И јас им кажав таа песна никако "до сега сум мајка слушала, од сега ќе слушам свекрИва", аха сигурно, а бе како за свекрвите да се мажиме. Ех и ние кога почнавме да реновиравме, да доградуваме, болни паднаа, па како сме имале куна-нејзината уште пред 40 години, па ете не ни требало кујна, во нејзината да сум готвела, ова во превод јас да готвам за сите, ниту сакам да ми готви, ниту да им готвам, секој посебно тоа што си јаде.
Сите невести песни шо сакаат ,јас песни шо не смее ,ни по нарачка . Немав среќа да можам цел спрат да напраам ,уствари сега да ме прашаш ќе ти речам со км далеку најјарно ама ај бидна.
Навистина ли ? Ајдееее ќе лееме солзи и мрсули Друже , кој и да си, оди напиј се пиво, не треси глупости на нет , оти со размислувањата ко да си дошол од 16 век
Колку ги има со вакви размислувања. Еве и мајка ми знае да одлепи со ова во последно време. Имам син, ќе имало кој да ме гледа. И се правам лом со неа. Од кожа ме вадат вакви размислувања. Јас да им се мешам на своите деца и да ги уценувам, ноу ноу.
И јас се каам што реновиравме, ама тоа е, и да си далеку километри некои ако се мешаат ќе се мешаат. Ние сега Скопје си седиме, пак не замараат телефонски, да сме оделе кај овој на слава, кај оној на именден, па во нивното село на селска слава, а бе трчам, таму сите собрани до 5-то колено роднини да ме прашуваат непотребни прашања, и не се разбираат од зборот НЕ, ќе им кажеме дека не одиме они пак ни вртат, досадни се.
Ау да сме далеку нема да не добие ,син и тешко дека ќе се јави а јас ќе и ја давам внука и нека си зборат Инаку од роднини никој ништо не прашува пошо дрски одговори добива
Не си за на темава очигледно. Остај не да си ги искажеме маките, читај по други теми. Оваа ја имаш утнато.
Pa ne ova forum e epten ste napnati ako nekoj kaze neso novo, naednash me napadnaa deka sum imal deca za koa ke bidam star, btw ne ninocekuvam da doziveam starost
Леле маж си, ама бетер од жена драмиш. Никој не кажа дека ти ради тоа си имал деца. Тоа е прво, а второ никој не ни знаеше дека имаш деца кога беше "нападнат". Оди во соодветна тема и искажи се, не да ја тролаш единственава тема на која можеме да се пожалиме од вашите мамички.
Сакам да прашам нешто. Не ми е зајадливо прашањето туку стварно не ми е јасно. Тахикардија имам кога ќе отворам во темава. Зошто не прекинете контакт со ненормални родители? Дали мајка и татко, дали свекор и свекрва неважно. Кога се мешаат, прават кавги, прават лошо на свое дете, не знам зошто упорно им се дозволува да го прават тоа!?
Може е некоја свекрва, па демек машко е. Маки си имате затоа што кога ќе се ожените не поставувате граница. Стварно незнам ни јас, моите да ми правеле проблеми ќе прекинев контакт со нив, ама маживе некако потешко го сфаќаат тоа.
Да, приметив и јас кај маж ми дека не се сфаќа тоа до толку сериозно. Јас не можев еден месец да си дојдам при себе. Среќа правеа 300 драми, па ми помогнаа да сфати побрзо. Ете, вределе за нешто
Бу ху, не ни е гајле за твојата желба за деца. За друго е темава. Ако сакаш тука да делиш мислења, најди соодветни теми.