Како золва нема да ти е незгодно да им седиш на ист спрат? Не се ставаш на место на снаата? Што е проблем да се спушти да живее со родителите?
Благодариме за споделените мислења и искуства И сама кажав дека најкрив е маж ми, чисто ме интересираше дали погрешно јас размислувам Поз
Ако немам свој ПОСЕБЕН спрат, нема. Ако братот го боли кур за мене, и мене мојава баш ме чеша за него, со извињење на простоќа.
Оти мислиш дека не? Може нема цела кирија ама дека ќе прими она некого на лепе очи да ѝ седи дома, мало сутра. Или дека јас ќе имам мирна совест да седам без пари.
Многу ми е мило што имам убав однос со сестра ми и што една за друга живот би дале Ми се гади од вакви братско сестрински односи га де ње
Најмногу ме нервира што сестрите се удираат во гради дека многу го сакаат братот, а за имот се расправаат.
Дај боже секогаш да ви е така. Ама немој да судиш!! Кај некои таа братска сестринска љубов престанива веднаш штом умират родителите, кога треба да се дели имотот.
Јас лично да имам брат јас прво не би сакала да седам на спрат со жена му и детето Не би ми било згодно Али не секој исто размислува
Мислиш родителите твои к.. ги заболе за тебе па затоа кренале само еден спрат за брат ти. Разбираш дека сте еднакви, а чим сте еднакви требале да мислат и за твојот посебен спрат а не да се буташ у спална кај брат ти и снаа ти.
Не гледавте ли во какви фамилии влегувате?Или не ви беше битно тогаш тоа?Дисфункционални семејства,маж-мамина маза…Неспособен да гледа ни жена ни деца.Муле. Епа сеа ќе трпите..Место живот да живеете и уживате,губите здравје.
Не кажав како е кај мене. А во таков случај нека им се лути снаата на свекорите и на мажот, не на золвата. Неќам и јас снаата да ми се бута у спрат што е колку на брат ми, толку и мој. Зашто е -золвата им се бута у спална, а не е- снаата им се бута у куќа?
Да, сестринска љубов се докажува со тоа што ќе се откажат од својот дел, а братска со тоа што ќе си го земат цел имот и око нема да им трепне.
Ок е и да се по 2 соби за двајцата на еден спрат. Еве да речеме по 30кв. Ама братот и снаата што сакаат си прават во тие 30кв, сестрата во своите исто. Ако си исчистат едните или другите во својот дел добро,ако не пак добро. Доколку золвата или свекрвата во случајов не се шета без дозвола во делот на синот и не отвора по фиоки, или не им ги брка гостите, не верувам дека би било проблем. И обратно снаата може да е таа што без дозвола влегува кај золвата и буричка по фиоки. Не дека бранам една или друга страна.
Може тука кај снаата да се влегуе треба да набавам камерчиња да се види тарашканото на дело, може и на снаата да и се забрани да дојдат нејзините за да не ја гледале внуката повеќе од нив(а сега они во куќата па не си гледаат внуче) А они доле клуч и она во собчето Гомна толку од мене