Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Добро, МОРАМ да прашам:
    Како може една свадба да е „машка“ кога за да се случи мора да има и зет и невеста??? Не ви текнало некогаш да ги прашате свекрвите кои го потенцираат тоа дали се воопшто свесни дека, за да една свадба биде МАШКА, син им ќе треба за маж да се омажи??
     
    На Anyshka, Mikako, Mermaid90 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Абе старите некогаш си живеат во некој нивен свет,може и ние кога ке остареме ќе сме такви како што се они мада не ми се верува затоа што ние друго гледаме на работите,а они друго ги гледале и со други вредности растеле
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ако било несто тоа сто си платила ти па кажии дек а ти го плати и дек а е за тебе а не за неа :^) сто ако сестраи т и го пратила тебе не знаЧи дека треб аона да го земе :x :x
    сепак не се замесувај со неа а на тетката кажиидека го зела таа и не ти го дава :^)
     
  4. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    е морам да се испукам тука. Мојата така наречена вредна свекрва денес ги прередуваше висачите и дека нели сме делени со се, зеде глупата без да го праша мм си ги подели шкавчината и ги одвои сите наши работи. Многу се изнервирав еј мизерија тешка :fubar: Тоа добро ке си ги имам на посебно де, ке си ставам со си сакам јас и колку си имам место, ама ме изнервира како можи бес прашање или било каков договор да земе се да си одели :swear: сакав се да се изнаречам ама помина со мали коментари. ( КАКО НЕ И Е СТРАМ СИН И НА УЛИЦА ДА НЕ ГО ИМА НАЈДЕНО ). а свекорми сигурно незнае ништо па му викам на мм да го праша дали тој дозволил такво нешто како татко.
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    259.430
    Пол:
    Женски
    ^Најдобронамерен совет, не се нервирај за глупости. Тебе сега сигурно ти изгледа дека е крај на светот ова преуредување но гледано од страна имаш смешен проблем.
    Мислам дека ќе најдеш маана и ако ви беа заеднички висачите исто како што не ти се допаѓа фактот што ве поделила. Уживај и не се замарај со вакви баналности.
    Мои шкавчиња, твои шкавчиња и крај.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Како може една свекрва кој не ти е мајка да те навредува да ти вика мајмун, и ке ти ја треснам саксијата и немаш домашно воспитање, и да вика за син и ако е маж нека ме праша мене со и како, а тие не разговараат.
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Фати ја саксијата и тресни и ја ти од глава! Пошто ваљда не го знае значењето на изразот!
    Нормална е? ц ц ц ц
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    После новите ситуации женава ја множам по нула и убаво ми е на душата.
    Ту бре порано да ми текнеше :)
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сто и направи бре :D :D :D дај рецепт :D :D
     
    На S-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
  11. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Девојки значи ми се чини ќе пукнам и на марс ке одлетам :fubar: при крај сум со бременоста, секој момент треба да се породам, а јас се нервирам за глупости за кој што неможам сама да си речам СТОП ЗАСТАНИ!
    Имам претходно пишано во оваа тема за мојата свекрва, оставив на времето се обидов и со дистанца и пак фина све од почитување кон мм а и од мое домашно воспитување да не паѓам до тој степен да и давам до значење дека ме нервира нејзиното буцкање од околу, вчера ми беше дојдена на гости можам да кажам на поседок зашто седеше 7 саати а претходно и кажав дека ме боли ужасно кичмата и дека ме тера на спиење...не е битно - помина, кроз муабет спомна како бебето несакало да биде близнак бидејќи близнаците биле дволични луѓе (а јас сум близнак) муабетов на една комшивка и го кажува пред мене и јас викам па јас сум близнак што ми фали на мене и почна да превртува очи , вика па нема на тебе да е може на татко му да е овен, јас викам неможе овен затоа што ќе се роди во знакот на близнаци или евентуално бик и ја изведе ситуација како на шала (која што апла беше прозирна) ај викам добро не се нервирам си дојде мм од работа, и она вика као ај да си одиме ние огладнев као нема ручек тука (пак на зафрканција демек) и за да ја ублажи работата вика ајде ајде бремена си одмарај дури можеш ме поштедува ццццццц какво лицемерно суштество боже господе си викам....не му спомнав ништо на мм така одлучив бидејки знаев дека јас ке сум крива и ке ми рече ПРЕУВЕЛИЧУВАШ! Си покутив....
    Вечерта неможев да заспијам,имав ужасни киселини и неможев да се наместам, ме фати 10 саат сабајле конечно заспав, она ми вртела на мобилен имав 25 пропуштени до 14 часот, и се јавувам што праис како праис викам омалаксана сум лошо ми е ми се поремети сонот и ме боли сеуште кичмата сакам да идам на болница да се проверам, ааааааа вика па докторката во понеделинк ке е на работа немало денес да е, викам па немора кај истата кај друга ке идам у државна да видам што ми е со кичмава еееееее вика па ти па само паничиш ко ти само да си трудна, почекај до понеделинк што се брзаш, викам неможам 2 дена да мрднам ко човек ни да спијам сакам да си проверам( пак и давам до знаење дека сум решена) и као ајдеееее па ти си знаеш почна да мрчи нешто, е зошто си уморна, ајде стани раздвижи се викам ми се лежи пак јас со арно ама може 20 пати ми повтори зашто денес сум сакала на болница, ништо не ми било ми изиграваше докторка,. зашто сум била омалаксана, јас сфакам грижа некој ако има али 20 пати да ми го повтори едно исто си викам аман бе и ајде скопивме слушалка, во меѓувреме ми се јавува мм и виде дека сум малку нервозна што ти е како ти е, викам мајка ти вика да не сме иделе денес 100 пати викам ми повтори јас викам сакам да идеме така се договоривме е добро вика ке идееме што е проблемот, викам јас мислам дека имам право кога сакам да појдам а не некој друг да ми ги планира работите, дали требало да шетам да станам од кревет или па да одам на болница или не,
    Ајде да не должам многу на крај испадна дека јас сум таа што преувеличува, она си се расплакала на мобилен со мм му се пожалила како немала намера да ме навреди ( од премногу сиуациии у буцкања) она многу мене ме сакала јас не сум и дигала на мобилен (после разговоорот со мм јас пак заспав ) мм почна да ми се дери на мене како јас сум имала проблем со неа, она на мравка не газела. што ми било на мене што сум измилувала работи она немала лоша намера сакала совет да ми даде, ( јас сфакам еднаш два пати ама 20 пати ) и на крај јас со мм лом се направив а она е онака мравка што не гази на ништо, наместо да си уживам во последниве денови од бременост јас живци кинам со вакви глупости....ахххх ке си пукнам....и на крај мм ми рече кажи му на татко ти да не ми врти на мобилен веќе као да видиш како јас тебе ке ти вратам ;( викам за што да ми вратиш викам што има за вракање тука кај сум згрешила јас па и моите збор ти немаат речено на страна :( Многу значи поддршката и разбирањето од сопругот без неа и колку и да се виновни свекрвите секогаш они ке се во право ;(

    За мм она секогаш ке е првата жена во неговиот живот, јас сфакам мајка му е приврзан е кон неа, али он со мене ке има семејство со мене живее, зошто секогаш јас сум крива во секоја ситуација? да му кажам се расправам да си прекутам јас се нервирам внатрештно неможам вака да живеам, она е скрос поинаква со мене на само , а сосем друга е кога е он до мене, незнам што сум и згрешила на жената за да ме буцка и да ми прави расправии
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    A ти кога она зборела на тел сто не го тргнесе тел ено половина метар од тебе п. Kолку сакасе нека зборисе :) а потоа кога ке забелезизе тисина на тел да и казесе-е па друго сто ке казес треба вц да одам и ајт чиао :^) зарем ке се нервирас за свекрва,па денес за никој не вреди да се нервирас а не пак за свекрва :x
    Gледајси тука тебе да ти е добро :)
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    по сето ова што го прочитав морам да се огласам и да коментирам
    а зошто ти ана изигруваш расипан телефон и со маж ти си ствараш непотребни караници ???
    значи се што ти смета од страна на свекрвати ке и кажеш дирекно на неа во очи а не ти намаж ти он на мајка му и така се вртите во круг
    Знаеш кога ке ти се среди односот со маж ти и свекрвата ?
    Кога ке си го почитуваш својот живот и своето право и кога ке си кажеш јасно кај кого што не ти чини е тогаш ке дојде мирот
    мораш да си покажеш малку повеке забите аа не да те сметаат како малоумно дете и да дозволуваш она да ти диктира кога да одиш на пример на лекар
    кеи напоменеш дека така сакаш ти и дека не сакаш коментари никакви и да видиш како ке се повлече ама биди поостра и конкретна и слободно кажувај си што не ти чини и што те нервира оти она ке си оди вака до бескрај ати ке си збираш во себе ке се караш со маж ти и на крај ке избувнеш ке ја отераш у пм и она ке биде пак арна а ти пак лоша
     
  14. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Ева, јас сум и кажала на неа јасно и гласно, али она не разбира очигледно до кај треба да се иде, упорно ме буцка таква беше работата и кога госпожата се навреди зашто кумот ке купел количка зашто она не, па јас убаво и кажав дека тоа е одлука на маж ми и моја, на никој друг, па она пак превртува очи и јас ја ставам на игнор, али овие последни работи што ги прави јас морав да ги споделам со маж ми зашто и он сети дека нешто не е како што треба цело време јас сум лошата во ситуацииве зашто она пред него е бубачка а јас сум таа што мисли дека она ме буцка
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    ти ана кога ке ти речи нешто што не ти одговара сечи ја одма бре жено во секунда не се обидувај да бидеш фина со неа само отсечен одговор и ако пак ти повтори ке и кажеш јас мислам дека се договоривме дека не сакам коментари задржи си ги за тебе и крај не дискутирај повеке на два три пати така и да видиш какоке си легне на брашното
    искрено после 10 години брак се навракам на истите работи кои сум ги минела и трпела и само едно имам да ти кажам НЕ ВРЕДИ да се замараш а ти како сакаш :*
     
    На ana.tinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Знам дека не вреди гледам успева да направи кавги меѓу нас алал да и е, само во право си за се што ми кажа така му се жали на мм што и е на Ана вика што ми збори така навредена била, искрено немам живци веќе да се нервирам, како се прави само жртвено јагне ко којзнае што да и правам као опседната да е со мене женава почнала да плаче зашто не сум и дигнала дури спиев боже боже господе |(
     
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ана, штом е така поставена работата, секогаш ти ќе бидеш виновната. А штом веќе и дете ќе имате, верувам сакаш да ти успее бракот, тогаш треба да бидеш и поитра и помудра од неа. Прво, верувај дека сега хормоните ти лудуваат, пред породување си и знам дека некои работи те замараат, ама секогаш имај си на ум дека сега е нормално да си поемотивна. Не сакам да те плашам, ама ќе видиш допрва после породување на што личат емоциите... хормони, премор, стрес, се ќе ти се собере и ако ти сама не си помогнеш, ќе се чувствуваш се полошо. Јас тоа си го кркав со првото дете, значи јасно ми е што кажуваш и од искуство ти давам совет. Вториот пат веќе бев мноооогу помудра и многу ми беше полесно, пред се емотивно. Штом жената е толку напорна, играј поитро со неа. Ако те убедува да не одиш на лекар, ти скрати го муабетот со „Ај ќе видиме, може нема да одам“ и после оди си, нормално. Ако те напнува после зошто си била, ќе си кажеш „Морав, ич не ми беше добро“ и толку. И мојата логика е „Дај Боже се да е во ред, ама лекар нека ми го каже тоа“. Ако те боцка еве ручек немало, кажи си отворено „Нема ручек, ама ајде седете, ќе јадеме што било или да зготвиме заедно“ што во превод би значело, дај и нека готви, ти прави и друштво само. Ако те боцка „Близнаците биле дволични“, не се замарај, кажи си само на пример „Да, и јас така сум слушнала. Ама имало и бетер.“ Ако види дека не допира до тебе пецкањето, нема да и биде интересно. Јас не би ти рекла со остро да и враќаш, штом со маж ти е таква ситуацијата, само ќе си имаш дополнително расправи и со него и со неа. Требада играш итро, а не дрско. Има разлика. И чувај си ги нервите за бебето, него најмногу ќе му требаш.
     
    На Springy, anule88, WORRIED.BT и 7 други им се допаѓа ова.
  18. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116

    Овој проблем со купувањето работи, дарови и разни глупости јас си го решив од старт, си кажав дека даровите за кумовите, девер и сваросватица јас ќе ги купам и ќе бидат по мој избор, одредена ми е цената и не ме интересира дали свекорот и свекрвата сакаат така. Не сум себична, туку сум практична, тие пари јас ги земам од дома, од МОИТЕ родители и нема ничии други родители да ми кажуваат мене и на моето семејство што да им купиме и да ни се мешаат во финансии. Јас фино лепо си кажав дека за кумовите даровите ќе бидат до 150 евра, нема да бидат бовчи, ни апарати, ни злато, туку пристојни подароци до таа цена, кажав дека ако свекорот и свекрвата сакаат други поклони нека им ги купат и нека им ги дадат од нивно име. Мојата бурма ќе си ја купам јас, неговата ќе си ја купи тој. Јас вака си го решив тоа, бидејќи воопшто не ги сакам адетите и оние обичаи рекла-казала и кога се работи за пари што треба да излезат од кај мене дома - е тогаш богами јас ќе одлучам каде и на што ќе се потрошат. Мене искрено страшно многу ми пречи кога некој се меша во мои лични финансии, значи не дека не сакам да дадам повеќе пари за глупости, но едноставно колку можеме - толку ќе дадеме. Нема сигурно да ги задолжувам моите родители пошо кумот сакал лежај или телевизор:^) Ниту пак јас од моја страна како невеста не им барам ништо како подарок, ако сакаат нека дадат нешто колку можат и тоа е тоа.
    И како тоа свекрвата одлучува какви цвеќиња, какви торти па уште и по пола да се делат трошоците?? Сум рекла, нема ни денар да дадам за да терам нечиј кеиф што мене не ми се допаѓа. Сака торта од 10000 денари нека си ја купи, по пола да ја делиме - нема шанса.
     
    На Anyshka, k.r.i.s.t.i и AIT им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што кога севкрва ви ви го загорчува животот, а ако се пожалите на мажот, таа нему насамо му плачи со зборовите: јас не и мислам лошо, многу ја сакам, затоа така велам. :tmi:

    И тој потпаѓа под таа провокација, и вие сте лошите ??? :x

    А, очигледно е дека таа си манипулира и игра ! :puke:
     
    На SimonaTino и k.r.i.s.t.i им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Очигледно не ја читаш tessie доволно.
    Земи телефонот и снимај!!!
     
    На tessie и mimiiiii им се допаѓа ова.