А зошто си уште таму? Кога очигледно освен понижување и нервоза ништо фајда немаш од “животот” и бракот со маж ти.
Треба сама да се отселам затоа што не сакал некој детето за леб да му трпи утре додека он плаќал кирии или кредит за стан Што нема врска никогаш не би трпело а и не сме толку мизерни А тука детето му јаде не знам што со изедена мајка
Болен свет. Малтретираат млади луѓе во брак. Како имаат срце да му го уништуваат гнездото на своето дете. Болесници.
Мм ист е по ова прашање ,знае колку пати ми прекипело и сум била на раб да го оставам ама не куќата да не се напушти ,ама мојов до негде го разбирам. Се имаме изреновирано ,дури јас можам неа да и речам да пази кај се наоѓа не она мене. Ама те разбирам како ти е ,јас веќе ко кип ја рачунам ,се праам пред неа дали ќе било разговор на мобилен или некој да дојде. Ова е една граница шо ако ја помини не знам шо ќе се деси ,за еден коментар во врска со тоа што сум отишла дома не и зборев 3 месеци ,да во иста куќа три месеци два збора не кажав. Спалната можеш ли да ја заклучиш ?
И во спална влегува без осет Барала селотејп по фипките, дури некогаш мислам пна знае ппвеќе кое кај ми стои од самата јас Сега не живеам со нив ги одминувам ко духови, но колку и како живеам секој ден не знам дали некоја вака би трпела Уште па ако е на лева нога станат кога ќе ги одминам зошто сум ги одминувала едно здраво да сум речела хаха
За болдираново ке ти кажам нешто, јас со во Мкд живеев со баба ми и дедо ми, цело наследство го прераспределија од кое станот припадна на мајка ми но како поклон. Пошто баба ми и дедо ми се двајца што обожаваат да контролираат и све да е по нивно јас секако бев таа црна овца што идеше контра. Пред неколку год дојде до кавга меѓу мене и нив, каде што дедо ми у тие неколку месеци додека уште беше напната атмосферата неколку пати со имотен лист ми мавташе у лице и со муабетите да пазам каде сум се наоѓала зашто одма ке раскинел поклонот и станот немало да ми припадне. У нивно сум и мора да трпам. Сакам да ти кажам, не родител свети родител нека е па нема да ми види очи после ваков муабет. Знаеш што направив? Си се спакував и си заминав од таму си дојдов ваму кај што сум. Муабетот ми е, немој да дозволиш некој ради една цигла да те понижува! Јас скоро ист проблем имам со свекрвата само што мм знае да и каже кај и е место ама прашање е што се прави кога нема никој. Искрено, мене вакво нешто да ми каже ке ми прелие чаша и ке си заминам а поготово ако на мм не му смета муабетот. Мој совет ти е, тргни се од таму јер ова и овие муабети ги поминуваат сите граници на нормала. Не си ти вишок на планетава па некој вака да се понаша со тебе…
А да почнеш да не чистиш? Ама буквално. Ќе издржиш некое време во така гнасно, ќе си седиш во спална, кога ќе ти се пререче дека е валкано, ќе си кажеш не е мое, ваше е, подзачистете. Така јас дур ни се направи вцто горе, го користевме вцто на средниот спрат, а свеки си има уште едно најдоле, значи само вц и користев неколку месеци, она за тоа време јас секоја недела го чистев, иако и свекор ми и она го користеа, верувај после секое чистење, едно 3 пати по ред она идеше и го чистеше по мене. Го оставив цел месец неисчистено, најде маана зошто не сум чистела. И кажав, ама она чистела таказ, зошто не сум имала убаво исчистено. Повели, чисти си го.
Да ме фана сега инат вецето не го чепкам, не дојдов ја слугинка да бидам на ќерка и па да чистам и по неа
Реално, не си дужна. Не е принцеза ќерка и па да треба некој да иде по неа да чисти. Ако ти пререче слободно кажи како што ти кажа членката горе, не било твое тоа па да чистиш.
Може И така не ми е јасно шо бара со снаата братот и детето на спрат Ги остава доле да се фукаат на раат младоженците хаха
Јас не би живеела ниту минут со такви луѓе, па ниту со таков маж. За мене секси и привлечен е маж(сопруг) кој сака да е глава на своето семејство. Цврст став, да носи одлуки за доброто на жената/децата. Тие да се на прво место. Во моите очи за маж кога ќе рече - мама така рече, или ќути и трпи ги, абе верувај нема да ми се легнува однос да имам со таков човек, до толку ми е дил брејкер. Јас се ќе направам за семејството, и ќе работам, и ќе печалам, и ќе бидам не само физички туку и психички столб и ќе правам се што треба за секој член (брачен другар,деца) да се осеќа добро и пријатно, ако мажот ми не го прави истото, не би била среќна и не би сакала така да живеам до крајот на животот. Тоа е тоа!
И да е принцеза, слугите си земаат плата за тоа. Ова и доаѓа како доброволно слугување. Да им рече следен пат ако сакате да чистам после ќерка ти/сестра ти, платете ми барем.
За вакви ни здраво не треба, јас исто вака бев еден период, не ги ни сретнував во двор, на дистанца бев, мм не беше тогаш во мкд, му се жалеле не сум се симнувала кај нив, па сум се затварала во соба. Така и ти на дистанца само со нив. Спалната заклучувај ја.
А бе знаеш снаата е дојденка, нема право на ништо, ама кога се работи за чистење и други домашни работи пу пу не важи. Инаку и свекор ми кога пререче за дворот не бил чист, а воопшто не се педантни, нон стоп дува и има листови, нема цел ден да седам надвор да собирам листови, му кажав не е мој дворот да го метам.