека си премн млада, мајка секогаш за се ќе ти треба, еве јас сум 30 год. да не е мајка ми не знам што би правела, имам огромна помош и поддршка. Мајка ми има сестра со која е мн мн блиска, а јас како втора мајка ја чувствувам, за мене е непроценливо да имаш убав однос и да се сложуваш со родителите, и со фамилијата. За мене е нешто свето семејството.
     
    На Skorpija25, Маја Т и Јова им се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    7.684
    Пол:
    Женски
    Еднаш ми беше даден совет дека се што се случува помеѓу жената и мажот треба да остане дома. Не да се кажува се на родителите.
    Пошто утре пак ќе се смирите, ама твоите родители нема да заборават.
    Сега не зборам за ситуација мажот да те тепа ти да молчиш или слично.
    Ама кавги има во секој брак и зарем се треба да им кажуваме на нашите.
    Епа затоа мајка ти е таква каква што е, си прави што сака.
     
    На *Amethyst*, Осе, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Абе мајка поштува интимност и приватност со партнер, ама свеки никако


    Еве мене што ми се случува:
    Замислете, веќе еве 13 та недела сум од бременоста си бевме на контрола без да знаат најблиските и оваа свеки човече надувана како печена пиперка, па што не кажавте?
    А маж ми па и се правда, сакавме сите во исто време да дознаете (незгодно му било):^):^)
     
    На *Amethyst*, Zumbulche, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    33.868
    Пол:
    Женски
    Јас се уште чекам одговор од фондот дека ми побараа дополнителни документи, што се вика уште не сум почнала процес, оваа раскажала на сите, а не сакав никој да знае, и на крај и кажав дека се откажувам, па уште ги терала братучедките нејзини да прашуваат во фондот во мое име.
    Со кое право незнам, 2 дена пред тоа и кажав јасно и гласно на никој да не кажува.
     
    На *Amethyst*, Осе и Malesia им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Убаво вика Steve Harvey, семејството треба да е круг од 4 раце. На мажот и жената. Колку повеќе луѓе се вмешани во кругот толку повеќе губи на форма. Е што сака да каже? И така доволно е тешко да имате 2 исти мислења, не ви требаат уште различни,само доаѓа до конфликт.
    Ти си поврзана со мајка ти, други не сме. Да е поврзан маж ти толку со мајка му и за се' да се обраќа кај неа вака ќе мислиш исто? Или ќе се обратиш на форумов и сите ние ќе го прогласиме за мамин син?
    Во ред е да побараш совет за одредени теми, ама има работи кои родителите не треба да ги знаат. Има работи кои никој не треба да ги знае.
    Едно е да имаш убав однос со семејството, друго е да застанеш и на мајка ти и тетка ти све можно да им кажеш.
     
    На *Amethyst*, Осе, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    За тоа дека проблемите од бракот треба да останат меѓу маж и жена и не треба да се засегаат членовите надвор од фамилијата. Тоа се граници кои треба да се постават и брачните партнери треба да одлучат што ќе споделат и со кого.
    И јас никогаш не кажувам на моите кога имам проблем или кавга со мм, прво оти не сакам да ги загрижувам, друго оти не можат ништо да направат, а ќе го гледаат со други очи.
    Секако некогаш треба совет од постар за некоја ситуација, ама тоа треба да биде што е можно подискрентно поставено.
    Ама пак ќе кажам блискоста со родител како гушкањето што го зборевме предходно, нема никаква врска со поставување граници.
     
    На Skorpija25, Маја Т, *Amethyst* и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Другаркава што е во друг град, овој и е втор маж, со првиот се разведе зошто тој не сакаше да живее кај нејзе дома. Она сакала со мајка и да живее (во заедница) секако сестра и била мажена, а дечково имаше спрат кај неговите. Буквално цел беше спратот опремен и машина за алишта и за сушење, одделно све и струја и вода, она во кеси си ги собираше валканите алишта за мајка и' да и ги пере. После работа не си одеше дома, туку секој ден кај мајка и,буквално.На маж и му прекипе и после 1 година се разведоа.
    И кај брат ми ситуацијата е слична. Кај него дома он е "мирен и питом", зошто ако се развика по децата, снаа ми ѕвони кај мајка и, иде мајка и, му се дере каков родител бил он,да вика по децата. Децата размазени до немај каде, нема "не" за нив. Најверојатно ќе следи развод, зошто и него му било преку глава.

    Не знам на мајка ти што и е, не вреди ни да ја седнеш и да разговараш, ти ќе и збориш, она по нејзино ќе тера. Среќа што се во странство, па не може да ги замара многу, све во рамки на видео повик. :rofl:
     
    На *Amethyst*, Skyler, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    33.868
    Пол:
    Женски
    Другарка ти како золва ми иста, само што живеат блиску, куќа имаат огромна на 2 спрата со голем двор, доаѓаат од дома, децата право во купатило одеа да се бањаат кај свекрва ми, тогаш живеевме во заедница, не да размисли золва ми чекај може си планираме ние да се бањаме, ќе ни потрошат вода.
    Откако ќе се избањаа што да видам, купатилото лом со вода, алиштата валкани не да си ги земат или барем во корпа да ги ставеа, доле расфрлани и јас им ги собирав, разликата помеѓу мажот и на золва ми е што и тој повеќе сака да е кај свекрва ми, доаѓа од пат право кај свекрва ми, порачува што да му направи ручек како да нема жена, ок е еднаш, два пати во неделата да дојдат на ручек ама секој ден. Зимници прават се кај свекрва ми, а имаат двор, ај да се во зграда, на почеток помагав сега не, па уште тој зетот на мм му зборел зошто сме седеле Скопје.
    Јас му кажав јас сум сама, немам брат и снаа па да им сметаме.
    Да беше зетов како на другарка ти мажот до сега ќе беа разведени со золвата. Сите ми кажале дека свекрва ми повеќе го сака зетот од синот. Свекрва ми само ми се жали уморна била, неможела, никој не и помагал за зимници итн, а они кога ќе дојдат оздравува, се им прави, и кажав ние не јадеме ајвар, си направив во Скопје тоа што јадеме.
    Можеби затоа цела недела ме напнуваше да одиме таму, за да и помогнам, аха сигурно, умре тоа време, ете и ја золва ми и внука и, за нив прави зимници, нека и помагаат, јас си направив тука.
     
    На riba79, *Amethyst*, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Нема еден калап за сите, сите сме различни и различно гледаме на работите. И сите треба да си поставиме граници нам како што ни одговара, без разлика како тоа се чини за другите.
    Јас и мм сме поделени со нашите, односно он си има негов однос со неговите, споделува што сака и мисли дека треба, исто и јас со моите. Не му кажувам што треба или не треба да прави, ниту он мене.
    Физичкото искажување на емоции не е исто со oversharing, не значи дека ако некој се гушнал со мајка му ќе и раскаже све од а до ш.
    Исто и секој си ги знае родителите и знае за што може да побара совет од нив. Еве, јас не барам совет за ништо зошто знам кои зборови ќе ги слушнам. Ама, би сакала да не беше така, би сакала да можев да им се обратам за било што, исто како што би сакала ќерка ми ако ја мачи нешто да може да ми се обрати.
    Мислам дека се оди во екстреми, или ќе се лигавиш и све ќе споделуваш, или ќе бидеш на некоја дистанца.
    Постои и една здрава, нормална средина. Само, за жал, ние ретко ја знаеме, или одиме во еден, или друг екстрем.
     
    На Skorpija25, baby-star, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Еве гледаш незнам кои беа, има членки што имаат таков здрав однос. Кој ни е крив нас, како што кажа што знаеме кој одговор ќе го чуеме, па не споделуваме со нашите.
    Еве јас на мајка ми да и се пожалам од свекрва ми пример (како овде) ќе ми рече "ајдеее не се замарај, од едно влегло од друго излегло" или ќе оди во екстрем на секое јавување да ме прашува "што направивте, како е ситуација", ти веќе си заборавила, поминало, она уште пола година ќе те прашува за истото. И трета ситуација е кога ќе сум нервозна и ќе сакам да се искажам, она ќе ме прекинува намерно, демек "ајде готовоо, помина, не се нервирај" и баш со мм во кола бевме еднаш и ја зборам, нервозна, ме напна една ситуација со брат ми, она "ајдее не се нервирај, помина" и упорно, мене ќе ми олесни бар да се искажам, она цело време истото дур зборев и мм и се развика демек "доста бре, остај ја да се искаже барем". И после ништо не споделуваш. Епа што да споделам, само ќе се доизнервирам.
     
    На *Amethyst*, Осе, princess02 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка на која родителите и го одбраа сопругот. Претходно дечкото и го одбраа и со нив заедно одеа на одмор. Претпоставувам дека секој втор ден се кај неа дома т.е кај мажот и. Ама не знам и не ме интересира, оти ова не е здраво.
     
    На *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што таков однос имате со вашите, точно е дека најчест проблем и трауми кои ги влечат милениумците во кои сум и јас се тие, не се грижеле на времето родителите за децата(ние), се убивале од работа, немале време за ништо, ние сме израснати од баби и дедовци и сега пробаат да се искупат преку екстремна грижа и мешање во секоја одлука и претерување со внуците. Да реалноста е таа и жално е и се надевам дека нашите деца нема да влечат исти трауми.

    Јас имам поприлично здрав однос со моите, некоја нормала да речам, не споделувам многу, посебно не грижи и здравствени проблеми, планови некогаш споделувам, ако ми треба друга перспектива надвор од мојата и на мм, ама у глобала добивам совет дека ние си знаеме и ние треба да решиме што е најпаметно, што и не е кој знае каков совет, ама да бидам искрена па и јас не сум особа што слуша совети, ќе го сослушам ама нема да го послушам, тврдоглава сум и секогаш терам како што сум наумила па веројатно тоа придонесува и за односот на моите со мене да е таков, у смисла како ти си знаеш. Единствено мајка ми ме нервира со тоа што е огромен паничар, често знам да ја известам за некои работи оти во спротивно знам дека може многу паника да си направи и да и се слоши, не знам од каде ја влече таа траума и анксиозност, ама знам дека пораднавме така и тоа е нешто што не сакам да го прифатам и да го префрлам на моите деца.

    Прилично самостојни сме од мали и јас и брат ми, моите работеа многу и сами се израснавме па уште од многу мала возраст сите домашни обврски ги завршувавме ние, па сега на крај памет нема да ми текне да однесам перална кај мајка ми да ми пере. Маж ми ништо не кажува на неговите, ако дознаат нешто од мене ќе дознаат, пример во короната кога беше и кога останавме заглавени во Англија, неговите полудеа оти не знаеја што ни е планот мм ништо не ги известуваше и ги разбирам се грижеа исто како и моите, морав на крај јас да им пишам скришно што и како планираме од чиста причина што знам дека сигурно биле на раб на лудило без ништо да знаат, мислам дека во таква ситуација не е страшно да се сподели оти колку и да сме возрасни гржата за дете е иста. Ама мм не споделува оти неговите знаат и досадни да бидат, па што, па како, па зошто така…ама пример мене не ми пречат некои работи што нему многу му пречат. Пример свекрва ми знае каде стојат работите на бебето и јас сум и рекла дека може да брка во фиоките во спална ако треба нешто. Маж ми еднаш полуде и се дереше како бркала така можела да ни види некои работи што не треба да ги види, она жената се заебава и вика е добро де може ќе ги позејмам играчките да го израдувам татко ти и се заебава и мене ми е секако смешно и не ми е срам ама ете нему ептен му пречи. А не брка жената од радозналост, брка од што требало нешто за детето или јас сум и рекла да ми подаде нешто.
    Она е ептен кул, буквално не постои жена како неа, неам запознаето до сега, опуштена, никогаш ја немам слушнато да оговара некој, само фамилија ја интересира и за да ти заврши работа ќе направи се, без изговори, без удирање во гради, стварно искрено многу ја почитувам и би споделила со неа работи ако треба и нема да ми пречи ако мм сподели.

    Примерите погоре се чист пример за несозреани возрасни или за разгалени возрасни, во ниеден случај не оправдувам такво однесување, смешно е да изиграваш возрасен, да имаш фамилија и жена/маж, деца и да одиш прво да ја видиш мајка ти после работа, го поминуваш секое слободно време со неа, планираш со нив а не со партнерот, одиш да те пере, готви и слично…јас ништо од ова не правам ама сепак сум блиска со моите и границата е поставена уште одамна и нема никаква врска со искажување физички емоции.

    Ете може не сум свесна дека има вакви екстреми па оттаму имам и вакво мислење, ама се надевам дека нема да бидам таков родител еден ден и дека нема да ми одлита аклчето на постари години.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, M.B. и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Luke

    Luke Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2023
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Рачунај само дека и тие возразни имаат трауми од нивното детство со родители кои уште повеке маки терале, така да се сведува на чиста среќа во кои околности сме пораснати согласно проблемите и битките кои ги биеле нашите родители додека сме растеле, кои гледајќи несвесно ги преживуваме и ние
     
    На *Amethyst* и Осе им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    И јас имам маки и проблеми, како и сите други, ама мислам дека нашиве генерации сме повеќе свесни од нив порано и се трудиме да не им ги истураме врз децата нашите фрустрации. Не дека не викам по детето, туку кога сум нерозна од пример финансии, не му се истурам на детето и гледам за него пред се да има па за мене. Кога ќе ми текне дека за еден овошен јогурт сум плачела и не ми се купувал зошто "немало пари", ама за 3 кутии цигари секој ден имало пари, нити можам да ги разберам, нити па да им опростам.
    И едно е да си со некакви трауми, друго е злоба. Овде пола од свекрвиве се злобни уствари, зошто доста работи ги прават од инает на снаата. Тоа е злоба, не е траума.
     
    На MeowMeow, *Amethyst*, LiquidLuna и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.596
    Пол:
    Женски
    Јогурт имало, давање на самодоверба на дете не баш, ама убаво памтам секогаш кога ќе речев “ми треба облека, го сакам тоа и тоа“, одговорот бил “мора да почекаме“ и дури да го купам јас нештото, веќе било продадено. Ама затоа, скришно од татко ми, буквално се празнеа бутици, со роба купена на рати. Срамно и злобно, тие истите алишта денес нема простор каде да ги чува, ниту и се потребни (здебелена е многу, од неводење грижа за себе).
     
    На *Amethyst*, Осе, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.