Нека седи де. Ама и нека си чисти. Снаата сама решила да им се бута у куќа? Си рекла ај денес ќе дојдам и ќе им се бутнам на оние у куќа. Имале уста мајка му и татко му на маж и? Вакви работи се решаваат многу лесно и едноставно. Ама кај нас е најлесно све да се преќути, да очекуваме сами од себе сите да си сфатат, све само со тек на време да си се среди. Пример. Куќа на два спрата. Едниот зјае празен. Се жени синот. Седнува со мајка, татко, сестра на маса и разговара. Дали да се вселиме на спратот? - Да, не. За сестра ти што? Тоа и тоа. Ако размислите реално овде највиновни се родителите. Синот не се вселил туку така со жена на спратот. Некој им дал Амин за тоа. И да живее сестра му тука, ако веќе некој треба да чисти по неа, тоа е мајка и. Не снаата. Не мислиш дека би требало еднаш срам да ја фати, да си рече "колку време Спаска ми го чисти вц-во, да застанам еднаш и јас да го исчистам, Спаска е мајка и така има доволно обврски, па уште по мене да иде фали?" и ти ова го браниш. Како можеш да браниш изживување врз друг. Јас да сум, прво јас на моите ќе им речам дај да ја средиме собата доле, да не седам со нив. Јас не викам дека золвата нема право на таа куќа. Ама во вакви случаи, скоро во сите родителите нивниот спрат/стан го оставаат на ќерката, спратот на кој што е синот или ако му дале стан за него е. Да не се праиме на мутави. Братов не ја има завземено цела куќа за него. И јас имам золва и јас сум золва, имам 2 снаи. Со едната не сме толку блиски, ама седеа одреден период со нас дур им беше готов станот. Таа соба во која спиеа, неколку години пред тоа беше моја, после тоа се сменивме со едниот брат. Јас што требаше да правам? Да си влегувам кога сакам, да растурам, да немаат ни во таа една соба приватност, зошто во таа соба и куќа јас пораснав и зошто имам право на неа исто колку и брат ми? Има нешто што се вика осет, а кај членкава свеки и золва го немаат.
@Angi266 Почни од почетокот. Кога решивте да се земете и правевте планови каде ќе живеете, што се договоривте најпрво со маж ти? Едит: на ист спрат со сестра му или сами?
Да бидеме реални,во ситуацијата на членката било која од нас да е не би траела,јас вина гледам единствено во сопругот,а злоба ,нечовечност,неизживеаност во неговите родители и сестра.Нормална ,здрава особа на 26год. не седи со брат и и неговата фамилија(да се разбереме,има услови,не е да е само таа соба и да нема каде) ,здрава мајка не влегува во спална која не е нејзина(не ми зборете имотни листови,дека ако се исели синот сите паѓаат болни,срам од народот и уште многу бабини деветини) без дозвола и не проверува чистота кај не и е местото.Да ,децата се исти без разлика дали е машко или женско,но моралот е вредност која се учи од мали нозе,ако некој створил фамилија и има дете му треба простор,нека си седи со родителите и мајка и нека ја чисти ако веќе нема срам на 26 год друг по неа да чисти.Кога ќе делат имот нека ги следува рамноправно,а не старите не знаат што сакаат,сакаат внуци да гледат често ,да бидат до нив,синот да не замине а не знаат кај им е местото. @Angi266 ,жено дај седни го мт,нека излезе од комфортната зона,нека има малку емпатија за тебе ,или лесно е се оженив ќе ме трае.Покажи малку заби,не сите мажи се доволно емоционално зрели да такви работи им сметаат,за поголем дел од нив се тоа е нормално или 'дај не се замарај',не вреди да си трошиш нерви ,или иселете се,или како што вели он ако му оставиле спрат нека си стави ред ,дај не го гали до толку и цени се себе. Не пишувам на темава ,ама ситуацијава ме извади од кожа.Па и ќе и забранат кој да иде на гости.Боже мили што ли не гази по земјава.
Ја лично не би се омажила ако не знам кај и со кој ќе живеам. У студенски дом прашам, не па за цел живот
А што ако тогаш беше една песна, сега друга? Ви кажав зошто пишав, бидете поздравени од страна сите де паметни
За ова, ти верувам. Се ќе кажат за синко да не го однесе лошата снаа далеку од нив, ама после е друга песна.
Ако и ти и брат ти сте имале соба, ок. Ама цел спрат наспроти соба не е исто, да ви црта ли човек? И јас тупам родителите да поделат еднакво. Ама за тоа што не поделиле еднакво, они се криви и мажот што си зема спрат без да ја праша сестрата, а не сестрата (золвата) Золвата е жртва во случајов и тоа не го гледате упорно. А и да, технички снаата сама дошла, то ест своеволно, сигурно не ја киднапирале од дома. И братот и снаата ѝ сметаат на золвата ама не, македонски менталитет, упорно сестрата е вишокот. Може членкава има цел спрат кај нејзините, никој тоа не праша. И пред да ми рече уште некој Чекај ќе дојде и твоето, абе срам ќе ми биде да идам на брат/сетра на дм да им речам ај сиктер, сметаш. Али тоа е до карактер. Да бараш почит и прифаќање е едно, да бараш некој да собира парталите заради тебе а до вчера не те познавал е друго.
Во идеален свет дите би биле фини, до осет, ситуирани, со еднакви поделби од родителите или уште подобро со ништо од родителите, а создадено од себе, бабите нема да бидат дадилки, золвите и јетрвите и снаите ќе пијат пријателско кафе, свекорите ќе бидат среќни со снаата, а сватовите со зетото и сите ќе бидат среќни задоволни. АМА не сме во идеален свет, не можеш да знаеш како луѓето живееле во таа куќа пред тебе, не можеш да знаеш дали золвата и пред тебе не си чистела гомна од шоља и свекорот не се бањал или свекрвата не миела садови како што треба, тоа што ти си дошла во куќата на неговите родители(и јас сум дошла исто, па ова ми е генерално за сите ви таква ситуација) нивните навики нема магично да се сменат, исто како ни твоите, секако дека не се очекува да се чисти по било кој, нормално и воспитани возрасни особи си чистат сами по себе. Ако имаш проблем со тоа седнуваш и разговараш, ако се фер и со осет ќе разберат, ако не нема, ќе си тражеш чаре или ќе си траеш и ќе си терате инает сите дома додека се пуните нервози. Сега реално ако веќе се дели нема смисла да се дели само на братот оти е женет, а на сестрата една соба у подрум да се даде, колку сакате лутете се, фер ова не е. Или спратот поделба на двајцата или сите на куп или сите посебно. Може и сестрата го сакала спратот, зошто нејзе не и е даден цел спрат а на братот една соба? Не оди, зошто е обратно, праведно е? Не е! Сега дека морално може е правилно не спориме, ама во реалноста вина тука имаат само родителите и секако мажот.
А ти со маж ти се омажи? Како може друг да те каже за твој брак? И маж ти е океј со лагата?! Кај ги наоѓате такви ?! Папокот како му е?
Ало за спратов зборувам Ајде сега бидете поздравени паметници едни Човек едно ќе праша до тринсесетто стасавте И гледајте да не си дочекате бвие или некоја блиска особа, оти од страна сите сме паметни
А ти кутро сираче на патот најдено, како и секоја снаа патем во нашето затуцано, од свекрва командувано, типично македонско семејство кое очекува утре снаата да им менува пелени на старите, ама најбитно пред тоа мора низ нос да и се извади што и дале спрат (кој и тие самите со таа намена го имаат градено). Истите тие свекрви паѓаат во кома кога синот ќе рече дека ќе си оди со жената од дома. Таа снаа не дошла таму насила, не им се напикала со вперување на пиштол в чело па да биде натрапникот кој и го ремети мирот на золвата. Мојата ги правеше истите работи како што ги прави свекрвата на членката. Буквално и двајцата не се чувствувавме како дома во спрат за кој многу пари потрошивме да го опремиме од карабина до комплетно функционален дом. Но истата таа до ден денеска не може да преболи што нејзиниот син излезе од таа куќа (со нејзини зборови, што и го земав детето). До ден денеска ни префрла дека добро било што имало установи за стари лица оти неа немало кој да ја "гледа".