Најубаво сите на куп, 3 фамилии во една куќа, и син и снаа, и ќерка и зет, да нема расправии кој има повеќе дел од куќата и повеќе право. А за ќерката како посакуваат да живее без свекор и свекрва, а снаата сакаат со нив да живее? Еве ни сега седиме Скопје, па се прават за да се вратиме кај нив. Да има кој да ги гледа на старост. И кај некои нема врска дали живеат во заедница или не, пак се мешаат во се.
Убаво си пиша девојчето, имало просторија долу што ја претвориле во подрум, место во соба за ќерката. Ако се веќе родителите толку праведни спрема двеве деца (што не се), нека и кренат спрат и на ќерката, па да си има свој и да треба да си чисти сама и ако нешто не и чини нека ја бркаат и неа,зошто куќата е на нејзините. Еднаквост.
Може сестрата планирала спратот да е нејзин, затоа си седи горе Ама увек за синче спрат, за ќерка едно собче ќерко.
За тоа се криви родителите што го оставиле синот да си се насели, ако е така. Затоа викам еднаквост, за двајцата нека имаат по еден спрат и мирна глава.
Па може и ќерката сака цел спрат, а не една соба. Не оправдувам мешање во брак, но искрено ми се крева коса кога женското е отфрлено, демек само бате треба да има.
А никако не можам да сфатам што им е проблемот на свекрвите детето ако цица? Моево уште од бебе кога беше се гледа неа дека и сметаше. И прво викаше немаш млеко а бебево како бумбар беше во образите. После следуваше ајде од 3 месеци да даваш да јаде хахах да да сигурно. И со вода,сок,чај напнување зошто не можело? Па после кога ќе почне да јаде убаво ќе спие навечер демек млекото не ја држи сита затоа се буди. Погоди што ќерка ми има и оброци и ужини и пак станува за млеко. Сега најново и е да ја одбијам така повеќе ќе јадела(пребирлив јадач е).
И мене така ми мириса, ние да си одиме а она домазет да го донесе пошо он во две соби живее(не понижувам само кажувам реалност)
Па може немаат да дадат бе. Кај го пишува тоа дека треба два спрата да направат. Може немаат луѓето. Нека си направат и синот и ќерката, секој за себе.
А снаата што е крива па да трпи? Нека му кажат на синот не сакаме да сте овде барајте чаре. Како може за све снаата да е крива?
А кај што ќе се мажи ќерката треба да ја третираат како гостинка ако живее во заедница? Или за чистење само може за други работи не смее да зуцне, не е нејзина куќата. Еве и за слава зошто се очекува од снаата се да спрема, а не и од ќерката штом е нејзина куќата? Можеби оф топик ама се е поврзано.
Ваааау. Значи ако снаа ти дојде дома кај тебе, само зошто ќе е под твој кров задолжена е дур е жива да ти чисти? Бравос. Ич не пишувај понатака, доволно прочитав.
Аха како дојденец тука од марс требс дс отплаќам кирија на керкава не директно финансиски ами такс што немс да можам дс претрчам од веце до спална гола после бањање, така што ќе рибам веце само јас што и она го користи Ок, пожелувам исто
Не да ми чисти мене. Ама нека прифати дека дотогаш јас сум живеела таму и дека нема да се прилагодувам по нејзе. И ти и @Anyshka доста мешајте чистење и перење и готвење зашто друго е поентата овде.
Бре морам ја да се прилагодам според неа, ако е за така ич не давајте под наводници спрат кога планирсте низ нос да го вадите Како слугинка морам да се прилагодам оти она живеела тука море море Местото моментално и е со родителите, а не со братот и снаата како друго дете да имам